И мојава 14.5кг е не надминала 15 до сега , шпагетка ми е само височе , 4год е. 20кг мислам не е на 4г тоа е веќе над граница.
Маже со колега од работа беше пред две недели во Крани.(си ги земаше фамилијата) Исто кажа дека водата била доста повлечена,плажа немало 200-300метри.Водата била чиста, плитка и топла. Баш за со дете. Кој ден да одиме секако ќе фатиме викенд..... Е сега ние сакаме во да одиме на плажа во сливница. Баш ќе истражам за плажата Наколец, прв пат ја слушам @kjofti4 фала што сподели каква е моменталната слика во цела Преспа Арно маже викаше за Дојран, јас не далеку е, Е сега кој ми е крив, сега ако кажам нешто кој ќе го слуша да ми баботи секој ден за едно исто.
Не е проблем, сепак преку недела ќе биде чисто нема толку луѓе. Како во преспа воздух мислам нигде нема ние кога ќе одиме бебе неможам да го разбудам од дневна дремка го тепа воздухот буквално е кома, на вечер спие многу мирно не станува ни за јадење многу се пријатни вечерите не се пеколни. Ќе се изнаужива детето.
Хелооу мамаситас Најубавиот период од денот ми е овај. Стануваме со бебче во 08:00ч.се галиме, пресоблекуваме, цицаме и од кај 09:00 си седнуваме на тераса. Таа си заспива, а мама кафенце си пие, си доручкува. На телефон си чепка пишува по форуми хахаха Бебче ми расти со брзина на светлината, само ја сликам и секоја недела правам споредби. Душа мајкина веќе си има обравчиња, копанчиња на ножињата Навечер само малку си плачиме, неможам да ја прошетам И си ја чува свекрвами, јас и либе си потшетнуваме по малку. Уф колку ми требаше тоа шетање. Сега наредна недела ми е тој на одмор па нешто се организираме да го искористиме времето Сакам викендов на базен да одам, ох како сакам. Да се опуштам малку, да се побањам Друго мамички незнам што да ви кажам. Јас се осеќам веќе супер. И физички се вратив во форма, и со раната од шиењето од пораѓајот, и психички сум веќе топ, оти на почеток бев нервозна по дома уфф, се ме нервираше... Чекам барем уште еден месец да почнам да си вежбам, тоа ми фали и тоа како. Може и до некоја планина да се појди наредна недела, секако либе е слободен, свекрва ќе ја чува малата Тоа е засега од мене мамаситас. Ќе ви пишам пак во скоро
Здраво мајкии Ние по дома сите болни. Малата најмногу, на антибиотик и инхалации е Душична, нит пие нит јаде. Спие во количка, на кревет се гуши од кашлање.. Денес сме за ревакцинација, уште не знам дали да одиме дека не сме баш арни со здравје.. Веќе пукнав дома, навистина а гледам либе си договара краток одмор до Истанбул за мене и него. Јас он и бебка. Синко дома кај моите оти ако идам со две деца тешко нас Скоро ни е годишница, он секогаш ја обележува Го сакам премногу, душа ми е. Иако често сум неправедна према него, се карам за глупости знам и да навредам, не знам кога станав ваква избувлива. Према него кој се однесува најдобро од сите спрема мене, и нашите деца. Скоро татко ми дојде од работа кај нас уморен, он остаил работа му направил кафе ручек .. Такви ситници ми ја исполнуваат душата Често пати моите ќе дојдат кај нас на викенд иако живееме на 5мин, ние имаме голема куќа и двор па со мајка правиме генералка а они скара.. Само вака нека потрае
Мајки ќе ве замолам за искуство за работа од дома со бебе од 11 месеци? Невработена сум и ми понудија работа од дома (call center prodazba) со добра плата па се чудам дали да прифатам т.е дали би можела да работам со бебе дома. Ако мислењето не е за тука преместете го
@mar3q Јас работам од дома 4 саати, немам повици и многу е напорно. Не ми дава да седам на лаптоп, ме влече, сака да куца и тој, па цело време татко му го носи надвор за да можам да завршам. Сега како се стопли надвор порано се враќаат и многу е тешко. Имав понуда за работа со повици и топ плата ама одбив. Ако имаш кој да ти го чува, прифати. Зависи и од детето ама сигурно нема да седи мирно претпоставувам 8 саати, на таа возраст баш си бараат внимание. Здраво друштво, како сте? Повремено ве читам ама не наоѓам време да пишам. Не успеавме да идеме некаде за викендов од обврски ама затоа тргаме сега на базен да се разладиме колку толку. Имајте убав викенд кај и да сте
Здраво, и јас да се искажам, да се пожалам. Минатава недела еден куп лоши работи ни се случија. Од паѓање на глава на малиот, вирус, па се до алергија на храна. Се во една недела, нееви немам повеќе. Вчера ми беше капак со алергијата. Ни на крај памет не ми падна дека може да се сеси, претходно имаше пробано белка од јајце во солени погачкк, кифли, проја, исто му имав правено оалачинки за ужина со јајце банана и овес и претходно, но вчера направив си реков да му дадам малку да касне од вториот залак веќе почна да црвенее околу уста, како се мачкаше по лице целиот поцрвене, му извадив се што имаше у уста и го измив мислејки што се триеше по лице поцрвенел ама не почна се повеќе да се изразува црвенилото поо врат позади уши го пратив мм право во аптека по сируп за алергија, донесе контактиравме со матичната ни кажа доза му дадовме веќе имаше по цело тело исфрлено, за среќа од сирупот за 2ч немаше ништо повеќе. Цел ден се мислам и денес од сабајлево исто да не сум дал нешто друго ама нема само тоа беше јајца овес и банана, овес и банана конзумира често, јајце и белка не јадел којзнае колку често ретко сум давала, последно не се сеќавам кога било па претпостсвувам од тоа е. Имаше јака реакција само како состсвно на палачинките а јас па планирав омлет да ѓу правам којзнар што ќе се десеше... И така , ќе почекам некое време па пак ќе дадам и ќе видиме како ќе биде. Може ќе треба да се испита за алергии, ама здравје. Инаку друго се е супер, само многу жешко времево еве сега е 10ч седам во двор и не се издржува, а до почас којзнае какво ќе стане да седиш и да се потиш како во сауна. Годинава може само викенд некаде ќе фатиме на одмор одмор здравје догодина. Многу сака да се шета ама во последно бељи ми прави мора да е убаво врзан со сите каиши во количката инаку станува се исправа и се врти на назад. В се пожалив си олеснав , имајте убав ден.
Нема кој да ја чува сега. Од септември на градинка ќе оди. Инаку не е проодена лази и се исправа само
Јас работам од дома со бебе од 3 месеци и плус уште едно детенце. Со договор на дело сум додека сум на породилно. Не сум обврзана да работам одреден период од денот, затоа кога наоѓам луфта фаќам нешто и за викенд кога мм е дома. Исто имам повици преку недела ама се справувам некако. Знае да биде напорно, ама тоа е... Ти си го знаеш детенцето, најубаво. Моиве релативно мирнички се двајцата.
Што пие кафана? Ни никна првото забче Јас се испревозбудив скокав од радост. Некој да ми кажеше дека ваква ќе станам ќе му се смеев. Кога ќе ми кажеа некој за некое бебенце дека му никнало запче такви цели превзбудени, отсекогаш си викав ок, it’s not a big deal, забче е секако ќе му порасне. Ама сега ги сфаќам. Добро сите ли сте такви? Не се гледа ама тропка на метално лажиче и на стаклена чаша кога ѝ давам да пие. Да нарачувам колачиња или да почекам бар малку да ѕирка? Немаше некоја голема мака, освен што ставаше сѐ во уста (стандард), повеќе се лигавеше и го гризаше и креветчето. Си бараше повеќе внимание, галење, слабо јаде деновиве, одвај 100гр оброк ако изеде. Ама затоа па како моторче да има во газето Само се исправа на гарнитура и прави чекорчиња така потпрена се движи, сака да стои да ја држиме за рачиња, ми изгледа дека за некој месец ќе прооди. Се научила да каже мама и кога плаче ги дига рачињата по мене и вика мамамааа. Абе се топам Вика и татата по татко ѝ, мрчи брбла по цел ден, на играчките им зборува. Почна да мафта и за чао покажува со прстето кон некои предмети пример кога ќе и кажам каде е мечето. Пресмешна е. Инаку Охрид деновиве ми е одвратно. Од гужви ниту се шета некаде ниту на плажа се оди. Навечер ечи музика од секаде. Ми се смачи некако си сакам дома да се вратам ама па кога ќе ми текне дека ќе треба по цел ден да сме дома си велам не фала. Ми фали куќа некаде на село, со голем двор и сенки, нема да влезам внатре Правиме планови за до Грција на неколку дена добро би било да смениме малку. Вчера дојдоа на викенд девер ми и јатрва ми со малото, оно е 4 години трча беснее ја закача малата, хаос ни е дома ама успевам некако редот да и го запазам на ќерка да заспива навечер околу 21ч, тие се тоа време излезени и се враќаат во 23ч Јас не разбирам мало дете искрено во 23:30 да заспива ама тие си знаат. Утре одиме Љубаништа цел ден ќе сме таму и одвај чекам, од дете не сум била. Ептен ме врзуваат спомени од таму, тетин ми и тетка ми секогаш одеа на кампување по месец дена и ние им одевме на поседок. Преубаво ни беше, голи и боси по цел ден. Сакам ќерка барем малку од моето детство да има Тоа е од мене вечерва, си дојдов радоста да ја споделам со вас
Хелоу Бебе заспа па да напишам збор два. Значи не можам татко ми колку и се радува бе луѓе. Има на креветче вртелешка ама не врти два пати пишав ми пуштаат нова и пак не врти и ја оставив така. Бебе се пули чека да врти,па дедо бараше да и купи. Таа а изрази желба за нешто дедо трча да купи Спиењето треба да го средиме дефинитивно. Ама ја оставам вака дури да си појдиме Македонија мислам дека е најдобро таму да и воведуваме нови начини,ем сето ќе и се измеша па таман. Мора да и скарата дремка последна за да заспива кај 9 барем вака 23-23:30 ми заспива Деновиве многу не ја кревам оти е ептен жешко се поти,таква радост преѓе кога ја кренав абе да се гали да ме лижи се топам цела Немам нешто за кажување баш, утре на плажаааааа конечно Добра ноќ мамички
@Lovebug01 Мојата е 3год па пред 23 е премија да заспие. Најчесто после полноќ легнува. Не е до мене,ниту ете до тие родители чие дете неќе да заспива порано.. фрустрирачки е, не дека не, ама па и не е се за коментирање вака од страна. Се некој нешто погрешно прави, а ние најдобри. Не бива така.Ти за свое дете,они за нивно,јас за моето, и готово Не сме на натрпевар која повеќе ред ќе запази,која порано ќе го успие,која подолго ќе го дои.. Стварно ми е мачно веќе од овие осуди за сенешто. Добар ден. Деца спијат, јас со кафе под клима. Нешто ме зеза климата, на 16 на турбо ставена а дома е 30степени. Не дај Боже да цркне баш на најжешкото!! Истеравме одмор во Грција, се прибравме вчера дома.. Се изморивме убаво богами Со едно е океј, ама со двеееее бебе во скок+запче во најава, ма лудило. Навечер ќе заспиеше во 9 и ќе стане кон 10, пред 12 не заспиваше никако. Сака во раце и да ја шета некој, никако да седи или легне. Црвче мало Дадата се изнаужива, ма права госпоѓица ми е она Купаќа,шешир,очила, на лежалка оптегната, овошна салата и цедено сокче до неа, уживаше максимално Сакала пак да оди рече, можеби ќе се искубеме два дена пак крајот на август, да се шлапне уште еднаш во солената вода. И следен одмор,здравје после 5-6години Со мм на смени бевме, де за јадење,де за пливање, се на трк нешто. Битно истеравме редот, спомени плус Си запазив ред и со режимот на исхрана, не бутав гиро и пици, си појадував овесни каши и мм ме напраи ненормална си ручав грчко ќофте, и повторно ме напраи ненормална дека ќофте на одмор јадам, а не гиро И си напраив атер на душичката последната вечер со гиро, ама утредента од купатило не излегов нисам ја а те ствари. Арно се истанчив Утре ќе се оди на планина, да се разладиме малку и истераме празникот. Бебе стана,одам да нишкам Останете добри
Околу ова заспивањето навечер, додека беше помал многу пазев да не се изремети зашто после мене животот ми беше пореметен. Сега баш сакам покасно да заспива како сите деца надвор за да искористиме и ние некоја прошетка ама не, до 21.30 заспиен е. Ајде зима ок, секако сите порано легнуваме депре е надвор ама летото барем да искористиме. Кај сме дома затворени под клима по цел ден, уште навечер да не прошетаме.
Мојата во 8:30 заспива понеделник на роденден сме после 7 си велам што ќе видеме од роденденот. Само сабајле можам да шетам со неа накај 7-8 вака во лето На одмор малце и се помести напред ама и со грчкото време. Дома пак исто од денес Ми велеа таму заспиј ја во количка и да тераме долу во барот. Не е заспала во количка од 5 месеци кога беше. Пробав заспана да ја префрлам и да седиме долу, само што излеговме од соба ги отвори очите. И така тоа е
Не осудувам, секој си знае најдобро. Не реков дека се лоши родители тие на кои децата им заспиваат покасно. Од кај знам, можеби и мојата кога ќе стане тодлер нема да сака да заспие до полноќ. Не ме сфаќајте погрешно. Моето размислување е тоа, не значи дека мора сите така да размислуваат. Постојат мал милион истражувања на оваа тема, зошто децата треба да заспиваат до 21ч. Сум читала многу за тоа и сум навлегувала во темата за спиење и така размислувам јас, можеби многу се замарам, можеби грешам ама ете таква сум. И ова е форум, можам да си го кажам моето мислење но тоа не значи дека сакам нешто да наметнувам или некого обвинувам. И јас грешам и сметам секогаш дека можам и подобро. Сите грешиме и пак сме сите најдобри мајки. На јатрва ми никогаш не сум и кажала дека ‘касно ти легнува детето’ иако она се дрзнува да ми коментира како моето дете заспивало прерано, лето било топло било, зашто СУМ ЈА МАЧЕЛА А на ќерка кон 8 ѝ се приспива веќе, ама тоа требало дремка да биде, да сум ја извадела надвор во количка да заспие па после да ја префрлам во креветче. А тоа не е ич мачење, нели. Прво нема шанси да заспие, а и да заспие кога ќе ја префрлам ќе се разбуди и после ќе се журкаме до 2 ноќе. Најмногу што ме нервира се неповикани совети кои секојдневно ги добивам, а јас не се дрзнувам да коментирам…
Твое мислење е, но со доза осуда кон оние родители чии деца не заспиваат рано. Сум читала, сум ја заспивала порано, некогаш ќе заспиеше во 21,22, сега на жешково нема шанса да заспие порано. Денски и дозволувам да спие колку сака. Што сака нека пишува на нет, не може сите деца да се исти и точка. И моја пријателка има дете скоро 4год кое заспива во 20 најкасно, и на цела фамилија им е чудна мојава дека неќе да спие и стално тоа се коментира кога се гледаме .. ми лазат по живци со коментариве. Едноставно, не е твоја работа и готово. Јас ја доев 22 месеци, таа 9 месеци, па не се дрзнав да коментирам дека по нет пишува да се дои што е можно подолго ради бенефитите што само по себе си ги носе доењето.. нели, скроз различен пример од спиењето ама сепак за доброто на децата Не дека е добро да оди на спиење касно, ама макар и на глава застанале, некогаш едноставно не може по книга да биде.
Здраво мајки. Како се справувате се горештините? Синко кај баби во базени се лади, дома збеснува. Ама изгледа му здосадија базените, влези излези прави. Синко спие до 9, денски 1 до 3, и да заспие во 1 и пол го будам во 3. Навечер пред 10 и 30 нема шанси да заспие. Сеуште цица а наполни 2 и сите заби од еден до пет. Тепаше деца, ке ги гурне скубне или тресне со рака од нигде никаде. Бам и после ке ги бакнува. Уште не збори. Не судете. Посебно не скокајте пред да кажете оп. Јас за мобилен бев најголем противник ама само со мобилен јаде.