Од каде ова сега? Мојата требаше да прими 2ра доза во понеделникот, а сега е 5 и нешто кг. Не ја однесов оти и беа покачени гранулоцитите. Никој не ми е спомнал за килажата за бебето. Другите мајки со помали во грамажа бебиња како направивте? На време ли ги примаа вакцините? Ние сите на време ги примивме, дури и бсж, а немаше 2,5кг тогаш,рекоа демек препораките сега биле дека може бебиња над 2кг да ја примат. Не ја прими во родилиште, туку на 2 недели колку што се сеќавам
Здраво јас имам близначиња 7 месеци моите се еднојајчани идентични скроз Едното е многу подвижно си се исправа а другото не ни седи уште само. Педијатарот кажа дека е нормално едното да е побрзо од другото и дека ќе видиме многу разлики меѓу нив.
Јас кога бев на два и пол месеци да прими вакцини како што одат по календар , му ја ставија само рота , за другите ми кажаа после 6 недели за да достигне бар 5 кила. Во Ѓорче ова
И ја немав поима ама еве мојава педијатарка така не советува. Зашто е килажата поврзана не прашав искрено ама ја ќе си ја послушам.
И мене педијатарот ме советуваше за шестовалентна да чекам килажа само не памтам дали беше 4 или 5 кг. Ова дека вака претпочитале во диспанзерот во Јане.
Здраво мајкии Како сте? Ние сме добри имаме доста за да се испофалеме Беба за 2-3 недели доста ми порасна и доста нови работи научи за краток период. Се мислам кога ми порасна моето мало глувче, сега е цела девојка. Научи да се врти од грб на стомак, научи да фаќа со рацете доста јако па почна и нозете да си ги држи, за малку не до стасува да ги стави во уста. Почна да ме бара ако не сум во нејзина близина, кога ја имам во раце само ме гушка толку многу е слатка душа мајкина Само што мислам од овој 5 скок е станата многу по кенкава и сака постојано во раце ако ја оставам и секунда да заминам од неа, веднаш почнува да плаче. Не и е доволно ниту во раце сака станата во раце и надвор да седеме.. Тогаш е друго бебе, ангелче. Одамна не сум пишала па не кажав ниту како си поминавме на одмор. Неколку дена по малку рано на плажа, врати се доручкувај, влези во соба заспи бебе, имаше базен во хотелот кога излегувавме кога не.. Претопло беше, не се дишеше.. Кога се вративме назад Македонија, 26-27 степени в соба за нас беа ладни спиевме како бебиња Навечер 2 пати само излеговме и на бебе му се спиеше па моравме да се вратеме. Мое чудно бебе не сака да спие во количка, а богами кога се ближи време за бањање си знае и не сака да заспие како дремка, си сака да ја бањам и да си легне да спие. Ова лето мама ништо не виде зашто бебе бргу си легнува, ама барем ред не туривме, си го задржавме и си го тераме. За мама повеќе среќа в година Друго на беба почнав да и давам да пробува вкусови и погодете за среќа моја не одбиваше, да и го дадев цело ќе си го изедеше Толку слатко го пробуваше толку имав голем мерак, од друга страна ми се плачеше кога ми порасна бебето па и тоа да јаде Ајде отидов бебе стана повеќе пишување друг пат поздрав
Аман значи, ни за првото ни за второто никој не ми спомна за килажа за ниту една вакцина. Прв пат сега прочитав овде. Човек да не знае веќе што да мисли и да прави. Тројца доктори ја прегледуваа и никој не ми спомна за килажа
Да не сме од ист град? Мојава ја сметаа за недоносена, а и се роди со мала родилна тежина, затоа реагирам вака. Фала Богу сѐ е добро за сега
Незнам од штип сум јас. Овој добро си наоредуваше термински роден ама внуката беше мн мало бебе никој ништо не рече се си прими на време.
Епа и јас сум Две различни докторки ја прегледуваа во вакцинално, плус една докторка од болницата кај што одевме и плус матичната и никој не ни спомна за килажата и вакцините. Освен за бсж, таа не ја прими после раѓање во болница. Не знам што да мислам веќе
И мене никој килажа не ми спомнал за децава. Јас накај 11та недела ќе ја носам, таман да ја фатам ротата нели до 12 та да е примена. Па си викам ќе има 5кг, пошо на последниот преглед беше 4.600
ајде јас да си се пожалам незнам што ќе беше ова со стомачниопв вирус еј,се изнамачија и децата и ние цела група во градинка ама буквално сите до едно дете го фатија и во исто време повраќање и температура прво помислив да не е некое труење,ама не.Префативме сите дома до степен на инфузија и јас и големата сеуште се со температура веќе 5ти ден памет немам веќе,нема крај ова со вирусиштава во вторник одиме за грција,се надевам до тогаш се ќе се среди па бел ден и јас да видам во животов еднаш бар да му се сневиди толку сум растроена луѓе и уморна од се,таман едно завршило една недела се олабавуваш,одма почнува нешто друго а и ептен се потресувам за децава,значи многу сум УФ! има мајки бе вика тоа е ќе помине,А јас не бре брате ќе легнам и се јадам во себе,око не склопувам... да неможе човек среќен да е така подолго... извинете на црнилава од мене ама морав негде да се олеснам од тука само поддршка ќе добијам знам сите дека горе доле поминуваме слично со дечињата дај боже за сите само убави денови да има
И мене со ќерката ме вратија за вакцината дека немала 5кг, и дадоа само рота, и ми рекоа најдобро кога ќе треба да прими втора доза рота тогаш и шестовалентната да ја прими. Незнам која беше мајката што нема да ја вакцинира бебка за рота, најдобронамерен совет ти давам да ја вакцинираш, дури бев бремена со второто син ми (не е вакциниран за рота зашто рогаш сеуште немаше кај нас вакцина з рота) фати рота вирус ни приближно не е до стомачен вирус многу лошо искуство имам и затоа најдобронамерно советувам да примат бебињата вакцина за рота. Кога сум веќе тука да ве поздравам, бебка тера дремка, синко црта па јас користам време за форумот малце Иначе истеравме одмор на море убаво поминавме ама напорно малце.. Синко уживаше се топев дури го гледав колку му е убаво, ама затоа ќеркичка душа ми извади, прво несакаше да згазне на песок ниту да го пипне, па имаше моменти кога не сакаше ни во вода да влезе беше пиштење вриштење шо да ви кажам... секој ден стануваше во 5 сабајле па за да не го разбуди батко и, ја зимав излегувавме и шетавме покрај плажа бар се надишавме јод утрински ако ништо друго се вратив 3кг ослабена од одмор, напорот беше добар за мојата линија Од понеделникот се вративме на старо деца во градинка, мама и тато на работа Да можевме да имавме повеќе одмор ќе си поседевме бар уште една недела на море... Ама другата година здравје Со коронава више неможам немам сили пак болниците преполни како здравствен работник можам само да кажам многу е тешко... Нека минува веќе... Стана бебка се преспа дури 25мин Убав ден мајки
Добар ден. Да шкртнам нешто дури бебе тера дремка. Вчера мм поднесе пријава за градинка. Ама уште е мала за од септември да почне, па ни кажаа за еден месец да одиме и да видеме дали има место. Со работа почнувам од ноември, се надевам од октомври веќе ќе почне во градинка. Долг ќе е периодот на адаптација, мислам. Дури и ми е страв како ќе биде оти со никој нејќе да седе и плаче ако ме нема, ме бара. Сестра ѝ со кој и да ја оставев, со тој седеше само млеко да има. Ова нема шанси. Само да се плачело. Ова времето ме бута ептен, ме тера на спиење. Некако многу ми се спие, ама нем шанси да заспијам значи. Сабајле во 6 и пол се разбудив, ѝ дадов млеко и толку од моето спиење. А ми се спие, мижам, се превртувам и не можам да заспијам. Еве ја се разбуди, 5 минути само спиеше. Можно ли е бре да фунционира само со толку. Многу се нервирам. Ниту можам да се одморам, ниту да фанам нешто. Ај упм.
Ќе помине и ова. Моето кога не врзуваше сон, за дремки ја успивав и си легнував со неа кога дозволуваше време. На раката ми спиеше секогаш по 1 саат и повеќе. Сама кога ја оставав тој период 10-15мин само. Еве сега си ги тера сама дремките по саат време. За градника немам искуство ама ќе се навикне полека… мора
Лежев до неа. "спиеше" со полузатворени очи и ги мрдаше. Какво е тоа спање не знам. А спие ѝ се, трие си ги очите. Фала за поддршката