Добро утро женски Не сум исчитала неколку страни, а вие муабети за ајвар сте правеле, па почна да ми се јаде сега хахах Ние оваа година нема да правиме, ни јас можам со бебушов, ни мајками се правеше операција.. нема луѓе. Али си нарачавме од кај еден колега на свекорми, прееубав ајвар. Вчера пола тегла изедовме со либе Јас може само туршија да си ставам, корнишончиња нешто. Оваа година тоа е. Со бебка поминуваме супер. Откако наполни 3 месеци ми е преубаво, дали дека повеќе се смее, ја интересира се. Повеќе ми е активна, душа сега сме во 4ти скок и наближуваме накај громчето, ама бебе почнува да се смирува, претходниве дена плачки охо, вчера абе цел ден се смееше, незнам уста како не ја заболе хахаха па и викаше на цел глас, и ако не и зборуваме пушта некои звуци да кажи дека е и таа присутна Читав Кити што пишувала за Малта и дека не и се живее овде. Ох и мебжне деновове чудни чувства ме навладуваат. Претходниве 3 години Германија одевме со либе, и оваа година откако се породив ништо и не сме во план за скоро да одиме и некако ми фали ептен како да сфаќам дека тука не ми е местото незнам. Па плус и колешки оттаму ми праќаат подароци за бебе и уште толку се сеќавам како убаво си поминувавме. Али ајде за скоро може ќе им појдеме барем на гости Почнав со вежбање дома, со Памела Реиф. Со неа вежбав и пред бременост. Си ја пуштам на тв и убавинка. Па следен викенд почнуваме со маже со планини да одиме и така Тоа е женски, друго незнам што да ви кажам. Еве бебче ми се разбудува, одам јас па с читкаме пак во скоро време
Добро утро и од мене (нас) Дома цела недела. Со мрсули со кашлица од деца како што е редот. Глава немам дигнато цело лето болни а на повидок и есенва. Смачено ми е. Каде грешам? Не се голи боси. Но толку слаб имунитет имаат што комшијата да кивне овие моите ке се разболат. И така барам слободни кај шефицата и викам вака и вака децава се настинати додека да договорам баба сервис морам да работам од дома. И добив одговор пазите Зошто бе Хепи не ги запишеш во приватна градинка? И јас ваква а што ако платам нема да се разболуваат? Што е работава тие деца немаат мрсули. мислам вакво прашање син ми од 2 и пол години да постави па да го разберам ама жена во години што мислам знае дека деца во државна или деца во приватна исто дишат ете неможам да рсзберам. Големиов е во некоја фаза како разбирам ама не ми одговара. Сака да е малце де негово и тера некој инает но срејќа брзо го сечам и станува послушен. Ама затоа малиот ми е со тантруми,со лигавење. Не сака сам да седи мора во раце кај мене. Чекор ако ми слушне дека заминувам драми настануваат. Ајде за една година и тој ке смени. Да се надевам нема да остане ваков лигавешко додека го женам. За зимници ич да не пишувам. Не правам а сакам да јадам. Немам стварно ни време ни место каде би се наткревала а си сакам и лутеница и ајварче. Купувам најчесто и тоа не во големи количини. А сега сум опседната со зимска гардероба. Така времево ке тера да отварам по страни гледам нешто зачувувам а за децава одма нарачувам. Како ли се променивме вака себеси си се ставаме во втор план. Гледам дождови во најава . Не оди во комбинација дожд и две деца дома во стан. Трпение. Долга е зимата. Ке се навикнеме. Ајде ве поздравувам со чај од нане
Dobro utro majka jas da prasham kolkavo vi e bebeto i dali doite? Bidejki ste se vakcinirale a planiram i jas Izvini shto se ufrliv vaka vo postot.
Moeto denes pravi 2 meseci, mi rece pedijatarot deka moze da se vakciniram Samo da pocekam prvo moeto da primi narednata nedela mozebi pa posle jas zdravje
Добар ден убави мајки Ептен сакам да пишувам во темава, чувствувам дека ќе си ги барам постовите по одредено време и ќе ми фалат, ама цело време сум растрчана-каде, не знам ни сама. Се бркам и се борам сама со себе и тоа ми е најтешко. Ај да не мрчам, ко времево сум се направила. После сто години го откривме делот од градски парк позади зоолошка. Се вљубив конечно во нешто тука. Секој ден трчаме за таму, небаре ќе ни го земи некој, а ние само сакаме да го доискористиме убавото време. Еве ја љубовта моја како ужива. Многу, мнооогу се надевам дека ќе ја сака природата и дека нема да е ко мене и татко му. Од кога е роден досега нема ден да не е изнесен и прошетан, па макар и на 10 мин. Се прашувам и се плашам што би правеле зимава, кога ем ладно, ем презагадено во ск. Леле женки не знајте колку сум превозбудена дека синче уште малку ќе почни со дохрана. Се опседнав, па туку барам хранилки, чинии, лигавки, мислам, премислувам.. И на крај ко за инает сигурно уста нема да сака да ми отвори синче. Со спиењето се пофалив дека сме хаос. Почна рано да станува, па од 4 дремки на 5 премина, па почна рано да легнува, покасно да станува со 3 дремки, па пак на 4.. Не смеам да се жалам дури спие навечер, ама преку ден ништо не можам да направам, освен да јадам и кафе да пијам. Кратко спие, мора да е апсолутна тишина и не можам ни-што. Се смееме со либе (а ич не е смешно) дека кога спие ние ќутиме за да не го разбудиме, кога е буден мора него да му се зборува, не смее 2 секунди да не му се обрнува внимание оти светска војна е, па и тогаш не разговараме. Живи навечер, од ко ќе заспие за конечно. Дури ни се случува преку ден да седиме еден до друг и да си пишуваме на социјални мрежи, е така ни се сведе комуникацијата. Решив да почнам да чепкам нешто од работните обврски дури сум на породилно и таман се одлучив, појдов, го видов хаосот таму и со дојдов ко попарена. И сега за нигде не сум. Толку многу работи ги мислам секој ден што сакам да ги споделам со вас и сега ништо не ми текнува. @KittyCat:) како бе се враќате за Малта? Ами снајка? Јован ја чека, ја чека.. Се зезам, прајте ко шо ви одговара. Знам колку си пресреќна шо нема да си тука. Јас се одјавувам, имам еден куп непрочитани постови во темава. Да читнам нешто со кафето дури не е станат медењакот мој, па ќе го носам во бебешката теретана да вежба. Најубав ден да си имате. Гушкајте љубови најголеми од нас.
Moeto gi primo vakcinite za na dva meseca shto se i jas sum na misla sega. I go dojam . Ubav den majka
Здраво мајки, одамна ви немам пишано а гледам се активира темава и убаво ми е кога ве читам. И ние доискористуваме од убавото време. Што ке се прави кога ке почнат дождови не знам. Синко е навикнат да е во движење, на тераса или во двор, и барем еднаш дневно во парк. Ни мене не ми годи дождливо време. А можам да ви потпишам дека ке се менува, раната ме боли и боли. Синко е со мрсули до колена. Мислев се смири носето ама почна да кашла. Матичната вели се е бо ред, на плуќа нема, грло не е црвено, нема потреба од антибиотик. Ке провериме брисеви да не е бактерија. Ставам оригано и давам виранто па ке видиме. Тоа е кај мене мајки. Гушкајте малишани. Преебрзо растат.
Добар ден и од мене мајки Надвор дожд врне, истура. Дали дека јас бев решена да излегувам па како за мој инает, важно сметката за ѓубре ќе почека подобро време за плаќање Малата заспа. Денес стана рано, го испрати брат и во училиште, доручкувавме, за џабе се дотерувавме па така спремни пиевме кафе со комшиката и сега спие. Пред некој ден почна да оди, уште е стегната ама од ден на ден прави повеќе чекори. Почна со 2,3 па 5,6 и вчера и изброивме 11 чекори со синко. Тој се радува повеќе од неа, на моменти ја плаши дури кога извикува од возбуда ,, мама дојди да видиш, пак оди сама,,! Е сега, прооде а заби никако да и излезат Озбилно! Си остана со долните две единици што и се излезени уште пред пет месеци. Желба за јадење има, џвака сѐ и сешто, не знам како ама успева. Деновиве гледам цела е побелена одозгора и како да и пукнала жлебината кај горната двојка. Кецовите ќе ги прескокнува изгледа, директно на двојки ќе оди Почнав да пијам витамини за тоа што ми паѓа косата. Откако сум породена не престанува, уште малку без коса ќе останам. Испитав многу работи, бев и на дерматолог, ми препиша витамин па ајде да пробам. Мм ми вика да сум почнала да спортувам, да се ослободам од стресот. Не знам зошто како под стрес да сум му се гледам Малку ми фали жив да го изедам Ми вика двајцата да одиме во теретана кај пријател негов, му кажувал за некои машини што ги имал, таман за мене биле, да ме подисправат малку. Изгледа искривена му се гледам Немам време и живци за тоа јас, тој нека си гледа за него, јас кога сум нервозна доволно ми е да има кока кола и блачко, ако си пуштам и песни охо го обрав бостанот. Сега кога ќе ми текне се смеам, кога бев бремена плачев и на реклами и на временска прогноза Бегам мајки
Какви витамини пијаш?. Мене почна од кога наполни бебе 3 месеци, ама ако продолжи вака без коса ќе останам
Овие https://images.app.goo.gl/gXvRBpb5LNS698Vh8 Ми рече докторот 3 месеци да пијам, па пауза 3 па пак. Ај да видам дали ќе има ефект.
@Naatashka123 @Monella еее ко немате иновативни мажи ко мојот.. Крекам низ дома за косата дека ми попадна, останав ќелава и стварно ми влијае на психа и либе мое ми вика дека имал две идеи како побрзо да ја надминам состојбата. Мхм, слушам. Првата идеја е да си купиш турбани или марами и да ги носиш постојано. Така ем нема да гледаш дека ти паѓа косата (оти и видот од нив ќе ми ослаби де ), ем нема да се нервираш оти насекаде има влакна. Мхм, а втората идеја? Да ја истрижиш косата скрос и да си купиш перика. Ем ќе ти никни нова, убава, здрава коса, ем ќе имаш коса каква шо сакаш во меѓувреме. Ее да, а каква би зела? Плава, црна, црвена, кратка, долга... Пааа види, можи неколку да си земиш, да си имаш за менување. Мажу, ако некогаш го прочиташ ова, да знаеш дека во тој момент посакав да те убијам толку колку шо те љубам. Заблагодари и се на мојата самоконтрола и трпеливост.
И јас би го убила ако ми речи вака Неможам јас, премногу се нервирам... вистина мислам без коса ќе останам
А која цена се и во кои аптеки ги има? Или во сите? Јас и други витамини пијам како во бременоста, па и овие да не се премногу така
Добар ден и од мене Времево крш (мене омилено) али за активности надвор јок. Многу сакам да врни да истура со грмотевици ме потсеќа кога бев мала кога ќе почнеше да врни веднаш на тераса со татко ми тој кафе и цигара, јас чај и кебенце Тој многу му се радува на дождот и ужива додека паѓа да гледа, а и јас сум иста. Ме нема одамна на темава али стварно немам шо да пишам све исто во круг. Синко обожава да е надвор и да е највалканото дете на цел свет дали дека му дозволувам или таков си е со песок се полниме до гуша кога ќе дојди дома со нас носиме два кубика песок, одводо ќе го затниме кога се капиме Ако видиме вирче вода по пат ехаа да можи и шампон ќе побара да се искапи бевме на планина викендов тој се тркала по трева корни ја фрла на глава абе циркузи и морам да носам алишта со нас да се преслечиме пред да дојдиме дома. Неможам да се препознам јас што стварно сакам чисто дете, а и јас да бидам чиста не исфлекани од што ќе стигниме ми се погоди дете што е пресреќен кога се валка, па подголтнав и прифатив. Иначе од зимница и ајвари не правам ништо дур се живи мајка и свекрва нека прават ние ќе јадиме (недомаќинка). А и од кога не покоси короната јас пиперка неможам да поднесам ми мириса на канта за ѓубре така да ова година ајварот ќе остани Ве поздравив на брзина па да видам до кај е ручекот
Мислам дека мало ти е бебето нели? И да пиеш и да не пиеш сега е период кога секако мора да падне, штом така налага природата остави ја да падне, со причина е. Витамини ако ти останат само неколку влакна на главата. Сега остави ја да падне и да порасне нова, едноставно таков е протоколот. Мене со првото почна да ми паѓа четвртиот месец, со второво третиот месец и тоа цели прамени ми паѓаат, многу ми е језиво кога гледам, кога сушам и чешлам коса усисивам после тоа.
Да малечко е, следна недела 4 месеци. Знам дека мора да падне али паники ме фаќаат кога гледам цели прамени
@IRBBB да го поздравиш маж ти и да му кажеш дека идеите му се супер, јас ги применив многу одамна кај мене Си го имам и едното и другото, озбилна сум. Само, не е исто кога имаш своја коса и да носиш перика. Нели мерак за коса па сум порачала кдрава цела , абе ниту еднаш не ја ставив, среќа имам еден реп, го платив поскап ама за посебни прилики ми врши работа @Naatashka123 не знам овие дали ги има во Мк, на Амазон сигурно ги има.
Мојот има погенијално решение. Таа коса шо ни паѓа да си ја собирам и да си напраам перика од неа И мене цели прамени ми паѓаат ама толку ми е густа шо осеќам ко влакло да ми нема паднато само језа ми е коа ќе видам, посебно дур се бањам
Добар ден Ручам и ве читам .Од кај да почнам.Косопад -имам и јас.Кај мене се појави од 2 месец .Па како секој верен гастарбајтер си ја продолжив традицијата и си бев на фризер во Мк. Па од долга си ја скратив косата.Отидов кај на мајка ми фризерка.Мм и мајка ја чуваа бебка, а јас и големата цурица на фризер. На фризерката и реков кратка ама ушите да ми ги покрие.Ме шишаше и ми излезе фриз чоа ми ти 2 год средно. Истиот фриз го имав во средно.Ме фарбаше и шишаше за некои смешни пари.Кај мојата што одев ме дереше со тоа цените.Ама ајде си велев нека мине од мене. Од тогаш женЦки мои ми ги нема огромните влакна по тепихот ,што ме нервираа и веќе не ни приметувам дека ми паѓа.Ама скоро секој ден пијам железо.Може и не ми треба ама после ангсот од спање во бременоста си пијам преветнтивно железо. Тема зимници.Јадам ајварче мхмх , луто само. Може премиерот не е вистински погодок за Мк ,ама за ајверчето капа му симнувам.Така правам ајвар ќе си порачам од амазан и утре ми е пред врата. Ајвар инаку од деца не сме правеле.Мајка ми нон стоп добиваше од некој.Таа ќе дадеше мармалад од капини,шипки или компот од трнинки и добиваше ајвар.Ако ни недостигаше купуваше.Овде правиме туршија од карфиол и морков, како и кисела зелка.Си купив лани 3 буренца по 30л и цело зимо ќерче N°1 си јаде карфиолче. Инаку бејби не лази уште и нема заби.Исто и при седењето не е стабилна.Еј кој притисок си го правам дека големата на нејна возраст и лазеше и седеше стабилно и имаше заби.Демек има дете без заби и дете што не преодело.Инаку и е бело едното забче па само писка по цели денови.Гледам и да ја анимирам додека дадича е на градинка.Имаме две игри за фина моторика.На леген со дупки и закачувам разни чорапи, лигарче , пеленка,а таа ги влече и ги пика во уста .Исто на фрижидерот ќе и ставам магнети и таа ги одлепува. Па така мирна седи некое време. Бебе ниту е јадач ниту е спијач, ама за шетање е прва.Спремна е и за дожд и за снег .Па одиме до градинката по двапати.Во градинката сите ја закачуваат , а таа им се смее.Уште кога ќе влеземе внатре се радува.Ајде да видиме каква ќе биде кога ќе ја оставам таму. Имав и уште за една тема да кажам ама заборавив што. Измеѓу време ми стана бебето па го доев.Да одам да се дојадам, а вие имајте убав ден и шетајте малишани. @IRBBB медењаче е Јован.