Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Да ве поздравам али ми се насобрало за читање:)

    Додека спие синко, а јас лежам до него да пишам збор два
    Се вративме од одмор ама убаво ми дојде 20дена со никој во контакт мм јас и синко баш семејство :inlove:
    Ужуваше во вода детево поготово со мм, јас не сум тип што се забавува во вода (фобија од вода) али тие двата се смееја на глас цела плажа се чудеше со моево дете како сам влегува во вода без плачки излегува како за се да имаше мера. Едино три дена додека свати дека камењата не се за вуста ми се смачи тој лапни јас вади, ум за друг пат само песочна плажа :) дете на сите му се смеше најак беше виде една стара баба и почна да и вика дада дада :lol: жената си се изнасмеа али убаво и дојде :rofl:
    Напорен е што сака да шета од лежалка на лежалка да гиба луѓе(facepalm) све се пушта од рака и сам сака.

    И таман си дојдовме крена тт изгледа не му се вракаше дома:|
    Па еве скоро два дена се мачиме да ја спуштиме на лекар кога отидовме беше преполно со настинати бебина покрај тоа што бевме со термин, душички сите омалаксани плачат :(
    Направивме кс, урина све е уредно па ќе видиме може ќе поминиме без антибиотик на контрола сме во понеделник па ќе кажат јунак е тој не плаче кога му земат крв си се смешка :muscle: сестрата вика еден од ретките :)али тој ни на вакцина не плаче, тој плаче за глупости кога нема да му дозволиш во штекер да чепка:doh: или да оди негде каде си има замислено тој

    Земав една книга па да свртам некој лист додека спие :D
     
    На Izzy_0504, KittyCat:), hello-kitty.90 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Na pesocna plaza pesok ke ti jade:D
     
    На Izzy_0504, KittyCat:), elcezelce и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Добро утро мами,
    Додека синко спие да пишам по некој збор. Деновите минуваат споро но месеците годините летаат. Како вчера да беше кога се породив и не знаев кај терам, колку сум била изгубена и неспремна а мислев дека сум. Околу мене веќе сите почнуваат за второ да зборуваат која веќе бремена која сака да забремени, ги слушам и се мислам дали навистина е подобро помала разлика или пак е лудост. Еве така кога ги слушам ме фаќа и мене желба за второ уште сега ама кога се враќам во реалноста колку ни е тешко сами и без помош не можам да замислам сега скроо да имам уште едно, не знам дали ќе издржам,мм е со исто мислење. Вие што мислите? Пред една недела славевме роденден, во ресторант само вакцинирани по најновите протокли. Добро помина тој беше многу кенкав не наспан дента слабо спиеше многу возбуда хаха . Блиски контакти избегнував со сите беше на отоворено, но јас настунато се осеќав. И така вечерта си реков да не е ковид ме фати страв и сабајлето отидов да ае тестирам, утредента што да ви кажам резултатот позитивен јас се повеќе затната нос грло почнав да качувам температура. Жива се изедов да знаев да не правевме се да откажеме. За среќа никој од гостите засега нема пројавено симптоми, за жал син ми појави после мене по мене и мм. Јас сум веќе подобро само многу изнемоштена се осеќам, синко втор ден е без температура, е мм тој заглави. А вакцинирани нели барем полесно минува. Но ова со ковидов ни одложува многу битни работи,се надевам се ќе излезе во најдобар ред. Ќе седиме во изолација 20 дена, се надевам поскоро ќе се опоравиме скроз па колку сака нека седиме дома. Синко е во скок,плус заби плус ковид тоа е еднакво на хаос ноќеска плаче вреска заспивс пак исто по сто пати вакви сме со мм :drunk::drunk: се менуваме мене кгоа ми беше најлошо тој спиеше со него сегс јас пак со него барем едниот да одмори. Кога ќе се среди веќе :whew: времево заладено дури со се затворено ноќва ладно ми беше,ама подобро ладно отколку жешко целата отекувам од жешково:tmi: и така имајте убав ден :hug:
     
    На Izzy_0504, Coco31, KittyCat:) и 18 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Со што бевте вакцинирани?
     
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Sputnik V kraj na april vtorata doza
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.352
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки. Големата е со температура, со кашлица и растечен нос.. Како некое маче е, малаксана, дури и очите ѝ солзат, среќа си пие сирупи за тт и кашлица. Малото и тоа почна да кашла. На лекар не се носени, ќе видам утре како ќе биде. Малово додека се опорави, пиеше и аб, сега ова. Мирен да не си. Вакцината ќе си почека.
    Викендот дознавме многу убави вести, на една од нив многу се радувам, иако не е дирекно поврзана со нас. Другата вест не знам кај да ја ставам, во убави или не толку убави оти има и предности и недостатоци. Третата е дека малово ми го примија во градинка. Ќе има цел месец за адаптација, додека се вратам на работа. Пишав како се осеќам во врска со тоа.
    На големата ѝ е роденден за неполн месец, а јас се понашам неодговорно, никаква идеа за украсување немам. Тортата ќе е со Елза по желба на славеничката, за друго не знам како ќе биде со оглед на состојбата со ковидот.
    Мене не ми се спие, ама утре сабајле рано ќе се издигат, а сама сум со нив, а кога сум неотспана сѐ живо и диво ми е криво и се ми смета. Ќе пробам да заспијам додека не спискала некоја.
    Добра ноќ. :l:
     
    На marchi-cool, Coco31, 24.07 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки. :)
    Некако ние со поголемиве деца како да не сме интересни, па не пишуваме често. :D
    Порано, кога моето беше бебе, а мајките со поголемите пишуваа колку им зборат децата и им се напорни, јас си мислев, па баш супер што зборат, така и треба, фала богу и си прозбореле убаво. Ама сега... :drunk:
    Девојчево мое не застанува со зборење, од станување до заспивање. Прашања без крај. Интересна ми е многу, што не ќе и текне, ама и да, некогаш е напорна кога ми треба момент тишина. Еве си игра сега, дизајнира нешто, па доаѓа само да ми покаже, си збори додека си игра што прави, како не и е досадно и нејзе не знам.:lol:

    Порасната е многу. Премногу. Си прави све сама, насабајле ако не можеме да станеме со мм и викаме уште десет минути ќе поспиеме, оди играј си. Си станува, се мие и средува, прибира мечињата на куп и се заигрува. Конечно може да си подремеме уште малку, дојде и тоа време.:smirk:

    Мојата љубов секој ден повеќе расте, ми се чини некогаш дека не е можно толку да се сака некој. Обожавам кога си шеткаме за рака и си правиме муабет.:inlove: Си играме друштвени игри, ама не лути се човече ни е не плачи човече, кога ќе ја бутнам како во срце да сум ја пробола.:rofl:Смешки е.

    Од септември оди во градинка, решивме пак ќе се обидеме, па ќе видиме како ќе е, се надевам ќе е подобро. Она едвај чека веќе, само тоа збори и само за тоа ме прашува. Ајде ќе дојде и тој ден. Иако спиење вечерта тешко да има.:makeup:

    Конечно имам и друштво за гледање на анимирани филмчиња, порано сама си гледав, сега имам изговор барем.:whew: Баш ми се интересни, па уживаме заедно и се гушкаме.

    Гушкајте се со дечињата, навистина си летаат годините.(waiting):hug:
     
    На Nefertiti., marchi-cool, Capricorn Taurus и 35 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ова ме потсети кога ние бевме деца и кога одевме по гости и кога ни идеа гости. Дали било 21h или 1 по полноќ ако на детето му се спие ќе си легне таму кај што е. Приговор не смееше да се чуе. Јас во 8 години колку што сум мајка ретко да појдам по гости а и тоа ретко е денски и немам седено ко човек.

    Добар ден мамаситас. Јадам набрзина од нанога читам истовремено по малку зашто инаку крај не се наоѓа со деца со обврски мислам уште 5 саати да додадат до денот пак нема да е доволно.

    Времево ми мириса на есен, почна да заладува пред малку врнеше, почнавме сезонските алишта да ги вадиме додека има сонце да се испере исуши.....

    Ново ништо нема, стандард обврски, се спремаме за во школо, големиот ќе оди трето одд пустиот школо не виде како што треба среќа во градинка што го примија барем една година да се подружи да поднаучи нешто да се социјализира....

    Толку од мене засега. Одам да варам кафе тамам оди убаво после јадење :lol: па се читкаме
     
    На Coco31, hello-kitty.90, KittyCat:) и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Хеј мамас:angel:

    :rain::rain: дождови до бескрај.Уште лето ама повеќе на есен потсеќа.Сабајле однесов дете по дожд и си велам колку повеќе го мразам толку повеќе врне, па почнав да му се радувам и да размислувам колку му се радуваат растенијата и на враќање не врнеше веќе:).
    Бебече напраи 6 месеци.Последните денови само квичи не и се погодува, што ли ја мачи:wasntme:.Штом излеземе надвор е друго бебе -бајче.А надвор ветриште и температура едвај 17 степени.
    За викендот исто беше не расположена, стана од спиење и одма излеговме да шетаме.Мм и големата купиле некој авион (или едрелица) од стиропор и отидовме да го летаме.Место бирав јас покрај езеро.Го фрли мм еднаш и вториот пат летна право во езерото(facepalm).Надвор 20 степени.Луѓе се бањаа во езерото.Подалеку бевме од луѓето и немаше на кој да кажеме да ни го даде.Што ќе правиме ,големата кога рикна да плака леле сите не разбраа.Мм и вели ќе купиме нов само трај да не не казнат за загадување на езерото(кој знае дали има вакви казни):tmi:.Мислевме како да го фатиме , а тој па се подалеку од нас одеше .Мм собра храброст и се соблече на боксерки и отиде да го фати.Си се изнасмеавме како тој влезе да се бања на 20 степени:rofl:. Ептен е зимурлив.Вели веќе се ќе се бањам не било ладно ич:lol:.Така со големата продолживме да го маваме авионот, додека мм чекаше во водата.Да ја бакнам на главата таа скокна кога ме удри по носот ми се сврте и солзи почнаа да ми течат:sweat:. Па сега носот уште ме боли на допир:|.Ми личи на отечен, ама изгледа не е скршен:!:.

    Големата од септември почнува со забаваче.Веќе имаат два излети во септември.Имаме и родителско кај што ќе ни кажат што ќе им биде програмата.Како со пријавување во школо.Овде нема јас сакам во тоа школо, си има која улица на кое школо припаѓа.Колкав процент се странци.Многу се изнервирав дека во наејзиното школо се 49%странци.А населбата до скоро беше помалку мешана ама последниве години еден куп бегалци дојдоа.Па сега само се измачувам што да правам дали да остане уште една год на градинка или да почне од догодина со школо.Дали да ја запишам во приватно школо или во интернационално?:sweat:Дилеми еден куп одговори немам:(.Мм се што кажам прифаќа, а тоа не ми помага . Да каже нешто против ќе ми олесни малку|(.
    Пред да тргне во школо има преглед од доктор кој кажува какви и се моторички ,емотивни и психолошка зрелост, колку зборува правилно итн. Тестот трае 1ч.Треба да знае да си го напише името, да брои до 10, да раскаже што има на сликата, да скока на една нога.Да знае без да брои да каже колку предмети гледа.Сигурна сум дека е зрела и тестот ќе го положи,оти вакви вежби правиме одамна.Ама пак се плашам и имам 100 прашања.На крај пак ќе си речам што не бев еден маж за ништо немаше да се замарам.Еј што мозок имаат бе?:headbang:.Или пак мислат и тие само не толку интензивно како нас:wasntme:?

    @Alishan30 да и се редат бели и здрави забчињата на убавицата:party:.
    @TarantulaA мајче уште малку остана па и вие ќе се гушкате со момата:).Јас мислам исто ова бебе ме смени , ме направи посилна жена , но и поплашлива.Многу ме радуваат со големата:inlove:.Најмногу на свет ги сакам:l:.Се е навика ќе се навикнеш многу побрзу и полесно од првото.Не му ја мисли се ќе биде во ред.Со лесно пораѓај:hug:.

    Поздрав мајки одам да правам ручек за бејби.Имајте убав ден:f:.
     
    На Bicka77, Coco31, 24.07 и 24 други им се допаѓа ова.
  10. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Мами каде сте? Во која држава?
     
  11. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    Хај мами...
    Бебе стана со мама правеше ручек. :D
    Иѓаме уште 1 недела тука и бај бај....:( сентиментално сум врзана за државава и ептен ми е криво што си одиме ,ама нели за на подобро место одиме :?:

    Уште не стасани гости се најавиле. Ептен мразам уште не седната на гз што се вели јас гости ќе чекам:fubar:. Се искарав се расправав живци немам повеќе.:swear:


    Туку бебе ај да пофалам пред 3 н маааамаааа рече со плачење хахахаха:inlove: ме стопи. Супер напредува ептен е жива затоа и килажа малце качува :sweat: пекол е жешко туку уште малце да се покапиме.

    Бебе се распишти одам јас
    Гушки:l::hug:
     
    На Alishan30, minne992, Bicka77 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Уште 5 страни од темава за читање. Верувам дека ќе ги исчитам со оглед на тоа дека вероватно ќе дежурам ноќеска. Со деца човек не може да е раат посебно не во вакво време - невреме на вируси корони и чуда. И се само се нервирам. Поради тоа не сакав да родам второ ама тоа е. Мајката е тука за мали да трга.

    Се пожалив накратко додека чекам топломерот да измери температура кај големиот.

    Имајте пријатна вечер
     
    На Alishan30, IRBBB, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.524
    Пол:
    Женски
    :hai: се сеќава ли некој на мене. Се вратив на лупата да видам кога последен пат сум пишала тука и што да видам:x од Јануари ме немало. Не дека имам што да кажам посебно, ама да не помисли некој дека сум станала немајка:rofl:.
    Искрено и со читањето слабо ја пратев групава, ама еве сега се подвратив и прочитав набрзина последниве 10тина страни. И заклучок, повеќето со мали бебиња или второ бебе:o. Време е да се поработи на второ, ама последнава година и пол како во некој вакум, времето, застана, сите планови се поместија. Ни доктори, ни контроли, ниту плановите мрдаа. Сега сум направила цел список што се треба да средам пред да продолжам понатаму во нова борба. Обично не сум паничар, ама овој пат пред секој преглед на доктори ме фаќа паника. А како и нема со сите болести околу. Пред 10 дена бев на орл. Веќе некое време имав лоша појава, од време навреме, како нешто да ми тупка на ушното тапанче. Прво на едното, па се префрли и на другото. Јас мислев полесно ќе се среди, ама излезе дека долго, ако не и доживотно ќе си го пазам. :!: и нормално се е од седечката работа. Од лошо седење, притисок на ушен нерв. Јас незнам чаре, ќе барам од тие модерните бироа да ми купат на работа, да работам стоејќи, може ќе се оправам:rofl:. Сега треба и ренген на вратда правам, ама кај да фатам. Со ова ковидов никаде не ми се влага за ренген:worried:
    И ми следи тој најстрашниот преглед од кој најмногу се плашам;(,па после ќе здивнам, нормално ако се е во ред.
    За детево што да кажам. На моменти како со возрасен човек да правам муабет (нормално кога цела госдина само со нас се дружеше). Е ама дете од 4 години (па и било кое дете) деца си бара и сфативме дека не може да го чуваме во стаклено ѕвоно додека не заврши ова лудило (не е ни здраво), па оставивме дете да се дружи. Првите две недели секое излегување, штом го видеше првото дете на улица доаѓаше и прашуваше дали може да си игра;(, дека цела година го тргавме на страна. Сега веќе не прашува. Оди кај првото дете што ќе го види и одма се преставува, кажува колку години има и прашува дали може да си играат :rofl:.
    Туку прават ли вашите деца слично? За тие работи што го каране ние или му објаснуваме дека не е убаво, оди на улица и ако некој ги направи ги кара како некое стринче:o, на моменти ме засрамува:$ па мора да се објаснуваме дека другите деца си имаат родители за да ги учат што е добро, а што не. Или ако некоја мајка/татко кара некое детенце, мојов зема сила и се приклучува на прекорите(facepalm). Незнам дали да плачам или да се смеам.

    Во моментов сме во Охрид, зошто пасош не извадивме за мали, а и немав желба со ситуацијава, па тука на наше си дојдовме. Мислам дека овие денови се изнаспавме за долго време. Плажа до 2, ручек, попладневна дремка (ова дремка од 2-3часа:D) па прошетка до лулашки или скејт парк, вечера и пак на спиење. Е сега мали станува во 7, ама бар денот е пред нас.
    Уште неколку дена и назад во реалноста. Мали треба да почне и градинка, ова ако го ставиле во група, зошто уште чекам да се јават :^). Дека не сум ск не можам до градинка да одам, па чекам некој да се смилува и да отиде до таму да провери дали го има на список или ќе треба да се карам.

    Незнам после толку долго и што да кажам, ама и онака ја претерав.

    Така да ве поздравувам и имајте убав викенд мајки:sun::sun::f::sun::f:
     
    На marchi-cool, Capricorn Taurus, Alishan30 и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Каде шетате обично да дојдеме да го искара моево? :P:rofl:
    Ме изнасмеа.

    Добро утро :coffee:
    Бевме со мали до маркет да купиме ситници, па сега јас пијам кафе, а тој со татко му отиде во друг маркет да ги купат покрупните работи. Последните две недели живеевме во куфери, синоќа се прибравме конечно домче. Имавме гости од странство и им го отстапивме станот, па бевме на викенд и едвај чекав да си дојдеме, ми се смачи.
    Малиот стана страшно кенкав и лигав, по втор пат го одвикнувам од цуцла. Првиот пат помина полесно ама за инает цела ноќ ми ја држеше цицката во уста и му купив пак за да спијам раат. Сега раснат заби и почна да претерува, нонстоп му беше во уста и ја фрлив. Еве цела недела уште плаче по неа, ми шмаца со уста цела ноќ и се буди. Вчера не можев со саати да го заспијам, рикаше како којзнае што да го боли. И на мое изненадување, татко му само викна по него и отиде легна во креветче и одма заспа. Ноќта на првото будење со плачки пак го опомена и одма прекина со плачење :o Не знам од каде тој страв или што и да е, нит му викаме гласно, нит е удрен. Авторитет веројатно, сакам и јас да ја имам таа моќ :|

    Инаку, почна некако бебешки да збори :DСи игра и си збори нешто по негово по цел ден. Почна да качува и симнува скали и сега обавезно се качуваме во сите влезови на згради по 20 пати. Од толку што е уморен почна да спие по 2 пати на ден и плус ноќе 8 саати. Со јадењето катастрофа, се мачиме да стави нешто од ручекот во уста, уште не може до 11кг да дојде. Битно овошје јаде без проблем. Кај моите кога одиме прво трча кај аронијата, си застанува до дрвце и си бере и јаде. Мене устата ми се собира додека го гледам. Па оди кај лозницата си кине грозје, па си кине јаболка и си ја делат со кучето (facepalm) Еден гриз тој, еден на кучето. Со кучето се бест френдс, душата му ја вади, го малтретира, а ова па мирно само го лиже и си лежат заедно на трева. Пак сум на мисла да му купиме едно :inlove:

    Работата за второ дете (читај ќерка :tmi:
    ) is still in progress :lol: Се замислив Малку зашто гостите ни беа со бебе и многу љубомора покажа. Едвај го одбранив малото да не му направи нешто. Не ми дозволи да го држам, го гаѓаше со играчки, го шлапна по глава... Умрев од срам од луѓето. Не знам како би се снашла со второ бебе, ме фати страв. Со поголеми деца нема гајле ама со бебиња одма брани територија и тоа онака подмукло кога никој не го гледа.

    Вторник ќе прими мрп, мора за во градинка. Крвна слика ќе направам, само нема да можам на преглед да го однесам. Се надевам се ќе биде во ред, ептен ми е страв. После тоа, колку време ги оставивте дома пред да одат во градинка? На нешто друго треба да припазам? Давајте совети.

    Одам да почнувам некој ручек, ми доаѓа свеки денеска збесната е дека внук и 10 дена го нема видено :D

    Убав ден девојки :sun:
     
    На marchi-cool, elcezelce, Alishan30 и 22 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Добар ден. Денес стана во осум, а таман почна малку подоцна да станува, ама добро, таман да се навикне за градинка. Ама, на мене и мм уште ни се спиеше, па и реков да стане да си игра. Стана, зема клавирот и пееше и свиреше. Може да замислите колку се спиеше.:drunk: Станав јас, ајде прво вежбите, овие си ги прави секое сабајле, и ја пуштам омилената песна, Cover me in sunshine од Пинк, ме утепа со песнава значи, само таа, па таа. И убаво се изнаскока, да излезе акумулираната енергија, па ајде решила да се лакира, ама не сакам ич со лакови кога се шлака, па и ги нацртав рачињата на хартија и тие нокти ги лакираше. :lol:

    За доручек решивме палачинки ќе правиме, изеде четири, дека навежбана нели.:D Не сака да јаде со крем, сака само овошен сируп, па се налапа убаво. Стана и татко и, доручкуваше и он, па ги испратив малку да се подружат, а јас на раат со кафето.:smirk:
    Денес за ручек не му ја мислам, ред е на мм да мисли и да спреми. Мислам дека ќе биде ориз тавче, по нејзина желба.
    Се мислам да земеме милениче. Ама, не можам куче да чувам, преголема обврска е и поскапа. Разгледував морско прасе, чува некоја од вас?


    @Ano и мојата исто знае да им вика на децата што не се прави, не ги кара, туку споделува само.:D Ептен е смешно така навистина, ама сакаат да покажат дека и многу се умни, па дури и другите деца ги учат. :lol:

    Нека ви биде убав денов на сите.:f:
     
    На elcezelce, Alishan30, kjofti4 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.420
    Допаѓања:
    37.622
    Пол:
    Женски
    Не ми се пишува ништо за бебево од страв да не смени ама ајде ќе ризикувам. :P
    Кој би рекол дека и јас ќе имам мирно бебе. :D Сега ги разбирам сите оние кои не ме разбираа со првото бебе. :smirk:
    И така на пример ние радосни ќе сме шетале, бебето во количка, и така неколку пати, и уште од врата големава се нешто не и е погодено, забораваме каква е, и така на секое се враќаме дома бидејќи не се издржува со големава, какво бебе си беше таква си е сега на четири години.
    И така бебево спие цела ноќ ама големава се буди цело време, де и се моча, де и се пие вода, и се јадело, сакала други гаќи, ладно и било, топло и било, сонила пајак имало во креветот, цела ноќ ми е легни стани, а го гледам бебево спие и ми се плаче и јас да спијам.
    Еве сега додека пишувам, бебе спие, а големата игра во мијалник со вода и само чука намерно и гледа во бебето се смее пробува да го разбуди, а тоа си спие гајле си нема. :D
    И така. Многу сакам еден ден да напишам колку ми е разбрана големава ама не губам надеж дека ќе дојде и тој ден. :D
    Сакав да кажам дека и замена за свекрва е. Само го покрива бебето, кога ќе кивне затвора врати, му облака чорапи и ако кивне неколку пати одма каминот го пушта.
    :f:
     
    На marchi-cool, elcezelce, Capricorn Taurus и 28 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.382
    Чувавме кај моите морско прасе. Мислам дека живееше околу 8 год. Се мислам толку им беше и животниот век.:?:
    Сум заборавила. Одамна го немаме.:( Иначе тотално безгласно и не баш друштвено животно.:D Живееше во аквариум и квичкаше само кога беше гладно. Низ соба ако беше пуштено , се пикаше во ќошиња од страв или трчкаше како лудо.
    Имаше некоја сува мешавина како храна, ама јадеше претежно свежо. Моркови, зелка, марула…
    Единствена обрска е менување на пелевината на која седи и ставање вода и храна.
    Умре од старост нашето, веројатно. Ако редовно се чисти, не мириса воопшто.
    Не знам каква занимација би било за дете, ние бевме веќе големи кога го имавме.:D А и не бараше и сакаше некое посебно внимание.
     
    На Izzy_0504, elcezelce, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.524
    Пол:
    Женски
    Ако видиш низ Аеродром, мало човечуљче од 13 кг, кое зборува многу и кара, тоа е:rofl:

    Ама мојов кара и со глас и со стас:worried:. Понекогаш навистина на човек незгодно да му падне.

    @gjoker4e да е живо и здраво бебулето. Незнам дали некаде ти честитав по темите, ама навистина изненадување беше кога прочитав.

    Последен ден на плажа. Дете се шлапа со татко му во езеро, јас уживам на плажа под сенка:wasntme:. Што убаво било вака, друг да анимира дете. Знам дека овој раат кратко ќе трае, ама еве да поуживам колку- толку. Научил да плива инаку(facepalm) се замислува ептен, ама бар не голта вода како првите два дена. Се научи да шлапа без да голта вода. Разбран е ептен и нема карање за излегување. Штом му застуди сам си излегува, се преслака и одма бара што има за јадење. Како најголем јадач да имам, а тој кускуленце. Па само смислувам нешто, да не јаде само глупости. Јаде моркови и краставици, овошни барчиња. Ама пак и сите други глупости што ги избегнувам успешно по дома.
    Заврши бањањето, да соберам дете. Имајте убав ден.:sun::f::sun:
     
    На marchi-cool, elcezelce, 24.07 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам вака добро ми звучи. :D Да мртка нешто по дома де, да има одговорност да му дава храна и да му збори. Среќа тоа ќе си ќути, зашто она доволно си збори, не мора ни глас да пушта.:rofl:
    Ќе разгледам баш, ќе прашам и во некој пет шоп што и како.
     
    На Bozica1980, 24.07, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski. Vcera izgubiv miris a denes krenav i 37.5 temperatura sigurno e korona ke se testiram utre. Bebe e dve nedeli i e na kombinirano doenje i adaptirano. Dali ima nekoja majka sto prelezala kovid i dali da prekinam so doenje? Mnogu se plasam