Бебе спија маже спија па да пишам некој ред Дојдоја тетка ми од Малта, радости невидени. 3 недели се немаме видено мислам 3 години се. Од гости не можам да одморам, не можам дете да видам а ни маж. Готви, чисти, мести, заспијај дете и се во круг. Сега решив дека во недела ќе готвам за цела недела и ќе си замрзнам. Па ќе одмрзнуваме и ќе јадиме. Жал ми е бебе немам асолно видено. Ни да ја поиграм, ни да ја погушкам, помилувам. Ако е 5 м скоро, кога ќе ја земам враце ме шмука бе луѓе и уште толку ми е тешко. Прво бебе ќе гледам па се останато(ако има време), гости 1 неделно, ако му одговара, ако не нека не идат воопшто. Ми фалат тука моите, мајка татко тетка братучеди, ептен помош имав, сега се е на мене и ми е претешко. Башка само некој плус ти труби некој над глава. Си се пожалив, си се олеснив. Бебе секој ден ми е се помило и помило. Се гали се гушка се милува абе абеее… Да спијам Оти не сум ич ама ич не спијам . Имајте добра ноќ Па да ве почестам слатки име ми е
@Alishan30 најсреќна да е Јована, безгрижна да расти! ❤️ Преубаво си го скоцкала напишаното, ептен убаво чувство ме обзеде, ми украде и солзичка. Тоа со секој пост го умее @Ava.84. Жено ме трогнуваш постојано. Те гушкам од милост. @Monella среќен роденден на синко и тебе. Живи, здрави и најсреќни да сте! Да е жив и здрав и маж ти, животот ми се продолжи од поклонот негов. Мојов уште не бил толку креативен. Добра вечер мајкички со шолја чај од нане Имам многу за пишување, а малку време. Изморена сум Се вративме во Скопје. Цела преселба на народите направивме. Сѐ си зедовме од дома, освен креветчето на меденко. И онака со нас на спална спие и тука само место ќе фаќа. Макар што тука е потесен лежајот и можеби да ни беше тука креветчето, ќе го легнував во него за да поспиеме и ние раат. Следно одење дома ваљда ќе ангажираме карго да ни го донеси. Тука ко на друг континент да дојдов. Од сите алишта за беба, јас по кратки освен боди, зедов само две блузичиња и еден ромпер. А тука не е за ништо по долги, па трчав да прикупам нешто. А дома вакумирав летни алишта ниеднаш необлечени. Станот за чистење шо да ви кажувам... и од сѐ можно, јас се закачив прво балконот да го средам за да има кафе кај да се напиеме, небаре раат кафе пијам. Ми фалеше станов. Толку многу природна светлина има, ептен топла и пријатна атмосфера дава. Ама градот ко и секогаш, убила ме депре. Сивило, студенило. Синче пресреќен е. Како предатор е, ги демни сите коли шо врват околу него и туку прави со главчето лево-десно-лево.. Гледа во зградите, зачуден е, само посматра. Конечно излезе од 4ти скок. Ми смена детето, ми расти. Неќам Нека си биде секогаш бебе. Тука ќе се одјавам, оти ме надвладува дремка. Имајте добра и спокојна ноќ. Гушкајте најсилно лепотици и лепотани. ❤️
Mojot sinko e 9 polni godini i mn cesto znae da dojde vo spalna i vika mama moze so tebe da spijam a jas vo sredina maz od Edna sinko od druga strana odi pa spij pa vo niedno vreme ke se razbudam pa ke go vratam vo detska ama ako, koga ke me gusne so racinjata me topi ama ova vreme nikogas nema da se vrati. Pamukce moe...
Добро утро, Јас пак дојдов Во 8 часот, кафето на маса, дома средено, чисто и најбитно тивко Ќерка во градинка од вчера, тргнавме пресреќни, па епизода плачење и трескање од земја имавме па во 12 несакаше да си дојде дома. Воспитувачите ми праќаа слики, ме забележаа колку испреплашена бев кога ја оставив а таа за 3 минути внатре насмеана, растрчана со дечињата. Утрово пред 7 се разбуди да одела во градинка, па рано крај 7 и пол ја однесе мм. Беблево уште ми спие, право гушкало е Ми оздравеа двајцата па сега мм е болен. Драма, офкање, температура 37.5 Па пошто живееме во време лудило веднаш трчај по тест за ковид, иако прележани плус вакцинирани сме а згора на тоа со луѓе невмешани незнам колку време. Вчера бев до сара фешн, да си купам нешто за пред човеков, па ми текна дека последно кога купив такво нешто направивме бебе, па се стаписав малку си купив сепак, само мојов го стегна стомакот пред да го облечам Ќе одам да замесам кифли, не сум била сама со едно дете откако е роден синко, а тој душичка глас не му се слуша. Мм вика господ не наградил со толку мирно дете да здивнеме после ќере, а јас пак убедена сум дека ова е затишје пред бура Убав ден мајки
Добар ден мајки, уживам да ве читам преубава ми е темава, ама колку не ме бива за пишување… Затоа ретко пишувам. Сите преубаво пишувате ама @Ava.84 посебно уживам да ја читам, а и @IRBBB не е за потценување. Алал да ви е мајки. Среќен роденден на Јована @Alishan30 , да е жива и здрава момата. Среќни родендени и на сите што слават периодов. Прва дремка тераме ние, денес прв пат ја возев сама до кај мајка, слободна е па да искористам да не сум сама дома. Колку бев исплашена како ќе биде по пат, одлично поминавме. Се наоружив со 100 играчки. За накај дома пак ќе ми биде страв, се надевам нема да ми плаче. Ќере си имаше преубав распоред, ама ние со свадба, па на гости те кај мајкми те кај тетками малку и пореметив… Ама се надевам ќе се врати во нормала за некој ден. Па не се седи и се дома, сама сум цело време со неа, едвај чекам вака да дојдам кај мајка. Инаку почнавме да лазиме. За два дена како се пушти преголем напредок има. Се изненадувам од ден на ден колку нови работи прави детево. Многу брзо расте. Од декември се враќам на работа уште сега имам кнедла во грлово. Ич не ми се враќа. Да не беше куќата и кредитот никогаш немаше да ја оставам и пуштам во градинка мислам. Ќе си ја чував до 2 год сигурно. Летово супер поминавме надвор обожаваше ќере, сега зимово ќе видиме како ќе биде се внатре, ме фаќа малку страв, ама се надевам штом почна да лази полесно ќе биде, ќе се занимава внатре, ќе сака да си игра. Имајте убав ден мајки.
На возраст е каде што луѓето почнаа да го дрват со уште ли спие со вас. Си има свој кревет, спиеше и таму, ама рече сакала да спие со нас, се чувствувала помирно. Океј, нема да и го оспорам тоа чувство никако, особено што сите уживаме што спиеме заедно. Ама, не е дете што клоца, се превртува, мирно спие, па можеби и затоа ни е убаво. Да беше некое што клоца и цела ноќ не можеш око да склопиш можеби би размислувала поинаку. Во градинка е, почна пак по пауза. Смешки беше, стана многу рано, само ми викаше дека има трема, дека заборавила како било и се навикнала дома. Таква возбудена ептен, ми вика, малку ми е стравче, малку имам трема и малку сум возбудена. Душа моја. Полесно е многу вака кога убаво може да си ги изрази чувствата и може да си позборуваме. И реков дека апсолутно на сите ни е така кога нешто ново ни се случува, да, дури и на возрасните ни е исто. Па си зборевме колку ќе си недостигаме, дека и тоа е сосема нормално, па кога ќе си дојде ќе се гушкаме многу да си надокнадиме. Љубов е, немам зборови колку ја сакам и колку уживам во нејзиното растење. Нека ви биде убав ден со најмалите, само да се здрави, со другото е полесно за справување.
@Alishan30 Среќен роденден на Јована Многу брзо растат бебињава,еј И мојот мал штрумф за некој ден прави 8 месеци. Пребрзо ми порасна! Дали дека со две, а големата е главна ѕвезда по дома, не осетив кога пркна малото. Тешки 8, ама најубави! И уште има тешки денови, ама не би ги менувала за ништо. Како се заигруваат, како се кикотат кога се двете.. ги слушам и душава ми се полни со убавини. Кога нема хирови и седи со нас горе, големата цело време ја заигрува беба. Најново им е малово во дубак, а големата да ја вози по соба, па кое смеење паѓа, милина се Малово па пробува да лази, уствари појма нема и не знае што и како да прави, па јас и оддалечувам играчки за да ги дофати, али бебе паметно-со газето полека се влечка и ги дофаќа. Или ги става нозете под газе и ќе подстане ќе ја дофати и ќе си седне пак, никако да и текне со рачињата да си помогне и да тргне да лази Големата 2ра недела е дома, на пауза од градинка. Секое утро прашува дали ќе ја носам, вчера и викам да ќе одиш денес, а она “ама мамо,разболена сум, види како кашлам како да одам??” и вака ко дрвен адвокат е по цел ден, ко стринка некоја зборува Како навиено е, па и еден мерак за расправање што има, леле Па и како знае што да ти каже, ајајај се чудам на речникот што го има некогаш. Филмот Елза никако да и помине. Појачавме, постелнина,ќебе и патики најново купивме Ако не е со Елза немаше да легне да спие во кревет, со месеци јас и бебе спиевме на нејзиниот кревет. Сега она се шири сама, и не смее никој да легне на него, немој Елза ќе сме ја разбуделе Расклопив бебешко креветче, и онака бебе само двапати преспа по него и тоа денски, па што ќе ми зафаќа место го транспортирав кај мајка. И релаксатор спакував, а следно и количката планирам. Си бендисав летна,ем ефтина ем лесна, со овие мускули набилдав качувајќи/симнувајќи по скали Секако според маж тоа е непотребно трошење пари, пошо уште малку ќе е бебе, ама мерак пуст, ќе ја купам и точка Се распишав пошо двете спијат, малку касно е за големата ама и дозволив да дремне, почна да плаче зошто хулахопките и биле со ѕвезди, па и викам одмори глава малку. Малото и се придружи за кратко. Исчистив дури бебе тераше дремка прееска, па сега освен алишта што треба да приберам од сушара а ме мрзи, друго и немам работа. Ручек лазањи беше, и тоа брзински а вкусно. После речиси 4 години и мм го убедив да проба, да се увери дека не се “гадни”, така он си ги имаше замислено Бебе уште е на протест со глад, ама што ќе јаде кога е полна шлајмови, 5 лажички што ќе касне одма повраќа Ајде нека оздрават, многу ми се жални вака, ко маченца некои.. Да разлистам по фб да нарачам некое комплетче за бебе, некако лита ми е со облека ептен. Месецов сум за банкрот веќе, потрошив премногу, и уште не знам стоп да кажам после се жалам на мм-“help me i’m poor” И то драги читатели Да станат момите па ќе ги прошетам малку надвор дури не заладило. Убав ден имајте
Добра вечер Се спремаме скоро еден час да одиме на спиење На едниот му се јадело,другиот ми вели да завршат вестите Не им се спие Јас едвај чекам да уживам во тишината Него и ние спиеме уште ко сардини По некогаш маШ оди во детска заради недоволниот простор ама деца не излегуваат од спална Нити се принудени на тоа Додека им е добро и комотно ќе си спиеме заедно Ќерка вели на кого му е тесно нека стане Денес никаде не излеговме Во градинка имале долга прошетка низ селово и беа преморени Се сместија на кревет и никогаш потивки гледаа документарна програма за животните Цртани филмови подолг период не гледаат... Мали лесно си наоѓа занимација Сложувалки,играчки,коли па и почесто е креативен во последно време Обожава сечење,лепење,боење Со него ми е многу полесно,за разлика од Могли Таа е 5ипол и некако досегашните игри и станаа досадни и е крајно не заинтересирана Сега е "голема"во градинка и се интересира за бројки и букви Возбудена била до небо и назад дека вгодина ќе одела во училиште Сака што побрзо да научи да пишува за да се допишува со другарките Што се не и се врти во главата Ми порасна мајмунчето... Јас ко и секој работен ден Стресни утра во трчање Спремај деца,тестирај ги,брзо да ги однесам во градинка,брзо да стигнам на работа Попладне се исто само обратен редослед Го обожавам овој дел од денот Деца спијат а јас чекам маШ да дојде да врзиме некој муабет Да најдам некое филмче... Добра ви ноќ
Те прочитав за шлајмовите , да се консултираш со док дали може да ги земиш капките Бисолвон , пред месец малиот беше со кашлица кај мене скоро 2 недели никако да мине , со сирупче антибиотик беше , шлајмови многу а неможе да ги исфрле и капките за 2-3 дена го средиа .
Засега ништо, само со инхалации со физиолошки и пулмикорт е, до четврок до контрола .. Она ги повраќа и ги кака.
@IRBBB и @CareTee ме засрамивте за сите пари. Вакви комплименти никој не ми дал во овие 6 години на форумов .Фала ви ми го направивте денот. Добро вечер За многу години празникот Мала Богородица.Вечно име на сите Марии. Кога бев во Мк редовно одевме на црква на овој ден.Со панаѓури ,со слави со се.Толку убаво беше штом ми текне ми се грее душата. За жал повеќе ништо не е исто.Прво ради ковидот, второ кај тие што одевме на слава не се повеќе во Мк. Да сум се родила на денешен ден ќе сум била Марија, ама еве сум задоцнила неколку дена. Го нишам бебето во релаксаторот јер не сака да заспие на цице, мрази лулање во раци.Да ја заспиеш или да и избегаш додека спие е вистински предизвик. Бебе што нејќе да спие. На 7 месеци спие само двапати и тоа со борби. Бебе избањато, големата чека да ја намолам за да се бања.Таа знае да се бања сама , ама мама на крајот доаѓа да ја плави. Бебе е опасно ептен ,кога пролазуваат или лазат и кога проодуваат за мене се најтешки фази. Ги штитиме од самите себе. Среќа ги затворив штековите што ми се пред кујна па нема опасност да ја фати струја.Ама вчера што ми направи. Ја зедов со мене во кујна, а кујната ми е мала па само ја прескокам.Готвев ручек за нас и нејзе.Мм оставил некои весници на земјата и јас ја гледам дека цели натаму ама велам далеку е уште. Таа се истргна и скина парче од еден весник.Одма срипав и и го зедов парчето.Кога гледам во другата рака има веќе изгризано парче и во устата има веќе дел.Одма бркнав да и го вадам, а таа почна да добива нагони на повраќање.Тапшав по грбот и барав во устата весник.Детето поврна и почна да дише.Откако заврши случката целата потресена бев.Си велам за големата вака не се потресував што ми стана сега или сум заборавила. Преска исто на комодата за пресоблекување.Фатила од бришалките и лапнала парче.Големата и го виде парчето и хероината моја одма и бркна и го извади.Мојата голема умница го спаси бебето од давење.Само се молам на Бога да ги чува , јас ко заспана сум. На инста следам само логопеди и ерготерапевти, како и страни за занимација на деца.Видов една игра и одма прбав да ја играме со големата.Играта е редам лего коцки по боја, а ќерче треба да ги запамти.Ставам само 4 коцки и ги кријам кога ќе ги наредам.Таа треба да ги памети боите.Ама оти ноќ и уморена тешко и одеше.Мм реши да ни се придружи со бебе на земја .Па ја игравме сите.Се смеевме и радувавме на секоја погодена коцка.Колку убаво ми дојде што сите четворица бевме заедно.Моменти на мир и среќа.Ама нормално тука беше бејби да не разбуди од бајката и да ни каже дека и е време да спие. За спиењето со нас .Големата до 3 години спиеше во спалната со нас во нејзин кревет споен до нашиот.Па често ќе се напикаше во мене или ќе ми се качеше на главата, па ќе ме избуташе на нејзиниот кревет.Мене ми беше убаво.Колку пати ќе се разбудев и ја гледав како мирно спие и само му се заблагодарував на Господ што ја имав.Останував и будна за да и се нагледа и да и се порадувам. Пред да наполни 3 , мм ја разубеди да ја преместиме во нејзината соба.Јас не сакав , ама тој ме разубеди дека е подобро и стварно беше.Така да мајки како ви одговара. На градинка кога бев на разговор ме прашаа дали спие со нас, кога реков да, кога почна да ми соли памет воспитачката.Ја ставив на игнор. На сите болни деца им посакувам побрзу оздравување. Бебе спие во релаксатор, дада избањата и легната да спие, во меѓувреме .Одам и јас да јадам и да легнам да спијам.Имајте мирна ноќ
Аа покриени сте и со друго вие , ајде ќе биде за ден два ќе почне да минува Многу брзо им се влошува , не се секирај ќе мине . Кај мене испи една доза антибиотик (7дена) одам се погоди другата докторка , одма капките ми ги даде плус уште една доза антибиотик ама ми рече од него неколку дена само , да го следам и пак да одам . Па среќа помина . Вие сте со инхалации ќе биде и кај вас , јас мислев и кај нас ќе е тоа ама со капките бидна.
Си го редактирав делот да не делувам злобна ама ме издаде со цитатот Оваа вчера не знаеше да ја наслуша на слушалка!!! Значи ако не си педијатар, су го учел тоа со години, како бе да утнеш дијагноза на бебе само затоа што е бебе? Па уште да сме оделе кај вас на педијатрија да сме полежеле некој ден.. аооо ми се слоши! До четврток има фора со инхалациите да се опорави, и црп и е височко, па ништо чудно и атб да ни дадат. Така е со деца... нека бидат здрави сите!!
Добро утро. Среќни родендени на сите дечиња и мајки што слават овој период. Кафе утринско пијам и се тресам како лист надвор за една цигара Не го сакам овој период од годината. Не сакам есен, не сакам зима. Времево залади и сезоната на мрсули се отвора. Дете пред да се разболува многу немирно спие и кемка исто како новороденче. Се разбуди и се пожали на грлото, вчера цел ден носот чешма и окото му солзи. Денот го поминавме супер игравме, каснуваше по малку и со сила течности. Ама сношти на две минути,мама мами, бараше помош, неможел да диши. Го нишав на нозе ако веќе е голем. Само да дремниме пола сат тројцата.... Му се згади од мрсулите исповрати и после заспа 2 часа без да викни.Се разбуди побара чај и пак заспа. Незнам дали да го носам на доктор сега или маже да го чекам од работа. Па и тт ми го скрши пред неко ден и маже купил некој дигитален многу малку кажува а рацете и нозете врели му се. Ништо не кажав само се пожалив. Имајте убав ден
Честито име мила Ох овие Choco Bella колку се добриии уф, ми се пријаде сега нешто благичко Па мајки ај и јас да напишам нешто. Ме немаше одамна, али време не останува да пишам, а постојано ве читам. Надвор мрачно, ладно, грдо време, либе на работа, бебче си ја прави првата дремка, а јас кафенце да се расонам. Денес нема шетање Летово ми помина пребрзо, исто како што и бебче ми расти. 3+ сме веќеее.. е време како лета. Сега веќе ми е многу поубаво и полесно. Само се смее, се заигруваме со некои играчки, т.е мама е аниматор таа само гледа и се смее хаха Последниве 10тина дена ми се преубави, и некаков ред дали фаќаме незнам ама како ми расти така ми станува лепотица Секој ден се нешто ново изведува од пред 2 дена веќе сама си ги држи тропалките и некои други играчиња. Рацете само во уста ни се, ја раскина мислам устата па ќе си поврати некогаш и така. Мирна ми е бајче, само пред 2 дена потешко заспивавме незнам зошто, и често ми се будеше ноќе Обожава сега да шета, но в раце да е и да гледа лево десно хаха Не мисли повеќе само на цицање Ние со либе претходен викенд бевме на свадба, уфф како ми фалеше. Ама сум си се изнаиграла ама затоа на нозе неможев да стојам другиот ден, па и заборавив на штикли да одам бе луѓе Бебе дома со свекрвами беше. Премирна си била душичка. Втор пат ја оставам повеќе време дома сама без мене. Првиот пат бевме Битола пред 2,3 недели, либе трчаше на Трчај бе, па сега Скопје ќе одиме ќе трча на Wizzair маратонот 21км јас неможам да изодам толку пешки, а не да трчам Па после октомври имал планинска трка 21км Со мене ќе се спрема хахах, ама јас со одење на планина ќе освојувам врвови Па сега планирам нешто зимница да си направам, т.е туршија само и домашен кечап ммм, ајвар ќе си купуваме Ја мразам зимава, колку е долгааааа... али ај се тешам за нова година дека иди ќе си украсувам, па и прва нова година со бебчето, па фотосесии.. мх убавина И така мамички. Ништо не напишав поврзано, како ми идеше така пишував хаха али ај си се искажав барем утрински. Ајде машината ми заврши со перење, одам да ги пуштам сега да се сушат, и нешто да си направам појадок додека не е разбудено бебенцето. Поздрав мамички
Хај мамитас Еве ме мене, вратена од прва вакцина. Едно јавно ОГРОМНО благодарам за мама @Jana06 за препораката за железничар. Многу многу позитивно изненадена како поминавме. И сестрата и докторката предобри, све убаво ми објаснија. Докторката убаво детално си ја прегледа, си ја виде и ми објасни што вакцина прима, каква реакција, што да правам ако качи тт. Само шо јас бев ко изгубен случај, од дома потресена ко којзнае шо да ќе и прават . Коа требаше да ја боцкаат на докторката и дадов да ја држи, јас не можев . Нормално плачеше ама одма си ја гушнав, со една тропка и многу брзо се смири. Дома кога си дојдовме на мама и требаше гушкање за да се смири . Сега си нанка, сега за сега немаме тт, се надевам така и ќе остане. Се распишав за вакцинава ко којзнае шо да сме напраиле Него сакав да си пишам и јас, и мене ме има спукано некоја емоција деновиве. Си ја гледам и не можам да и се изнагледам. Тие очиња мали, усте, обравчиња уфффф бе, ми доаѓа да си ја изедам . Како расте, се поинтересна ми станува. Од една страна одвај чекам да се смее гласно, да почне да оди и да збори па да си играме и пееме. А од друга страна тој бебешкиот нејзин мирис и таа насмевка коа ќе ме види сакам вечно да траат. Упорно се обидувам да си ги врежам овие моементи во главата а кога тоа секој ден нови и нови доаѓаат. Овие 3ипол месеци ми се најубавите во животов до сега. Сакам секој ден вечно да трае ама ова времето оди и не вика стој чекај. Кога ќе си го погледнам животот наназад се си е на место. На моменти кога ќе се видам во огледало си се воодушевувам од сама себе, си викам ееее и јас мајка станав, дури не ми е верно некогаш . Мојот блесав и детски дух уште повеќе ми се изрази со ќере со мене. А ако е толку мала, колку од себеси си гледам во карактерот нејзин уф. Мини Иванче е уште од сега. Апсолутно сигурна сум дека ќе бидеме најдобри другарки и најблиски цел живот. Исто како јас со моја мама . Некако сега ми е се на место, сите коцки склопени и уживам во буквално секој миг, не сакам ништо да се смени, сакам во оваа утопија да си останам засекогаш . И туку одеднаш ќе ми текне дека треба да се вратам на работа и грутка ми се прави. Од една страна сакам да одам, многу ми фали. Но од друга не сакам никогаш да се разделиме, сега што сме по цел ден заедно па ми е малку, а не тогаш со 8-9 саати помалку . Но тоа е тоа, времето си лета и не вика стој. Почнав да филозофирам Идам да гушкам бебе. Имајте убав ден мамички и гушкајте ги малишаните најсилно!!!
Јас вака читајќи ве како се топите само да прашам да не сака некој мојава да ја почува? Многу е мила, нема да сакате да ми ја вратите назад.
Здраво мајки Многу емотивни последниве страни сте некако сите. За мојата емотивност не зборувам, ќе се расплачам сигурно хаха.. Ние со бебе само шетаме и спиеме. Користевме убаво време. Сами сме повеќе од пола ден и си се дружиме. Најново интересно му е во раце и да го држам како да лета. На музика си играме двајцата Вчера имавме гости, па денес средувам и чистам цело време. Последната машина со садови ја пуштив сега. Бебе на под и само ме гледа како се движам хаха. Бебе сега заспива, си велам ќе спие барем 2часа. Малце да одморам и сакам му извадам со долги алишта, да ги пуштам да се перат, веќе залади. Се сакам во еден ден да завршам,знам. Утре ќе го носам кај матичната, 2 дена му е растечено носето и вчера имаше зелени мрсули. После мм ќе излезе од на работа, да го причува, јас ќе одам кај мојата матична. Во бременоста имав висок притисок и ми остана. До сега се што проверив е супер, незнам причина за притисоков сеуште. Одвај чекам да се среди. Цела бременост со апчиња и со апаратот во раце, ми се смачи. Сакам да пишувам тука и после да си ги читам постовите, да се потсетам како ни било Ајде да средувам алишта јас дури спие бебе. Мм ќе излегува по обврски, да завршам дури да се разбуди бебе јас. Поздрав