Добро вечер мајки Не ми се верува, цела војска ја заспав Да бе, таткото пред децата, да не ти се верува Кога сме кај спиењето да си кажам и јас, синко си спие во неговата соба од 4 год, тогаш тргна во градинка па се замислуваше голем, плус нова соба и немавме проблем ама до тогаш си беше меѓу нас. Кога се роди ќере му реков на маже да отстапи место од спална за малата колку за почеток да се навикнеме една на друга, еве после една година уште не сме навикнати уште спие во друга соба. Малата ниту еднаш нема спиено во креветчето, планирам да го соберам барем ќе се ослободи простор. Баш пред некој ден ме прашуваше мм кога да се вратил назад, вака како цимери сме биле, се поздравуваме во ходник и секој во својата соба Му реков ќе почека уште бајаги ама си мислам, еве зошто тој ноќни ламби ми подарува, да ми текне Ако продолжам вака за 8ми март само сијалица ќе добијам Кога сме кај емоциите, јас уште синко кога беше мал размислував да пишувам писмо, ако некогаш не дај боже ми се случи нешто непредвидено бла, бла... Сега откако се роди ќере повторно ми идат такви идеи Ние добро сме. Бато оди во училиште, ние го земаме. Оди и на фудбал два пати неделно, прво беше ептен загреан, сега помалку, ми делува изморено до 4 во школо и од 5 на фудбал ама нека тера додека сака. Ќере ептен музикална се погоди, по цел ден музика сака. И пуштам еден канал каде има нон стоп музика и таа игра и слуша, кога и се допаѓа ритамот на некоја песна одма рацете во вис ги крева Одам да си пуштам еден филм додека е штама. Мирна ноќ мајки.
Здраво мајки. Си дојдовме дома после 2 недели. Бебе лази не може да се дорадува на слобода. Ви благодарам на сите оние кои ми пишаа/дадоа поддршка, да не читаме веќе за бебиња болни од ковид поготово не за хоспитализирани. Која радост беше кога го виде татко му, цела ноќ се гушкаа, конечно се наспав. Многу имавме проблем со јадење во болница, навикнат на домашно, цело време фрлав каши, детален план вчера сум правела како да си се вратиме на домашно со полна пареа. Од бременоста ми остана малку стомаче и се срамев дури, сега после болница сум коска и кожа...пази што посакуваш. Вчера купил мм ајвар кога седнав пола леб изедов, па насецкав и кромид одозгора, конечно мирисот го осетив. Додека не немало стигнале картончиња од пошта. На враќање од болница застанавме да не пропаднат, 30 мин. се задржав. Скоро се стигнало и за роденден за бебе и за внука ми, едвај чекам да дојде време да китиме. Додуша има време уште два месеци, ама таква сум фрик за организација мора се однапред да ми е средено. Па како ги отварав посакав уште да порачам т.е сигурно ќе биде, се нешто ми фали. Само да ве поздравам накратко, да си дојдам на себе деновиве па ќе пишам подолго. Останете ми во добро здравје.
Добра вечер. Едно време мислев дека човечево ништо не го интересира и дека при секое соблекување и облекување ќе биде борба со мечки. Е грешка сум била. Решението било многу едноставно. Тетка му (другарка ми) му донесе едно ајкулче шо ја пее онаа досадната Бејби шарк. Лелее, детево се заљуби, слуша, го гледа ова како најголемо светско откритие. И наеднаш имаш мир во куќа. Мора да откријам од кај е земено, да се опремам со залихи во случај да престане ова да пее.
Лелее и за беба донесоа такво арно амааа јас да ја проверам батеријата што како дека многу стручна нели јас и бејби шарк ја проголта батеријата Цел механизам внатре го пропаднав Ако @nevermet18 ти е незгодно да прашаш од кај е ќе прашам јас ќе пишам
И ја да сум и ја ќе се заљубам и мене ептен ми е срцкаста песната, ако дознаеш пиши ни од каде е купено
Еве јас знам за Бејби Шарк, оти и мојата го пребендиса на братучеда и. Во Битола го има во секое Тобако, па сигурно и кај вас Имаше различни големини и бои.
Од некоја локална цвеќара било земено, женски. Барав слики по нет оти не можам од телефон да прикачувам, ова е истото, само посебно се пакувани. Ние плавото го имаме.
@sani99 @kostovaivana од Свети Николе, на фб се потпишани Cvekarnica Dance. @Hortenzija не знам колку пари се, не прашав.
Здраво мајки кралици! Знајте дека ние секогаш одиме во пакет со дете кога се работи за настинки. Еве и мене втор ден грлото ме боли и за малку ќе се задавев со лута бомбона во спиење. Добро е што се разбудив на време инаку ќе умрев. Секогаш кога сум болна си шмукам инаку без нив неможам да дишам, да голтам... Дете овие два дена е подобар без кемкање и плачки, кр.сл. супер грлото жар црвено заработи антибиотик, зедов и риностоп, пробиотик. Повторно почнавме со ацерола и имунобета прекинавме јули, август ај дека лето, топло... Јас до сега немав видено дете на 5 години како не знае да дува со носот. Еве го мојот не сака да се потруди дува со устата и вели неможам. Душа ми излегува што му ги вадам со пумпица и од тоа мислам грлото ме заболе. Му се згуснаа денеска и пола ден му беа зелени, сега пак бели. Незнам што да правам за утре ми се јавија и ми закажаа за на логопед, А чекав термин две и пол недели... Три пати шетање до таму и кај матичната си ја префрлаат топката едни меѓу други. Па така се најде една сестра од мајка родена и ми побара број ако се ослободен термин ќе ни се јавела. И сега што да правам? Дете болно... Да не ми се развикаат дека носам дете болно? А не сакам да пропуштам термин, ако го пропуштам ќе треба на приватно да го носам а не сме толку моќни да дадам 1200 денари можи и повеќе неделно. Одам мајки.. Дете побара да јади Имајте убав остаток од денот.
Во локо кроко имаше исти, купив мала ама ќере здогледа голема па и таа мораше @Hortenzija по 100 ден се малите, околу 500 големите.