Добар ден и од мене Конечно малку сонце и кај нас, ми прекипе веќе од ладно и дождови секој ден. Прошетавме малку со бебе, кругче ипол околу маало, 20тина минути, сосема доволно. За бебе што не сакаше да смисли количка - џек пот Ама како почнува да се заигрува со играчки, му се одвлекува вниманието и станува полесно. Затоа мама со цел арсенал играчки излегува од дома Се осеќам како од цртан филм, кога вадат чекани од џеб Имаме запчиња Брутални беа последните две недели, 4ти скок + запчиња = лудило Ама помина, сега како да имам друго бебуле Кај маж ми се правело сутлијаш за запче, кај мене се купувало нешто бело. Одлучив и тоа и тоа да направам, од што сум возбудена. Мислиш детето ми дипломирало на факултет Се спремаме полека за одење дома, едвај чекам А знам дека ќе биде толку многу напорно, што едвај ќе чекаме да си дојдеме дома, ама ајде Маж едвај чекал да јаде симит погача Од цела македонска превкусна кујна, он симит погача сакал Ај барем знае што сака, јас ни тоа... Се запнал да купи цд (ако уште постојат де) од Мајкл Џексон, за по пат во кола, затоа што бебе многу го сакал Мајклче (како дошол до овој заклучок, немам поим) Осеќам денес ќе ми се избаци со некое цд, со оглед на тоа дека има селективно слушање кога зборам и моето "не" не го слушнал - 100% Бебе го примија во градинка Од април наредна година. Една огромна грижа ми падна од градиве мислам, многу бев загрижена ако не му најдеме место, што ќе правиме. Ама јас пак си размислувам за продожување на породилното, барем уште 6 месеци, за бебе да се адаптира, да не морам нон стоп да излегувам од работа, а и ми се уарни дома Дома ми е таков невиден хаос, што не е нормално. За човек што се ужаснува од такво нешто, имам разработено стратегија и супер се снаоѓам - едноставно одбегнувам да погледнам натаму и ги игнорирам тие делови од собите Морам да почнам да пакувам полека, па може ќе се среди малку, нема да биде толку хаотично. Сите обврски си ги оставам за викенд, демек маж ми кога ќе биде дома, а уствари бетер станува, ама ајде. Легендата вели дека кога тогаш ќе се навикнам Доста џаболебарам, да фатам да средам малку, додека спие бебе, после тоа нема шанси... Чувајте се
Добар ден и од мене Да пробам да шкртнам некој ред од кај да почнам… Пред четири години секое второ ( секое прво) мислење во темава ми беше “никогаш второ дете”. И така сега второво спие до мене. Уствари ништо посебно немам да кажам, се е ок, слично како кај сите ама ај колку да ме има во темава. Имајте убав ден
Две деца имаш? Мислев едно е. Добар ден. Малава спие, јас седнав едно кафе на раат да испијам. Ноќеска ич не сум спиела убаво. Па и малото од кога почна со оброк се буди ноќеска за млеко повеќе пати, што убаво си спиеше цела ноќ. А можеби е и до скокот. Попладне сме на роденден. Ќе се собереме сите братучеди, ќе се видеме после толку време. Едвај чекам. Децата не ни се знаат. Ама не е за маана, од различни градови сме сите. На големата ѝ е роденден за 1 месец, сакав во игротека да прославиме со дечиња, ама со овие мерки не ми се верува дека ќе се исполни тоа. Ќе видеме како ќе биде. Маж се вакцинира, мене некако не ми се вакцинира, а и прележана сум. Што да кажам друго, не знам. Ајде убав ден
Не те копкаше да споделиш?! Живо и здраво да ти е бебулето, најрадосни да ве прави цееел живот Тешко ни е со две изгледа на сите.. лудило,убаво лудило, ама напорно! А се си викам три ќе имам.. Не бре, да се наспијам и одморам, спремам по дома на раат барем две години! Трето ако некад раѓам, ќе биде после 10год
Јас велам синко да порасне, за 3 4 години од сега уште едно да имаме. Ама маж вели таман ке може да одиме по одмори и раат да одмориме пак бебе пак одново се.
Добар ден мамушки Дремка број 1 на беба и кафе број 1 на мама. Шмркам од тоа несот, ко да ќе нема утре. Крштевката ја поминавме како песна. Јован мирен, помирен не бил никогаш. Како друго бебе да беше, се чудев и уште се чудам. В црква глас не пушти, освен кога го облекуваше кумата, ама очекувано, секогаш протестира на облекување. Во ресторанот се изнаспа. Здравје, ако имаме и други дечиња, вака рано ќе им правиме крштевка. Ги чекам сликарите да ни ги дадат сликите, па ќе прикачам некое сличе, да видите што сум организирала. Порано и мене ми беше глупост слатката маса, ама кога видов како и се радуваат дечињата, не една, десет би направила. Косата почна да ми паѓа како луда. Како шо ни е сѐ светло дома, тие влакништата црвени светкаат однадвор. Си купив мека метла и туку пафтам низ дома на секое, ќе скренам. Либе купил подлога за на земја како слагалица (puzzle mat), ама ептен мириса, не можам да му ја наместам на бебе за да си играме. Ја исперив со четка, со гел за туширање, не мирисаше додека се исуши. Сега пак мириса на гума/пластика. Имате идеја како да ги одмирисам? Кате среќен роденден, само убајнила да те пратат! Иванче се надевам дека веќе си опоравена. Ми ѕвонат од карго, морам да одам. Со следно читање. Гушки до најмилите бебки/дечки. ❤️
@TeddyGrey Пишувај ни почесто бе Теди, ептен не напушти ти! Среќен роденден на девојката, гоооолема да расте! За четвртиот роденден, едно братче/сестриче да и подарите И @emkaemka скроз не откачи веќе. @mimiiiii Оддамна не сум ја прочитала исто..
^Баш поради тоа што ми се падна лошка првава,од дома да не мрднам без неа и ни со неа,подобро што дојде вторава лошка порано.На едно седење дома. Па да подпораснат ќе шетаме заедно и ќе спијамм конечно. Пошто двете се будат маваат клоци,шамари,им се цица,мочка по милион пати во ноќ. Уште малку и топтан ќе ги преместам во детска и самааа ќе се ширам на спална. Поздрав девојки
Стравот лозје чува Што си е сигурно,сигурное Сакам да се ширам и уживам А не некој да ми хрчи над глава
Кај нас првите два дена со новиот член поминаа како мед и млеко. Е после еве веќе 5 дена големиот е цело време со плачки, писла вриска. Го чука по глава, не дава да цица го тегне, не дава во креветче да лежи во раце да го држам, вчера за малце бокс во фаца ќе му удреше. Капак на се, вчера качи темп и цело време кашла. Јас сум целата Едвај 3 саати дали сум спиена, цела ноќ мери на едниот темп, другиот плаче се витка од грчеви. Точно 2 ипол години се разлика. Јас уште не сум опоравена како што треба ама кој ме пита мене
Ти не си битна,се можеш. Се ова исто,беба 2 недели јас и поголемава креваме тт,јас 40 некокку дена таа една недела тт,кашлици,беба грчеви,јас сама со губење на свест со двете,зошто ни една ни друга сакаше мм да ги земи а друг беше невозможнооо. Хорор. Се ќе мине.
Он седи со татко му нема гајле, додека бев во болница го одвикнал скроз од пелени. Откако се породив само што без мене не искача надвор, а не сака о бебето да дојде со нас. Па прво искачаме јас и бебе скришум па они двајца. Ние и немаме помош, маж е уште некој ден на одмор и толку. Едната баба се истепа да земе одмор да помагала, ама она мислеше само за бањање помош ќе дава, јас ја сецнав за бањањето, си искочи и нит се јави нит па дојде пак И искочи дека сум ја избркала
Е не,не си ја избркала Одмор за капење бре Добро што стои со маж ти,имаш помош колку толку. Моиве до ден денес само мама мама..тато се гушка и слободен е
Јес мами! Денес ко нова, ко ништо да не ми било Него каква е таа подлога? Од кај ја земал маж ти? И јас сакам да купам подлога за под ама на 100 ума сум каква. Дома ни е све плочки без теписи ама со подно греење се. Се мислам дали да земам од тие тепихчињата од топ шоп, дали од оние меки коцки што се склопуваат како слагалица, дали нешто како прекривка само. Ич не знам ајде мамички искусни дајте предлог
Здраво жени Обожавам да ве читам, а мрза сум да склопам некој збор.. У ствари незнам дали сум мрза или толку сум зафатена, а па голем дел од вас се со две малечки и пак пишувате Од 12ти ноември сум дома, неможам да си поверувам колку време поминало ама откако се разболев од проклетиов вирус до март работев од дома, од април породилно и еве ме пред нова шанса, понуда за работа за еден месец да почнам, бебе ќе има 5 месеци.. Незнам како е можно, дали и на други ова им се случува ама како што гледам 99 посто од мајките тераат породилно, па боледувања/одмори па се враќаат на работа. Кај мене обратно, со прво бебе почнав на работа кога направи 2 месеци, арно ама сега ми дадоа договор додека ми трае породилното, па после требаше да си барам работа, македонштина лвл 1000 Сега бебе 4м ми се јавуваат за друга работа, одлична шанса ама јас искрено неможам да се замислам на работа, ко исклучена од светот сум 4 месеци, со две дечиња дома немам време да мрднам а не пак да одам на работа. Од друга страна за супер работа станува збор, паричките исто одлични, можност за унапредување Понудава е од пред 2 недели, бев на интервју, ми се јавија денес за второ... Минатава недела си го поминавме редот со стомачен вирус и температура, прво ќере, па синко па јас Позитивно во тоа што ме фати и мене е шо конечно ги скинав последните 2 кг и сеа сум женска ко од пред 2 царски Туку луѓе само јас ли трошам толку на онлајн нарачки?? Па и будала оставам адреса од ординацијата на мм, ги носат таму па само ме кара @kostovaivana види во ПиКи подлога, јас порачав за еден ден стигна 650 де е а убава е и голема. Тие од топшоп лом ќе се прават мислам, оваа влажно или дезентал и капка е. Се изнапишав
Фала ти, само да знаеш бебчето ти е такво, ние правевме крштевка рано ама сите не издрма малата, попот вели мајка земи ја, смири ја малку па ќе продолжиме исто и кумот кога ја држеше, вели ајде нека ја земе мајка и малку И тоа после ни моите не седнаа со нас во ресторан, ја однесоа дома со нив, а ние седнавме