Уу јас по 100 ден ги купив, ги оскапеле Бтв вади од памет ова, па посебно во комбинација со големото Многу се гласни.
Бебето Ања денес прави 6 месеци. Црвка моја, си ја обожавам. Дојдов да ставам слики од half birthday party и да ве поздравам дома сме со мајстори, креваме спрат на куќата, све е прашиносано и едвај чекам да се среди се
Здраво друштво. Гледам менување пелена кај сите задава проблеми. Не знам дали ќе можам да го најдам чудово овде или ќе треба да ни праќаат пакетче од Мк Ние се залажуваме со други песни, пеам и јас ама таа што и е омилена и не знам баш како иде, ја слушнавме летово во Мк, турбо фолк српска нешто ночас гори Балкан леле кога ќе ја слушне од кожа излегува, целата е возбудена. Ама и пејачката неќе шала сон на секој татко Маж и денес на работа. Децата се станати уште во 7, ќере тера втора дремка, синко не знае веќе што да прави од досада. Завршивме со домашното, сите тројца го правиме, баткото пишува ние седиме во соба ако му притреба помош а и за друштво. Почнаа да си играат со малата заедно, седат на под и играат со играчки, милина Малата почна да го вика БаПо, демек бато. Почна да вика и гаце-грацие на што и да и дадеме, демек фала, многу е слатка кога го изговара. Почнав да чистам ама на половина оставив, малата заспа па да не бучам со тој чистачот на пареа а само подот ми остана, и така фино лепо си седнав да одморам. Сега да пушев ќе си зачадев една цигара ама ништо, еве две години како не сум запалила и не ми ни текнува. Одам јас да сработам нешто друго додека спие малата, а и ми се пријаде нешто благо, ќе апнам нешто Убав викенд на сите.
Добар ден. Сабајле станавме во седум, да не закасниме некаде, правевме палачинки, убаво се најадовме сите, па со една пријателка на лулашки се договоривме да се најдеме, куп деца имаше, се изнаиграа со саати. Се изнатрчаа. Се прибравме дома, сега гледа малку цртани, јас на лаптоп и така, секоја со своето. Одмор малку, ќе се врати татко и од работа, па ќе излеземе сите заедно. Ми ја пофали учителката од градинка дека супер си јадела, си барала и репете, гајле немала. Си знае детето дека гладно не се седи. Вкусни и биле јадењата рече детулево мое, уште повкусни дека со другарчињата јаделе. Супер. Да не ја мислам воопшто дали таму гладна седи. Навечер, кога ќе легнеме, во темницата почнува да ми кажува се што и тежело во текот на денот. Немам зборови колку ми е и смешна и слатка. Нешто што не сум видела, а она мислела е погрешно, па не и додржува душичката да ми каже. И ми шепоти само ова или она. Си ги обожавам тие вечерни шепкаа и муабетења. Јас конечно имам повеќе време, па се мислам со нешто да се зафатам, ама ќе видам што ќе испадне и како ќе се движат работите. Да ти кажам, да немав дете ќе исповртев очи на полуроденденов. Ама сега си знам дека и 6 месеци се преокрет, знам колку си се радуваме родителите на се, па немам никакви замерки за кој што сака и како сака да си ја прослави радоста за своето детенце. Посебно кога има убав повод, по толку грдости во светов. Нека си е секогаш среќна и насмеана. Нека ви биде убав денов и вечерта на сите, гушкајте ги постојано и кажувајте им колку ги сакате, им треба тоа да го слушаат, и тоа како.
Bas mi e zal sto ne si napravila vakvo nesto za tvoite, ajde zdravje toa e, site sme si radosni po doma, a bebka samo gleda u tortata deka sarenka
Добар ден мајки Да не ми најде некој (@24.07 ) маана да си почастам. Spoiler: Торта Денес правам 27 години, плус минус некоја година. Торта уште не сум направила ниту купила.Што ќе правам нема поклон.Ќерче уште од сабајле ми донесе цртеж со зборовите:" Еве јас ти направив поклон за да не ти купуваме".Ја испудив и и реков да ми купи.Па сега нема торта епа нема.Мм уште бара што да ми купи Аха бара еве го рчи во дневната. Јас со бебето во спална,а големата сигурно уште ми прави поклони.Едно 10 цртежи направи . Туку добро што нема торта инаку ќе јадам каол невидена и после вагата ми е крива.Од доењево јадам благо како луда , а не смеам ради шеќерот. Добро мм частеше ручек.Дома порачавме оти овие коронски правила ниту ги знам ниту ме интересираат. Времево цело лето не утепа со облачно та облачно.Дали два дена имавме 30 степени.Ни л од лето не видовме.Затоа не ни отидовме на одмор.До душа на одмор не отидовме оти прво ги чекавме на малите престоите.Кога стигнаа ни текна дека на мм л.карта му е до септември , а пасошот до ноември.За на северно море кога барав да одиме се беше букирано , а сега со овие правилата коронски не ми се оди нигде.Ќе се вакцинираме, ама прво сакам да испитам тромбоцити.На нозете ми излегуваат огромни модрици како јајце големи.Ама тој матичниот ми е ептен далеку и тешко некако се организирам со бебе . Ајде ќе најдам начин и ќе се боцнам.Вака заробени сме дома само. Да станам да тркнам по торта. Ај мајки имајте убав викенд и гушкајте мали.Сите болни дечина побрзу да оздравеат.
Среќен роденден сваќе, биди здрава, жива и остани позитивна како што си. Море ќе си земам јас од таа виртуалната торта, таман по мој мерак е парчето За поклон не губи надеж до крај, ехе голем е денот, ќе те изненадат со некое тенџере и тебе
За ништо не треба да ти биде жал, сè си беше прославено според наши желби. @Ava.84 најсреќен нека ти биде роденденов, само насмевки и радости да ти донесе.
@Ava.84 Среќен роденден сите желби реалност. И јас имам за честење по втор пат денеска станав тетка пак на машко бебе. Од мене крофни
ХАх не знам што е со песнава и мојава иста е ,во најтешките плачки да е ако ја чуе прекинува и игра ,па тоа тресење со гз ,цупкање со нозе викам кај научи вакви чочеци . Со пелените кај нас е проблем што бега или се фаќа одма доле. Некни какана се фати и за секунда во уста ќе збрцаше... Ми скокнаа сите нерви се плашам од ешерихија коли ко ѓаол од кандило. Ама ајде пројде кога бега интересно ми е освен ако не е какана Морам да се фалам си почна во градинка и машала топ се навикнува нема плачки освен кога плачат сите тогаш не смее да дели нели. Ама многу бавно оди ,, адаптацијата" по нивно оти као ако не прави проблеми плачки сепак рано е да седи по повеќе од 2часа и пак мора свеки да ја зема се нервирам што ја чува и поради начинот и поради понашањето после кон мене ама тоа е што е. Напнат период последниве два месеци море три ,се нешто се дешава кога лошо кога добро ама и во двата случаи имам анксиозност невидена многу ми влијае пандемијата ,не знам никако не се навикнав ,се возам во бус а слушнам кашлање нозе ми се пресекуваат и ладна пот ме облева . Ме нервира тоа ама не можам да си помогнам... Едвај чекам да заврши веќе еднаш. Не работа исто на секој втор маска треба да повторувам да стави ,па уште и се караат нема корона не плаши се ,имам вакцина не плаши се требало да е уште 6 дена во изолација тој се црта тука немал веќе симптоми ( а и стварно не ми е јасно на некои во решението им пишува дека треба да се 14 дена ,на некои ако немаат симптоми 10 ако имаат 20.... Нзс како и за се останато тука ни за ова нема). Роденденот го направив со страв после што ако имал некој... Положив возачката е во тек па се надевам наскоро и ќе си возам и нема да се пикам по бусови. Осамено се чувствувам многу не се здружив со никој тука некако не успеав со никој да се поклопам...
@Ava.84 Среќен роденден мамиии. Да ти се множат годините. Жива и здрава Да ви честитам на сите по ред убави работи. А оние неубавите сакаме нејќеме ке пројдат Некако така станав ладна ,рамна линија на некои дешавки на некои однесувања просто човек да сака да ми завидува. Некако се посветив максимално на моите две деца онака накострешено заштитнички над нив и никој друг. На мм му ги исполнувам должностите и тоа е тоа да не биде дека немам трето дете Дојдов само да напишам колку засрамена бев од себе си. Прв пат дете ме фати со мм на сред акција. Како ли стана како дојде кај нас ама ми прекисна се. Срејќа мал е сеуште и сонлив не разбира. Се потепав да се облечам и да го вратам во кревет Од тогаш секоја ноќ плачи и станува мислам кошмар има. Па вечерта сонував дека престанал да зборува од стрес. Ушасно да не се повтори. Другооо @kukla21 да нема да пише како пројде со роденден може уште отвара подароци. Ајде да се фатам wc да чистам. Едно бебе дреме,друго дете со татко си игра. Па бањање и легнување Понеделник утре. Секој со обврските. Ве читам и гушкам на сите до една