Немам лично искуство, ама да не прекинуваш доење, преку мајчино млеко можеш да му дадеш антитела, а не вирус на бебето.
Да не прекинуваш доење. Ставај си маска додека го доиш и држиш. И што почесто дои го. Јас кога прележав бебе беше 3 и пол месеци.
Мајка со помин нека ти е.Моето беше две недели кога јас бев позитивна.Повеќе форсирав доење и мислам тоа помогна бебето да не качи тт.Помина кај него за 3 дена само со затнато носе, малку кенкавост.Преку млекото се излачува антитела. Здраво мајки. Да ве поздравам на кратко.Ќерче и маж отидоа на доктор.Големата ми се жали на болки во папче повеќе од 2 години.Бевме пред 2год на ехо и крв, сега исто.Плакала големата од боцкањето.Првата дијагноза беше на психичка база по 5год минува.Сега ќе видиме што ќе каже др. Вчера бебе ме уплаши ептен.Беше 23ч и таа спиеше исто и големата.Јас и мм во дневна гледавме некој стендап комедија.Нешто тресна на подот и почна малата да плака.Леле колку се уплашив што и сега кога ќе ми текне се тресам.Едвај ја смирив.Како ли се извртила низ спалната и паднала.Опасна е по самата себе, а немам идеја да ја заштитам. Ќе пишував уште ама дојдоа каубојците да видам како поминале Вие пишите некој ред и имајте убав ден.
Исто кога бебе беше две недели прележав корона…И доев и пиеше молзено баш тој период ич не престанав ама седев околу него со маска
Јас ја градам спалната од сите страни. И беба моја имаше годинка кога имавме Корона,помина со два дена растечен нос. Ја доев по препорака од педијатар.
Би сакала да прочитам ваши мислења за ова особено од мајките на поголемите дечиња зашто поминале поголем дел од детството. Еве еден мал дел кој ми привлече внимание: Мојата мајка никогаш не била мој приватен детектив, ниту пак некој на кого му е должност да ме забавува и да го прави мојот престој на планетата попријатен и посмешен. Денес ете, ништо не е доволно за детството да биде пријатно. Не, денес детството мора да биде незаборавно! Незаборавно, дами и господа! Секој ден е повод за мала прослава, за никогаш да не им е досадно. Од моментот кога ќе ги отворат очите, до моментот пред да легнат во кревет, децата е потребно да ги анимирате, да им угодувате на сите можни начини, да ги поместите своите граници, да бидете благи, попустливи, да не го повишите тонот, да не го загрозите нивниот мал интегритет на било кој начин и сè на сè – да создадете едно големо, огромно, агресивно и деструктивно его. Нашите мајки не се плашеле од нас. Од нашиот плач. Со трескањето, фрлањето и дрскоста некако полесно излегувале на крај.
Го заборавиле за мене најтешкиот дел, од моментот пред да легнат в кревет до моментот кога ќе ги отворат очите. Ваква сум денес -> Навистина е поинаку денес, не знам зошто така. Дали сме понакви ние родителите или децата? Мене ич не ми е проблем да сум цело време само дома (тоа што не сакам да сум цело време дома е друга приказна) и ручек готов да ми носи некој до пред врата.
Не го сфаќам овој дел: Чисти околу зграда, собирај го ѓубрето, рециклирај ја пластиката, купувај само органско, сади дрвја, бидејќи – нашите деца заслужуваат подобра планета Демек лошо е ова? Цела статија ми е толку безвезна збори "нашите мајки" знае таа/тој нашите мајки како им било па ќе каже.
100% се согласувам со ова, премногу ни се разгалени децата, а ние премногу сме потресени родители така да @gjoker4e според мене е до родителите.
Чисти околу зграда, собирај го ѓубрето, рециклирај ја пластиката, купувај само органско, сади дрвја, бидејќи – нашите деца заслужуваат подобра планета. Ок, а што ако нашата планета заслужува подобри деца? Мислам, за другарка прашувам... Леле, очобол. Па нашата планета ќе добие подобри деца со тоа што и самите тие тоа ќе го прават. Ќе се грижат за планетата бидејќи нивните родители ги научиле така. Бљувотини текстов, ми се поврати малку. Општо, од сите вакви текстови тешко ми паѓа, нашите баби во ниви се пораѓале, кој не видел нас кога сме растеле, па што ни фали, демек здраво не хранеле, па што ни фали, ама во суштина СÈ ни фали најникакви генерации, болни со се и свашта уште млади, секакви битки тераме, под секаков притисок и вакви текстови кога ќе прочитам навистина ми се лоши. Би сакала мајка ми да беше пола од ова што сум јас, да се трудела пола од што јас се трудам. Би сакала да се грижела за моето психо-физичко здравје, а не само да ме мавала кога ќе нема нерви и да вриштела по мене. Би сакала да не ми бутала храна во уста за да се смирам, па сега само кога сум нервозна да се полнам со јадење. Би сакала да читала приказни со мене, би сакала смирено да ми го објаснела светот, да ме научела за емоциите и како да се носам со нив. Наместо сега да не можам да се оправам со анскиозност, сега јас сама себе да се превоспитувам за да го прекинам циклусот и да бидам подобра личност и подобра мајка. Децата се деца, само што сега им е допуштено да бидат деца, им е допуштено да ги искажуваат емоциите, наместо да тонат во себе. Ми е смачено од вакви текстови за тоа колку се никакви денешните родители, зошто не се напише нешто за тоа со какви работи се соочуваат денешните родители, место само да се плука ко нив. Од една работа да се тргне само е доволно, Да биле толку прекрасни родителите во минатото, немало да бидат вакви денешните родители, според логиката на текстот.
Браво @RainBow, баш така. Еве пример често пати додека сум со децава се враќам на моето детство. Си викам барем пола мајка ми да ме гушкаше, од тоа што јас ги гушкам нив. Секогаш трчаше на работа, дома се да е под конец. Не памтам кога седнала да се заигра со мене и сестра ми, дека нели немала време. Приказна или разговарање пред спиење, искрено не памтам. Вероватно немало. Да не сум сфатена погрешно мајка ми не е лоша мајка и ден денес ми е поддршка, но некако испревртени им биле приоритетите. Јас се трудам мој приоритет да ми се децата. Утре нема да паметат дека се ми светело по дома, туку времето што го поминуваме заедно. И онака светов е премногу суров ќе се соочат со него порано или подоцна. Барем детството да им го направам убаво, колку што можам.
Ужас ужас ужас!!! Не знам колку години има таа што пишувала ама мене мајка ми пред 27 ми се тресела исто како јас на син ми сега. И свекрва ми на маж ми. И по лекари оделе ако ни тече нос, и не носеле како штафети, и не бакнувале. Секако дека има одредени разлики во нашите погледи ама да се тресела над мене се тресела и те како. Оние деца кои се гледани по овој терк су ги влечат последиците психолошки, си имаат комплекси и фрустрации. Сигурна сум дека премногу љубов никому не може да наштети. И ке ја дадам целата моја љубов на син ми. Да растеш без љубов е хендикеп. П. С. Не знаев дека денес е модерно децата да брцаат во нос.
Не знам што е со текстов и зошто постариве генерации се толку оцрнети. Дали биле совршени? Не, не сме ни ние. Но во текстот испаѓа лоша слика. Мајка ми ми има пружено внимание, љубов, гушкање, пеење за 10 деца. Ме научиле да ги сакам книгите, да ги почитувам луѓето, никогаш не ми дозволувала да дискриминирам и тн. Секако, од денешна гледна точка, можела многу работи поинаку да направи, но генерално не биле толку ладни родителите како што е опишано.
Добро утро мамички... Бебе дури лежи и си игра да пишам некој ред. Вчера го гледавме зајдисонцето од највисокото место на камчево Свежо убавини беше... Бебе насмеано ние кафе пијевме оххх Мајка ми се преселува во нов стан па ајде таму да видиме. Поголед од 100000000 долари ,морето се гледа улица преминуваш и во вода си ... Ај дома да спијаме. Бебе за 2 мин животов ми го скрати за 20години. Остана без воздух 2 мин не знаев што да направам, после не можев да се одделам од неа. Испаничив а знам дека не треба по мајка викав за да ми помогни па си дојде на себеси... Тоа е бебе почна да кемчи да се заспиваме. Убав ден
Јас прележв кога малата беше 3 недели. Ниту таа ниту поголемата од 3.5 години не фатија корона, т.е немаа никакви симптоми. А јас и не бев цело време со маска. И јас добив совет да не прекинувам со доењето. Почесто проветрувај дома, нека не ти биде цело време во раце, нека цица и остави го. А ти пиј повеќе течности, сокови, супи, електролити. Со лесно нека мине
Ај добар ден. Пијам кафе, па која е за бујрум. Стана денес пак порано девојчето мое, ама се заигра еден саат сама, па добро си дремнавме со мм. Можам да кажам дека ова ми е најубавата возраст. И баш ќе ми фалат овие години, за разлика од кога беше бебе. Тогаш ми беше толку напорно, а сите викаа, уживај додека можеш, ќе ти фали, та ќе ти фали. Официјално изјавувам дека не ми фали. Сега ми е супер, заедно си правиме толку многу работи, уживаме во времето и деновите. Секој ден ми вели дека овој ден и бил најсреќен. По милион пати ми кажува дека ме сака, ме гушка и бацува, особено се топам кога ќе и погодам нешто и од милина ќе ме баци, ми кажува фала со бакнежот. Решивме ќе земеме морско прасе, лесни се за чување, нема да трча насекаде, а ќе мрда нешто по дома. Па ќе видиме како ќе помине. Она и за тоа е пресреќна, ќе го чувала, ќе го хранела, ќе го играла, кутрото прасе, уште од сега ми е некако по малку жал за што го чека. Ако, ќе се учиме дека и тоа е живо суштество и не смее да се малтретира. Денес за ручек леќа мислам ќе биде, не ми се мисли нешто многу за правење, најдосадната работа е нормално мислењето што за оброците. Нека ви биде убав денов на сите. (нема емотиконче за како мафта некој со морско прасе, па еве со кутрево. )