Се согласувам потполно. Секое дете е своја приказна. Некогаш и да се отпревртиме не можеме некои работи да ги направиме ние како што сакаме. Така и за спиењето. Јас сум секогаш за пред се детето да ме води, јас само да се прилагодам и да одговорам на неговите потреби. Но конкретно во случајов ги гледав како го носеа детето по собиранки и по гости и кутрото уште во 22часот ги тегнеше и им кенкаше ‘ај да си одиме ми се спие’ на 3 годишна возраст, а они упорно си седеа, не е ли тоа мачење за толку мало дете? Никогаш не сум им рекла еј абе детево ви плаче за спиење, греота е одете си. Разбирам да се случи тоа еднаш два пати, ете за некој повод (роденден, свадба..) ама нон стоп да се случува секоја втора вечер е стварно жално…Но пак ќе речам-тие си знаат најдобро. Ете внучево не заспива по гости, но има деца што заспиваат и немаат проблем после да ги префрлат до дома заспани. Има и деца што ќе заспијат во 8 часот додека ги шетаат надвор во количка, и не се будат после кога ги префрлаат. Јас сум изгорена да излезам така навечер особено сега летово кога е претопло до 20ч, да заспие во количка и после само да ја префрлам дома во креветче без да се разбуди. Ама не ми е такво детето, и тоа е… Ете пробав и покасно да ја заспивам зашто нели лето, неколку вечери со ред и ужас беше, вриштеше не заспиваше од премор. Жалам ако мојот пост беше сфатен со доза на осуда, немав таква намера. Од ‘најмајки’ профили што излегоа на инстаграм, дури и инстаграм избришав. Човек само да чувствува дека греши негде.
@MilaSs12 Чисто информативно сакам да те прашам. Кога велиш не зборува, мислиш на тоа дека не сврзува зборчиња или воопшто не зборува? Знам дека секое дете е различно ама еве моево долг период кажува едни исти зборчиња, нема нешто ново. Ме разбира што му зборувам, ме слуша, ми носи ствари кога ќе му речам. Едни пријатели со детенце од 2+ години ни се жалеа дека се веќе загрижени дека детето не збори. Се сретнавме и нивното доаѓа до кај нашето, му ја крева маицата и вика 'курка' И јас се возбудив, викнав демек 'Еј, почна да збори' Уствари детето си кажувало по некој збор ама не сврзувало зборчиња. Мене тоа некако не ми беше загрижувачки, што знам. Јас едвај чекам да почне да збори ама не ми личи дека ќе почне за скоро.
Има одреден фонд на зборови и истите ги користи. Кажува што мисли пример деде вум так так - дедо му прави коли. Или мама тато ја гљум - се бањаме. Не кажува животни а знае како викаат. Гледа крава на тетрапак и вели мууу. А јас сум му покажала на играчка. Сите птици му се ква ква. Знае што сака и што му треба и се нервира ако нешто не го разбираме. Не се нервирам ама сакам да почне да збори.
Воопшто да не се мислиш ке се пушти наеднаш. Исто и моето до 2 години со 3 збора негови се го разбирав. И се тоа па тоа. Брм брм, ту ту ,па па , бебе и тоа па тоа само слогови. Сега жено воденица на 2 години и 4 месеци само повторува. Папагал. Секој ден изненадува. Месец кај нив е како година. Секој ден се со нешто ново ме радува Не ми се живее на вакви жештини. Не сакам ни ладно ама па ке се облечам ова не е нормално. Мислам кожава да можам ке ја извадам само одам во wc и се мијам. Пролет златна ако се прашувам јас. Вечерва се присетив на првото лето кога се роди мојата прва љубов. Колку безгрижно ми се гледа сега тоа време. А стресно излегував дека бебе ке плаче дека нема да седи...но тоа за мене беше еден од најубавите периоди во животов. Не дека сега не ми е убаво со две да не бидам погрешно разбрана. Се множи љубовта,но во мојот случај на деца со мала разлика ми е жаааал ама многу ми е жал што немаше прилика подолго да биде бебе. На година и пол мораше да биде поголем брат. И пази очекував од него разбирање. Со кој памет. Многу многу ми е криво. Но знам дека ке си се имааг за цел живот. Многу сакам да ги воспитам да се имаат во животот. Да знаат дека додека имаат меѓусебно разборање ке имаат се во животот. Многу на емоции завлеков вака по жешково
Добар ден мајки. Дете го пратив со баба и дедо на Треска. Колку беше возбуден дека пак ќе оди кај реката. Му патив неколку пара алишта и крпа, знам дека нема да можи да и одолее на водата и ќе се брцни во неа. И се јавив на свеки да прашам дали се стигнати, ако не и се јавам нема да се јават. А тоа многу ме нервира... На телефон дете кажува дека било многу убаво, купиле "пепши" и густи и дека дедо ќе му правел колбавче на скара. Маже на работа дежурен и плус на терен на жешково, замина кај 6 утрово за порано да заврши и да си дојди.Само да не заглави како вчера до вечер. Јас мајка си ја викнав да не бидам сама, па ќе правиме ручек нешто пржено или скара маже ако си дојде порано. Па и така мајка е тука да ме исфарба, да почнав да се фарбам ама голема грешка направив,. Требаше да се шатирам а не вака да се нервирам секој 3 недели да барам некој да ме фарба. Мајка стигна.... Имајте убав празничен ден со вашите сакани,каде и да сте.
Хај.. Бебе заспа конечно, од сабаље од 8:45 станата два пати пробавме да спие не бе одма се разбудува. Нека спие сега после одиме во еден ресторан, нов е пред 4 дена отворен. Возбудена сум ептен, како џунгла е со слонови со змии ептен ме бендиса-ќе ви пуштам слики. Си порачав игрална голема за бебе се надевам дека ќе сака да игра во неа. Ја земав најмногу заради тоа што си одиме во зима па да не и студи на ламинат вака во неа да игра. Тоа е го чекам маже да си дојди од работа да се спремаме и да одиме Пекооолллл е имајте убав ден
Не можам да го сменам претходниот коментар па затоа во нов еве слики уживав искрено а и бебе се смееше се и беше ново на 30мин се исклучуваа светлата и почнуваа животните да се движат
Хај грлс Печам компир и морков терам ун диета еве веќе 26ти ден и супер ми иде, си се враќам полека полека на старо. Бебе спие, муж спие, јас под клима пијам вода со лимон. Вчера имавме гости, кумовите ни беа, заглавивме до 1, беба ја заспав накај 9 и после им се придружив во двор. Ова бејбифонот е стварно добра работа, не дека мојава станува навечер, чим ја заспијам спие до сабајле али пак да не мора да влагам внатре да ја проверувам. Сите ми се на одмор, и моите, и другарки и сите… и јас едвај чекам 12ти да дојде, ајде веќе!!!! Ми се шета ми се плаче…. Ручек бидна, да праам салата и од 2 сум на забар, имајте убав ден
Хајј мамии Крштевка помина суперрр сите задоволни Бебка до крај издржа машки не плачеше воопшто имавме околку 100 луѓе немаше кој не го крена па и тој воопшто не се бунеше Па нареден ден полни куфери дојдовме Охрид, клуч оставив на свекрва и баба да чистат ние ќе си одиме викендов таман да средам шекерна маша за роденденов иако све цвекара ќе направи немам време да спремам, гледам да уживав максимално додека мм е на одмор. Послем роденден нареден ден одиме за Хрватска на одмор едвај смештај најдовме таман да букираме го зафатил некој Па до Албанија уште 4дена и толку мм се враќа на работа до 25ти е на одмор Само све да биди океј со бебе, засега се држиме добро да не треба све да откажуваме Стигнавме на плажа доцна денес се успавме и на крај на бебе купачи сум заборавила да ставам тоа е кога се остава да среди мама све да нахрани да облечи дете, тоебица да среди еден е ум Многу мразам дете голо на плажа и мм се врати да ги земе и 100 сато додеќа стигниме на плажа Убав ден
Добар ден. Во врска со спиењето, исто и мојата покасно заспива,околу 10 и пол па и 11ч навечер. Ама тоа кога спие во градинка. Кога е дома, не ѝ дозволувам да спие денски и затоа порано заспива, околу 9. Со малото немам проблем за заспивање, околу 9 си заспива. Често пати кога се шетаме, заспие во количка и дома ја префрлам во креветче заспана. Во врска со зборувањето, имам братучед чие дете е 3 и пол години и не зборува. Не сврзува зборови и само кога ќе се изнервира ќе каже некој збор или понекогаш кога ќе му текне. Се нервираат луѓето многу. Секакви испитувања му се направени и сѐ е во ред. Детето си е паметно, се разбира, се знае, не застанува ни секунда, постојано е активно. Ама ете по некој збор што ќе каже ретко и тоа е тоа од зборување. Мојава на 2 и пол год приказни си смислуваше и раскажуваше, ја имам снимено. Малово од 5м почна со ба ба, да да, ма ма. Сите се различни деца. Двете мои не можам да ги споредам една со друга, а не со некој трет. За продолжениот викенд супер поминавме покрај езеро, големата не излезе од вода, а и боичка фати. На малото му ги брцнав нозете во вода, ама почна да вика, да се буни, изгледа ладничко и дојде. Си седеше во количка под чадор она. Патот нѐутепа, ама битно таму одморивме и децата се изнауживаа. Оваа недела големата не оди во градинка, си седе дома. Ама лоша е и непослушна. Додека бев во кујна да направам млеко за малото, она ѝ ја дадела нејзината лижавка да ја лиже Нема разбирачка со неа
Здраво мајки! Станати сме од 07:30, бебе рано рано го почнува денот. Дада и никогаш не стануваше олку рано, до 10-11 спиевме и двете иако искрено,ми одговара рано станување. Денот секако ни е краток, уште 5часа да трае ќе ни биде таман мислам. Бебе тера прва дремка, на перница на нозе ми е легната и нишкам и куцкам, дадата надвор со свеки заиграна уште сабајлечки. Бебево се смени скроз во овој фамозен петти скок, многу ми е страв само да не ми се одбие од доење некако ако не ја понудам не бара сама ко претходно, и ако легнеме да цица, почнува да пее,да си ги фаќа нозете, да ми буричка во уста, интерес никаков за да цица. Ако пробам да ја легнам на рака за да цица за заспивање, мислам ќе ме истепа кај и да е, ме бутка, се тегне наназад, ме стиска луто со непцата, само и само да не цица Исправена,навалена на моето рамо, а јас полека да ја шетам по соба до фен во позадина секако, ете само така ми заспива. Дури ни во кола неќе да спие Се мислам и втор оброк да вметнам, една каша во 10:30-11, и едвај 3 пати цицање не е доволно ама ич. Вчера едвај неколку лажички за ручек, денес се надевам повеќе ќе сака, иако го рачунам како пробување нови зеленчукови вкусови, сепак би сакала да покаже интерес за уште еден оброк, вака цело време гладна ја мислам. Многу сакам да е вака малечка уште малку ама па и сакам да потпорасне, овој бебешки период е најтежок. Ќе ми фали да е бебе, ама ќе ми олесне кога ќе почне да оди, да си заигрува со дадата, да јаде се.. Тешки муабети посабајле Еј да ви се пофалам со режимот, пред мене сите јадеа најубав бурек со месо и јогурт, а јас не се настрвив. Си дојдов дома и си пиев најубаво смуди Затоа па -10кг точно, епааааа нема и јадење и слабеење заедно. Сега нова цел, до септември уште -5 да сум од моменталната, па полека полека до крај на годината уште малку, и ќе бидам конечно задоволна со себе. Мушичките за напуштање од работа ми поминаа, и сакам да се вратам. Ми фали народ, муабет со луѓе, кафе на мир, барем еден оброк на мир.. И тоа. Дојдов,се пожалив набрзина,ништо не кажав. Денес кај мајка ќе си бидеме цел ден, да дремне бебе па да јаде и фаќаме патот. Таму психата си ја одмарам. Убав ден имајте
Добар ден мајки Да почастам торта, денес славам роденден. Прв со бебе. Ќе имам гости поручек, фамилијарно. Вчера ја успав покасно поручек малата па издржа на детски роденден бевме дури до 9:30пм, премија за бебе што е кома во 8:30 макс е сега што не стасавме да пробаме торта е друг проблем Одиме пак за Грција на 21ви ако не не затворат пак. Едвај чекам Многу нови случаеви, а сакав и голем прв роденден да направиме на отворено ама изгледа нема ништо од тоа да биде. Како тргнала работата…Да сме живи и здрави. Старејковци сме на свадба, требаше да биде на 28ми со 200+ гости во затворен простор, искрено многу ми олекна што откажаа според новите мерки. Месец умазад му зборувам на сопругот дека ми е страв. Сега ја презакажаа на 14ти, на отворено и многу помал број гости. Бебе секој ден новитети, сабајлево како да знаеше дека ми е роденден, си поспа до кај 8, па стана и се гушкаше со мене, ми легна на гради и никна трет заб, горниот кец, вчера направи 10 месеци. Шетавме на лулашки додека не затопли многу, сега спремање за вечер. Заборавив што друго ќе кажував, имајте убав ден Едит: да го “пофалам” маж ми за тортата, му кажав едно 10 пати дека имам нарачано торта, му зборувам цел живот живот дека омилени торти ми се со бел фил и овошје и тој ми купил чоколадна торта и ми вели па знаев дека си порачала со бел фил, нешто и за мој укус да има
Ја дојдов да си се пожалам ноќеска температура качив и пролив имав. Сабајле 38.1 па ми падна, пиев парацетамол. Никакви други симптоми и се извадив од памет прво да не е тоа страшното ама не е. Надвор 40 степени ја у кревет со ќебе . Многу ми е тешко пошо сум малаксана и не можам многу да и обрнам внимание на бебушка Се надевам утре ќе бидам ко нова
Добар ден мајки Да не пишувам исто, како претходните постови, знаете, време немам за редовно да пишам овде. Ве прочитав сега, честитки и поддршка таму каде што треба. Јас бев таа што велеше дека има ред да се знае и убаво е дете у 21ч да ми заспива. Јована моја од кога е родена заспиваше после 23ч и покасно. Со скоковите хаос, ништо не и беше под ред. Да дури сега да почне во 22-22:30 да заспива. Исто за јадењето, се правев да биде анимирана и јадеше, без проблем и одеднаш престана да јаде цела недела, ослабна, маче се направи, па сега прво трчам бејби тв да пуштам па да ја седнам во хранилка, да изеде едвај 100гр Нема правила, никакви. Тие многу брзо ни растат и менуваат. И јас и маж ми сме тивки и мирно е по дома кај нас, детево ми е бунтовник, живец, гласовита, се смее гласно, цикасе чудам од каде примериве, но ете, таа си е таква. Различна индивидуа од нас. Вака или онака поминаа брзо 10 месеци, греота е да се жалам иако не беа баш сите весели. Но периоди се, па доволни се неколку убави моменти и ги заборавам грчевите и плачките од порано во првите месеци. Одмор истеравме, дете за изненадување сакаше вода солена, прв одмор ни е, сакаше и песок па ги конзумираше и едното и другото Во секој случај убаво, издржа 10часа пат, со паузи, но без проблеми, убава таа на мајка Заби нема, досадни се веќе, штрбо бебе кое се го нервира, температури крева, па нема, па лигави се, па јади се по дома, лази и собира се по дома, па среќа ми носи, не голтнува (незнам до кога). 7ми скок плус 45 степени плус заби неникнати=мајка збрлавена и зборам, демек ме разбира, таа прсте ми покажа показалец, ме кара брелудило, ама убаво лудило. Градинка од први демек, дотогаш баба сервис, јас наутро со неа, попладне баба и деде. Што да ви кажам, изморена сум уште пред да стигнам на работаама тоа е. Убави, слатки маки и исполнет ден во секој случај. Гушкајте бебушки и дечиња, се надевам дека почесто ќе ви пишам и јас, некогаш. Новите мајки ја веселат темава, ме вратија назад на почеток, убави и слатки бебушки видов нови во скриено катче темата. И така. На работа сум, брзински ова го склопив, да ги проверам печатните грешки и да гасам моб, на жешково нема луѓе Чаоо
Цел ден се ежам се морници ме лазат све солзи ми идат на очи алии радосници кога ќе ми текне дека една година помина од кога ова мало човече ме направи најсреќна мама на свет од кога ме научи што е поента на животот, што е љубов, за што вреди да живееш. Да, тешки денови има кога си сам по цели денови со бебе кога е во скок, кога ќе настине али све се заборава само да минува со лесно Цела среќа и љубов да ја имаш на овој свет сине
Едно уморно здраво од мене Генералките сами по себе се напорни, а со тодлер mission impossible. Пратив теписи пред некој ден на перење, исправ 16 перални алишта, па со денови диплам, бришам, не можам веќе. Стигнаа денеска и ајде правосмукалка и џогер секаде, додека сум ја изџогирала дневната тој изгмечил смоки по мене, па ајде одново Мора да биде вклучен во се, си има и тој крпче, заедно го држиме џогерот и спори ко желки. Ајде барем времето поминува, не се издржува веќе на топлото дома. Инаку добри сме, секојдневие, од понеделник до петок турбо со работа и дете, за викенд базен или природа. Нетфликсот уште ми е на пауза џабе ќе го плаќам, навечер немам сила да гледам. Седнувам на тераса да испушам една цигара, ме фаќа мрза и главам до касно или на форумот или ќе се загледам глупости на инстаграм. Шетањето надвор е многу интересно. Големиот тој не сака веќе да види ни трицикл, ни количка, рака не дава туку оди сам пред мене. Ама затоа нема проблем да трча по туѓите колички и тротинети. Едвај го тргам, плаче, се влече да им седнува на децата во количките. Им оди на игралиште кај што играат баскет, ги прекинува во играта, јас пак влечи и убедувај, тој се корне од плачење. Веќе ни грицките не помагаат. Научил да глуми за оскар Се бркаме околу маса и ако не може да избега седнува доле и кенка демек паднал, па дава рака да му помогнам да стане. Прави глупости и татко му ќе го скара, одма трча накај мене 'плачејќи' и му се смее после. Не дај боже да повишиш тон одма легнува доле и се лути, ако не го погледнуваш си станува сам како ништо да не било. Абе шеќер ми е Синоќа баба ми ми звонеше во 1, ме мрдна од памет. А таа си седела на телефон којзнае што правела и ми звонела. После не можев да ја добијам и ги будев сите додека не најдов кој да ја провери. Се било во ред ама таа не се сеќава дека звонела. Битно мене срцето во пети. Вечерва нова прича, нов стрес. Маж ми вика колата ми ја снемало од паркинг. Платен паркинг кај што ставаат канџи ако не платиш и ми немаше логика да е во пајак служба. Бев убедена дека ја украле. Плачки што да ви кажувам. Сентиментално сум врзана, поклон од татко ми, абе ќе се удавев од плачење. На крај ја најдовме во пајак служба сепак без никакво образложение зошто ја кренале и утре треба да одам да се расправам. Само ќе речам - Македонија. Наредната недела ни доаѓаат гости од Србија со бебенцето, превозбудена сум и со душа ги чекам. Сакам да му земам Ванс патичиња ама кај нас никаде не најдов број. Да не знаете каде да барам 20/21, цени олд скул? Имам уште за пишување ама да не досаѓам, на следно читање. Гуд најт