Здраво сакав една консултација со вас Имам близнаци девојче и машко 13 месеци. Незнам дали има простор за грижа... девојчето веќе кажува колку години има, мама, тата, баба, ајде, еј ... ми ја покажува омилената играчка, прави браво, чао, пољубче, кај е носето, устата, ушите, ѕвездите и сл.. НО, машкото ништо од ова!!! кога го викам се врти, ми се смешка, вика само аааа , еееее, мава со рачињата по се и сешто, но за останати работи е тотално незаинтересиран. На педијатар викаат во ред е, но мене некако ми е страв бидејќи незнам дали може тооолку голема разлика да има помеѓу двете деца. Ако имате слично искуство споделете.. фала ви
Немам лично искуство, ама од блиски, ти препорачувам да го однесеш на проценка на развојот, чисто да си бидеш мирна, бидејќи сите деца се различни, како прво со второ, така сигурно и близнаци. Педијатар не може баш таква проценка да направи а подобро да отидеш, ќе знаеш на што да посветиш внимание следниов период. Женските секако се понапредни.
Лично искуство немам. Женските од мали уста не затвораат. Затоа викаат и близнаци па може да се различни, а не деца од различна мајка да се споредуваат кое до каде е. Секое дете е приказна за себе.
Добра вечер Ја уживам последната ноќ во мојот омилен град. Би сакала тука да останам форевер Иначе стандард добивНепишано правило кога и да идам на одмор ме мачи теткава Уморна, малата душа ми извади денес. Поминав пола град да стигнам до тој мол и она кое врискање пискање те и дадов да јаде,ај белким ќе заспие не и не Таман заспа, ручавме и изглеговме да бараме такси кога пристигнаа делегација, не знам некој премиер од азијскиве земји па едно чудо обезбедување полиција, вооружени војници па ни блокираа пат и си останавме плус саат ипол внатре. После си седнав на слатко и чај покрај Босфор и си уживавме.. Иначе прославивме и годишница тука. Си направивме и фотосесија за 5 год брак Ќе споделам една слика, се споделувам со вас Ми фали син премногу. Душа моја прв пат сме одделени. Се и сешто му купив едвај чекам да го израдувам.. И така.. уште вечер тука утре навечер тргаме. Назад на работа Ама набргу пак ќе се вратиме, ама за на мореееее
Jas sinko (5god) da, sekade go nosime, molovi, restorani, marketi itn. Baska gradinka odi celo vreme (mada nadvor se non stop). Bebevo (2 mes) sekoj den so mene e vo market, vo mall ednas samo do Vero Jumbo pazarevme, i taa vo kolicka spiese. Mada koga se razbudi, ja doev so stoenje vnatre vo molot. Ne gledam zasto voopsto da ne gi nosime? Normalno so maska golemiot. Toj cela trudnoca odese gradinka, mm na rabota, pa fala Bogu da cuknam vo drvo dobro e deteto. Ne sum go cuvala vo stakleno zvono, ne planiram ni bebe. Klima/muzika imam doma pusteno koga spija bebe (vo dr soba) ne i smeta. Nemam pomos od majka/svekrva i denski so bebe moram da ispzaram vo market. Edino gosti ne ni idat doma, i gledam nie koga odime da e na otvoreno
Исто и јас како тебе.Пазев ради бременост,страв ми беше да не фатам оти едвај дишев уште ковид ми фалеше.Кај нас моловите беа затворени па не сме ни оделе. Моловите одамна не се мој фрс чојс -онлајн си нарачувам.Од луѓе бегавме и на крај кога беше бебе 2 недели се разболевме од корона.Од каде сеуште не знам.Мм беше на породилно, не одеше на раб и еве фативме.Што вика мм , негови колеги се против мерките и не веруваат во корона, одат по штрајкови без маски, еден куп казни си добија и никој се нема разболено , а ние од многу пазење фативме. Тука далеку повеќе се почитуваат мерки не е како во Мк.Ние сме скоро 5м оздравени ќе мора да се вакцинираме истите глупи мерки како Мк ги воведоа и кај нас . .Испеглав конечно купот со алишта.Сушарата врти суши веќе нови.Пак за пеглање ќе имам. Чекам да дојде еден да го земе стариот фрижидер .Се надевам дека е сериозен.Немаме среќа со овој фрижидер цела година го продавам и уште нема кој да го купи.А му барам 20евра.Мм вика стај му 100евра да видиш.Му пишав 40евра леле 5 души се јавија.Ама уште не е продаден.А колку ме нервираат балканциве, може ли на пола цена.Може.Ќе дојдам у толку и толку саат.Ок чекај, тој ти пишал не нашол превоз. Двајца балканци истото ми го направија.Едни па вклучи го да видиме дали лади.Веќе не им враќам штом ќе видам "ич". Што пост пишав за фрижидерот. Дада вчера се здружи со камшиско дете на иста возраст.Ту кај нив трчаат ту кај нас.Ја прашувам што си игравте кај Кејт , ми вели има едно поголемо од телефон и има игри.Па со едно куче си игравме.Добро им дозволив да си играт за да си играт, не за на таблет да седат.На дадичка и кажав нема да добиеш таблет ти си дете има да возиш велосипед или ролери, а не дома да дремиш.Лоша мајка сум,вид во изумирање, што не му давам на детето. Вечер се договоривме со мајката на Кејт да одиме надвор со децата , за да си играат.Тоа може. Ова од вчера ми остана. Да направам апдејт.Фрижидеро конечно го продадовме.Едно гајле ми падна од мисли.Мм вика само да сум продавала стари ствари за нови тој ќе бирал.Ова ради машината за садови што не дадов да купи скапа и е поникаква од старата.Му реков и мене ме нервира ќе ја продадам, нова е.Ама стварно не мие треба измиени да и ги ставам за да бидат чисти.Па ако ги измијм јас на рака ќе продолжам.Со комшичето не се видовме оти ние отидовме на плажа на едно езерце и на враќање застој не фати, па си дојдовме во 18:30.Избањавме деца и ги легнавме. Сеа се мислам што да однесам за извинување дали кафе или блачко. Глупо ми е да лажам,а секој си има време и си го планира и му е вредно. Имам еден куп документи да средам.Само нешто фали.А бебе не ме пушта да станам. Вечни имиња на крстените дечиња, да ви се живи и здрави и од Бога благословени.Ние малата ќе ја крстиме друг пат.Кога бевме за Мк кумовите не можеа да дојдат.А свеќи старејковците да ја крстиле, при живи и здрави кумови. Исто ме изнервираа сезнајквците пред два дена.На бебето му дадов за забчиња топченца хомеопатски, на големата и давав по 7.На малата и дадов 5.Викам чекај да видам упатство што пишува.Кога гледам пишува 1-2топченца ги смениле. Ми се сврте свест.Ѕвонев одма на број за тровање ама 30мин никој не се јави.Бебето ок беше.Мм со сет акл им се јави на неговите и праша што да правиме. Експерти за токсикологија мислиш.Млекце да сум и дала.На бебе од 5 месеци.Му велам на мм им кажа да не тропат глупости , вели не.Велам добро.Ама заборавив да му кажам да не кажува се на неговите оти ужасно ме нервира.Машка трапаташка. НапишаФ реферат , никој нема да ме прочита. За ручек ориз со пилешко.Да бегам од бејби и да продолжам со документите.Имајте убав ден мајки и гушкајте најмили.
Добар ден од мене. Ве читам заедно со темите кои се соодветни на возраста на малото, црпам идеи од искуствата позитивни мисли редот на денот и сл ама за да пишам немам многу време. Саботата ни помина роденденот, наполнивме 2 години направивме и крштевка. тоа едно чудо е како времето врви и како децата растат. Ми се чини како да не сум била со него цело време па одеднаш ми пораснал. Сега од 2 години натака почнува интересното. Од друга страна големото од септември треба да почне на школо. 3то одд. Па и тоа кога дојде до 3то. Како вчера да беше прваче. Сите пораснаа времето помина само јас не забележав дека сум подостарела. И летото си пројдува малку по малку кога ќе ми текне на есен па почеток на студенила коса ми се крева паника ме фаќа не знам што со себе а не па што со деца во тој тмурен период кој допрва ќе иде. Одмори не истеравме лани па ич.... Тркнавме една ден до охрид колку деца да се порадуваат и седев како на трње од страв од пустава корона. Господ нека ни е на помош за понатаму. Друго нема што да додадам. Да го заспијам малото па да се мислам што за ручек, веќе ми се смачи од ручеци ни идеи имам ни па можам да им погодам сите различно јадат и тоа е. Имајте пријатен ден и убав тек на Неделата што претстои
Мераци, мераци!!! Истанбул ми е желба толку време, не знам ни сама зошто не си ја исполнувам. Инаку многу убава ви е сликава, прекрасен пар сте. Ако одам натака ќе те испозамарам за индормации
Колку пати бев и секогаш идам со истата возбуда. Земај маж и малиот лепотан и на шетање Фала ти многу мила, што и да треба тука сум
Здраво мајки Бебеуш заспа па да напишам нешто. Претходниот пат пишав дека бевме кај моите, па викендот се вративме. Седевме точно една недела. Јас си поминав преубаво, убаво ми беше со сите тука, а и имав помош околу бебе. Внук ми од брат ми залепен за мене цело време. Само со него да се гушкам, со него да спијам. Внуците други биле помали, него сум му била најмногу тетка Само викаше тете ајде бебе дај и го на баба, ти со мене да играш. Со него од внуците сме најблиски. Дури живеев со моите, брат ми и снаа ми го носеа секој ден по неколку часа и некогаш остануваше и со спиење. Цело време бевме заедно. Кутрото кога ќе ми текне колку плачеше ко заминав да живеам со мм, тогаш дечко. Цело време на телефон на камера бевме и само викаше ајде тете јас дојдов кај тебе и плачеше. Но сега веќе е голем и само објаснува,кажува нешто хахах..абе душа ми е Си дојдовме дома,исправ средив се. Бебе прими вакцини. Јас преплашена таму, не можев да издржам да гледам како плачи, ми се слоши Ајде нареден пат си ветив дека ќе бидам похрабра, или ќе оди татко му со него. Секако не можи да помини ни еден преглед, а да не ни клават некоја мислам во глава. Овај пат повторно истото, било дебело, ја тридуплирал тежината на 2 ипол месеци. Па ајде одново прегледи, испитувања,триста чуда. Во Плодност ми велат незнам зошто здраво право бебе му бараат мана, незнам ни јас. До сега сите резултати се одлични, се е како што треба. Се нервирам многу, си го мачам бебето затоа што не е како другите. Но ајде да ми биди мирна душата ќе направиме уште некои испитувања. Мм зеде одмор неколку дена и дојдовме кај неговите. Тука ќе бидиме 4-5дена. Одамна му ветив дека со бебе ќе поседиме неколку денови кај нив и сега беше прилика. Има баба мм тука, живее одма до свекрва ми, тешко е болна па ајде и таа да го види бебе. Тука за разлика од кај моите, е многу мирно хаха.. И мајка ми цело време досадува, леле ладно му е, прави вака,прави така. За разлика од неа свекрва ми збор не вели. Ќе го игра, го гушка, го шета ама не бара мани хаха... Се чудам овие двете како се другарки а се скроз различни Убаво тука е што има голем двор и е посвежо времето, се седи повеќе време надвор. Бебе седи кај сите, на сите им се смее, премирен е. Си мислев да не му дојди голема промена, две нови места сменивме, ама нема проблем, се прилагодува секаде. Убаво поминуваме секаде, ама одвај чекам да си одам дома, ми недостига хаха.. На одмор не одиме никаде. На езеро бевме, на море не ми се оди далеку со бебе. Море останува да видиме наредна година. Таман се видовме со домашните, сега еве почнува нов бран, па ќе си бидиме дома. Тоа е тоа.. Имајте убав ден мајки и бебиња/дечиња
Мајки по стомачен вирус кога давате млеко? Иако не повраќаше веќе цел ден и цела ноќ и се развесели, јадеше полесна храна, сабајлето му дадовме млеко и веднаш го поврати. Од тогаш нема повратено, си пие течности, јаде по малку, но не знам кога да му дадам млеко, а да не му се слоши.
Има специјално ад млеко од хумана ха што можеш да го даваш кога има стомачен вирус. Друго млеко немој да даваш во никој случај барем една недела, ако повраќа не се дава ни јогурт и Кисело млеко. Строга диета, пробиотик и електролит. Мм последно од зегин зеде пробиотик со електролит во мали шишенца како пролајф што е и дополнително со лажичка и давав на ќерка и ОРС. Дополнително и варев чајче од корка од Калинка за стоп на пролив. Млеко и благо никако Побрзо да оздравите
Ок. Денес бебуш беше толку мирен што дури и се замислив зошто е мирен. И баш си помислив, вчера фала беше супер, помина без грчеви. И како за беља го фатија грчеви. Знам, н треба да се драматизира и знам јас дека е тоа "нормално" и дека скоро секое дете ги поминува ама кога го видов колку се витка и колку е црвен, ми дојде многу страшно. Вака не го фатиле никогаш до сега, колку ми се намачи значи срце ми се кине. Го смирувам, а плачев со него. Се погодив кај мајка ми, женава сака да ми помогне, а јас сакам да е кај мене, да можев во мене ќе го пикнев само да не го боли. А денес цел ден осеќам, го осеќам паничниов што надоаѓа, знам што ќе поминам кога ќе стигнам дома. Среќа мм ќе биде дома, не можам сама да ги поминувам веќе.
Оф, можам да замислам како ти е. За среќа моиве и двајцата немаа грчеви. Пред некој ден синко одеднаш почна да вришти, не знам што му стана. За среќа кратко беше, ама јас од памет се извадив. Го нишкам, му пеам, на цице ма јок. И тогаш му се заблагодарив на Господ што ме поштеди од тие маки. Затоа ви симнувам капа на мајките кои поминувате низ тоа. Само храбро мајка, се поминува и се заборава.
Издржи, брзо поминува, знам како ти е, 2 пати истото го поминав. Првото секоја ноќ после 2 вриштеше по 1 сат никако не можев да го смирам, цела зграда го слушаше. Второто пак од кај 7 навечер до 9, буквално секогаш во истите термини без исклучок. Згора на то стави свекрва со разни идеи шо му е, шо да му дајш, држи го вака, дај ми го малку мене...лудило беше мал збор за мене. Па ко ќе не беше маж тука дупла нервоза. Не сакав да ги давам на никој, а беспомошна бев да ги смирам. Еднаш во нервозата уште и се развикав да ме остајт на мира. Најстресен период ми беше, ни заби, ни скокови, скоро ништо не памтам како грчевите. Среќа па ете брзо поминаа, сега друга лудница имам дома. И уште ко ќе ми речат ајде третото женско, не сакам ни да помислам, не пак да родам
Хај мај лејдис. Имам да си кажам многу работи Прво малце неубавата. Вчера толку сум се потресла упм . Бев на шеткање со беба, мама и кутрето. Само што преминавме раскрсница страшна сообраќајка на сред раскрсница еден во друг се удрија и тој едниот право накај луѓето што си чекаа на пешачки да преминат. Среќа па тие на време изреагираа и се тргнаа ама еден татко со дете, грабна детето и се потепа да се тргне и среќа се тргна. Колава ептен блиску до него се заби. За малце ќе настрада. А на истово место кај шо се заби колава бев ја пред помалку од минута нозе раце ми се пресекоа, 5 мин не можевме да мрднеме со мајка ми. Среќа немало ни жртви а и тие со колите без повреди поминале Ај сеа нешто поубаво. Денес си бевме на контрола, 4640 г тежи цуци и 59 цм. Главчето и е супер, супер си напредува. Се одлучивме рота вакцина да не прима, пошо ем ја прележав стомачен вирус ем докторката ми вика за доени деца и не мора пошо си се заштитени со антитела од мајката. И искрено многу помирна ми е душава . За шестовалентната ми кажа да почекаме да напраи 5 кила барем шо значи негде 20ти септември. Така да сеа можам да се опуштам малце . Лепотицава ми расте многу брзо, ко вчера да ја сликав за 2 месеци оно веќе 2 ипол . Ама па секој ден ми е се поинтересна. Веќе не препознава. Се смее толку слатко, секој пат ме топи, душа мајкина. Сеа пробува демек да фаќа со рачињата ама успева само цуцлата да си ја извади па пробува да си ја врати ама не успева многу е смешна Ја чекам да напраи она 3 месеци па да одам да се вакцинирам. Ама некако толку сум опуштена околу коронава, не дека не ми е страв ама многу поопуштена сум, беба ко лексилиум ми е, за ништо не се замарам, многу лабава сум . Не ми чуе за ништо, никаква нервоза не ме дотича . Ја си се пазам ко и обично, у тој поглед ништо не ми е сменето. Криво ми е сеа што нема да можам да идам у Капитол а баш ќе почне сега есенска гардероба ама здравје Септември планираме некој ден да идеме до Охрид па одвај чекам . Со беба си имаме убав ред направено. Сега сме во втор скок ама супер го поминуваме. Само што дреме поише на цицка и поише си игра со цицката и така дреме него шо цица ама расположена исто ко предходно. Спие исто, дури навечер место у 3 сега у 4ипол 5 почна да станува. Имајте убава вечер мили мои и сори за долгиот пост
Леле @mssuniquee фантазија сте Биди среќна со ваков маж, ем изненадувања,поклони ем шетања Јас ништо од тоа не добивам Викендов за малку ќе ме изненадеше со викенд во Струга, ама woooow замислете, јас му реков “ај да идеме во Струга утре?!” Па на маж едно незгоднооо, аууу како сум го прочитала, он сакал изненаџење да спрема а не успеал.. и погодете, не бевме нигде Ај добар ден. Бебе спие веќе 2часа, и кафе испив и доручкував и не знам што со себе. Големата кај мајка ми е на спиење,веќе втора ноќ, па досада ме фаќа вака сама.. ******** Таман почнав сабајле да пишувам, стана бебе од дремка, па еве сега седнвам пред лап топ. Големата и оваа вечер сакала кај баба и да спие, па ја оставив. Јас одам кон 11 на пладне и седам до 9 навечер, шетаме круг до лулашки, и се разделуваме за спиење. Бебе заспа, па седнав и си наточив ладно бело вино Темјаника мускат, и уживам во него. Среќа или штета, немам цигарче, инаку ќе си седнев на тераса и ќе си запалев една. Тешко ми е на душава и ми треба алкохол да ми помогне малку. Не дека една чаша ќе ми ги спои коцките,ама ете.. колку за утеха. Не сум добро друштво па ќе се самоиспратам, ова колку да не ми стои вака почнато недопишано. Се читаме во некои подобри времиња
Здраво мајки, сте ми оставиле доста за читање, па дур уживам со ветрето на тераса, ве исчитав Намерно ќе ги скокнам неубавите работи, бидејќи не ми се пишува тажни постови Дур спијат татко и ќере, јас фино лепо си навадив цвеќиња, си закачив перална со бели алишта, секогаш ми е убаво кога перам бели. По 100години првпат сменив прашок, чао Ариел ми здосади. Пробувам сега со Персил, да видам како ќе се погоди. Бебка, ахх бебка, ми полни 11 месеци, ќе излажам ако кажам дека не плачам, но како се ближи првиот роденден многу емотивно го доживувам овој период, се се присетувам колку многу ја очекувавме Цели 7 години без ѕверчето кое ми значи се' во животот. Бебка е вклучена во струја, ми бега насекаде, лази шпринт, цела се прави модрици, се исправа и паѓа, сака да оди. Покажува новини, ново и е колку била голема, крева рачиња нагоре и кога и велам НЕ да не чепка се, таа се врти и се смее ми покажува показалец, и таа мене ме кара Некако ми се навикна на бабите, им се радува и многу научи новини на село. сите комшии по пат ги задева ммка, вика ахам, ееееј, се закачка. Живец невиден е, издолжи во висина, намали на килажа, па сега е манекенка. Наликува на соленка-како јас кога бев мала, а на лик е цела на татко и, убава таа, мн ми беше желба да личи на него. Плукната цела е на него Моментот кога ја зимам од работа, е волшебен, шири и раце и нозе да ја земам и ми аплаудира дека конечно стигнавѕверче мало. Помина период со температури, со нејадење, се надевам да не се повтори наскоро, полека се враќа во нормала, но џабе, мнооогу троши, ќе си биде таа "соленка" Роденден тешко изгледа, 15 гости планирав, и главните, кумови и старосвати се невакцинирани. Па дома ќе си бидеме изгледа и ние само со бабите. Сакав и крштенка ама којзнае дали ќе може И тоа, уште многу сакав да пишам, ама ми се спие веќе и мене, па да одам да се гушнам во кутивчето наше Честитки за убавите поводи и бебенца нови, и крштевки, родендени и годишнини. Останете ми во добро здравје. До следно читање Добра ноќ