@IRBBB честита крштевка на меденко да е здрав и жив @gjoker4e да е здравп и живо цел живот среќа да го прати
Добровечер мајки..Одамна не сум пишала на темава,а омилена ми беше. Некако бебето порасна во тодлер,а од тодлер во детенце..Ма цело момче ❤️ Му фали градинка и игра со дечиња...Но сега не го пуштам ради коронава ,а јас веќе во поодмината бременост и невакцинирана.Тоа е...ќе издржиме некако. Се осеќам многу виновно на момемти што почнав и од денските игри на играчиште да му скратувам..Ради стомакот,многу ми е напорно.А и толово од 40+ убива. Мисли еден куп...како ли ќе биде со две?! @Ava84 милина ми е да те читам,колку смирено делуваш со двечки,и супер жонглираш измеѓу..
Здраво Помина прославата за Прв роденден и Крштевка, спласна еуфоријата па да пишам тука како пројдовме. Синко ми порасна, човече цело. Умен на мајка, изненади на крштевката па си поминавме супер. Весел беше после крштевањето па успеавме да направиме фотосесија и роденден со се по ред. Ми фалеше да сум со блиските, да се гледаме на вакви настани барем, зошто и онака ретко ги гледам Не можам да опишам колкава возбуда чувствував и трема, но за среќа се помина како што треба. Торти, декорација, се беше како што си замисливме, па за тоа сум пресреќна. Но, мора после секое добро и по нешто да шкрипи. Еве се бориме со бактерија во носе по 3 пат Се носиме подобро за разлика од предходните пати, пробуваме без антибиотик да пројдеме ако се може. Синко со или без температура е истиот, нема застанување. Поради тоа не оди во градинка, а јас сум преморена оваа недела, но ајде се надевам за брзо ќе помине. Се спремаме за одмор, па сета надеж ми е морето дека ќе помогне да се исчити од секретот. Се надевам во нареден пост ќе имам нешто поубаво да кажам До читање мајки,
Јас на бебушов мој му служам само како менза и женска што му менува пелени и му тера мераци. Ни една насмевка не сака да ми даде, а на татко му и на мајка ми само им се смешка и си комуницираат. Мене не ме ни гледа, а во татко му се загледува како да е најинтереаното нешто на свет. Не дека ми е криво ама криво ми е сакам и мене да ми се насмее барем еднаш. Му изигравам кловн, певаљка, играчица и што се не и џабе
Заборавив како беше дали бебињата се интересирале повеќе за особи со црна коса или не, како и да е можеби не е ни вистина и не мора да значи ама ете некоја утеха да ти е ако тие имаат иста боја на коса, а ти различна, не знам дали само косата или и тенот. Ако се совпаѓа кај тебе можеби ќе успеам да те утешам.
Па не знам...они двајцата се црни и коса и имаат потемен тен, јас сум посветла и имам црвена коса. Ништо, ќе се тешам со ова додека не реши да ме израдува
Син ми е многу со мм цело време накај него се пружа. Мислам он повеќе го игра и затоа ме замисли џокерче со муабетот. Они се плави а ја потемна мада се шатирав
мајче, како ќе расте само тебе ќе те бара. Ќе се молиш некој да те одмени уживај, не си ја оптеретувај душичката
Veze nema jas sum bela plava maz mi temen crn...nasava i na dvajcata ni se smeska....ma na site sto i praat muabet se smeska
Офтопик. Ги носите по моливи бебушките? Моево скоро 4 месеци е и мн се плашам. Правам 300 комбинации само да не влезе со мене. Големата ја носев, ама сега некако ептен сум под страв.
1г е моето ни во мол ни во маркет го немам внесено, еднаш само за патики кога му купувавме го внесов во спортска продавница и толку. Поради вирусов сега инаку би го носела.
Моево скоро 3месеци никаде го немам однесено во затворен простор(маркети,бутици,ресторани). Само во паркови и 1-2пати на отворено во кафич. Би го носела и на затворено ама поради вирусов не ми се ризикува.
Јас да ама откако стивна ковид. На есен сигурно нема да шетаме ако е исто или слично сценарио од лани
па сега не е баш стивнат. Вчера скоро 800. јас ја носев кога беа 10-20 за да купам нешто уз пат. Веќе не.
Исто како другите што пишаа кога беа помали бројките 1 бевме до сити мол и 1 во маркет, сега не помислувам еден седи дома друг иде во продавница....
Јас и кога беа помали, не се осмелив. Еднаш големата(4год) ја земав да и пробам сандали. Од опкружувањево луѓево ме критикуваат дека мн сум била напната, не сум смеела така. Така повеќе сум привлекувала негативност. Што дека толку сум пазела кога пред породување фатив корона и слични муабети. Можеби се во право, но јас не можам да се отпуштам и покрај тоа што пред 4 месеци сме прележани.