Мајки да не знае случајно некој број од домот за здраво во битола? Треба да закажам за поливалентна не знам број, да не одам до таму...
Ај хај и од мене да ве поздравам мамички Неколку дена има кај што трчаме напред назат со второ одделенката и трето одделенката, требало книги тетратки дрмдрмдрм. За втората можам да се пофалам уште од прв ден учителката ја фали дека е многу бистра и многу се интересира за се , а првава мајко мила мислиш на кафе си пошла и си дошла . Ја прашувам како поминаа што правеле ми кажува нешто набрзина и толку . На крај кога ке ја прашам што домашни има веке заборавила ај нејсе Бебуш е добар денес бевме на контрола и вакцина му ставија. 4 ипол месеци е 6 ипол кила доктор вели супер е засега , малку немирен е денес и темп малку крена но со далерон добро е се смирува Толку од мене малку тешко е дури да се вклопат големите во шема па после ке земиме ред
Добар ден. Девојчето мое во градинка е. Кога ја земам све сакам да знам одма, ја бомбардирам со прашања, а она преморена, кенкава, едвај чека да дојде дома и да се опушти. Па баш ги најдов овие совети, ептен корисни, ќе ги применам да видам каков ќе е ефектот. Посебно последното е многу вистинито, навечер кога ќе си легнеме почнува да зборува и ми кажува секакви работи, ептен е интересна. Spoiler Сака да оди многу во градинка, дружељубива е многу, ужива таму. Кога ќе дојде јаде обавезно и залегнува малку да гледа цртани еден саат, да се одмори. Потоа пак излегуваме заедно, па се прибираме, вечера и спиење. Баш ми се допаѓа распоредот на денот, исполнет и е сосема. Честитки за @TeddyGrey, нека тече све со лесно.
Добар ден мајки, моето бебе е 8 ипол месеци и од понеделник ќе тргне во градинка, бидејќи за 2 недели јас почнувам со работа. Многу се секирам за тргнувањето, како ќе биде, дали ќе има многу плачки, како ќе го гледаат, хранат.. Еден куп прашања и грижи. Прво внуче е и сите се премногу околу него, знае дека е центар пажња и секој му оди по кејф, па не знам во градинка камо ќе се понаша Инаку ќе оди во Аеродром во Калинка, па ако има некоја мајка да сподели како е во јасли, колку време се таму и се што и текнува, а е добро да знам...
@TeddyGrey со лесно до крај и стискам прсти за мома. @RainBow јас пак мислев само мојта е кенкава по градинка.Овие советиве на сопствена кожа ги осетив.Сама ми викаше по градинка ам ам.Па кога се враќав од работа секогаш купував по некоја ќифла.До дома ќе ја изедеше и додека ручекот го греам или готвам ќе кажеше пак ам ам.Јадеше од ручекот и после 30мин пак ам ам.Се чудев дали нешто има јадено.Додека да вечера јадеше уште 5 пати.Слаба е како стапче. Плака и е преморена секогаш после градинка.Не сака да ја прашувам ништо.Затоа ја оставам сама да си каже и дознавам повеќе без да ја прашам.Сега откако сум на породилно ручекот е во 15ч готов и одам и ја земам тогаш.Штом дојдеме дома одма јаде Нормално ја оставам да гледа тв оти е преморена, а после ручекот одиме и шетаме пак. Во таа шетна си разговараме за денот на градинката . Добар ден мајки. Да ве поздравам на кратко.Бејби овие неколку дена е многу напорна не и се погаѓа ништо.Јас едвај мрдам,еве ме.Навечер ме буди на секој саат,на цицка дреми цело време,ако ја тргнам се буди и бара пак да ја приклучам на "полнач". За викенд бевме на еден фест повеќе беше политички митинг.Со песни и рингишпил.Моравме да носиме дека сме оздравени.На отворено.Ова пандемија веќе ми е преку глава. Ама многу убаво си поминавме.Големата јаваше пони, се возеше на рингишпилот и скокаше на душекот.Не изненади колку само пораснала и не се плашеше на ништо . Бебето пак не спано си кенкаше цело време, ама оти гласно не го слушав. Во неделата со братучетка ми и нејзините бевме на фест на змејови.Ама небеше нешто како очекував.Важно големите се изнабањаа во гадната вода од еден како базен. Малата ја оставив на земја ја искоси цела трева и сакаше да ја стави во уста.Сакав да им кажам на тие во паркот да ни дадат поврат на пари оти добија еко косилка. На враќање бебе 1,5ч плакаше и никако да заспие во кола.Кој не спие во кола не знам?Големата па се изнаспа без да ја чуе. Леле дошло 15ч.Да одам да се спрема и да тркнам по големата.Имајте убав ден и гушкајте деци.
Се породив пред 2 месеци. Во бременоста ставив само 5 кг. На пораѓај имав 55 кг, а дома се вратив со 50 кг. Цела бременост примав клексан, и 2 недели после пораѓај исто така. Ддимерите после пораѓај ми беа 4000, а во текот на бременоста ми беа во граница на нормала. Две три недели по породувањето нозете некако ми се здебелија и ги осеќам многу тешки. Особено кога треба да клекнам во колената осеќам болки и општо по цели нозе. Пред бременоста бев многу активна, во бременоста не. Со што е поврзана оваа состојба со нозете? Ддимерите ми се средија. Немам физичка активност, освен по дома
Добро утро мајки. Јас еве го допивам утринското кафе. Нормално денес неработен ден и мали стана во 7:15. Да не изгубам рутина случајно еден ден ако поспијам. Татко му на планина отиде инаку ќе го предадев и ќе подремев уште малку. Два саати се поминати како сме станати, а ние веќе скарани. До сега го молев кајгана од едно јајце да изеде. Многу се нервирам вака кога не е добар што му попуштам, после ред не можеме да фатиме, ама како што беше полн со шлајм уште плачки ми требаат и да се удави во шлајм. И така магичен круг. Јас си се нервирам, а тој се лигави за се. Фала богу проаѓа брзо. Тт имаше само еден ден и не повеќе од 37,5 к.с. не е страшна, многу благо покачени гранулоцити и црп, брисеви чисти. Останува да досредиме мрсулите и во понеделник назад во градинка. Тој и за утре мислам е спремен, ама ај нека се досредат мрсулите зошто лошо искуство имаме си секрет и уши. @Anaouou среќен роденден на малиот Матеј. @forumce честики за нов автомобил, со здравје да си ја возите и многу да шетате сите заедно @TeddyGrey честитки за убавите вести. Со лесно до крај @Snowflake92 се надевам дека веќе сте добри и домче се чувате. @RainBow многу убав совет. И јас го напаѓам само што ќе излезе од градинка и се чудам зошто ништо не кажува. Ќе почнам вака да применувам за да видам што ќе почне да раскажува. Ајде да одам да анимирам дете, доста беше цртан за сега. Вака ми е најтешки со него кога не можам да го извадам надвор. Мислам можам, ама треба да го носам некаде на страна кај што нема деца, зошто ако ги види ќе сака да игра, а бар уште денес не би го пуштала. Да се врати татко му па ќе го носам до Водно малку да се истрча таму. Имајте убав празничен ден
Здраво мами. Давајте мислење дали ми е потребна бебешка торба, за прошетки и излегувања од дома. Со првото дете истеравме со ранец, стандарден, и јас и татко го носевме.. Сега со второ мислам дека полесно ќе ми биде за организација со бебешка торба, оти ранец со детски и родителски работи секако носиме.. Препорачајте дали вреди, гледам не се баш евтини, од која торба сте задоволни и зошто.
Здраво јас купив ташна марката е Kika boo се става и на количка се носи и како ранец. Има место за се, собира многу работи внатре. Ја купив околу 30 евра. Иста има и на Cangaroo околу 22 евра беше.
скоро 25 месеци сме јас позитивна 9 дена малото претходните 2 дена со тт до 39 немам намера посебно сега да го одбивам. Додуша цицаше само за спиење ама ко ќе не е добро си цица многу повеќе. Седи со маска и тоа е. Не го одбивај преку тебе и антитела ќе прими
@TeddyGrey Со лесно! Ќе се подмладиш со бебе, да видиш како ќе се ресетираш @mal.ecka Гушки и до вас! Добар ден. Големата во градинка, бебе нана. Печев некоја пита, ставив ручече за бебе, пуштив машини да вртат. Немам работа, чудно ми е да седам вака. Се мислам за кафе, ама секако бебе ќе стане дури го сварам, па си седам мирна и во очекување сум на алармот Големата без проблем почна да станува,и едвај чека да оди, не јас туку татко и сака да ја носи. Уште поубаво, него успат му е дека тогаш оди на работа, па јас останувам дома и средувам што има дур бебе спие. Е сеа што дома има сеуште испади, нема везе. Битно се адаптира за три дена, и одма остана да спие таму. Го гушка воспитувачките, игра со децата, јаде, мирна е и злато од дете-ми рекоа Уште да се среди ноќното спиење, да легнува во 9 и супер ќе е. Мислев никогаш нема да се одбие од цицо-без проблем се одби, мислев нема никогаш да тргне во градинка-без проблем оди, следно ќе мислам дека никогаш нема да легне порано да спие, па и тоа да се среди Откако наполни три години ко друго детенце ми е. Одеднаш ми порасна некако .. душа моја. Додека не е дома на раат да погушкам бебе, после ја фаќа љубомора и не ми дава многу многу да и посветувам внимание Отидов. Убав ден имајте
Мајкии поздрав. Еве ова недела одиме во градинка после 3 недели пауза добро е пу пу седи до 13ч бидејќи не ме вратија на работа после неплатени 3месеци што ги зедов. Се нервирам нешто не сум научена без работа можеби и тогаш ќе ми е потешко ама не можам веќе само пери, пеглај чисти и трчи по дете (во фаза на породување сме). Маж ми по цел ден речиси н работа ма полудувам. Друго нешто дали ние сме единствени што не се играме со ништо и не гледаме цртани? Не се заигрува со ништо осим со некој кабел полнач и тоа кратко 5 до 10мин? Значи само сака да оди да пипне се да бутне растури и така цел ден се маваме. Добра ноќ мајки.
@Anaouou не сте единствени. Цртани ТВ телефон не го занима, 5 секунди не седи а камоли 5 минути. Добра вечер мајки, ние сме дома не пуштија од болница. Фала богу и од лошото пак добро бидна на крај. Бргу се опорави со терапија и сега е супер. Си ужива по дома се чуваме со кој стасаме зошто мама на работа, тато уште некој ден во изолација и потоа и тој на работа а планот з апочнување градинка ни пропадна сега за сега мора да се одложи млаку. По цел ден активен во последно почна и многу потешко да заспива за дремки и навечер. Изморен е а се тегави се тегави за заспивање. Душа моја, многу е интересен секој ден нови работи учи, сак аинд аоди па тупнува со газето само се молам да не се тресне некаде и да се повреди зошто реално тешко 24/7 да стои некој до него. Лека ви ноќ се читаме
Добро вечер мајки Ептен наеднаш паднаа температурите, па дури и пуштив греење во вц, вечерва дури го бањав бебето. Но добро е што се шета цел ден. Кај нас има ново, си имам внука од брат ми Кукличка малечка на тете Со оваа короната кој знае кога ќе ја видам во живо.. Планирам да одам деновиве до градинка да видам што како за документи, ако има место во нашата да средуваме од сега. Многу брзо минува времето. Во Февруари морам да почнам на работа. Работното место ми стои, го покриваат колегите, ама ако не се вратам, ми кажаа ќе вработат друг. Сега во време на корона не ми се остава работа и ако се вратам ќе ми ја покачеле платата. Бебе треба од 8 месеци да го носам во градинка, од сега ми е страв како ќе биди. Тој мислам побрзо ќе се навикни од мене Уффф... оваа особина најмногу си ја мразам.. доцна во ноќта мислам како ќе го оставам во градинка хаха.. Со бебеуш бевме сами 4дена, мм беше надвор од градот. Втор пат останувавме сами на неколку дена, супер поминавме. Шетавме цело време, се дружевме со комшиките со мали дечиња.. Бебево секој ден прави нешто ново. Од вчера почна да вика на глас, како да писка. И кога се смее писка и кога плачи. Писка, па после кашла. Сега ми е смешен, ама ако продолжи вака ќе треба на ушно да одам хаха.. Сега читам што сум пишала, се неповрзано... Како ми текнува така пишам..
Здраво мамаситас Конечно да здивнам и да шкртнам и јас тука неколку реда… Пред неколку дена си дојдовме во Скопје. Не можев веќе ми фалеше дома. Охрид последните денови беше милина и рај за шетање, немаше гужви, времето подзалади, ние ништо есенско во нас немавме. Се навикнав некако тука 3 месеци ама ептееен ми фалеше дома, пријателите, прошетките низ Парк, во маало… Мм ќе продолжи од дома да работи што ми е супер, вака дома ќе може детската соба да си ја користи како канцеларија без да му смета ќерка додека работи. Она брзо се привикна, се ѝ беше ново и интересно, кога дојдовме Охрид беше ептен бебче, само се превртуваше, а сега лази и оди за мебел фатена Ќерка, ахх ќерка…шеќерка моја. Секој ден со нешто ново ме изненадува Пред неколку дена ми прати бакнеж, абе се топам, ја обожавам. Не застанува ни секунда. Душата ми ја вади. Не и давам телефон и не и пуштам тв и цело време сум околу неа. Сега е во 7 скок, многу покенкава, не знае што сака, де се смее, де плаче, и се спие-не сака да спие, и се јаде-плаче кога ја седнувам во хранилка. Во секунда менува расположение. Чудно е како сум повеќе полна со трпение него претходно, ова Охридов навистина ми ги наполнал батериите. Ми се смачи мене од дома седење и се околу неа…Ќе почнам да си барам работа. Сакам да излезам да се дотерам, да сменам средина, а не во хеланки и дукс да седам по цел ден. Ми летна годината… 2 месеци до роденден а јас веќе почнав со нарачки од Алиекспрес Нарачав балони, сама ќе украсувам. Мерак ми е ептен. Незнам уште што ќе биде темата, ќе биде нешто во есенски бои. Иако со коронава тешко дека ќе се слави роденден во кафана во ноември, се мислиме веќе ако правиме, некако да ги поделиме гостите во 2-3 дена дома, до кај 7-8 души максимум од вечер секако ептен најблиските ќе ги викаме. Ама и да не правиме ништо, секако ќе си украсам. Ми е криво што никако не се прослави раѓањето, немаше мекици, од кај мм фамилијата беа со Ковид, крштевка сакавме крај на летото ама и тоа не го направивме, роденден којзнае како ќе се прави. Но не ми е важно, важно да сме живи и здрави. И тоа имам засега да кажам… Главата на перница и заспивам, уморна сум многу Добра ноќ
Добра вечер мајки Дојдовме на летување, ама наместо да печам газе, јас се туфтам со алишта. Мразам есен и зима и секој ден шо е ладен и веројатно до наредна пролет јас уште илјада пати истово ќе ви го пишам. Синче како друго бебе да е. После громовите од трет скок, јагне имам луѓе. Вљубен е во брановите, не можам да ја опишам возбудата на секое плискање на водата на брегот. Му велам на мм да собираме пари за вила на море а тој ми вели ќе собирал пари за викендица на планина, да имал кај да оди кога ќе ме фател климаксот. Се пожалив некогаш на спиењето на меденко? Ако да, тогаш си го повлекувам назад. Да не е за подрек (потенцирам) од ко дојдовме тука, навечер врзува пак по 12ч и преку ден 3 дремки по саат-саат и пол. Па и в количка седи да го шетаме. Татко му му е идол, покрај него мене на игнор ме става. Го прати со поглед и ако либе зборува, меденко вика, ако му се обраќа него, овој се смее, ако му брмчи, тој враќа. Колку што се топам, толку сум и љубоморна. Пак имавме дешавка со неговото вриштење од други. Бевме седнати на ручек и една жена онака преслатко му се обрати бејбиии, леле кога рече плачам никој освен мајка му и татко му не смее да му се обраќа. На два пати на моите, еднаш на од мм им пиштеше до помодрување, па макар и на 2 минути ако не е тука еден од нас двајцата со мм. А не беше такво бебе. Тек па кога ќе се вратиме во ск и нема да ти гледа воопшто на подолго време Кај мене нема ништо ново. Ептен ми годи шо конечно маж ми е на одмор, па имаме повеќе време за нас. Ми фалеше искрена да бидам. Штом се вратиме од одмор, во тие денови што му остануваат додека почни на работа, се договоривме да изгледаме некоја серија од тие што ни се почнати, а излегле нови сезони. Едвај чекам. Кога ми се до мене двајцата, ништо не ми е важно. Ќе си се испратам сама дури не сум почнала да се лигавам. Добра ноќ Гушкајте ги љубовите ваши и мали и големи. ❤️