Здраво мајки. @Ava.84 Сваќе мене ми велеше шо да ти купам незнам да појдиме да си купиш сама, ама не е чувството исто кога сама си бираш и кога ти подаруваат. Му реков нема потреба и ми купи ликер од кокос и ананас. И на крај му најдов мана зошто ликер нека било шток.Е и самиот незнае што да прави со мене кога сум во пмс. Твојот роденден нема шанси да го прескокнам, па не сега кога на ист ден се роди бебко-Бетменко (дете така го вика), а брат го викаше спајдерменко. Во саботата бевме кај брат ми не собраа најблиските, поседивме два часа колку да честитаме.А мене место не ме враќаше дека дете не го носевме дека настинат. Јас носев маска кога си играв со внук ми,до вчера грлото ме болеше. Оф, колку предизвици не чекаат заедно со дете.... колку треба нерви да имаме за да му помогнеме за како полесно да учи. Вчера вежбавме како да бои, како правилно да ја држи боичката,а не со цела рака како што си знае.Јас имам и предбодно пробано ама за џабе мал бил да ја држи така, има време ќе научи. Е сега дома е хаос, не дека и пред тоа не беше ама сака да забегува да не вежба плачи, уморен бил, му се спие, вода му се пие, гладен бил, му се мочкало. Па сакал колбас голем да јади не сакал леб сечен на парчиња, па сакал без леб да јади. Од еден цртеж него ниту пола не му е набоен.Му кажуваш како се држи боичка му местиш прстиња тој пак по старо и гледа во тв. Го исклучив, почна да си игра со боичките да тропа на маса. И маже се налути го исклучи плејстејшнот и го скри и интернетот го исклучи па плачки лигавење цел ден и како јаготка на шлаг телефонот му падна в шоља од татко му, а има само една година откако го зеде. Сега нема ниту тел да добија во рака.
Не е почнат в година ќе биде прваче. Почнавме на логопед и прво ќе работиме на правилно држење на моливчиња и на задржување на концентрацијата.
Се надевам ќе одговори Дани штом стигне.Ќе ви биде од корист. И мојата со цела рака го држи моливчето,да си почнам на време да не губам после живци.
Има по книжари едни како шарени гумички се ставаат на моливчето и баш убаво е за учење како правилно да го држи, да не и бегаат прстињата. Мојата знае, многу вежбав со неа боење, па може од 2 и пол год убаво ги држи боичките, а бои толку прецизно, никако од линија не излегува. Белким и малото ќе ја има таа желба,мое е да и ја поттикнам Добар ден мајки! Со бебе до 10:30 сме спиеле, уште не сме ни расонети. Да пијам каВе, да се расонам имам еден куп работа дома. Ај ќе ви пишам покасно.
Правилно држење на моливче и подобрување на конценрација/фокус се од областа на дефектологот. Штета би било доколку логопедот го става фокусот на тие вежби, место неговата првична задача, логопедските. Гумичките се одличен начин да се вежба правилно држење на моливчето. Дополнително било какви игри и вежба за пинцета фатот и фина моторика(пластелин, сечење, кинење хартија на парчиња, игри со перли...). Имам напишано колумни на овие теми, може ќе бидат од помош. http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/како-да-започнам-со-активности-за-моето-дете http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/колумна-концентрацијата-кај-децата-како-подобро-да-ја-разберете-и-да-ја-зголемите За дополнителни прашања стојам на располагање.
Здраво мајки. Прво да пишам ФАЛА на сите за честитките,ми значат многу. @24.07 сваќе жив и здрав да е внучко, долг живот и среќа да го прати. Сваќе се ќе биде со работа во ред, зетко е паметно дете. Цела недела и нас ни е со термини.Треба да ја пријавиме големата во школо.Преска пишувам формулари и наместо нејзиното име моето ќе си го пишев.Та што лошо ли ќе ми биде на школо, обожавав да одам на школо Пишувам и се прашувам кога ми порасна бебулето.Каде ми избега времето.Го мразам телефонот по цел ден сум со него наместо со нив. Има ли институции за лечење од зависност од телефони? Роденденот го прославивме со мм пред тв.Почнавме да гледаме еден филм ама јас во 23:30веќе бев преморена и отидов и си легнав.Нормално од филмот ништо не видов бидејќи бебето ме скорна 3 пати. Вчера бевме на една изложба на тикви, трети пат одиме ,ама волку гужва не сум видела.Многу убаво си поминавме,дете се изнаигра и изнаскока на игралиштето.Јас со бебето на тревата се сончавме.Маж ми , е он чекаше 1ч ред за јадење да купи. Ама времето беше ептен топло мислам во летото толку не беше топло. Да одам да излупам компири и да одам по големата.Вие мајки пишете нешто и имајте убава работна недела.
Ве читам и уживам во вашите приказни, се пронаоѓам во многу од нив… Како што е редот, со задоволство сакам да ве почестам со торта и со вас да ја споделам радоста што ја чувствувам денес - на мој Тома му е прв роденден! Ваква љубов, како на мајка кон дете, не може да се опише. Секој чекор, секоја негова мала победа, секое ‘откритие’ ми е мене неверојатно.. Воодушевена сум од секој момент кога ме гледа и ми се смее, кога ме ушушкува во прегратка и кога ме држи тооолку цврсто што посакувам никогаш да не престане да сака да ме гушка.. Поголем пост во друга прилика, сега на здравје торта
Епа Хај Мамаситас Ви пишувам после подолго време, ама ве читам цело време Среќни родендени на сите мајки и дечиња од изминатиов период. Мислам дека после денешниов дожд веќе почнува да ме фаќа носталгија за преубавото време изминатиов месец и прошетките со синко. Преголема желба има за шетање надвор и многу се радува со други дечиња во парк. Веќе се осеќам дека почнав да го условувам со одењето "чао" Покажува голем интерес за музика, едноставно ужива да слуша и да си танцува, па цел ден ни е весело и распеано по дома. You tube ечи на најјако Почнува да учи секој ден нови зборчиња, нешто се разбираме, нешто пробува да изгестикулира за да се искаже. Многу ми е сладок кога не го разбирам и почнува нервозно да повторува нешто по негово Со фазава на проодување се усовршува, секој ден е се постабилен, уште да се охрабри и да се пушти. Сега е во некој период не сака да јаде, па пребира, па нејќе блендирано, па наредна минута нејќе парчиња и така...па малку се нервирам, ама тоа е.. Се надевам брзо ќе му помине фазава. Да не има некој скок на 13 месеци, ич не сум во тек? Или заби го мачат, не дава да видам па не знам... Кажете некој "ум" како да го натерам да пројаде зошто мака ми е само да фрлам храна и цел ќејф и труд ми пропаѓа во вода Мене ме чекаат промени на професионален план, па се надевам ќе се адаптирам лесно. Почнува да ме фаќа дремка, а па чим го погледнам бебко како слатко спие веќе тонам во сон. Ви посакувам добра ноќ, останете добро. До следно читање
Втор ден никој не пишал на темата. Или го користите последното сонце за прошетки на отворено или правите ајвар, трето нема Јас како помалку домаќинка еве се најдов да напишам ред, два. Ајвар до сега немам правено (а јадам редовно) ама ми испраќаат во пакетче мајките ни Леле, кога ќе ми текне дека од ајвар си скршив заб во бременоста, ми се плаче. Значи 3 дена пред пораѓај толку ми се јадеше ајвар што дури стоејќи го јадев во кујна, толку лакомо џвакав како храна со денови да не сум видела, наеднаш ми се преплета јазикот и по нешто крцна, не знам како отидов до огледалото. Па кога рикнав, што од хормони, што страв од царски, зошто баш сега, зошто баш од ајвар, сѐ живо исплакав до деветто колено Оваа година за прв пат правевме јуфки, тоа ептен лесно било, да не беше маж ми јас немаше да се нафатам ама убави се а и малата ги јаде, и мене ми се бендисаа. Друго од зимница овде не правам освен расол, за тоа е задолжен мм. А и минатата година береше сливи за компот па јас го правев во машината за садови миење, така гледав по тоа групите на фв и добар беше, и без тоа немам толку големо тенџере за да ги ставам сите тегли. Доста за зимници. Малата заспа. Синоќа во спиење ја осетив дека почна секрет да има, од сабајле кива и носето потекува, никако не дозволува да ја покријам, не знам што ќе се прави со оваа дете. Штом осети кебе одма плаче и рита. Бато во школо, кога ќе го земеме ќе одиме тројцата на фудбал. Може додека тој тренира ние со малата да одиме на кафе, не сум јас по спортот Додека спие ѕверка да сработам нешто. Поздрав мајки.
@Monella Кое црно сонце душо, само што го пратив мм по чадор, градинката не ми е пристапна со кола, пред нос ми е Да не пукнеш, ме застрви со расолот. Поздрав од уште една недомаќинка Се шалам, денеска малку мрзливо, на рати спремам ручек, работам, пијам кафиња и дремам на телефон. Две перални алишта ги диплам два дена, а за пеглање да не збориме, секој ден си викам Ај утре. Детето малку гужванко ми оди во градинка признавам На тема ајвар, најактивен јадач сум ама и секоја година помагам освен последниве две јер дете имам нели Сеуште мајка ми ми прави зашто само нејзиниот го јадам. Свекрва ми не го сака таков, пожив го прави, па секој си јаде од својата мајка. На тема мрсули нема да пишам преку глава ми е веќе. Туку третата осмица во животов ми расне и ме боли, ќе умрам. Потечена сум, грлото ми е потечено и увото ме боли. Треба да одам на доктор или ќе си помине? После бременоста станав метеопат тежок и кога ќе видам дожд автоматски значи не мрдам од дома. Ај така, непланирано ве поздравив. Ве читам ама ме мрзи да пишувам, а и немам ништо посебно да кажам. Чууууз
Јас домаќинка ќе одам утре да 'правам' ајвар. Т.е. годинава со бебка ќе гледам како прават. Убаво им реков да не се мачат пошо не можам да им помогнам, ќе си купиме. Ама либе се запнал ајвар па ајвар, не било исто . И се налутив, им реков дека ниедна пиперка нема да им излупам . Туку ај да се пофалам, денес на дождовиве конечно се наканив да почнам да вежбам . Си ја надував пилатес топката, си симнав и една апликација (fit on) многу добра и бесплатна и почнав. Бебе на под, ја до неа си вежбам, па ме гледа се смее интересно и е . Се надевам само дека ќе ме држи мотивацијава . У 4ти скок сме, да не се подречам, до сега супер сме. Освен неколку дена кенкање и потешко заспивање друго сме ок. Се надевам ќе продолжи така . Отидов да мавнам еден туш и на спиење, добра ви ноќ
За ајвар се зборело денеска. Јас искористив да полупам додека спиеше царот, ама сме го пресолиле, ич не ми се свиѓа. А и една година го прејадов, па сега јадам само кога не знам што друго. Инаку денес дечкото ми е голем цел месец. Колку брзо ми порасна. Многу е паметен, сѐ знае. Особено капките и аспираторчето како ги препознава и бега од нив како од најголем непријател, да можеше да трча мислам дека до сега ќе избегаше. Уживам во последните денови, од понеделник почнувам на факултет, не знам како ќе се издржува, ама ќе успееме некако. Ме држи силна помислата дека за една година ќе заработувам, бебушка ќе се социјализира во градинка, а може и ќе се преселиме, кој знае. Едвај чекам.
Здраво мајки Маж и бебе спијат, па јас си уживам малце сама. Си направив кафе, доцна е ама многу ми се пиеше. Оваа недела многу сум уморна и неспиена. Не пратев скокови, ама изгледа ќе мора. Бебе ме измори оваа недела како за 1 месец мислам Само кенка без причина, сака само во раце. Ако е тивко плачи, да зборува некој, по можност јас да пеам. Така се радува, скока целиот. Пеачка станав. Мм ми вика цела улица те дозна дека си пеачка Два дена се будеше ноќе и вриштеше по 5-10мин. на цел глас. Ништо не го смируваше. Ептен се стресував и после не можев да спијам. Дремни-разбуди се цела ноќ. Неспиена а треба да пеам цел ден, гласот ќе го изгубам мислам Се радува на една песна, никако да научам како се вика, шејк шејк демек за да се исушиш после миење и само таа се пее хахахахаах.. звучам како несалам некојаа Денеска прими две вакцини, една преку уста, друга со боцкање. Ете дополнително кенкање цел ден. Засега нема температура, се надевам ќе помини лесно. Уште маки има, носот му е затнат, не течи има како густи мрсули. Го носев на педијатар, вика не е ништо само промена на време, кај сите е така. Абе остај сите, јас за моево барам лек. Кутрото не можи да цица со затнат нос, а плачи дури го чистам. И за се да биди тешко и стресно оваа недела, моја тетка ми прати алишта за бебе. Од убави преубави ама новогодишни, со елки, ирваси и слично. Што е нај јако ми вика ти пуштив поголеми за зимава а тие му се точни сега ама дебели за ова време. Ми иди да накитам елка и да го сликам Има уште 3 дена оваа недела, како тргна не се знае што друго ќе се случи
Добро утро. Денот тмурен ептен денес. А и ноќеска врнало. Ја испратив големата со чичо ѝ во градинка и пробав пак да заспијам, ама не можев. Никако не можам да презаспијам откако се разбудам сабајле. Овие денови па толку многу ми се спие што вчера кај заболекарот ќе заспиев за малце на тоа столот,да не беше таа машинката што буче. Инаку сум сама со двете деца дома, маж на печалба, ама за неколку недели ќе си дојде. Тешко е, ама мора да се издрже. Малово почнува во градинка од следната недела, некој ден пред 8 полни месеци. Планирав од понаредната недела да ја пуштам, ама ми кажаа од наредната за да се навикнува. За скоро месец и пол се враќам на работа па ќе има време за навикнување. Неќна пишав дека одбива овошје, а всушност го одбива блендирано, парченца си јаде, па решив да ѝ давам насецкано. Со вечерата си имаме мака оти кисело млеко и јогурт не сака многу, а јас немам идеа што да ѝ дадам. Неќни направив супа со брокула, морков, фиде и компир и малку маслиново, партал ја направи чинијата. Од големите во кои јадеме ние целата ја изеде. Неблендирано туку така само изгмечено со вилушката, не знаеше колку ѝ е доста. Ноќни каши исто не сака многу, едвај пола тегличка изеде. Вечер пак супа ќе ѝ правам, барем знам дека е најадена. Еве ја се разбуди, испушта некои звуци. Да одам да ја земам Имајте убав ден
Добро утро Не сум пишала не памтам од кога се надевам не сте ме заборавиле се трудам редовно да ве читам бар... добро ако се соберат многу постови признавам дека по некој прескокнувам На тема домакинлук признавам дека сум најголема недомаќинка зимница никаква никогаш не сум правела ниту сум помагала, а јадам признавам еве годинава може ќе се исправам во преговори сум со мајка да купам пиперки па да правиме нешто ма да искрено со две деца, поготово малото лепенка ми е незнам како ќе го изведам тоа, битно е дека имам желба де нели Заборавив правев џем од сливи во рерна ете сепак сум била малце домаќинка На тема болештии глава неможам да кренам со децава, кој што прави јас го тестирам син ми за ковид на почетокот на септември почна прво синче донесе вирус некој од градинка 5 дена изгоре од температура, се откорна од кашлање... Од него префати и ќерче она два дена со температура само ама со наод на плуќа кутрата и така три недели додека ги оправам поминаа. Три дена во градинка ги пуштив двајцата со затнат нос, кашлање на сето тоа учителката на син ми позитивна ајде дете во изолација... колку глупави закони имаме не ми се верува дете во изолација, а родителите бидејќи се вакцинирани не следува да седат во изолација со детето, и другото дете нека си оди слободно во градинка ... ако не детето нека седи дома со комшиите  И така чекав да поминат 5 - 6 дена од последен контакт со учителката па го тестирав син ми пак, среќа негативен е, па спокојно појдовме на работа, ќерка во градинка, а син ми го оставив со баба ми да се чуваат... Што друго да кажам психички веќе попуштив со целава ситуација, ми се оди негде да се издуваме со децава на планина да оладиме и одмориме малце. Иначе ај да ве почастам торта вчера прославив роденден, 34 полни Убав ден мајки, чувајте се