Добар ден.. Оддамна ме немало тука Добри сме ,госпоѓицата решила ќе оди мама да полета Ќе правиме колачиња попосле ,само не знам како се прави смесата за украсување ,ниту што имам од бои...мрза ме фатила. Некако лошо го испланирав и поминав одморот ,уствари уште 8 дена имам ама мм веќе се врати на работа и ништо.... Ајде догодина подобра организација Сакав и сликчево да го ставам тука не дај боже ,ама можда ќе му се најде на некој.. Секоја чест на докторов
Дете гледа биби и боби почна нешто да го интересира на тв мислам време беше да имам барем 15мин кафе да испијам Нема нешто посебно за да пишам. Бевме викендов на кампување спиевме во шатор прв пат али убаво е да смени човек, а и дете малку промена понеделникот си дојдовме баш интересно, кој е за промена слободно да проба Не би повеќе од 3вечери, браво за тие што одат по 10дена. Чекаме уште да јават за дете во градинка да почне али не ми се верува дека ќе бидне Туку ме загрижува раната од царскиот значи послем година дена ми се направи како мало дупченце и тече како секрет Значи како може послем цела година не ми е јасно па да пробаме првин со маст па ако не бидне ќе одам со антибиотик Си викам ќе бидне се океј може од пота ради што ми се преклопва раната од сам старт ми кажа И уште ова мислам дека јас имам најнеразбрано дете значи упорно устата пена ми фати не камења во уста, не пикавци во уста, не во штеќер и што е најако, зема камен и ми викак мама и не не не прај сам и го пика во уста Низ парк само викаме дојди ваму му викам тој на друг крај кај што си има замислено Толку од моето кафе
Здраво. Не сум активна во темава ете не знам ни јас зошто, но интересно ми е да читам од време на време. И ете баш твојот пост ме натера да пишам. Значи да можам милион лајкови би ти ставила за тоа како добро им го залепи у фаца на сите оние кои не знам како да ги наречам не едуцирани створења кои го поддржуваат мотото "абе ајде како пораснале децата порано". Значи инстантно ми се гади кога ќе слушнам такво нешто. Точно е тоа дека можеби во денешно време малку се претерува со одредени работи, но да го уважуваш сопственото дете во мислењата, да му удоволуваш колку можеш и не можеш, да вложуваш во неговиот психо-физички развој, да му отвориш штедна книшка, да му кажуваш колку го сакаш, исполнуваш желби, ова за мене е сосема нормално. И не, не е каприц. Но за возврат треба да го воспитуваш на основните морални доблести, да знае прво да те почитува тебе како родител, и останатите во околината. Со тоа што им "даваме повеќе" за разлика од минатото, треба да се трудиме да ги научиме да го ценат тоа а не да шириме вести наоколу колку ние денешниве деца сме ги разгалиле.
Zdravo majkicki. Ne sum sigurna dali prasanjevo e za ovdeka, upatete me ako gresam. Preporaka za dobar pedijatar vo skopje? Momentalno sme kaj Dragana Emel Markovska, nema zbor za strucnosta, megjutoa komunikacija nula. Na viber recisi i da ne vrakja, ako vrati e posle 5 saati, telefon retko kreva. Kakvi se vasite iskustva?
Добро утро на сите, за мене е добар ден. Мали превозбуден дека ќе оди во градинка стана уште пред 6 . Тој среќен, а мајкава трема ја фати. Како пред испит кога одев се чувствувам. Среќа и во исто време исплашена. Го однесов таму и се збунив, незнам како одат протоколите, од сите страни некој ми зборува - еден ми збори за дете, друг ме брка за изјава, родители со дечиња од сите страни. Ама ми се допаѓа како се организирани и внимателни. Се почитуваат протоколи, па се надевам се ќе биде во ред. Сега додека тој се забавува таму, јас шмркнувам кафето и се мислам што да правам. Се мислам дали да одам до капитол да потрошам некој денар дека ме чеша џебот или да си одмарам додека да се јават да го земам. Незнам ни до колку ќе остане, оставивме со учителката да видиме како ќе биде па да ми се јави кога да го земам. Јас се мислев дали до спиење или одма да го оставам цел ден, ама ќе видиме кога ќе се јават. Секако за почеток одлично помина, облековме сандали и веднаш си тргна со учителката без плачки и било какво негодување. Ама ова е прв ден, па ќе видиме како ќе биде иако тој и претходно не правеше проблем никаков, си одеше без никаков проблем и плачки. Од понеделник назад на работа. Таму повеќе ме плаши седењето. Мислам бар во мојата канцеларија се почитуваат протоколи - односно јас не дозволувам никој да седи без маска и како џандар опоменувам ако некој забушава, ама сепак многу луѓе сме. Повеќето вакцинирани, ама ништо не се знае во моментов. Се надевам само дека ќе се допазиме како и до сега. Како и да е се враќам со Н95. Летово кога спласнаа бројките, плус и помалку луѓе дека по одмори, се опуштив малку и седев со маска за еднократна, ама сега ми е страв иако сега полесно е цело време да се луфтира за разлика од топлото кога моравме да седиме под клима инаку во спротивно ќе требаше купачи да облечеме и базен да извадиме. Може и немаше лошо да ми падне со оглед на тоа дека летово само еднаш се избањав. Добив циклус првиот ден кога стигнавме во Ох, ама таму и секако потешко ми оди влегувањето. Жива среќа што детево сака да се бања, ама не сака многу во длабокото, па контролирав ситуација само со брцкање нозе, без да морам да влегувам цела Толку за денес, имајте убав дена мајки
Здраво и од мене Кај нас деновите се' уште исти. Малечково расте, се менува секој ден. Се смее, се кара, се нервира, со спиење уште имаме проблем, со воведување храна тешко ни оди, и така. Интересно е. И се гушка Кога ќе ме гушне мислам дека срцево ќе ми пукне од љубов, премногу ми е. Едвај чекам да седне самостојно, па да прооди, па да зборува... се' само нешто едвај чекам, и одвреме-навреме се потсеќам дека и сега се прекрасни моменти и треба повеќе да ги уживам. Затоа ми се допаѓа темава и како споделувате моменти од секојдневие. Бесценети се. Ама замалев од носење во раце, лепенка невидена е. Само наутро издржува подолго на под, потоа и да го оставам мора да лежам до него за да не закенка. До забите ли е, до детето ли е, кој го знае. Ова откако се роди е во скок. Среќа со баби и дедовци седи по макс 30 мин, ама подолго и да сака не го оставам, одма ми фали. Имам сериозен проблем со доверба, сакам да гледам цело време како го држат, па да не го скокаат, па да не фаќа се' и одма рацете во уста, па ми е страв да не му подметнат да лапне нешто иако сто пати ги предупредив на тоа, па да не одат по скали додека го држат... Не знам како да се опуштам, знам дека и од мене повеќе внимаваат ама не можам, никому освен на маж не верувам. Со сите е ова вака или нешто не сум во ред? Поминува?
Хај мамаситас Денес се вакцинирав со фајзерче. Ај нек ми е со среќа цуцка си цицаше најнормално, ја немам нишо реакција сега за сега. Во сабота ќе одиме за Охрид. Коечно малце на одмор. Одвај чекам да смениме средина малце, да се мавнам од Скопјево. Језда времето нешо као ќе заладува ама ич не ми е гајле ќе се бањам па шо сака нека е Денес на цуци и перев есенска гардероба по долги. И купив и некои нови работи и поклончиња што има. Преубави работи има, одвај чекам да си ја дотерувам Здравје боже коа ќе се вратиме треба да примаме шестовалентна, уште сега душа ми се тресе. Бебушка ми е срцка. Само овие 2-3 дена нешто ми е многу раскенкана. Ама не плаче (не знам ни дали знае да плаче детево мое) него кенка и пишти. А не знае ни она зашо пишти. Ама ужас, ако продужи вака резервирајте ми у бардовци. Овие денови одвај чекам да заспие навечер, малце тишина и после пола саат ми фали па идам си ја гледам како спие . Нешо тоа непцата и се бели, многу се лигави и бута раце, дали заби и растат не знам, ама некако рано ми е . Многу бе брзо ми порасна некако, ко да ми прескокна фаза иам чувство. Од бебе бебе почна ко голем чоек. Многу е цврста, си ја држи ептен стабилно главата, сака да седи ама паѓа па мора да ја држиш. Ако ја легнам се буни. Под агол од 45 степени коа ќе ја ставам цела се витка се исправа. Ко бебе од 6 месеци се понаша а не 3 . Добра ноќ од мене
Здраво мајки Времето залади малце, па се живее некако. Ние со бебеуш сме скоро по цел ден надвор,пред зграда или на тераса. Тој ужива надвор, лесно многу си заспива. Бебево ептен ми е буцко, многу ми е смешен. Дури лежи во подлога или на теписонче и ако сака да го земам, прави некоја нервоза фаца и вика хаха... Во подлогата виси едно слонче шарено, заљубен е во него. Само му се смешка и го чепка со рачињата. Многу е интересен за гледање. Пребрзо расти. Сакам побавно да поминува времето. Нови алишта мислам носи 2-3 недели и готово мали му се. Ептен е мирно бебенце. Само да му прозбори некој и одма се смее. Мене да ме слушни и се смее на глас, татко му секако е љубоморен. Вика ќе земал одмор, да поминувал повеќе време со бебе, да му се смеел и него така Од пред една недела никако не можам да го легнам во креветче. Штом го легнам одма се буди. Убаво ми е вака се гушкаме цело време, ама не можам опуштено да си лежам како дури беше во креветче. Пред 2 дена ми беше роденден. Мм ми направи изненадување. Порачал торта и со бебеуш во раце ми пееше хепи брдеј Вчера на гости дојдоа моите колеги од работа. Сите 4ца биле вакцинирани, здрави и сакаа да го видат бебето. Ама ми недостигало да се подружам со нив. Некако како сите денови да ми се исти, не ми се случува ништо ново,скоро цело време се гледаме само со исти луѓе и понекогаш ми недостига дружба, особено со нив. Ептен се сложувавме на работа и плус колеги сме од на факултет со 2ца. Ќе завршував тука ама ми текна да пишам, денеска со бебеуш направивме добро дело ахха.. Го возев со количката по соседните улици и најдовме една бабичка, која чекаше на пешачки да премини улица. И помогнав и ја испративме до дома. Толку од мене, добра ноќ
Мајки убаав ден И ние да Ве поздравиме никако да пишеме на 22.08 прославивме прв роденден дома. Требаше во ресторан но бидна како бидна 3 дена пред роденден се сменија мерките и ништо се понервирав малку па после засукав ракави околу организација се што ми беше за ресторан си повикав дома декорација, музика среќа кетеринг си најдов слободни ии мерак се испадна како требаше. Истиот ден правевме и крштевка и мора да го пофалам ептен беше примерен само се расплака поп не го седна во вода туку стоејќи а тој се влечеше да седне за вода душа даваме не изнасмеа сите па после попот кога пружеше рка накај него да го пипне за глава овој спортски му направи циркузи... Важно убаво се беше сите беа гости задоволни и ние домаќини. Ве честиме со Матеј сите по едно парче торта.
Добро утро. Кафе пијам и јадам едни глупави кисели смоки со вкус на патлиџан. Сите нездрави работи ги изедов од синоќа и се чудам зошто ми е имунитетот слаб Цела недела бев со затнат нос, малаксана, кашлав, кивав. Од вчера ми е подобро. Децата и тие се добри, само нос им тече. Ова малово во 6ч почна да плаче, едвај заспа, кој знае што ѝ беше. Еве сега си спие на меше Овие денови сѐ сака во раце да биде, не сака ни во релаксатор ни на земја, само исправена да е. Многу ми е смешна кога седи. Почна да пие помалку млеко, не го сака, повеќе сака цврста храна. Пред некој ден јадевме со мм, а ја држев во раце и се посегна по лебот, го става во усте, го гриза. Ѝ ставав на масата ронки и ги земаше и пробуваше во уста да ги става Вчера ѝ дадов бисквита во раката, целата си ја изеде, што сама што со моја помош. Сака да си јаде бебето, дадата не беше таква. На неа само цице ѝ дај. Многу бргу растат децата. Дури и ми е жал што е така. Ја гледам големата, колку е порасната, како вчера да беше кога излеговме од болница, а сега веќе и муабети кажува, расправа, раскажува. Убавица е она на мама. Вчера почнав д ја бакнувам и гушкам и се врте кон сестра ѝ и вели Оваа мајка ти ме лигаве Инкау да се пофалам си купивме нов автомобил, еве частам . Големата е живи радости, едвај чекаше татко ѝ да го донесе. Вчера заедно чистеа внатре, земала влажна и брише ли брише Некогаш е многу инат и знае да ме изваде од такт што ми иде да ја треснам од земјата, а некогаш па се запрепастам од нејзините муабети. Нека се живи и здрави само, тоа е најбитно. Пријатен ден имајте сите
Здраво мајки. Синко спие а јас кафе пијам. И тоа второ за денес. Сабајле отидоа кај свекрва ми со татко му, па јас серија си гледав, се депилирав, и кафе пиев. Синко пред една недела беше со температура, втор пат до сега, ама првиот пат беше многу омалаксан и тажен. Сега на нозе ја помина и пократко траеше. Без антибиотик и двата пати помина. Јас со растечен нос една недела и повеќе. Денеска конечно не тече. Изгледа почна фазата на бирање облека. Вчера кога стана од спиење виде кошула на сушар па ја бараше. Му облеков еден ракав, па виде тренерки со мики маус и за нив се одлучи. Треба да излезам да му обновам нешто алишта, ама невакцинирана немам многу избор. Мајка ке ја пратам, онлајн не даваат фискални. Мајка кажа станот ми бил пуст, па ми вети едно цвеќе, од оние како плетенки, јас саксија да си порачам. Кога се вселивме свекрва ми ми даде растение, оние што се разлозуваат. Којзнае како го гледаат станот, ни рамка ни вазна. Имам две метални за овошје на масите. Не дека не сакам, имав орхидеи и три пати собирав земја и на мајка ги дадов. Сакам кактуси да си најдам убави ама немам време да излезам. И ме мрзи. Кога беше бебе не сакав никој ни да го земе. Сите ми беа нечисти од надвор. Освен баби дедовци, секако. Ама ке дојде некој и ке го побара да го земе, мене во глава ми се вртат парфеми пудри бактерии. Посесивност на најјако. Сега сум опуштена. Голем дечко е. Ми се одеше на море уште еднаш ама ова со вакциниве ме зезна скроз. Кога летнаа 2 години мајки? Гушкајте ги, пребрзо растат.
Добар ден мами. Додека спие малиот да пишам некој збор. Во болница сме, доби пост ковид васкулит. Страшно изгледаше, многу ми е жално душиче мое, секој ден боцкање крв земање клексани урбазони само што ќе види влегува некиј почнува да вреска. Онака е свеж весел, енергија 100: не седнува. Во една соба затворени по цел ден и ноќ некој ќе попушти нервно. Му излегуваат и заби нервозен е, стално нешто да шмука гризаа јаде, а смее да јаде само тоа што тука ќе му дадат исхрана та се состои од оризова вода ориз и компир. Ни млеко ништо не смее. Многу е тешко човек кога го гледа болно своето дете. Татко му е во изолација па не може ни да не посети од прозор да се видиме. Се надевам поскоро да оздрави и да си одиме дома. Друго ништо не се дешава секој ден е ист. Имајте убав ден
Хај и од мене Си дојдовме Македонија и знаев дека ич не ми се живее тука. Се некој стручњаци се некој повеќе знае од другиот , оговарање , интерес за некој што не го познаваш. ХАОС, убавини ми беше Малта. Претешко го поднесувам ова. Ми фали средината,луѓето МОРЕТО. Бебе плачи,кемкава е на секое, ни со некој сака да седи ни ја интересира нешто. Душава ме боли за татко ми толку беа поврзани ..... Мене ми залади ептен тука и греалка си пуштив, ваму клима да лади тука греалка да не стопли. Бебе само по боди научено сега облечено аххх Здравје аплицираме октомври се надевам термин ќе начекаме. Не ми се седи во ова државиче. Тоа е јас да се поплачам Убава вечер
Добро утро. Деца спијат, бебе нишкам на нозе нешто немирно ми спие сабајлево, па да ве ѕирнам брзински. Леле колку е тешка за заспивање малавааа ... се тегне, ме кубе, ме гребе, ме штипе, плаче, неќе легната, неќе со нишкање, неќе сама да заспие, неќе во креветче.. Е како сака? Исправена, свртена кон напред и така сама да пее па да задреме, па тек тогаш да ја навалам на рака да дадам цице и да заспие. Ау, ме препотува дури заспие. Синоќа ептен изводеше, и без нервозна веќе па ја оставив во креветче и излегов од соба на 2минути да се смирам да не ме осеќа така.. коа почна жално да си плаче, коа почна да вика “ммммааамммаааа” му викам на маж, од зорт ќе прозбори детево Си ја гушнав,и заспа за 2мин. Преморена е секоја вечер и тешко заспива. Ќе дремне кон 5-6, и после дури во 9 оди на спиење, а синоќа во 10:15. Заспа во кола, дури ја префрлам дома она се расони и ми се смешка Големата тргна во градинка Со плачки овие три дена ја оставам, насмеана ја земам, ми кажуваат јаде таму, не плаче, слики во групата ни праќаат ептен се забавуваат, знам дека и е убаво. Во петокот вика сакам дома со тебе да седам, не ми се оди денес .. Е за градинка не и попуштам. Едвај се убедив самата за да ја запишам, ќе оди и точка. Уште еден месец од породилното остана... Најтешко ми паѓа што кога ќе сум втора сменс нема буквално цел ден да ја видам, ќе мора некако со колегите да се менувам да не одам до 10, барем до кај 8... Ама ај барем ќе сменам малку.. 10 месеци дома сум, ми треба промена. За 2022 имаме други планови, дај Боже да се остварат Се буди малово, ќе ви пишам друг ден. Убав ден имајте
Здраво мајки Се вративме завчера од одмор Преубаво беше...сеуште сум со мислите таму,не ми се враќаше ми се плачеше кога си одевме ама буквално Девојчињава мои се изнауживаа,за нив бил одморов...радости невидени,се изнабањаа,се изнаиграа со песок,во луна паркови на се можно се изнавозе големава,абе среќи невидени Како мислевме дека ќе биде најнапорен одмор ао две малецки 11 дена,абе најубаво поминавме,па и некој ред фатија на заспивање жива среќна сум Уште денес цел ден сме си заедно и од утре на работа и големава во градинка,почнува во поголема група па едвај чека да ги запознае новите учителки,зошто стариве не ги биваше баш... И така немам многу друго за зборење Битно се наполнивме со позитива од одморов и психички ми дојде мнг убаво подалеку од државава што само за корона се збори и ништо убаво Поздрав мајки убав ден да си имате
Здраво и од мене. Добри сме, пробуваме да се навикнеме на промените кои доаѓаат. Бебе си расти веќе 10 месеци направи. Му никнуваат запчиња, минатиот месец 3 извади наеднаш. Некако набрзина ми се случува се. Почна да кажува по некое зборче:мама, баба,бмм.. за колите. Живи радости сум кога си ,,зборува,, со мене Уште со спиењето да се погодиме навечер и таман ќе сме. Многу често ми станува, ај дури бев дома да не сум на работа другиот ден се издржуваше некако ама откако почнав на работа се ми се изремети. Вчера од што бев уморна од неспиење, одам прва смена на работа и го заборавив алармот кој е да го исклучам , па кога викна цела зграда ја крена во 8 утрото Ете , во моментот ми сд блокира мозокот и не ми текнуваше кој е. Ми помага и мм, не се жалам ама полесно ми е на душава кога знам дека јас сум ја спремила торбицата за надвор, кога јас ги правам оброците и сл.Посигирна сум дека немам ништо заборавено. Тешко е да се организирам,со смени на работа бидејќи се договараме од ден за ден и припремам оброци рано наутро(6-7 утрото) складирам и бабите го даваат во терминот.Си играат преку ден, го носат на прошетки па стигнувам да средам по дома. Што ме направи среќна пред некој ден почнав да читам книга, после 10 месеци, премногу ми фалеше тоа Јас благо речено ги голтав книгите , и наеднаш промена, немање време а и можеби недоволна организација. Во иднина ќе применувам барем пола саат во денот да правам што сакам па се друго нека почека. Синко си јаде се што ќе му приготвам и тоа ме прави среќна а и горда бидејќи знам да му го погодам вкусот. Тоа што му растат запчиња не му влијае на апетитот, уште му е на ниво. Довршува машината, одам да пружам алишта. Јер, недела е.
Здраво... Темава ми е како бебешка, а не е. Мојава мома веќе наполни 3 години. Девојка. Разбрана. Дефинитивно е полесно од бебе. Оди во градинка и сака да оди, вели убаво и е. Во дворот наутро гледаме плачки, тегнења, па и бркање, нашава си оди ни вика чао и не прашува кој ќе ја земе. Воодушевена е од малите шољички за мочкање и какање дури насабајле едвај се молиме да моча, го чува за таму Ииии за дивно чудо сеуште не се разболела, нос и протече и и помина за 2 дена. Јаде, јадачка невидена е. 21 кило е. Набиено цврсто, мишичи цела. Пу пу пу, ја испофалив, ама ко и секоја за своето, па ај и ја. Иииии Ќе стане голема сестра следната година. Сакала брат, ама рано е да знаеме. Ја сакам женско ако може да бираме нели На работа сум турбо и ретко наоѓам време да пишам било каде ама редовно ве читам... релакс ми е темава. @Chanell* другарка поздрав специјален за тебе