Супер мама штом си добра. Подлогата е од тие меките коцки што се сложуваат како слагалица. Ја порачал од Лотус-М, двојно поевтина отколку од џамбо, па за истите пари зел два сета (еден квадрат е 60х60). Е сега не знам дали дека поевтина или и тие поскапите, мириса на гума. @Katerina94 можи до бебето да е мама. Мирен е тој, не дека е некое проблематично бебе, ама в место глас да не пушти и да спие повеќе од 30 минути, дома не му се случило.
Хелло мама берс Значи ние жените натприродни моќи имаме не знам зошто во сите филмови како јунаци се претежно мажи супермен, бетмен, спајдрмен г@@@ да јадат да дое еден од нив 12ч да ме смени нема да издржи 7ми скок сме кај громчето ( не зборам во множина за бебе него и ние со мм сме во скоков шашардисани) + 3ки горе искачаат решило бебе сите заби да ги извади до 1г + сака да оди се пушта ама паѓа не направил чекор. Обично ми ја бара раката и така прави 1 2 чекорчиња па паѓа. Си викам нека прооди па 12кг е сигурно веќе не се држи и плус кога ќе почне да те мава и клоца во раце мислам органите ми ги извади. Тие што спиете на спална со деца или децата мирно ви спијат или не знам како трпите. Станува во 4 со ненормално плачење од забите 2 дена по ред и го ставаме меѓу нас од денес реков никогаш веќе. Толку клоцање мавање ударање и ја нервозна и тоа ненаспано Крштевка не правиме, додуша ни молитви ни 40 дена не правев а и со вакво бесно не можам да замислам да правам ќе треба диазапами да се наклукам. Роденден не ни сакав голем а врти сучи за во ресторан мораше сите да бидат викнати, па сега сп ситуацијава и тоа отпаѓа и ќе си правиме дома со бабите па сега порачувам на али да наредиме се дома со некоја тема. Немам паметно што да кажам едвај си чекам да дојде септември да оди бебе во градинка па што биде нека биде. Нека се живи и здрави дури се здрави и пискави се трпи
Еден куп новости тука имааа @gjoker4e честито бебенцее мене друго ме копка како не си прашувала ништо во трудничкиили само јас имам меморија на рипка па заборавам од бременост до бременост иако поминале само 18месеци Како и да е ке пораснат. Дали наеднаш вака како мојот случај дали подоцна тоа им е работа. Ние да можеме да издржиме. Незнам за вас ама јас станувам во 6 и мотив за да го преживеам денот ми е дека ке дојди 20:30 и ке легнат. Секоја втора недела се со тт. Не висока до ,37.5 доволна за лигавење Бебеее ееее типична климактерична жена во машка верзија. не знам ни што сака ни кога сака денски ако спие два пати по пола саат празник е. Батко никако да заоди во градинка се само нешто нафајќаат Нека се само силни да се изборат со вирусите од септември. И двајцата под рака ,први ке ги носам последни ке ги земам и мајка на работа. Се вакцинирав само за да можам да одам во канцеларија. Ми треба промена,секаква. И коса да променам и гардероба. Сакам да излезам од оваа комфорна зона Дежа ву имам секое станување знам како стартува и како ке се одвива денот. Но се тешам дека кога ке тргнат пелени а со еден се борам и тоа и не ми иде лесно кога ке научат сами да се облекуваат и научат сами да легнуваат ке издишеме. До тогаш ке пишеме вакви жалопојки Добра ноќ,одам да пуштам машина да суши се е помочано од големиот
@IRBBB шеќерно е бебе @gjoker4e живо, здраво Не гледам ни јас нешто интересно да споделуваш дека си бремена (ок се знае не ми се драги тие состојби ) , е така сега фали се со бејби @Chanell* едвај постигнувам да отворам форумов, не па да везам километри А пост од некој ред не ми е тоа тоа, ако не си пишам се како - што ма исто ко да не сум ни пишала Ама и овде некако све мрзли млади мајки (се шалам, ваљда неснајдени се што ги снашло ), па еден пост месечно типкаат и не е интересно само моите да се читаат на секоја страна Се трудам и во корак во 40ка да бидам, ама не бре, време се нема Сега мое бебе е најнапорно, уствари сега тек гледам зорт што имам бебе Мајки па бебето ми стана тепач Да не се уврти на некој Пред некој ден една феминка ми беше на гости (не би да именувам) кога му се уврте на детенцето да го тепа, да го закача, да го бута, се џитка у него Ова па мирно, ни се да седат луѓето, ни се да си идат, пошто само што дошле. А прв пат се дружиме по дома, срам ме изеде Утрето идеме на Св.Наум, си играме во песок и му викам ајде доста седиме на сонце, да одиме под сенка. Стана да оди, јас играчки да зберам и дури стигне му помина едно дете и бам го акна На моја несреќа и ова дете мирно, озбилно сакав да биде некое да му се поврати и да го тресне Па уште задоволен што направил, ауууууу ми се споија сите жици.. Прееска на тетка му бокс и мавна И мене ме тепаше, ама го решивме тој проблем Што фаза да ќе беше, зборам, презборувам, казнувам, пробав и да го повлечам по уво (така ми дојде ) аууу уште повеќе се разлошува Пали играчки да фрлам, полиција и лошиот чичко што иде у сред ноќ, па правам комбинации, ама у стотинка изненадува, многу е непредвидлив Па што речник збогатил, па па па ко стринка се расправа, ма дијалози, монолози, меле ли меле Секогаш има што да каже, праша, потпраша, да не почне пак да повторува Во очај пробав да го убедувам нешто да гледа на Јутуб, цртани оддамна не го занимаат, сем Пепа прасе понекогаш, гледа машини како прават и што прават и животни. И се покајав, се што гледа коментира, па прашува, па те вика и ти да видиш, па враќа да видел пак.. Понекогаш се прашувам и како не го мрзи цело време да зборува Гафови. Кенка нешто и ми вика "мами многу ми тешко", "што ти е тешко му враќам", "па нешто не ми е купено" Аууу а овој многу јак Седиме на плажа, јас во купаќи, ме загледува и ми се обраќа "ауууу мами па ти си ставила цицки" Отвори се земјо голтај ме, околу полно народ Е кога ќе заспие е бајче, може за водичка да постане и толку Ама дури заспие или изминат 12ч ѕрцките ми ги вади Неуморливо дете, вода ќе запре, ама он не, ако дневно не изоди барем 3км има душа да ти извади навечер. Добро, сега и сонце го тепа, па повеќе од 3 и не шпарта, гратис е трчкање улево, удесно Ми се чудат како идел толку, ма нема мака он, ќе шпарта колку сакаш, а пропратно ќе ломоти за се што ќе види и видел и некогаш сте муабетеле 10.000 чекори ги правиме секој ден Уствари кога сме сами ретко има испади, тогаш баш е примерен и послушен, другарче, се договараме, шетаме, правиме се заедно.. Тука ли е татко му оп друго дете, па и некој плус ако има леле мори мајко Ич не е научен на гужви, не знае што со себе, пошто и сите му даваат внимание.. Не сака ни деца, мама и тато му се другарчиња и доста било. Види ли повеќе од три деца на лулашки одма имаш, мами овде е многу гужва, ајде да си одиме На плажа да не му се доближи дете, одма му вика или му фрла песок Во градинка не сакал повеќе, досадно било вика, а ги збори многу едната девојка и најдоброто другарче. Јас плаќам и за место, ваљда не е узалуд, ма секако не е, ќе иде и оро ќе игра Друго од карактер и скржав е, ни свое дава, ни туѓо не бара "Си имам, имам слично, не сакам, не мора се да имам" Од позитива, се поправил за два месеци и 10дена точно 2кг и 400г и се му се во мускули, пошто коски пак му се гледаат Еј се научил да плива, ок со елек и а види мовче мора да рипа од него Море знае и да гњури, ќе се поднаведне, ќе допре со лице водата и тадамммм Фино ни минува летово во Охрид, за брзо пак се враќаме да докористиме сонце и вода Сме фатиле и боја, а мм гори ко рак, со 50ка мачкан и пак црвенее Скопје баш топло и тешко време, Охрид многу потопол од порано, ама се диши, вечерите се прекрасни, само за уживање створени Кој знае колку коктели имам испиено, уште толку и џин тоник Од воздухот ќе да е, овде сем вода ништо не се пие Јас од старт на лето на "диета" и никако да ја почнам, само ја зборам напразно Најдов една со ориз и баш ко за мене, таман ја почнав и заборавив Почнав да правам стомачни и добив порано, па ко ми заврши и тоа заборавив Море и скоро се што порачав ми е големко, па се тешам да не сум дебела Абе јас не сум ни дебела, ама стремам кон тоа да бидам "бомба" Упс уште цицки ќе ми фалат И да, многу купувам онлајн, аууу како сум се фрлила во шопингување и се ми се свиѓа и ми треба, само скриншот правам Секој ден чекам нешто да стигне Море барем ми помина пасијата да купувам за бебе, сега строго за мене си бирам Леле и он колку алишта има, некои маички по еднаш ги облекол, а лето ќе заврши, а догодина мали ќе се Ма он и кога ќе се заљуби во нешто иди па соблечи му го и строго со различни чорапи и сандали се носи Борби е барем исти да се, некат ми успева, ама некат мода е во прашање Детската соба уште не е готова Мислам крупното е тука, ама сите финеси што ја прават посебна фалат А јас и мани за поправка и на крупното најдов.. Ај не сме тука, па не е страшно, кога ќе дојдеме ќе се среди, ваљда де Битно бебе таму спие, креветот му се бендиса И плаче за чистење, ма цела куќа рика за рибање, а мене и не баш ми чуе Ќе запафтам пред идење, Бубу ќе одржува и ајт, ќе светам во станчето, кое и оно рикнува веќе за чистење Озбилно, не сум знаела дека до волку ќе отрпнам да седам во прљаво, барем по мои стандарди ама ич не е чисто. Не ни приметувам.. Не ми ни смета.. Утре треба да првам пост-роденденска торта, ептен ми се јаде инаку немаше да ја направам, скоро сите што требаше ми дадоа поклони Чизкејк ќе биде А ќе направм и едно блакце фејворит на мм и бебе Баба ваљда ќе забавља бебе, ма си недостигале со свеки и не се двојат, ред се бркаат, па кријат и на крај ќе рокнат музика и џускаат Прееска па кај моите седеше 5ч, јас го премислив знаејќи го, а он мука нема, од врата ме праша кај е тато Супер штом седи, да пододморам јас деновиве и да соберам сила за нова тура Животинките ми се ко нас, секој своја песна Биби почнува да зборува, покрај зборчињата што ги вади вика и "мами" Кашла и вика, писка, се дере идентично ко бебе, па не знаеш кој е кој Јако е кога е на тераса во Охрид и ќе почне да свирка, а станчето е под влез Комшиите првин мислеле дека имаме и бебче и кога оп еден ден на плажа не гледаат со Биби Бебе малку го здиви, уште му е љубоморен и ништо не му дава Гљувчињата се приказна за себе.. Џуџест хрчко, Маус и обичен Мишко. Ич не се сакаат, одвоено седат, уствари еден Маус умре, втор купивме Мишко е многу пргав, пред малку успеа да скокне од стаклениот сад. Само нешто бам ми направи, среќа ми текна што би можело да биде Во најава е аквариум да редиме, сад имаме, уствари садиште од 200л Па и со тоа ќе се бафтам, ама одмор за очи ми се рипчиња Него изгледа и уште една "беља" ќе чувам По дома уште никој не знае, ама некако ми светна, ми спомнаа па што да не, кај толку животињи па уште една плус ништо страшно Иако оваа ќе биде и захтевна, ама верувам и љубовна Си ги замислив со бебе и се стопив Ќе кажам ако биде, ма и слика ќе прикачам Мислам доста пишав, не знам ни што веќе, не ни пречитувам, од 21ч почнав @Chanell* верувам веќе се покаја што ме повика, "аман има ли крај постов" сигурно си вика Ма скролни, ништо лично не сваќам јас Ама удри лајк
@emkaemka Во еден здив прочитав се! И секогаш те читам до збор, нема шанса да скролнам, баш сакам вакви километарски постови Добро утро народе! Бебе ме разбуди во 7, не можев очи да отворам. Не дека ми е тешко станувањето, ама кога ќе додадам дека станува безброј пати за да цица.. ми се плаче коа ме буди! Големата спие уште, барем смудиво да го испијам на раат и може да стане Синоќа во 11 и пол заспа, јас после еден саат, од премор нозете ме болат многу навечер и не можам да заспијам од болка. И текна во 01:30 ќе клоца,ќе вика ќе цика, јас и нудам да се гушнеме и да ми спие на рака она со нозете во гради ме шутира уфф така ме изнервира, памтам ја удрив по нога После ќе и кажам,може и не памти, ама ја удрив свесно, па таман заспав она го разбуди бебето.Ме изнервира Дремеше на цицка малото уште пола саат, таман ќе задремам пак ќе побара.. и гроги после, епа гроги! Од понеделник ќе оди големата во градинка. Време и е веќе, доста беше дома. Каприците ќе и минат, ќе научи да се понаша ко што треба. На моменти е бајче, на моменти баш лошка! Плаче по цел ден луѓе, многу е досадна некогаш,стварно! Вчера така сп**дев, и се развикав да престане, дека ако прави така ќе дојде полицијата и ќе ме земе мене и татко и, па после со баба треба да живее. Се подзсмисли и престана, во текот на денот немаше друг испад. Па ајде, шеќерна, стаклена е станата, трпи трпи за се, не можам веќе. Толку сум самокритички настроена, како и да се испонашам со неа одма криво ми е и се критикувам самата,си ветив нема! Доволно добра мајка сум, совршена не можам да бидсм, па така ќе има моменти кога ќе и с’ржам, а не мамина мамина по цел ден, а мамина на главата ми се качува. Разгаленост. Скокови минаа,тантруми минаа, следно како се нарекуваат? Битно крај се нема. Тато не е интересен, двете по цел ден со мене. Нит за хранење, нит за успивање, едино за играње и шетња го бараме него Ќе пишував уште ама стана големата.На раат гушкање да искористи дури бебе нана Убав ден жени
Фала ви на сите Сконцентрирана бев на една работа која што нормално ја утнав поради толкава концентрација. Многу се нервирам кога некој ќе ме праша како сум се породила (во живо само, на форум не) и на едни викам природно, на едни царски. Така и за првото и веќе не знам кому што сум рекла ама финтата ми е кога ќе се сретнат едни со други и ќе ме оговараат да се збунат и да не знаат кој е точниот одговор. Неделава е за трет пат топло ова лето и тоа дури цели 7 дена, првиот пат беше пет дена топло, вториот три дена, па чекам понеделник и 20тина степени. Убав ден
Женчиња што се прави на црква на 40 дена, се носи нешто? И постариве ми викаат после црква не се одело дома, туку некаде на гости. Така е?
Секаде е различно, на црква кај нас се носи бело марамче (на глава треба да ти стои додека пее попот, иако мене не ми кажаа па за џабе си го носев), и после црква во 3 куќи се оди на гости.
Прв пат слушам некој педијатар да дава превентивно парацетамол, тоа за мене нема логика, плус ако имал темп на првата вакцина не значи дека ќе има и на оваа. Ја не би давала парацетамол превентивно.
Мајки знам дека на контрола може да се однесе уште од првото запче, но од кога поправаат? Не знам како би било изводливо на година и 3 месеци.
Како сакаш, по адети се иде во три куќи, ти прави како мислиш и ти е убаво. Јас го носев првин у Мол, па кај мајка Не сум носела ништо. Би било изводливо секако, подобро е да носиш и да се среди на време. @Annath нека каже профи одговор @gjoker4e баш се замараш со непотребни ствари, прашање е прашање, што толку анализираш. Некогаш и прашуваме чисто да се најдеме у муабет
Однеси го на детска стоматологија, на клиника, ако сте од Скопје. Или, барајте детски стоматолог во вашиот град.
Ќерка ми почнав да ја носам на 14 месеци. На детска стоматологија, на клиника. И се расипаа предните запчиња и моравме да реагираме веднаш. Среќа, само на тие остана, не се прошири кариесот. Така што, моја препорака реагирајте веднаш. Не чекајте да се рашири.
Здраво мајки Што убаво кога темата е активна. Пијам кафе, а гравче се вари.Бебе нане, а дада на градинка.Се мислам дали да чистам 5 часа или ако дојде некој да се срамам 5 минути. Легенот ми е полн со алишта за пеглање си се полни секој ден, а јас никако да стигнам да запеглам. Денес па жешко ќе биде дури 31 степен.Цело лето 20 степени, за мене е супер ама сакам дете да се бања по езерцава и во базенчето. Минатата недела на 24 степени се избања големата. Како по обичај не носиме купачи па се бања или по гаќи или по панталони.Бруки сме.А крпа што е тоа.Ја бришиме со мајцата нејна.Важно детето е среќно. Вчера големата не беше на градинка зошто ме замоли воспитувачката да ја земам во 12:30 ради недоволно персонал.Што ќе одам за неколку саати, кој ќе го темпира бебето сега спиј или не спиј , па не ја однесов. Решив да имаме мама +деца ден.Станавме, јадевме и натоваривме ранецот со јадење и отидовме во најблиската ботаничка градина.Се возевме на жичарата.Големата беше толку возбудена што почна да вика колку сме викоко дури над дрвата се возиме.Таму си го пославме ќебето за пикник под сенка.Големата трчаше си играше , па си најде другарче па заедно си играа,а бебчето заспа.Нормално јас да не намалам од снага зедов тортата што ја носев и почнав да јадам и уживам во природа.Надвор најмногу се јаде.Накај 15ч големата запна да си одиме и за да се вози пак со жичарата.Не и е првпат.Сигурно и е четврти, ама има заборавено.По патот накај дома видовме капини.Не се на патот туку во парк па и скинав да проба.Многу и се допаднаа и сакаше уште.За да и одвлечам внимание и реков вечер со тате ќе дојдете да берите.Дојде вечер еве ја со кошничката и го молеше татко и да одат.Нормално маж преморен немаше сила,а и во урбана средина не се за јадење.Сега гледам на нет каде има такви парцели за сам да си набереш и таму да ја однесеме и да види како се берат овошјата и бобинките. Со бебето оваа недела бевме на контрола, докторот е задоволен добро напредувала и ги прави работите за нејзина возраст.Од толку работи да прашам заборавив да прашам за вакцина против крлежи . Големата пред 2 недели пак закачи еден.Се спремавме да ја носам на градинка и ми вика полека да и ја чешлам косата оти ја боли и фатила нешто подигнато.Само си помислив да не е крлеж .Едвај ми дозволи да видам , а одвратното чудо со нозете и цицаше крв од главата.Ми се згади и почнав пред дете да пцувам и викам.Па ја исплашив.Цела се тресев и ми се стемнуваше.Лани исто така и се закачи бебе крлеж на ногата едвај приметив дека е крлеж.Одма се јавив на маж да му кажам и отидовме до нејниот др.А за голем малер не работеше прва смена тој ден. Почнав да плакам во лифтот од немоќност, зошто баш нејзе,зошто вчера не ја проверив,најлоша мајка итн.Требаше да одиме до болницата која е 30мин со јавен од кај нас.Му се јавив на мм да си дојде оти од помислата ми се слошува .Дојде тој се сретнавме пред болницата, а не ни требаше ќе се снајдев сама.Кога отидовме во болница не даваш големата да и го извадат.Докторките ја молеа, а таа им се сврте и почна да се кара со нив.Јас не ја ни разбрав што им кажа, ама тие ја разбраа и и објаснија дека нема да боли.Го извадија го дезинфицираа местото, нема антибиотик и сега следиме еден месец да нема црвени кругови.Како и од каде го закачила не знам.Сигурно од градинка оти се тркавалаат по тревата,а пред тоа имаше предупредување дека има многу комарци и крлежи и да донесеме средства против нив.Одма донесов оти дома имаме 3-4 шишенца, ама ете така требало да биде. На бебето почнав кашички да му давам.Многу е смешна повеќе плука од што голта, исто и со водата.Смешка мамина.Најмногу и се смее на дада и на тато оти нив поретко ги гледа, а мама пфф со неа е по цел ден и не и е интересна. Тоа мајки бебето ми стана, па да одам да и правам ручече и да фатам нешто низ дома.Што викаше татко ми ќе ме врати маж ми ,ако сум мрза. Имајте убав ден
Два пати во една недела пишувам Добар ден мами, Три дена по ред сама со ќерка и синко, мм е кај братучеди негови по цел ден, доаѓа само за спиење. Многу голема несреќа им се случи, во рок од три недели открија дека мајка им (вујна на мм) има канцер и после прва хемотерапија жената си замина и вчера и денес бев да ги видам, скршени се, едно девојче 24, друго 26 год.. Прежално.. Јас пак дома со децава лудувам, незнам по кое да трчам, бебенцево е премирно, ама многу сака да биде в раце. Откако почна да се врти на меше несмеам да го испуштам од вид, се врти и вика одма, па му паѓа главата во вирчето лигушки што ги направил и вика се лути Ќеркиче по ново е станата тепач, од братучетка ќерката е 6 години, крајно разгалено дете што никогаш ништо не му е погодено ама моите и нејзините делат двор па неможам да ја одделам мојава да не се дружи со неа. Вчера седиме во двор и девојчево почна да и вика, ова моево ако е 4 години помала од неа кога ја грабна па плеска и вика во исто време, ти мене по цел ден ме караш, не ми викај еј Ја карам и и зборувам дека не е убаво да вика и да се тепа ама не ме слуша баш... Минатата недела закажав крштевка за двајцата на 29ти месецов, порачав торти, декорации, фустанче за ќере и облека за синко арно ама веројатно ќе ја откажеме, не ми е ок да правам славења за две недели, а денес ја испративме женава Малиов почна да фаќа со рачињата, си ја вади цуцлата од уста па се лути плаче, а ќере застана до него го кара: не пачи батоо во раката ти е цуцето Ги заспав двајцата па место да ставам ручек си пишувам, ама ајде леќата па и брзо се готви Вчера диплев плакари, преку 10 комплети на куси и долги имам со етикети за ќере, уште толку за синко. А уште колку имам изнаредени само така испрани и необлечени... Па и за повојница ми донесоа за синко кнап скрос 4 блузи и пантолончиња на долги од оксиди,за 6 месеци а премали, а нема фискална сметка да ги сменам Вчера сменив фризура, т.е си ја исполнив годишната обврска, секоја година крај на јули се шишам кратко, до следното лето коса до половина, лудница е ова како ми расте косава па и волумен еден мајко мила се бањам, фаќам фен и 40 мин дувај, па на крај жива вода, поиспотена од пред капењето Туку и друга мака имам, забележав неколку бели влакна, а млада сум 30 години никогаш не сум се фарбала, а сега изгледа ќе почнам да се замарам и со тоа. Јас сум природно црна, неможам да се замислам со друга боја, а црно фарбаниве ич не ги сакам, многу лошо изгледа црна фарбана коса, па ќе барам некое нијансирање кога ќе мора. Синко се развика а кај да е и ќере ќе викне, заминав да правам ручек
Јас и дадов и добро е што дадов пак качи температура и ништо не и беше погодено. Ај да напишам збор некој Бебе е станата циркузи море се превртува вика се смее на глас .... Треба само да ја задеваш иначе одма писнува Куфери спакувани и чекаме 3ти да дојди ( односно не баш сите како на пример јас ) Ќе правевме венчавка и крштевка во февруари ама кумин некни почина па отпаѓа пак Ај можи по 3 години како сме земени ќе направиме нешто... Порачки онлајн еден куп само стасува нешто Македонија уживам жими се ..... Жешко премногу арно море има се разладуваме некако ... Бебе рече маааааамаааа дали коинциденција беше не знам цело време вика мааааа мааааа па си ги поврза правилно епа ме стопи Тоа е од мене толку сега да играме да се спремаме и да излеземе ме се седи дома