Прв пост од расплакана мајка….Секоја чест мајки како сте издржувале со болни бебиња… Јас еве прва настинка и со неа плачам. Срце ме боли што ја гледам како кашла и се бори со шлајм. Па кога ќе почне да се бори за здив готово мислам пребледувам. Ако вака настинува од одење во градинка мислам ќе напуштам и работа и се. Преку ден тераме некако ама а се стемни многу лошо…. Сега заспа, ама сигурно ќе се разбуди при првото кашлање и ќе биде плачки…. Долга ноќ е пред нас. Малку да пишам и за другиве теми што сте ги почнале, да тргнам мисли . Оваа година и ние нема ајвар, мајка една тура направи па ќе се гребеме од кај неа. Сопругот не ни јаде, така да само за мене се мислам дека понатака нема ни да правиме ќе си купуваме готов. Бебла веќе две недели си лази и тоа профи. И можам да кажам дека има огромна разлика од претходно се во раце ми беше. Сега цело време е на земја, си седиме двете и си играме, преубаво ми е. Мислев вечно во раце ќе ми биде. Ама дефинитивно откако почна да седи и лази многу полесна е за чување. Сака играчки и се занимава со нив. За сега не е дете што морам јас да ја анимирам. Си ја седнувам на земја и сама почнува да си лази и игра. Тоа ми се допаѓа. Мислам дека не фаќа фазата кога осознава дека ја оставам. Знае некогаш да плаче, а штом ја земам се смирува. Итри се, паметковци мали. Од утре депресија ќе ме мавне осеќам поради времево. Ќе морам да наоѓам начини да се анимираме дома двете, верувам за сите со деца периодов е тежок. Куќата се мачка внатрешно ѕидовите, па таванот и кошулица и ќе дојде забавниот дел. Едвај чекам да почнеме со уредувањето ентериерот. Нема да имаме многу пари за почеток, но скромно за живеење да ја опремиме доволно е. Се надевам следна пролет/лето веќе ќе сме преселени. Имајте убава вечер мајки. Да одморам јас малку додека спие малава.
Да направам и јас сефте во темава. Денес бејби 9 недели прави, се ставив во мајка и јас ( некогаш сеуште не ми е верно) и јас сум гастербајтерка мажена за Гермаија па сама сум си со бејби по цел ден, а таа галениче на мама само во раце сака грб ми падна, уште во болница само што се породив лепенка за мене, имав цимерка нејзиното спиеше во креветче гајле нема а моето само на гради и меше сакаше да спие, така и си остана ( ова од далеку да си се одбранам дека не ја разгалувам јас такво си е детето ) За една недела малата треба да прими први вакцини го натерав маж ми одмор да земе тој ден, си се знам јас каква сум тресулајка, не можам низ тоа сама да минувам . Покрај целиот стрес на новопечена мајка сама на крајот на светот и сите предизвици таа титула што ги носи, па и еден куп бирократија ме снајде...Огромни формулари, осигурувања, породилно и што ли уште не (гратис ) ама помина и тоа некако. Како расне малата се поинтересна е, гука се радува, почна да ја интересира надворешноста, навечер почна супер да си спие, возбудена сум за се што доаѓа и ни следи. Многу е дружељубива кога имаме гости гајле нема им оди на сите во раце и спие како јагненце. Косата мене уште не ми паѓа, ама како што ве читам има време кроткичко, полекичка и тоа ќе биде. Бебче моментално си го цица палчето во сон, и почна да претка, тоа е знак дека скоро скоро ќе се активира алармот и да привршувам
Нека е со помин на малата.Мајка не си сама , да знаеш колку само солзи сум исплакала од болестите на големата,мислам цел базен ќе наполнев.Знај дека децата многу полесно ги прележуваат болестите од нас возрасните ,додека ние мислиме колку ли им е тешко тие со игра оздравеле. Трпение ќе помине.
@CareTee Ела да те гушнам Како што ти кажа Ава базени солзи сме исплакале, не си сама. Нема потешко нешто од детето болно да си го гледаш. Си викаш да можам целата тежина да му ја земам јас да ја носам, само тоа да не се мачи. Е за жал, и тие мора да поминат низ тоа, па како ќе бидат силни? Јас на првото разболување се држев се додека втората ноќ не сум го слушнала алармот (имав аларм на секој саат), од умор се успав. Се будам, детето жар црвено и гори. Колку ли само вина осеќав, колку се колнев. Убавото е што поминува брзо, се будиш после 3-4 дена маки и детето е весело, бара да јаде и готово. Поминало. Немој да се секираш, ќе се разболуваат и понатака, ти ќе имаш искуство плус и ќе знаеш како да реагираш. Нека помине побрзо и лесно
@Ava.84 @Jana06 Фала ви мами за поддршката. Ве гушкаме. Добро ја поминавме ноќта, очекував полошо. Денес ќе одиме пак на лекар, мора да ја следи , најмногу се плашам од тоа спуштање на градите. Ја чекам сега да стане, се успала нешто денес, да ја сликам за 7 месеци, вчера направивме ама во тој хаос не ми ни текна на сликање. Барем не и тече носето сега за сега и нема температура. Мала победа. Кога ќе ми текне дека за месец дена треба да ја пуштам во градинка и да почнам со работа. Многу е мала , она секогаш ќе е мала за мене, ама сега стварно премногу ми е жал што ќе ја оставам. Би си ја чувала најмалку до година. Колку убави моменти ќе испуштам од нејзиното растење. Многу се плашам од тој момент. Многу малку саати ќе ми бидат за игра и галење со неа. Мене косата интензивно почна да ми паѓа од кај 3/4 месец, ама еве сега 7 месеци беба има голема разлика. Нема веќе толку големи снопчиња на секое чешлање и бањање. Имам шишки, можете да замислите колку се изретчени, а колку нови влакна ми растат. И јас мислев тешко дека ќе се опорави, но верувајте ќе се обнови за некој месец. Денов денес само за книга во раце, кебенце и чаша чај.
Тешко е сам ама уште потешко е некој да те праша “Зошто плаче бебето?” Кога и да ми е тешко се потсетувам на тоа дека сме сами и сфаќам колку ми е само лесно. Пред некој ден плачеше многу додека го бањав и после тоа му се нафрлив на мм зошто ме прашал зошто плаче, а тој упорно тврди дека не ме прашал такво нешто. Убедливо изгледа па најверојатно во право е, а мене може така почнало да ми се слуша од преживеаните трауми со првото. Големава ми е најинтересна кога ја викаат децата надвор и излегува на тераса и им вика дека не може да излезе дека треба да го чува бебето. А јас го чувам бебето од неа, ни една секунда не смеам насамо да ги оставам ама ајде нека се фали пред другарчињата. Вчера во маркет заборавив брашно да земам, а на каса бевме и и викам да седи да земам брашно одма тука е и ми вика немај гајле јас ќе го пазам и се враќам и гледам ја мрда количката да биде мирно бебето, а дома само пробува да му направи нешто ама и тоа ајде нека мислат сите каква голема сестра е и дека лесно ми е мене дома. Не знаев што да кажам ама ми тргна муабетот изгледа. Бебе демек мирно ама јас малку утнав со исхраната и деновиве само кенчи. За ручек гулаш направив, а и во него кромид има и пак ќе треба нешто друго да јадам јас. Скоро една недела сум на здрава и избалансирана исхрана за да ослабам конечно и да си купам облека, инаку за џабе да купувам кога секако мора да ослабам што поскоро тоа подобро. Е сеа и од здравава храна сметаат на бебе некои ствари. До сега приметив грозје, мандарини и кромид. До два и пол месеци беше мирно, немаше воопшто грчеви и таман си реков уште две недели демек до полни три и почна да го боли стомачето, можеби се опуштив мислејќи дека штом немаше до сега нема да има грчеви, а знам може и до петти месец. Многу згоди и незгоди со четиригодишно дете и бебе ама нив ќе ги прескокнам, претпоставувам кај сите горе доле истите дешавки ги има. Наместо да уживам во породилното цело време ми доаѓа мислата во глава што потоа ама ја бркам одма. Дали порано да се вратам на работа, дали на време, дали покасно, дали на истата работа, дали градинка и кога… Убав ден Лесно ви било на вас со мирни бебиња. 95% од кафињата топли ги имам испиено со ова бебе а со првото и од кафе се откажав само за да не се нервирам што не можам едно кафе да испијам и инает ме фати е реков ни тоа нема да пијам додека не порасне
Добра ви вечер. Деновиве мислам пола коса ми обеле од стресови. Дете од плачење ми се разболе, грло го фати... Докторите велат нема ништо, ама еве го денес кашла, ќе полудам од страв. Почна секој ден решето да се прави. И нокти исечени и пак успева не само да се гребне, туку и крв да си пушти. Самотепач. Вечерва пред заспивање сум му читала How to kill a mockingbird како секоја нетачна мајка. Малово па за чудо ужива, слуша внимателно, божем разбира што читам. Умен он, уште од сега двојазичар. Направивме 40 дена, требаше утре да го крстиме, ама кумата излезе позитивна. Среќа што ѝ текна превентивно да се тестира. Ништо, ќе си почекаме уште еден месец, само сите да сме добри.
Викенд а? Пери, пеглај, готви, смукај и се така до недоглед Добро е, џогирањето падна на мм денес, да не било џабе потењето (беше да вози точак) па пред туширање помина набрзина. Море денес за прв пат фати и конец и игла во раката, тоа дека и тој како @gjoker4e чека да ослабне па потоа да си купува на ново. Муабетот го врти цели две години, никако да ослабне, напротив, како да покачува Вчера бевме излезени и баш му викам види што убава блуза, остави вика кога ќе ослабнам тогаш. Наредниот пат пред излегување кога ќе рече немав ли некоја убава блуза, ќе го фрлам од прозор (да можам, де) Времето ни се залади, права есен стана. Ми се пие чајче ама сакам со друштво, и благо ми се јаде.... Малата прооде, по цел ден не застанува, секоја кривина како пијаница ја зема кажува колкава ќе порасне и татко и ја научил да намигнува со окото Додека нејзините заби со душа чекаме да излезат, на брат паѓаат како дожд. Тој возбуден е, само планира што ќе си облече утре за во училиште, ќе имале час- џудо па требало спортски да бидат облечени, секогаш е спортски ама ајде оди докажи му Одам да спремам нешто брзински за вечера. Убава вечер мајки.
Добро вечер мајки Се изнасмеав со некои ваши ситуации и реакции од мажите, баш се расположив малку @Izzy_0504 генерацијо среќен 1ви роденден на Тома, да е здрав и жив и да ве радува секогаш Среќни родендени и на мајките, и овде @Happyinlove 8ми скок сме кај громчето, те разбирам колку ти е весело, мојата коса кубе, прави лак наназад и негодува, глава удара со рачиња, па ја врти како да вика "не,не" @CareTee иста бев за првата настинка, изгоре од температура таа, кенкава, кашла, инхалатори, аспиратори и помина некако, ама мн ми беше тешко. Сите овде те разбираме, но ќе поминува, ќе дојдат нови настинки, така јачаат имунитет За косата и мене ми паѓа, маж ми не коментира, но го гледам само чисти влакна и пак тушот го чистел бидејќи сум го затнала Поретко паѓа сега, но не е изгубено. Друго заборавив што зборевте, да кажам новости од нас. Дете во градинка оди, се навикнува, по паузата со настинката 2 недели не ја пуштив, потоа останува до 15ч грејната сите ги зимаат во 14ч а ние сме до 15ч на работа, па последна и сама останува со воспитувачката, и не чекаат, и околу градинка маче, куче бараат, слатката таамногу сака животни, како мене. Се пушта да оди, но не ми е стабилна, паѓа но не се откажува, пак пробува, нозете и се со модрици оти само се удара со играчки и од лазењето. Ново и е " ајде, ајде" вика, и мн слатко го кажува Денес од чиста мира 2 пати ми поврати обилно, еднаш кашата по 2 ипол часа оброк, потоа млеко што цицаше по 2 часа, ја мачи стомачен. Еднаш и проливче ми покажа, па се мачиме со јадење, се мршти, по 1 час јаде неволно Мора се да закачиме. само да минува побрзо, кај сите па и кај нас. Двојките ја мачат горе, едната излезе, другата е при крај, се гледа, кецовите ги скокна Мн е интересен секој ден со неа, а посебно викендот каде тројцата сме си заедно и се дружиме Одам сега, маж ќе ни прави палачинки, јас и она ќе си играме. имајте убав викенд и гушкајте ги вашите дечиња
Денес бепка моја месец направи. Дури сега наоѓам момемт да се пријавам Турбо дома со две-едно накај 5г,другото новороденче Најтешко ми е сабајле,ког малото цица,а големиов да јаде Сеуште е мајкина маза па се јас го ранам. Тешко е,но мојот напор двете да ги чувам и те како се исплати.Се сплотија .големото само го гушка малово. И кај големото има резултати околу некоо негови навико што сакав да ги корегирам.Друго си е кога е под мој надзор цел ден,наѓесто со баба.И контрола со благо,и внесување течности,и игри едукативни... Имајте убава вечер,ќе пишам прва слободна прилика.
Dobar den mamichki . Eve i jas da se priklucham na temava a ne samo da postavuvam prashanja Bebe 2ipol meseci koga kako e mirno saka samo vo race a mashala golemko e Preku den spie 2-3 pati po pola saat i tolku ama zatoa navecher si spie od kaj 22:00 do sabajle do kaj 05-06 i znae da si prodolzi posle cicanje. Imajte ubav den majki
Добра вечер мајки! Ех како ми се пие нешто алкохолно, ама доам .Дома е хаос.Бебуленцетло ми е болно, мрсолчиња до колена и поткашлува по малку .Нема тт.Пак од дада и.До сега толку пати беше болна , али не со волку секрет.Навечер се будеше на 15 мин, па цел ден ми се спие. Важно си има прво запче.Па ајде повелете на сутлијашче. Spoiler: Сутлијаш Денес и утре ми е и дадичка дома, немале персонал во градинката. Заспав и заборавив што сакав да кажам.Важно почастив.Старо аро сум. @Monella лесни чекорчиња на женската . @Alishan30 побрзу да и минува на девојката. Ајде мајки имајте убава вечер да одам да спијам оти немам сила веќеИмајте добра и мирна ноќ.
Добра вечер мајки Темава омилена ми е, само што од позадина си набљудувам и никако да стигнам и јас да шкртнам збор два. Беба си спие, маж фудбал гледа, јас пуштив една перална и сега конечно дојдоа и моите 5минути одмор. Денот тмурен, тмурен нема до каде, мразам есен/зима. Прво да ви се испофалам, додуша пишав во друга тема ама беба има забче, како зајче ми е Почнавме со вкусови пробавме неколку и денес и измешав крушка со морков, толку слатко си јадеше уште не голтнато уште зее за да и дадам, комедии беше. Беба ми расти со брзината на светлината, не сакам да порасне нека си биде бебе засекогаш Мило е, таа насмевка посебно наутро кога се буди и ќе ме виде ми се насмевнува ми доаѓа да ја изедам. Вчера внука ми имаше крштевка и роденден заедно правеа, беба иако е 5м кога ќе ја види дада и (не дека дада ќе ја вика ама ајде, 6м се разлика)абе тоа радости се и се смее и пушта раце сака да ја зграпчи. Убаво беше беба беше среќна издржа 'мушки' на прославата, додуша си бевме дома најблиските и сите и беа познати им се смееше, ги закачаше, абе појава е кај и да оди. Овие две вечери инаку (малку да се пожалам де) заспиваме со плачки, никако неможам да и погодам додека да заспие... амааа оно да ти била во 5ти скок и плус заби и излегуваат и што да ви кажам забава до бесвест имаме, ама ајде ќе помине.. Сакав многуу работи да кажам ама системот ми заглави и ништо не ми текнува. Добра ноќ имајте мамички и гушкајте се со бебчињата
Добро утро!Повелете кафе за сите недоспиени мајки... Бепка ми направи месец.Кога ли летна?! Фативме ред со цицање,а спиењето и е на рати.Со тоа и моето.На 3ч ноќе ме буди.Ако..нека ручка за да напредува,па кога ќе потпорасне,помалку ќе се буди. Него како ги комбинирате бенкиците за бепки? Дома ми е топличко за да облечам бенкица+шпихозни,а ладно па за да ја оставам само на бенкица... Ручек од бчера попладне си направив за денес,па само да го подгреам.Мусака од модар патлиџан.За денес само да испеглам остана и сакам да одморам.Ранава кода ме боли повеќе деновиве па затоа. А колку реално ќе можам кога веќе и големово го чувам.Каква е ситуација дома кај тие што сте со двечки?(разликата е 4г кај моиве) .Релативно добро се адаптираше големково ама има момемти на љубомора,кои ги кскажув со соблекување чорапи,или на рипит се става со 'мамо,мамо,мамо',или намерно гласно збори за да го разбуди бебево... Ама се распишав за одсабајле @Ava.84 побрзо да минат мрсулите и да се оправи бепка. Честито прво запче @Bulibu
Само шпикозни ако ви е топло. Ние сме сл парно и е баш топло, прозор на кип ја по кратки. Беба тенко боди по долги, панталончиња и чорапчиња.
@Ava.84 @Bulibu Бели како бисери да им се редат запчињата Многу облечен така ќе биди со двете по долги. За дома јас го облекувам по боди на куси, тренерчиња и чорапчиња. Топло е и кај нас, отприлика 22-23 степени.
Земав дете од градинка, пресреќно дека нешто работеле, си играле и патролни шепи со другарчињата, куп цртежи донесе и така. Направив овошно пудингче, така си го викаме, со банана, авокадо, сируп од урми и путер од лешници, малку какао со малку млеко за да биде густо и во блендер. Ептен е вкусно, замена за благо ни е и на двете. Па треба да смислам нешто за каснување подоцна, цел ден е гладна после од градинка, иако и сама кажува дека убаво јадела, кажуваат и учителките, ама дете во раст. Гледа цртани и одмара малку, се изнадрдоре што и како и сега само си ќути. За чудо После ќе поиграме нешто, ќе прошетаме, вечера и кревет. Пред осум веќе заспана е. Многу ми е интересно како станува свесна за своето тело. Си играле нешто со татко и, ја скокоткал по мешето, ама му рекла дека и незгодно така да ја скокотка и дека се срамела и по градите да ја пипка. Го замолила повеќе да не го прави тоа. Душа убава, ме изненади и колку отворено му рекла што и пречи и од што се срами. Не сака ни да е присутен кога се облекува, све комплет. Како се вашите со оваа фаза? Инаку, да ви кажам, многу сум среќна со форматот на нашето семејство. Уживаме кога сме тројцата заедно, играме нешто, си зборуваме, се смееме, едноставно ми е прекрасно. Среќна сум што нема расправии и дерење, нема напната атмосфера, за разлика од јас кога растев, мирна ми е душата. Секогаш и велам дека дома може да се опушти, да прави што сака, дека ова е нејзино безбедно место. Сабајле станавме, она цела ладна, не се покрива ноќе никако и не, и викам, добро, не ти е ладно што не се покриваш? Ми вика, не, јас сум ладнокрвна. Леле колку се изнасмеав, ладнокрвна била. Има во Сара Кеј книгата еден гуштер кој се сонча на сонце, зашто нема своја топлина, така и она била, добро и било ладно кога било. Нека растат запчињата бели бисери и со помалку мака. @Oneo морам да ти кажам дека преслатко ти е бебето и алал да ти е како го фаќаш за сликање и за идеите за натписите на сликите, се смеам стално. @gjoker4e признај дека роди уште само за да се погоди мирно и да видиш какво е чувството. Нека ви е убав денот на сите.