@24.07 сваќе торта нешто?Среќен роденден на зетко.Жив и здрав да биде и секогаш горди да ве прави. @marchi-cool сочуство . Здраво на брзинка Значи есен и зима кога ќе ми спомнат прва асоцијација ми е болест.Деца и јас настинати со растечени носеви и кашлици.Среќа немаат тт. Од овие болести што се не испушти големата.Вчера требаше да одат да едена мала зоолошка.Ама не смеам ради короната да ја пратам со растечен нос и кашлица.Денес го испушти часот за забавачињата и така уште што ли не. Бебево пак па е со црвче во газето, само мрда.Денес пак ми падна од спалната ама врз ќебето на мм па ме викна само еее .Јас влегувам и го нема на кревето,одам од кај страната на мм и гледсм бебето на меше и ми се смее.Мене пак срце ми застана.На комодата не можам да ја додржам, а ништо не разбира. Утре сме на заболекар со големата ми се темни од помислата дека треба да и поправат заби на 5 год.Јас немам здрави заби ама па зошто не зела ген од золвата на 37 години поправи прв заб.Или на мм или на сестра ми.Ама еве гени не прашуваат кои да ги земат.Бевме пред 2 недели кај нејзината матична и жената се дрзнала да каже дека касно сме го виделе и не сме биле редовни на забар.На 6 м се одело.Ние на 3 одевме.Последен пат бевме на крајот на јануари ради бебето што се роди во феб, а сега се јавив во август кога и го видов скршен забот и добивме по 4 недели термин оти др била на одмор т.е во септ.Таа не го видела забот.Јас не бев мм беше и ми рече дека ич не ја молеле само рекле на целосна анестезија да ја носиме.Јас закажав кај др доктор па се надевам без анестезија да поминеме.Држите среќа. Денес поправаше големата цел ден заби.Направивме уста со хартија и внатре заби од пластелин .Цел ден само поправа и вади заби и му вели на човекот:-ма не нема да боли или малку ќе боли.Кутриот човек без заби остана сите му ги извади оти многу расипани му биле и му се клателе. Мачно ми е со две.Кога не можам да ја изнесам ја терам да се симне до долу и пак да се качи.Да истроши малку енергија и нормално да не ми скока по цел ден по креветите. @Alishan30 да пише како е убавицата, на градинка се прилагодува ли лесно?Се спремате ли за роденден ,што мотив ќе имате? @Monella исто за роденденот да пише и да не не запоставува нас форумските тетки со по едно парче торта. Двете да частита иваа снага мора да се чува. Пред малку бевме до продавница со големата и на излавање истураше дожд .Зградата ни е паркингот,па огромен тротоар, па улица пак тротар паркинг, улица и тритоар и влезот.Гугл вика во 23ч ќе престане , па трчавме до дома.Мокри утоп па влеговме да се бањаме заедно со големата.Среќна толку ме гушкаше,да не беше бебето разбудено уште ќе се бањавме.А бебето па кога е не виде луто па еее вика и плака, како демек каде без мене. Пуфли мои најмедени. Поздрав мамици имајте убава вечер.
Добро вечер мајки И благодарам на свеќата @Ava.84 што се сети на мене, ме потсети да се вратам на најубавата тема, ако не редовно барем понекогаш да видам како сте, што има ново. Некогаш темата ми беше секојдневие, ретко ден да прескокнев. Можно е повторно да се вратам Ама сега појака од прво, да бе, многу сум јака, исто како поплава да ме исфрлила, или пак сум буричкала во штекерот па наелектризирана сум целата Да ме грабнеш и да бегаш. За тоа во друга прилика, да не биде уште првиот пост дека се жалам, таман ќе каже @gjoker4e која марка на сладолед прави вакви чуда да си видам раат и јас. Ние арни сме. Дечкото оди во училиште, ќере уште еден ден ќе има роденден, помина една година откако се породив и никако да се организираме, а и хормоните уште ми се пореметени изгледа, косата ми паѓа како луда. Среќа не се помрднувам од моите 56кг. Инаку ќерка ми е (за среќа) е сосема различна од брат и за храната, таа барем јаде, баткото уште знам да го хранам (има 7 години ) Маж ми? Тој машала си има апетит не ви кажувам колку тежи, да не му се смеете Туку да ви кажам, од толку карантин што одлежав овде во Италија, најстрашното од овде почна и не прележав, пишано да ми било во Мк короната да ме најде Среќа лесно поминав, да не изгубен мирис и вкус немаше ни да знам, децата поминаа со по три дена тт и толку. Проверив антитела, ок сум. Имам многу за пишување, ќе оставам нешто и за друг пат. Заспа малата, одам под туш. Поздрав мајки, мирна ноќ
Секој ден лудница Со две мали и деца секоја минута ми е предизвик. Ќерка од саботата не јаде ништо, ако и дадам нешто почнува да се дави и сосила кашла додека не поврати. Ако ја оставам сама во истата секунда е направен хаос, исчкртана е цела соба со пенкала, од ѕидови до кревети, па денеска зела едно чоколатце го стопила в раце и ги измачка цели ѕидови, ова додека ја гледав Лудница. Бебе плаче ако го оставам на секунда, цел ден е в раце, ми се случува од 8 до 6 да не се помочам Прегорев скрос, бебе е као во скок а и сто посто сум сигурна дека го мачат забите, престана да цица веќе неколку дена ретко навечер заспан ако поцица, инаку се одмолзувам и давам ад. Големово петокот летна од лулашка на бетон, среќа не ја пукна главата, на колена се пречека. Од саботата со стомачен вирус, се посомневав на потрес на мозок па ајде во друг град во ниедно време со двете, ама фала богу добро испадна снимката. Мм е као на одмор да биде малку со нас дома, арно ама нон стоп по минимум 5-6 саати е излезен со други "обврски" па исто ко да е на работа. Сега разбрав зошто не сакаат две деца на мала разлика Мои се, ги сакам, ама полудувам и незнам како да се смирам. Незнам како да ја натерам ќере да касне нешто без да го поврати, минимум 2 кг е ослабена изминатиов месец. Освен нејадењето имаме проблем со однесувањето, има братучетка тотално невоспитано и лошо детиште, колку и да ги разделуван во еден двор сме и се гледаат често, почна да се однесува исто како неа, вика треска, се кара, ржи... Незнам навистина начин како да се опоравам со неа
Добар ден и од мене Бебе спие, јас топлам остатоци од вчерашниот ручек, да не оди зијан Надвор грми, се спрема невреме. Не знам дали постои човек што повеќе ужива во грмење и светкање од мене Љубов која ја наследив од татко ми, секогаш кога беше такво времето седевме на тераса и уживавме. Секогаш ќе ме потсеќа на него Одмор помина, јас се вратив со +2кг, маж не сака да застане на вага, бебе сака по три пати на ден да шетаме надвор Се видовме со многу драги луѓе и планирани и непланирани, ама претпазливо и се на трчање, со бебе и како на друг начин Освен долгиот и стресен пат натаму и наваму, се друго ми беше преубаво Бебле ги запозна сите што нон стоп ги гледа на камера и одеше кај сите Дури и остана сам 2-3 пати со нив, додека јас и татко му трчавме за документи. Е за спиење, нема шанси. Мама и тато и точка Тука си поседовме 5 дена во карантин, убаво ни дојде, да се одмориме од одморот Маж си се врати на работа од понеделникот, јас и бебле сами си се враќаме во нормала А бебле каков живец е, мајко мила, минута не седи мирен Се обидува да лази сегас, крева газе, витка ноџиња, главата зариена на под и се бутка, а не му текнува рачиња да мрдне напред. И ќе му текне, ќе дигне глава, да види до кај стигнал, ќе види пак на исто место е и ај ќе почне да се бутка назад Назад веќе му е усовршено Во вторник сум на родителска Многу ми е смешно, си викам - почнува мојата кариера на брукање на детето Малку трема ме фаќа Вечер имаме дејт најт со маж, ако заспие бебуш Да го догледаме документарецот за Шумахер, вчера почнавме, па бебе се разбуди и така остана. Направив синоќа протеински пудинг, со овошја, лешници, темни чоколади и што ти не, за да маж ми, откако го излапа, ми каже - дај сега нешто благо Е вечер, ништо, нека си чмае Имаме еден многу важен термин денес за маж и бебле, а маж е на пат и заглавил во некои гужви, не знае дали ќе стигне. Место не ме фаќа, не знам дали да одложувам или не, многу ми е срам така ако треба во последен момент да откажам Па и колата ми ја земал сабајлево, сами да отидевме со бебе, барем за него, па маж да дојдеше таму директно, ама ништо...уште се надевам дека ќе стигне на време Одам да фатам некоја домаќинска работа, додека спие бебле Чувајте се
Здраво мајки Деновие синко почна да ми скока дремки. Вчера во редовен термин не заспа, околу 3 и пол го фати дремка ама го оставив да дремне 45 мин. Денес заспа и по 40 мин се разбуди. Затоа навечер спие од 22 до 9 наутро. Заби и некадење веќе не се проблем ама затоа не јаде ако му се кака. Има запек и додека не го испразни мешето јаде малку колку да врти нешто во стомак. Вчера сам бараше да јаде!!! Не знам да правам, јаде и супи и овошје. Дајте предлог што играчки да му земам, овие му здосадија. На пролет ке тргне во градинка па таму ке се игра со врсници. Сега едвај чека друштво, сака да се совијализира а нема со кого. Гушкајте ги малишаните, пребрзо растат.
@mamaJana кај што те прочитав со ѕидот од собата, се сетив на мене како дете, на ѕидот од фасадста од куќата на моите со мрсни бои учителка ди игравИ тоа кај влезната врата Можам да замислам кој нервен слом го доживеала мајка ми а во истата куќа и чичко ми и стрина ми живееа Па си замислив баш скоро, ако оваа мојава искочи на мене, ќе ѝ направам во детската соба онакви ѕидови со тапети пиши-бриши како табла. Па нека црта до утре ( иако знам дека баш кај што не треба ќе шкрта ама ајде нека си замислувам јас) Добро, кај што ве читам сите со деца на мала разлика, само јас ли сум луда што сакам уште едно за брзо? Сакам заедно да си растат и да се дружат. Ама изглеа тоа е само розовиот дел на приказната а за да остане таков веројатно ќе треба 24/7 достапен баба-сервис, ако не за чување деца, за помош низ дома. Ај да не биде само се фалам. Деновиве ми се тотален хаос. Не знам кај терам значи во вакви ситуации ич ама ич не сум организирана. Ќерка во 7 скок, околу громчето. Што ќе беше ова бре мајки. Во ѕвер ми се претвори девојчето! Абе по цели денови само околу мене, низ нозе ми се плетка и плаче за во раце. Не ја интересираат играчките веќе, не се заигрува подолго од 2 мин. Ќе поигра со нешто 2 мин и одма рика, инаку претходно ќе си фатеше друга играчка и така ќе си играше со сите, пола саат сигурно раат си работев низ дома, можев барем еден ручек да спремам. Сега еден ручек најпрост најбрз, 2 саати го спремам Денес несакајќи ѝ ги потфатив прстињата до машината за садови Жива се изедов. Не јаде апсолутно ништо. Викендот ја фати некој вирус со покачена температура и од тогаш со молење јаде. Ај тогаш ќе речам истоштена од вирусот, а сега? Се дере кога ја седнуваме во хранилка. Бута прсти во нашите тањири сака од нашето да јаде. Се надевам нема ова да трае долго и ако се заби во прашање нека ѝ никнат што поскоро зошто ќе ослабе а и онака е како соленка слабичка. Спиењето ѝ е катастрофа, сѐ и е испореметено, а колку убав ред си имаше. Ноќе само се тегне се превртува, ептееен немирно спие, го избркавме татко ѝ во дневна да спие, она со мене на спална за прв пат откако е родена. Ептен бев против за да спие на спална со нас, ама сериозно не се издржува. Ако не ја нишкам со раката ќе се расони и после ќе праиме ноќна журка..а креветчето ми е наспроти нашиот кревет, но и да го спојам, не му се спушта страната.. И во целиот овој хаос со неа, јас решив дека ќе правам генералка дома ама баш со расчистување плакари, витрини,кујна со се елементи, ама баш сѐ. Еве денес само пола ВЦ го исчистив хахаха. Како што тргнало до Нова година ќе завршам веројатно Можам уште да пишувам, моментално малава у раце ми спие а јас легната на спална, шушти ова бели звуци (мозокот ми е тапан од нив ама барем неа ја смируваат), ама ќе се потрудам да ја стасм во креветче и да спијам зашто очекувам дека за некој саат ќе ме буди пак. Добра ви ноќ
После долго време мајка куца од работно место. Да бидам искрена и многу ми недостигаше. И бебе го испратив во градинка во чест на тоа поглавје ке го напишам овој емотивен пост. Второ дете едноставно самиот чин на испрајќање во градинка не е толку страшен како кога испрајќаш прво Зошто е тоа така? Дали вината да си ја барам во себеси? Или повејќето сме го доживеале тоа чувство сосема поразлично од кога го испративме првото? А боже кога пројде година? Да тоа бебе за многу брзо ке прави година. Го помнам тој ден многу убаво,рано сабајле јас распадната,не не беа тоа физички и породилни болки тие брзо поминуваат. Душата почуствував прв пат како ме боли. А тоа беше за првото бебе што го оставив дома и дојдов да се запознаам со новото сонце. Чудна болка е таа,чудни мисли имав дали јадел,дали ме барал. Како ли ке спие без мене. Како една мајка може да биде истовремено на две места? Некои чудни емоции,ми се вратија сите прекрасни моменти додека лежев и чекав се присетував на рајѓањето на моето прво СЕ на светов. Мирисите негови ги чуствував насекаде. И тогаш го слушнав тој плач кој многу многу потсетуваше на него. Некако издишав. Како да се вратив во реалноста и ми го покажаа него. Толку слични а различни. Како поминува година со нив пројдов низ секакви бури. Многу тешок период имам зад мене. Среќна сум што го надминав. Некако научив да живеам живот со нас четворица. Долго време ми требаше да го прифатам фактот дека сме четворица. Се јадев и обвинував дека јас сум причината што моето прво бебе немаше прилика да биде бебе на негови годинка и пол. Мораше да биде батко голем. Но благодарение на него јас научив како да не се плашам и да го израснам баткото негов. Можеби сите стравови поврзани со животата лекција бебе ги истрошив на него. Некако опуштено го растам. Се разбира внимавам на опасности но далеку сум опуштена во смисла го лижи паркетот и дали шишето паднало а тој во уста го ставил. Ако само нешто посакам за нив е тоа да бидат здрави. Само толку. А од мене и нивниот татко би ја добиле лекцијата за тоа како да научат да се борат во животов. Цврсто на нозе. Незнам што ме нападнс ваков излив на емоција може дека оддамна ви немам пишувано Сигурно следниот пост ке ми биде многу брзо каде што ке мрчам дека душата ми ја извадиле
Ме расплака, се ближи нашиот ден и многу ми се враќа филмот назад, и цела оваа година Не сум во состојба да пишам, измешани чувства. После толку неуспеси стигнав да пишам и јас за овој дел. Да помине роденденот и ќе ви споделам повеќе детали. Премногу сум возбудена
Добар ден мајки Навратив само да ве почастам торта, денес мојата втора среќа полни 1 год. Да ми е здрава и жива, и ние со неа. Повелете
Добар ден После 1000год да чкртнам и јас нешто Не знам ни од кај ми време за ова Нејсе... Децата добри Мали ми е уште бебаст некако а уште малце 4 ќе полни Златно дете ни е тој Не вика,тивок е и разбран,дете какво мајка би посакала многу јасно Оптеретен периодот со супер херои Малце напорно на моменти ама ваљда нормално за возраста Напорно со: -мамо не ја сакам оваа маица сакам со спајдермен И така мама уз милионТе обврски бара алишта со спајдермен,долен веш со спајдермен,и така до недоглед... Могли е голема мома Голема спротивност од брат и ама и нејзе си ја сакаме нели,наша е Лудориите нејзини немаат крај Дива е и бунтовна! Доминантна и дрска а толку е мала Карактер со кој на моменти ни е тешко да се носиме а во главно се радувам што е таква Во иднина ќе и е многу корисен мислам Ние со маже твориме Си купивме куќа Обврски еден тон околу неа ама така ни е драго што ништо не ни е тешко Разочарана сум што мора да се селиме и куќата не е во наше селце ама така пишано ваљда Треба да мењаме и градинка... Тажно е ама ќе си одиме во свое и нема повеќе селење Ќе се навикнеме некогаш... Има многу да се пише ама среќна сум и олку што успеав Одамна немам пишано на темава и довиџења @Monella голема да расте Леле една година бе Гушки и за лепотанот
@Monella Најсреќен нека и е! Било каков сладолед, сите се лек. Јас секогаш имам што да пишам кога немам можност.
@Monella среќен роденден,жива и здрава да е принцес.Среќа да ја прати и горди да ве прави.Така де торта . @Mari* честито куќа, да си ја наполните со радост и топлна и уште некое дете .Туку 4 ли ќе направи мали?Зарем се 1 година разлика со Могли?Могли од догодина прволаче ли е?Пиши нешто повеќе за децата? Многу сум даун па несакам да ви ширам негативни вибрации ќе пишам кога ќе сум ок.Вие гушкајте мали.
Реков второ не раѓам, го читам постов и се изнаплакав како магарица. Јас сум единица и во животот многу ми фали брат или сестра. Не знам само како ќе се натерам да го одам истиот пат. Едвај туркам овие 7 месеци, колку и да се прекрасни со ќере. Преморена сум. Се тешам дека наскоро ќе оди во градинка ама се знам себе. Веднаш ќе помислам на второ, природен процес си е тоа... Ќе ми фали пак бебе да држам во раце и сите тие "слатки" моменти поврзани со тоа.
Мали во Ноември ќе полни 4 Могли во Мај 6 Година и 6 месеци Вгодина ќе имаме прваче да Се спремаме уште сега нели Доктори,педагози,логопед... Спремна е за во прво одделение велат Не знам зошто една година пред да почне онолку тестови и чуда на едно мало дете Ама така било овде... Таа е возбудена и едвај чека да почне Посетуваме и логопед заради граматички грешки ама во главно е добра со јазикот Зборува и повеќе од потребно
Добар ден мајки . @Happyinlove Истото би сакала да го пишам.. Мојата беше 2 и пол години кога се роди бебе, немаше ни полни 2 кога забременив, па имам чувство дека не и дозволив да си порасне и да си биде палаво детенце кое што требаше да биде на таа возраст. Наместо тоа таа мораше да пази да не ме удри на стомакот, да биде ограничено колку ја држам во раце, да спие оделена од мене, да биде “одговорна голема дадичка” која мора да пази да не го разбуди бебе, да биде тивка кога спие, да не плаче за сенешто зашто и бебе и се придржува, да не минува многу време со мене итн. Сега има 3 год, и секојден одново се зачудувам колку ми е најпаметна, колку е само созреана за тие нејзини години Никој не ми чува бебе подобро од неа, ова на сите го кажувам Па луѓе, толку е претпазлива,толку и работи кликерчето, што пре би ја оставила малата со неа него ли со мајка ми на пример. И ги дава рачињата да потстане бебе,реди пернички позади и пред неа за да не падне,и дава играчки. и ја игра додека јас нешто завршувам по дома. Пред некој ден и ролетната ја кренала за да не плаче бебе во темно. Малово цело време насмеано со неа, глас не пушта за плачење. Ја обожава Болни и двете се. Таман се навикна во градинка и од понеделникот е дома. Со тт,со кашлање.. Малово само кашла,нема тт, ама кашлањееее... аууу,страшно за слушање. Секој месец атб пие големаа,денес и бебе ќе носам на доктор,осеќам и неа ќе и дадат пак.А до пред две недели го пиеше **** од сабајлево си стои напишаното. Поминавме без атб за бебе, само инхалации. А јас па колку сум некако преморена,ко скапана деновиве. Не правам ништо, а правам се, само не одмарам. Ќе се срушам. Како ли ќе бидам со ова темпо за еден месец кога ќе почнам со работа..лудило Бебе заспа, дадата кај мајка ми на викенд. Мене ми е мерак само да лежам до бебе и да скролам по нет. Ништо друго. Убава и мирна вечер @Monella Среќен роденден на девојчето, гооооолема да расте! Живи и здрави да сте
@Monella среќен роденден на кукличето голема да расте @Mari* честитки за куќата да ја полните само со радост❤️ @Happyinlove @Alishan30 ми се насолзија очиве читајќи ве, додека да трепнам порасна и моето девојче. Како вчера да беше кога се дружевме во Труднички @Chanell* со помин на куклите твои. Мислам дека без разлика на тоа колку ќе биде разликата во години меѓу децата, секогаш ќе имаме некое такво чувство за првото дете. Јас барем така си мислам. Сега во моментов сакам за брзо второ ама знам дека кога ќе дојде моментот околу пораѓајот би ми било исто претешко за ќерка ми.
Фала за честитките мајки, да сте здрави и живи. Роденденот помина, малата задоволна, мама уште повеќе Прославивме со најблиските, брат ми, сестра ми и едни комшии, малата беше мирна, цело време играше со брат ѝ и братучедовците. Од утре нема да ја викаме бебе туку дете Тортата ја правеше жена по порачка. П.с не сум во Мк. Мирна ноќ мајки.
Добро утро. И ние славевме роденден на поголемата пред некој ден. Полни 4 год. Колку бргу помина времето. Ептен убаво си поминавме. Најинтересен ми беше моментот кога се сликавме со деверот, и неговото синче и мојата го фатија шлагот на тортата и почнаа да јадат. Има и слики со рацете полни шлаг во устата.  Ќе извадам слики да се гледат кога ќе пораснат. Малку и се преморив, ама кога се слави роденден дома е секогаш така.. Малата вчера ја носев на вакцина. Требаше пред 1 месец ама беше болна и пиеше аб и затоа одолжив. Ми качи тт, беше многу плачлива и не даваше да ја допрам за ножето, ја болеше. Едвај заспа вчера, дадов блокмакс и барем мирно си спиеше цела ноќ. Се надевам денес ќе биде подобро. Таман пишав дека ќе си варам кафе на раат да пијам, станаа и двете. А големата во 12 заспа синоќа. Нели ѝ се спие, не знам. Ајде имајте убав ден