@Lovebug01 розевата страна, убаво кажа. И јас сакам деца на мала разлика, другарчиња, да се навикнат од мали еден на друг. Арно ама додека се случи тоа ќе е вака.. Најмеко кажано динамично Три дена во градинка и му кажавме добредојде на стомачниот вирус по втор пат во месец и пол. Болни се двајцата, температура, повраќање и се по ред... Дома хаотично, ама ајде ќе помине и ова.. Од понеделник пак сум сама со двајцата, мм тргнува на работа, па еве го три дена ме жали како сум се снаоѓала сама со двајцата. Пресек од вчера пишано беше ова, денес друга приказна. Ми се оправи ќере, почна по некое залче да казнува, многу големо олеснување ми е што можам да ја убедам да ги пие електролитите и витамините, кога имаше 1 година закачи рота вирус, месец дена окапавме по болници и инфузии од дехидрираност, мала беше неможев да ја убедам за ништо, сега и кажувам за да му е подобро на мешето и сама пие или бара кога ќе ја заболи меше. Малечкото гризе корне, незнаев каква е таа болка досега ама барем почна да цица, окапав со Пумпата по 10 пати дневно се одмолзував деновиве, несакаше да цица. Гладна куче сум, цел ден, секој ден. Апетит лудница, таман се вратив на килажа од пред бременост и пак ете го рипна стомакот, дијастаз 2 прсти ако не и повеќе имам, џабе раце и нозе слаби кога цициве и стомаков ми се ко топки Не одам на работа за интервјуата што пишував предходно, платата што ја нудат не е соодветна за обврските што ги наметнуваат, побарав повеќе и не се прејавија, па и мене некако ми олесна дека ќе поседам уште малку дома со децата. Заспав бебе, следна е ќере ама таа ќе спие со татко и. Моментално мм свири гитара а таа пее некоја пресмешна песна, измислува сама и рика на цел глас, душа ми се полни Јас со безалкохолен туборг се филмам дека густирам саботна вечер за сите
Мнoгу си jа сакам темава ама времетo сo малo бебе и тoдлерче не дoзвoлува мнoгу да се пишува. Вo врска сo деца на мала разлика би кажала преубавo е ,нo има и тешки денoви. Oд какo е рoден баткo, oваа недела ми е наjтешка. Бебе на 3.5 месеци сo наoд на плуќа, тoлку ми е жал се чуствувам винoвна ,а нема за штo. Весел е, мил, златен...не мoжеш да гo приметиш дека има мака. Наjверojатнo закачи oд дада (инаку иде вo градинка), па сеа и дваjцата се сo антибиoтик. Наjтешки се oвие денoви кoга се бoлни... Вo сите мoменти кoга е лудница самo си мислам "ќе пoмине тешкoтo, ќе пoраснат oд еднаш, пoсле ќе се oлабавиме сo маже). Дoдека идеше малата вo градинка прелеснo беше, сеа сo дваjцата дoма никoгаш не ми е дoсаднo. Пресреќна сум штo дада мнoгу гo сака бебе, штo е тoлку нежна, внимателна сo негo. Па кoга ќе земе трoпки и гo занимава, смешки ми е..па му збoри бебешки, сама си се смее (самo oна си знае штo му збoри ). Не е љубoмoрна нo гo имитира, една oд рабoтите легнува вo пиjанo (пoдлoга за играње) и ги удира играчките... Сака да седи вo релаксатoр, транспoртер.. Дoбрo сме oрганизирани и пoделени сo мм oкoлу децата, oбврските пo дoма, успивање, бањање па не oсеќам некojа тежина. @Happyinlove мнoгу пати сум гo пoмислила тoа дека сакав пoдoлгo да е една, да и oбрнам внимание какo штo треба. Нo изненади втoрoтo бебе па сега се oсеќам какo близнаци да рoдив, какo oд еднаш двете да сум ги имала. Oд сега редoвнo ќе пишувам Дoбра нoќ маjки и да имаме мирна нoќ.
Спие девојчето мое, си легнав и јас, лежам до неа и ја слушам како рамномерно си дише. Рачињата и се на мене, до мојот врат, нејзиниот омилен дел од мене. Ќе ми фалат премногу овие моменти. Овие моменти на апсолутен мир во срцето. Обожавам што спие уште со нас, обожавам што ноќе кога нешто ќе се исплаши во сон веднаш ме гушка и се бутка во мене. Кога ќе ми рече сонливо ноќеска мама те сакам, само зашто сум тука до нејзе кога ѝ било потребно. Утрата кога ми се насмевнува поспано, па си се гушкаме и закачаме. Колку само ќе ми фали... Полека време, не брзај.
Добар ден мајки Денес е најубавиот мој/наш ден. Дотерани, среќни и правец во болница, само за неколку часа ја запознав неамојата Јована, памукче меко и миризливо бебенце, кротко, невино. Секоја грижа од претходно се заборави, дур ги гледав најубавите нејзини очиња како цреши. Потоа 365дена поминаа многу брзо, ред плачки, ред смеа, ред гушкања ми порасна памукчето, сега е памукче- ама детенце. Преубав помин имавме за роденденот. Милата таа се смееше, ракоплескаше, ммкаше, спиеше, ручкашенајубава на мајка, се радуваше баш наивно на се, од украси и балони до поклончиња. Дури изненадено викаше "еееј". Мајка со 3 бедоксина, и нервози до последно заради дождот, го оддложи роденденот за покасно, па среќа се разведри и потоа беше супер. На отворено, со најблиските, сами ние во еден прекрасен амбиент прославивмеизмешани емоции, немав време ни да размислувам за нас, најбитна беше таа, и само таа. Денес не разбуди со новинка, ново запче. Ја однесивме во градинка, била тажна за нас, и сега еве ја со 37,7 температура. Тага ли е, од запчето ли е, настинка ли е, незнам. Ќе си поседи со нас дур не биде добра. Дома дури ми се насмеа. Само што заспа со татко и. Јас ручече и правам, и си евоцирам моменти. Ме држеше за раче дур си одевме од родилиште, потоа дома кога и требаше близина, па на вакцини, па сега дур проодува, дур заспива, дур е вака скисната од температура. Ми го украде срцето, и мене и на татко и. Наш живот е таа Зрно надеж беше, херојче кое ми наполна 1 годинка, изеде парченце од шеќерна ѕвездичка од тортатасе сепнав, да не и биде нешто, таа се смешка среќно. Зар некогаш ќе престанам да се сепнувам, заборавам дека ми расте душичката. Со нив и ние растеме, созреваме, живееме Поздрав од нас, со една сликичка од пред роденденска фотосесија, мајка и што и ја правеше Гушки за вашите дечиња
@Alishan30 Секоја реченица ме наежи, ме врати во еден од најубавите периоди Да е жива и здрава принцезата, голема да расне, среќна, весела, без ниедна грижа
@Alishan30 нека е најсреќна дадата голема. Денес пак се осеќам одморено. Да не беше така немаше да ви пишувам сега. Имав доста продуктивен ден, а едвај еден попладне има. Пред некој ден добив повик од професорката, баш се изненадив кога ме викна да учествувам на еден проект т.е. да снимам видео. Ме врати во времето кога факултетот ми беше единствена обврска и приоритет во животот. Иако сега имам вкупно 10 слободни минути во денот, сепак решив да прифатам и го направив тоа што требаше. Иако доста краток период сум мајка, забележувам дека мајчинството многу ме промени. Станав похрабра, решителна, си ги подголтнав стравовите, имам планови и ќе си ги реализирам сите до еден. Сѐ ќе направам за синко. Тој, душа мала, многу убаво се научи само во прегратки да ми спие. Мајка на грб, сине на меше врз мене и гушнат. Се комира. Другчие не доаѓа предвид. Ако го спуштам во креветче веднаш почнува трета светска. Од поновите откритија, да не се мачи со плачење, се научи да „кажува“ кога е гладен. Се врти кон мене и фино лепо почнува да ми шмука од рамото. Паметен тој на мајка.
Што убаво напиша, цела се наежив. Една година помина , а како вчера да бевме во труднечки кога се подржувавме . Жива и здрава да биде Јована, голема и среќна да расте.Секогаш насмеана да биде и среќа да ја прати.Среќен роденден . Здраво мајки. Со мало ќерче се чуваме дома.Отишла под хранилката и стенка,сигурно прави колаче. Ме вика и ми се смее како што се смеат со дада и, ама јас поима немам од нивното смеење па си се заврте и ме откачи. Утре прави 7 месеци, летна времето.Ќе треба да се вретам на работа за некој месец, а не сакам убаво ми е дома со децата. Дадичка ја однесовме во градинка.На огласната табла имаше закачено слики што беа на излет.Колку само се мали , а треба од догодина на школо да почнат. Ни стигна и дома писмо од нејзиното школо за да не потсетат дека обврска и е да оди на школо и за датите кога да ја пријавиме.Леле ми порасна бебето.Колку сум среќна што расте, а од друга страна ја гушкам и си мислам стој немој да иташ остани мала ,остани во моите прегратки.А таа брза и не ме чека.Жедна за нови предизвици, ново учење,брза да биде возрасна. Се плашам да порасне, се плашам од предизвиците Ќе знам ли да се снајдам со големо дете,ќе знам ли да ја утешам ако некој ја повреди?Ќе знам ли да и ги избришам солзите од прва љубовна болка?Ќе знам ли да ја научам да оди по прав пат?Исплашена и мала се чуствувам во светот на возрасните.... Имам да пишувам уште многу ама ќе си траам. Имам за пополнување и спремање документи еден тон,па имам работа во наредните неколку дена.Му кажав на мм малку да се ангажира нешто да научи и тој .Каде стои ако ништо друго,што ќе прави ако утре ме снема. Го терам маж да се учлени во фитнес центар , а тој пак само изговори наоѓа Демек јас не сум го пуштала. Имам намера и јас да се запишам, имаат и курсеви плус што ќе ми бидат бесплатни со членството.Па еднаш да отидам неделно ќе биде плус.Ама се двоумам дали на базен да се пишам или во фитнес студио.Базенот од 20ч ќе ми биде и повеќе ми лежи пливање.Уште се двоумам . Уште ќе пишував ама бебе чека да му сменам памперс вие гушкајте малечкии имајте убав ден.
@Alishan30 Среќен роденден на малата, многу да ве радува. Можам да замислам како ти било кога почнало да врне. Такви сме ние мајките, грижливи, с'клетливи. Алал да им е на татковците Инаку и јас вчера прославив роденден, срам не срам ќе си кажам, 35че начукав Мм ме зафркава млада сум била за уште едно дете може и ќе прифатев да беше малку поромантичен, за поклони бирање ич не го бива Секогаш кога треба нешто да ми подари вели купи си што сакаш, кажи што сакаш Аман освен цвеќе друго сѐ сакам И така вчера ми поклони ноќна ламба од морски камен, врз каменот хималајска сол, може директно да ја лижам од ламбата Рече продавачот му рекол здраво било, дрн, дрн и тој се за моето здравје Ќере заспа, да се разбуди и ќе одиме да го земеме бато од училиште. Многу му се радува на брат и, кога и да го виде на глас му се смее, тој пак постојано ја гушка Мене децата ми се 6год. разлика и не ми е воопшто мака што се голема разлика. Јас самата сакав поголема разлика и во право сум била, мислам дека нема да сум се снашла со две деца на мала разлика без никаква помош. Да не должам многу, одам да се спремам додека спие малата.
Среќен роденден сваќе, да си жива и здрава .Секоја желба реалност. Ти сваќе помлада си била, се разочарав веќе не пишувам тука ќе си одам кај 40ка.Туку ме изнасмеа за здравиот поклон.Мојов една недела порано цвеќе ми купи. Добро и вчера ме молеше што да ми купел.Дали сум сакала филипс лумеа? Што 450 евра на попуст.Ма супер ми е цвеќето.А знаеш цвеќе не сакам.Сега се мисли што да ми нарача.Баш ќе чекам да видам што ќе измисли.
@Monella среќен и на тебе, само убавини во иднина. Утре па на маж ми роденден е. Овој септември кој што прави, ние родендени славиме Само за убаво да е
Колку убаво напишано се наежив на секој збор да и е среќен роденденот на куклата и нека чекори храбро низ животот
@Alishan30 , Среќен роденден на Јована,да е жива и здрава и многу среќна,па мама и тато да и купат едно братче. Скроз иста круничка имаше и ќерка ми на првиот роденден. @Monella среќен роденден и на твојата кукличка,жива и здрава И @kukla21 да се јави да каже како помина роденденот на дунде 2 ,од кај бидна тортата? Добра ноќ на сите
@Alishan30 среќен нека и е роденденот на Јована, да расте гооолема, здрава, среќна, насмеана и весела секогаш
@Alishan30 ме допре секој збор од текстот..Нека е жива и здрава Јована, да ѝ е среќен роденденот и голема да расте. @Monella среќен роденден и на тебе и таман си за второ, не си стара Нема ден да не посакам да подзабави времево, пребрзо лета луѓе не е фер Како се ближи роденденот сѐ поемотивна станувам, наместо да се радувам на сите убавини што допрва доаѓаат. @RainBow колкаво ти е девојчето? Да бидам искрена пред да станам мајка, па и до неодамна кога ќе слушнев дека некое бебе или дете поголемко спие на спална со родителите ептен ми беше страв да не ја научам така ќерка ми.Размислував као, брачен кревет си е брачен кревет, за партнерите, а не за семејството. Во последно време почнав да си ја зимам ќерче на сред ноќ кога ќе се подразбуди до мене и не ја враќам во креветче. Има ноќи кога немирно спие па уште поненаспана станувам сабајле, ама кога ќе ме разбуди со галење и насмеана, ништо друго не ми е важно Е тие моменти сакам да траат што подолго, да можам да ѝ се надишам од мирисот бебешки нејзин и никогаш да не го заборавам. Утрата никогаш не ми биле поубави вака Е сега сакам да спие во своја соба после годинката, ама знам дека ќе се преселам и јас со неа Дојдов само да си ги искажам емоциите тука, ништо ново немам да кажам.