Фалаааа Оди она од 15Март во градинка без проблем, со мали настинки се до почеток на септември тогаш прв пат вака да ми се разболе.
Среќен роденден на Тома , голем да расте и горди да ве прави. Среќен роденден, мила ,жива ,здрава и среќна да старееш.
Здраво мајки да пишам по долго време. Ние сме добри, денеска градинката затворена, па го зедов едно другарче од неговата градинка и дојдовме на едно место 15 км од кај нас со трамполини и затворено игралиште во случај да врне. Времето е многу убаво, да знаев дека ќе припекува вака сонце, ќе барав некаде каде е само отворено. Деца си играат, нема нема се зарчкаат, ама се додека не ме викнат не реагирам. Нема се учат сами да си решаваат проблеми. Од догодина ќе бидат во школо и треба сами да се договараат. Да ви кажам многу има разлика со потпораснати деца. Така да мајки на бебиња издржете се е период. Има многу мајки кои викаат дека им недостасува мирисот на бебе, јас не знам дали сум исклучок, ама периодот кога синко беше мал, до едно 2 години воопшто ме ми недостасува Сега е срцка, многу е послушен и знае сам да се заигра, на игралишта не мора да рипам по него и да се качувам по лизганици. Јас сменив работа и некако ми е терсене.Нов тим, сосема друга работа. Што викам порано имаа пациентите едно до две црева, сега се целите со кабли поврзани. Ама ме тешат колешките ќе сум научела Маж и он ќе мени работа, ќе си најде нешто во близина. Трошиме многу време по патишта. По два саати, некогаш и повеќе само до работа и назад. Времето ми лета. Порано како поспоро да минеше, сега додека се завртам поминал месецот, ма и годините ми летаат. Oва е напишано од вчера. Сега го успивам синко.Му прочитав пет приказни,без успех,па му исклучив Тони бокс да слуша приказни за Пожарникарот Сем. Не знам како да го навикнам да спие во неговата соба.Секоја вечер каже ли се 12-1 саатот вечер се довекува кај нас и е многу немирен кога спие.Рита,боксува и јас и татко му сме живи ненаспани.А, и голем е веќе,нема место за тројца на спалната. Викаше да имал кревет на спрат ќе спиел сам.И го кажав тоа на воспитачката и она уште одма ме предупреди дека што и да купам,ако се плаши тешко дека ќе спие сам. Така и излезе,ама ако тоа не успева што да направам за да спие во својот кревет? Одговор на ова прашање немам. До сега дојдоа две другарчиња од градинката,да преспијат кај нас.Без проблем си спиеше во собата.Со едното спиеше заедно,со другото поделени во иста соа.Мачката ако спие со него-колку ќар толку зијан.И текне во сред вечер да преде и знае да те разбуди. Да одам кај маж ми да се видиме ,конечно ми заспа ѕверот Имам друг телефон и ме нервира автокоректорот не можам да пишувам убаво. Убава вечер на сите
Еве еден поздрав до ненаспаните мајки. Има надеж да знаете, мојата веќе на пет години почна цела ноќ да спие. Што се не пробав и направив, ама на крај само си дојде и почна да си преспива, да станува понекогаш само за мочкање. Јас по пет години неспиење сега маки мачам, цела ноќ се будам, лесно спијам многу, од навика веројатно, па све така ко ненаспана сум. Ама, ќе се среди и тоа. Среќни родендени на сите славеници.
Епа здраво и од мене. Бебе спие, маже спие. Дојдени сме скоро 1 месец Македонија, амааааа ништо не е како што треба, па решивме да си се вратиме Малта. КОНЕЧНООО…. Нема да биде за долго секако додека не фатиме термин за Германија, ама како и да е ќе си одиме на нашето камчее. Возбудена сум ептееннн мајка татко не знаат дека одиме пак, па и баш за роденденот на брат ми одиме. Утре се пакувам, петок сме Малта. Искрено премногу ми фали земјата, си ја засакав како родена земја. Па и најубавите работи ми се случија таму, се запознавме со маже, останав бремена, таму се роди нашата среќа. Мислам дека ми е среќна земја таа. Тешко било тука, дали дека навикнати надвор или па немаме добра работа не знам, само знам секоја чест на сите што живеете тука и се борите. Знам како ви е на некого убавини ама на некого претешко. НИКОГАШ не би живеела тука јас повеќе. Ај доста за државичкава, бебе да барав вакво немаше да го погодам. Прееееактивна е,само вика се смее се превртува, се занесува, почна со рачетп да врти, циркузи е. Среќна сум што пак ќе биди расоблечена. Јади се што ќе и дадам, на почеток гримаси прави ама потоа со муцето шлапка за пак Тоа е да спијам утре почнувам со пакување Добра ноќ мајки
Поздрав мајки, ние на кратко да Ви се пофалиме дека проодивме еве 3 дена како се пушта сам. Вчера правевме поступалки паа повелете Ова недела бевме преладени од утре пак во градинка не знам цело лето сме преладени претходно немавме проблеми како појдовме во градинка две недели максимум одиме па одмараме една ддве недели амаан. Среќа што не сум уште на работа кој ќе ме трпи не знам. Ии така на кратко Ве поздравуваме со Матеј.
Оф бе Срно хормони ли се што ли се се изнаплакав на твојот пост,веднаш си ги замислив сите работи кои ги прајме со нашите малечки без да знаеме дека се последни
I jas se razligaviv koa go citav zaso vremw leta opasno...use koa mi vikaa trudna ne ja uci vo race se karav...7god ivf se mucev za bebe vo race da iam
Во право си а иста сум и јас се карам со сите никој веќе збор не смее да ми пререче за бебево, да не сум го држела во раце цело време, да не сум го учела да спие во раце да не купувам толку алишта ги надрастувало мое си е бе, се изнамачив и сега ќе го разгалувам колку сакам
Добар ден жени Деца спијат, па да ве ѕирнам Големата ја оставив дома денес, осеќам и се случува нешто, жали по нас некако, па се дружиме денес цел ден. Ручек готов, десерт готов, кафе испиено .. И тоа кафе со рум пиев, и алкохол и кофеин ми фалат во високи дози, па ги споив во едно, једном се живи де Уште 10 дена од породилното иии бек ту ворк така да да поуживам уште малку дома во хаосот со момите, после по 7часа дневно ќе ме крадат од нив Само мислам нема за долго да е.. Конечно почнавме процедура за надвор од државава.. малце срцево ко лешниче ми е, ама мислам ќе вреди. Не за мене, за нив две е. Маж беше одлучен до пред месец дена дека не би одел никаде, сегде исто било. Ама еве му светна едно утро, па од утредента одма се растрчавме по документи, само и само поскоро да бидне.Пуштете ни среќичка Освен таа убава вест, кооооооооонечно уште една најубава на свет имам, после неколку години тага, не огреа едно големо сонце само да биде се во ред, се радувам ко луда за ова Пошо не е поврзано директ со мене не би ни да откривам нели, ипак приватност е у прашање а не знаеме колку се познаваме лично меѓусебно тука не е ни битно, битно е да има убави вести и настани, кај сите. Уплатив за новс програма за слабеење, да довршам тоа што почнав Планираните -15 заминаа, сега се стремам за нови -6. Само толку останаа. Па деновиве пред почеток се частам со парче торта, пица, ма и хамбургер си каснав, си се подув поштено Ама чит миалс секогаш се добредојдени да ме потсетат зошто не сум за нив.. До следно лето ќе сум нов човек, таман за во новата држава Убав ден имајте, јас да разлисам по дугиве теми да видам што се случува.
Постојано ве читам, искрено омилена ми е темаваобожавам како тоа со сета милост пишувате за мерак да си читаш, па си реков ајде и јас да шкртнам некој збор. Спие малата, мамино сонце, не се дели од мама, признавам тешко ми е некогаш ми доаѓа да се исплачам, далеко од сите, без фамилија до мене, ама си велам ако а и искрено мм и моето сонце прават да се осеќам исполнето, и така наеднаш се друго и не ми фали толку многу. Сами си ја растеме од првиот ден, а и не би сакала да е поинаку, не сакам топлината која ја имаме во нашиот дом да се наруши, едноставно за среќа потребен е мир. Се запишав на колеџ уште во бременоста, бев мн возбудена дури и 9 ти месец полагав испити и тоа со највисоки оцени, ми остана уште малку ама сега потешко наоѓам време за учење, по цел ден со бебе, па чистење, готвење, па дневни дремки, па правење кашички, бањање.. спиење и се така во круг. Мм по цел ден работи, јас моментално сум на породилно ама 3 месеци неплатено,не планирам да се враќам на стара работа иако имав договорени услови за пола рсботно време и да ни одговара со мм за чување на бебе. Сакам нешто ново, нови достигнувања, да влезам во работа која би ја сакала и таму до пензија да си седамубави замисли тешко за реализирање. Нека ни растат живи и здрави дечињава, друго како и да е се само ќе си се нареди. До следно пишување, Ви посакувам убава вечер
@nevermet18 @Bulibu мамички што да ве частам за бејби шарк? Сум го пратила либе денес да ми ја купи. Вечерва прв пат после бањање да се средиме без плачки и шо е најважно да исчистиме мрсули без плачки ова пари вредело Иначе ајварот се направи и испадна мноооогу убав. Ние со бебка си се изнаигравме. Ме фати жал, па дур спиеше бебуш полупив некоја пиперка де . У 4ти скок кај громчето сме и деновиве е нешо расквичена, ама очекував полошо да биде така да барем со спиењето и со цицањето немаме мака Него многу ми беше интересна на враќање у кола. Си праиме нешто муабет и се спомна зборот пешки. Леле кога рече детево се кикоти на пешки. Ја викам пешки она паѓа од смеење а и ја со неа. Едно 15 минути се смеевме ко блесави дури солзи ми течеа животот ми се продужи Друго ништо нема интересно, секој ден иста шема, пушти машина собери алишта пруши алишта, ручек, садови, шеткање. Досадно секојдневие
Добра вечер мајки Малце слободно време па да ве прочитам сите Малава моја и она е со мрсули, немирна вади заби. Горе едната единица цела и никна втората абер нема. Ептен е смешна со едно предно запче Дома по цел ден плачки, само се закачаат маливе Еда почнала да се држи и да чекори и само паѓа цело време сме околу нејзе. Ручек немаме направено со денови.. Веќе готова храна ми се смачи!! Спие само кога цица, не можам да мрднам од неа одма се буди. Хаос е периодов Гледам дожд цела неделаа. Барем дома ќе си седам и чајче дур работам Ми се иде те во Косово на шопинг те во Солун. Го пукнав мм ама не знам што ми е место не ме фаќа. Секој ден сме надвор Ги користам последните сончеви денови со малите на воздух И така.. идам да бањам едно по едно дете па се читкамеее
Аиии, наполни ли 9м Еда? Моево за 4 дена полни 8м а сеуште не седе самостално. Ја споредувам со други, знам дека не треба, некако сите ми се понапредни од неа во однос на седењето. Додуша секако ја сметаа за недоносена уште од почеток, а и ортопедот ми кажа дека е полабава и кога ќе почне да лазе ќе се уцврсте. Утре ја носам на градинка прв ден. Уште сега ми е страв, од што знам каква рикла е. Се нека биде како што треба
@forumce Да она си седи самојстојно уште од 6+ м. А сега се држи за маса и станува,чекори, си се спушта и си иде накај кабли и штекери.. цело време сум позади неа. Ќе почне и твоето, вака пораат си поуживај уште малце Иначе 8+ е
Добро вечер, добро утро, не знам шо е, на кој како му одговара. Мајка се вакцинираше вчера, па кога почна рамо да ме боли, па кога малаксав, викам е готово Шиме, ќе спијам а тебе шо ти даде господ тоа. Среќа баба му е тука, спие со нас ноќва. Луѓево цела вечер шетале, вртеле кругови низ соба, он пеел по малку, ја ништо не сум слушнала... Се почувствував како најголемо говедо. Ама од друга страна најмногу се вакцинирав за него да го заштитам, така што ваљда ќе ми ја прости дремката.