Ме расплака хепи вр гушкам сите, највеќе тебе побрзо да помине и да ни пишеш како сте браво за маж ти што ти дава поддршка
Добра вечер мајки Да шкртнам некој збор, во заборав да не отидам. Големата започна во новото училиште. Толку лош првиот впечаток и се што се дешава...мислам дека мигрена и тт добивам секој пат кога започнувам да зборувам за тоа. Не може да сменам група и учителка, нема друго школо од тој тип во околина...и сум бесна, разочарана и во шок. Освен да продолжам сама да работам со нејзе, како и до сега, друг избор немам. Малите пресреќни во градинка, имаат две братчиња за најдобри другари, а богами и јас зачестив со мајка им на кафе муабети одкако ќе ги оставиме во градинка. И ми годи, вистински. После толку години другарка имам и јас. Денес бевме на ушно. Од кај Вики извадија едно делче 1-1.5цм. Во шок бев, а често добивав впечаток дека детево не слуша. Ја прашав докторкава грешно ли сме правеле, педијатарот викаше со крпа или надворешно само да ги чистиме. Вика така треба, не смее внатре...ама човече како се создало толкаво парче. Алекс кога виде што се дешава, кога рикна...не даде да и ги прегледаат ушите. Важно тестот за слух добар излезе. Се немам пофалено, имам нова кола, аутоматик. Комбенцето доживеа мала незгода на вратата, па иако ја поправивме, искористив матното за нова. Истеравме и одмор Македонија. Маж сака пак да идеме за н.г. Сега возам и јас, па кога се менуваме не е толку напорен патот. Девојките максимално уживаат во есента. Секоја сезона си има свои убавини, но во есен се баш они, свои. Уживаме во природа, баланираме со акивностите дома. Иако би рекла почна сериозниот живот, се повеќе им давм задачи со правила или нешто да "учат". За сега и со сите три на маса дури успешно тераме. Рутината додека се воспостави, после е полесно. Уште колку имам за пишување. Важно здрави, еднаш неделно брцаме во грло за брис за корона. Не сфаќаат ниту трагично ниту трауматично, едноставно должност/ обврска. Останете добри и вие, се надевам почесто ќе ве дружам
@Happyinlove само да те гушнам, можам да претпоставам колку ти било тешко @Bicka77 и јас имам другарка после вакцина фајзер одма трудна остана и тоа со ивф и веќе е во второ тромесечие, бременоста ѝ е баш школска @RainBow не знам колкаво ти е девојчето но многу убаво ми доаѓа кога те читам. Претежно сите се жалиме на децата особено поголемките, но некако во твоите постови имам надеж дека доаѓаат само поубави времиња Јас да се превртам до 1 ноќе не можам да заспијам. Незнам зошто. Ќерка станува во 8 сабајле, пола ноќ не спиеме баш најдобро и функционирам како 10 саати да сум спиела. Изгледа ми се навикна телово на малку сон. Денес имавме пренапорен ден. Дали некоја регресија во спиење ја дрма или не знам што е ама цел ред ѝ е изгубен. До пред 1 недела имаше 2 дремки едната 2 саати другата 1 саат, а сега одвај 1-2 дремки од по саат. Денес беше врвот- ѝ се спие а нејќе да спие, ќе дремне на цице 10 минути и после сака да си игра. Па се исправа ме влече за блуза. Само 1 саат спиеше и одвај и вечерва заспа. Не ми се оди во спална ми е страв да не се разбуди, а она е таква и мува да прелета ќе ја осети. Па и добив денес, многу порано од што требаше. И така мислам цела негативна енергија си ја пренесувавме една на друга само чекав да заврши денов. И еве ме сега во дневна се мислам што да си пуштам на тв и во меѓувреме си листам слики од изминатава година и го молам времево да не лета толку брзо. Имам чувство како да ме гази времето, никако не постигнувам да си завршам сѐ што ќе си намислам. На фризер не сум отидена а фризерката ми е во зградава каде што живеам. Само заборавам да закажам. Сакам некоја промена да направам веќе ми се смачи да се гледам до неуреднава пунџа по дома. Маж одамна спие, беше на службен пат и се врати изморен. Утре ќе ја оставам ќерче кај баба ѝ цел ден на чување па нека се снаоѓаат како сакаат, има да излезам од дома какво сака нека биде времето, збеснав и јас дома веќе по цел ден сум со ќере и колку што ми е убаво, толку и ме изморува. Сепак сум благодарна на секоја секунда помината со неа, знам дека еден ден ќе ми фалат овие денови. А утре ќе си го истерам ќеифот еднаш и јас сама на раат. Ќе одам да си поткупам нешто, одамна не сум си купила. Мислам дека ако ништо друго ќе се наполнам со позитивна енергија. И таман мислев дека средив сѐ и ќе се опуштам, ми текна дека алиштата од сушара од сношти заборавив да ги извадам Ама толку ми е мака што мислам за утре ќе ги оставам. Е така, си најдов време да ве исчитам и да напишам реферат иако ништо посебно немав да кажам. Добра ноќ мајки
Гледам есенва сите не инспирирала да се вратиме на темава Ај да шкртнам малку да не ме забораите и мене. Ево мене мајкички убави, денов од 24 часа најмалку 72 треба да биде. Не ми достигаат 24те часа и крај. Станувам во 6, спремам дете за во градинка, за мене храна зошто не планирам да се тргнам од овој режим додека не видам дека стомакот отишол во заборав, да се спремиме, да се спакуваме по торби и ташни и искачаме пред 7. Дете е од 6ипол на прием, многу лошо време, максимум до 7 се они, големи биле. Мислам дека хронично сум ненаспана. Викендов сакав кај баба му да го пуштам на спиење, ми се јави вчера настината била. Ај у три лепе. Не можам озбилно, ги осеќам плеќиве напнати од брзање, стрес, ако се опуштам мислам дека ги губам конците од раце. А од друга страна само така се осеќам продуктивна, ако не постои овој хаос се осеќам како да не правам ништо. Крај не ми се наоѓа. Дете па у некоја фаза инаетлива, нит се тера нит се води, едни солзи коа ќе ги извади крокодилски, леле мале. Фази ли се фази негови. Туку ослабев жени конечно, ослабев! 18 кила, за 5 месеци, за месец дена опуштање вратив некое кило две, ама за неколку дена и тие ги скинав со враќање на режим. И од мене бидна вежбач едвај да чекам дома да дојдам да вежбам, што да ви кажам. Едвај чекам буквално, одмарам пол саат саат и одма почнувам, не попуштам додека не дојдам до резултат како што треба. Па може конечно и ќе се фати второ, да знам дека се што е до мене сум направила. На систематски вчера дури рекоа топ се јајниците, резерви на горна граница, топ е се. Е топ, ама кај мене ништо ново. А сите што се породија со мене родија второ, па и трето или се трудни, а јас на желбата си останав. Туку како шкртнал дедо Боже така нека биде. Одо ја женски, нема време за поише пишување, работа преку глава а јас сама сум, колешката ми е позитивна и немам време да се издишам а камоли да одморам.
Добар ден мајки.. За мене многу тежок ден... Прв ден без цицање со синко После месец и пол со две болни деца душава ми е преморена, главата полна слики како двајцата ми лежат со инфузии, а ушите ми зујат од плачење.. Синко се оправи, се откажа скрос од цицање, комбинација од стрептокока, високи температури и затнат нос додека беше во 5ти скок и му излегуваат први запчиња. Душата ме боли, се одмолзував еден месец пиеше комбинирано со ад, но вчера и официјално го голтнав детиноксот, па денес се борам со полни болни гради и млеко што несмеам да го понудам на бебе. Дополнително јас со гнојна ангина, две дози Амоциклав па кандидата се вклучи на најјако, па вчера ме издозираа и со куп вагиналетки.. Ќере ми е преполовено, смалено.. Очињата и се вдлабнаа во лицето, од девојченце со обравчиња сега е пресушено, до пред два месеци и купував алишта 104ка, сега 98 и се големи. Многу ми падна тешко се ова, секоја ноќ проследена со нов стрес, трчање по болници во ниедно време, плачење, немање сон.. Дополнително на професионален план си добив уште едно разочарување, шо би рекол мм имам превисоки очекувања, сепак ова е лајно држава, со катастрофални грешки од менаџмент на секоја фирма, од приватно до државно. Ми се јавија од фирмата каде предходно работев, пред последното работно место, ми нудат да се вратам и ми нудат една плата, одам таму да договориме за конечно кога да почнам и ми кажува 100 еур помала плата. Ми се крена косата, за одговор од претпоставен зошто едно ми нудеа на телефон, а друго во момент на потпишувањето на договорот ми кажува по пресметка од човечки ресурси за таа работна позиција бил предвиден тој буџет. Епа фино лепо им кажав дека не прифаќам да работам по таква манипулација, па сега иако имам уште два месеци до истекот на породилното главава ми чури што ќе се прави ако не најдам нешто во меѓувреме. Стварно изгледа имам превисоки очекувања, немам трпение ниту желба за мафтање знаменца за партии ниту пак трпам неправди, верувам некој друг ќе си се нафатеше и за пониската плата што не беше реално лоша, но ме налути начинот на сервирање на нештата, па биди бре фер кажи нешто и стој си на зборот Тоа е.. За некој ден полни 31 До сега завршен факултет, работно искуство 7 години, во љубов со либето 12 години, од кои 4 во брак, една ќеркичка и едно синче и две нечупани веѓи.. До пред една година немаше шанса без средена коса, шминка и нокти до продавница да слезам, сега мама пунџа ми е животен стил ОК лажам, вчера за на гинеколог опнав фустан и висока чизма, мм се препоти кога влегов в кола, направи план за вечерта ама ништо од реализацијата, 12 дена терапија.. Утре ќе излеземе со друштво вечерта со мм прв пат откако имаме две деца
Мами тежок период си поминала но мораш да издржиш и да бидеш јака за тие две прекрасни дечиња што секој ден ти го разубавуваат животот . Лошите работи секогаш ќе ги има но ние сме храби борци и ќе се избориме со нив. Убав помин утре вечер заслужено после толкав период опуштисе максимално .
На каков режим си мајка? Ана Стојанова ли? Се мислев и јас, летоска ослабев 10 кг со нутриционист за месец и пол, еве 2 месеци како не сум на режим и немам качено ни 1кг, а си јадам но сакам да почнам кај Ана но немам многу време за готвење и припремање 3 оброци во денот. Многу често од на нога јадам. Моментално сум на тежината со која останав трудна ама сакам уште барем 5-6kg да симнам.
@Bicka77 ретко влегувам на темава ради немање на време, а иначе ми е омилена Јас сум една од тие со спонтан послем вакцина втора доза имам примено и ми доцнеше две недели ме читавте сигурно па тоа изгледа се фатило пред вакцина кој знаел, а и незнам кога се деси па послем две недели доцнење таман дознав за бременоста нареден ден спонтан. Па сознам можеби и јас да знаев како тебе би постапила
Да, те прочитав тогаш Не велам дека е од вакцината, има премногу фактори, ама ете кога ќе се поклопат некои термини те фаќа мисла. Ќе видам и јас месецов шо ќе биде, доста касно го испив оти касно ни текна... Ајде, како е дедо Боже никој не е, како треба-така ќе биде...
Добро вечер Еве ме мене во болница досадно ми е па да ви пишам велам. Ме правија операција слепо црево,болно у .Болката ме фати во сабота вечер , а на итна ме прати доктор кој дојде дома во среда.Читајки по нет разбрав дека е слепо црево.А и кога викнав доктор 2 доктори ме прашаа дали ми е извадено.Па во среда плакав цел ден за бебето и како маж ќе се снајде, што ќе правам со млекото и милион др мисли.Зошто ми се случи? Затоа што велев да почне бебето да јаде ќе го одбијам мачно ми е тешко ми е и еве го марфи одма ми ја исполни желбата.Па сега си плакам.Пробувам да се молзам еднаш днево ама ми е мачно, ме болат резовите ме боли канелата на раката.На диета сум.Денес беше бебчето и го ставив по 2 мин на секоја града.Била многу среќна.Сигурно си вели цицето не ме напуштило. Најинтересно ми беше што во итната си имав надеж не слепо црево ќе си одам.Дури и му викам на др ќе пијам вода,а тој не целосна ќе ти стават на операцијата мора да си гладна и жедна.Ми ставија инфузија и бев подобра и стварно ќе си одев,планови правев како со кој превоз. Ми направија ехо и томограв и рекоа дека многу е воспалено и ќе ме оперираат во 8ч во четврток. Страв од операцијата немав ми беше жал за бебето се чуствував дека го изневрив.Штом го видев на бејби камерата си рикав. После си реков подобро без цице отколку без мајка.Инаку ме оперираа во четвртoкот во 13ч се разбудив едвај во 19ч.Со мојава операција лапароскопска со 3 мали резчиња сега ве разбирам вас мајките со царски колку ви е болно.Си велам уште три ќе родев ова да не го доживувам. Кога сме кај раѓањето ме прашуваат два пати дали сум бремена реков не.Пред операцијата ме пашува анестезиологот и јас веќе почнав да сумјам да не сум стварно бремена.Прво му велам не знам.Тој вика како не знаеш.Му велам не знам 99% не сум ама немам циклус 7 месец и не знам.Се изнасмеа човекот и доаѓа и вели не си трудна ние проверивме.Како ли провери на гравче ли си гледаше. Ова оти мм ме зезаше ,да сме почнале да се штитиме по 10 бебе.Ами чоек до тогаш у мено пауза ќе бидам . Ќе го питам после операцијата дали сака уште деца откако 100% работата околу децата падна на него. Многу е тешко во странство во вакви ситуации.Нема помош од никој.Им рекол на неговите да дојдат,мајка му 3 месеци болна ама не кажувала.И сега пак дознавме.Зошто кријат луѓево не знам. Инаку братучетка ми се понуди да ја земе големата за викенд.Многу сум и благодарна ем е на работа за викенд.Ем детето ќе си игра со внукот ем нема да тагува. Колку само беше жално бебево кога одев.Плакам јас ,а тоа нешто збори од мака презборе кутрото.Осеќа и тоа душе.Го зедов во прегратки и со допрена глава на мене заспа во секунда. Маж тешко се снаоѓа ама добро е.Му се слошило од не спиење.Ами јас колку време не спијам 6год.Мажи.На бебето млекото старо му го нудел кога кажа ми се стемни.Му реков 30мин максимум. @mamaJana нека е со помин сте се измачиле. Мајки одам да полнам тел вие гушкајте ги најмилите.
Биди силна мами, за побрзо да се гушкате со бебчето. Извини вака шо се умешувам ама во вакви случаеви обично ве следува Haushaltshilfe од осигурањето. Знам дека е замарање ама ако има време некои од вас распрашајте се. Ти посакувам побрзо да се опоравиш
Брзо закрепнување мајка и без грижа многу брзо заздравуваат раничките. Све ме има начекано па и слепо црево во 6м бремена и јас сум лапараскопски али немав воопшто болки ме правеа итно во 9часот вечерта и другиот ден во 8 сабајле веќе бев на нозе два дена бев само на болница и ме испиша и тоа ме држеа ради да не јави матката контракции за пороѓај среќа се се заврши супер еве бебе здраво и живо Се правев во Систина поклон до земја за др. Знам дека не си Мк ќе видиш и сама дека како ништо да не било за неколку дена, а и конци кога вадат не боли или па дека со меше не осетив незнам
Само дофрлувам никако да напишам збор два Добар ден мами Ние катастрофа синко од вчера бронхит али толку сум лута на матичната тоа е чудо бевме во саботата ларингит е нема на гради неделата сабајле дете имаше толку јака кашлица што одвај дишеше душа ми се кине кога го слушам и отидовме на болница веднаш незнам ни како се облеков па таму визита чекавме 40мин па системот падна (важно избори имаше) здравство нека се распаѓа. И ни кажа кашлица како ларингит сува, рапава, а и бронхит слегло на гради и се чудеја како е можно сува кашлица, а се спуштил на гради па лекарства еден куп инхалаци, боцкање, антибиотик све што може да се даде денес е малку подобар али уште грчи на гради се надевам дека до утре ќе биде подобар. Детево од кога наполни 1г почна почесто да ми се разболува, прв пат бронхит али ларингит, стомачен вирус, тт ни стана чести појави зедов суплименти за имунитет (што сум многу против за такви суплименти на толку мало дете сакаам преку храна да воспоставам јак имунитет али еве не иде) три дена е само на млеко, кисело млеко и овошје јогурт и тоа е се. Само нека биде добро да се излечи овај бронхит што стварно многу ме плаши. Нема што да кажам друго опседнат сум со него дома, а и тој не се дели од мене. Дојдов си се пожалив Ве поздравувам сите и останете во добро здравје и вие и дечината
Јас дојдов само да кажам дека од сите мои неуморни истражувања како со дете дојдов до еден заклучок: секое семејство треба да има еден пробен стан каде што децата може слободно да минуваат низ фазите да бојат да истураат вода, да цртаат со пенкало по кревет, да бојат на ѕид итн се додека не пораснат. По можност и чистачка, готвачка и дадилка повремено. Па после ве прочитав и гледам здравјето е најбитно. Како стареам се повеќе мислам да си седам дома до 3 години со бебе. А породилно пишав една година, на шефот реков ќе се вратам кога ќе има два месеци бебе па му реков 3-4 па ајде 6 месеци сеа по ново и на моменти си велам подобро отказ да ми дадат и да си седам дома до три години, не знам што мислам веќе, и ми се работи и не. Многу ќе е помирно дома ако сум дома ако не одам на работа. Не знам што да правам па неправилно или не на моменти потајно се надевам на отказ, а кога ќе го добијам бидејќи се остварува се што посакуваме ќе се чешам кај што не ме чеша. На крај се редат коцките секогаш ама ете мисли човек иако не мора. Со првото плачев за работа, со второво ја имам и се чудам што зборам и се чувствувам неблагодарно ама сепак децата се најбитни. Пренапорна ми е и самата помисла дека кога ќе се разболи дете треба да се јавам на работа дека не одам, на педијатар да се јавам, белешка да земам, да ја однесам во здравствено осигурување, дете на педијатар, во градинка да се јавам болно дека е. Трауми имам. Па со првото на две места работев па на двете јавувај се, па не дај боже некој не ми крене од прва и многу се нервирав. И така…
Lele isto,kako pocnavme so dohrana pocna da mi fali sto ne e na cicka cel den i cat pat si poplakuvam skrisno deka ni pocna razdelbata
Ај да пишам некој ред… Ох од каде да почнам Бебе денес прв пат ја гледаше една жена, луѓе на толку фалење 0 видов од неа. Значи ја однесов во 8:30 на работа бев до 17, во 13 напуштив работа( не спиела, плачела, имала грчеви и уште што не ) Си ја зедов колку што работев толку и и платив подобро нужда не одев ни на работа. Бебе е супер нема ни грчеви ни ништо се изнаспавме двете денес . Мора да најдам решение, ако не баба ми ќе си ја земам да ми ја гледа барем знам дека нема да имам проблем . Денес гледавме стан, преубав 1 спална ,дневна и најважно цел покрив за нас со поглед на море. Каква скара ќе падни . Здравје почеток на месец се преселуваме. Конечно сами ние 3ца. Времето тука е супер топло е да не речам жешко, во неделата луѓе преполно на плажите си се Капеа. Ептен ми фалеше климава а и на бебе исто. Искрено баш сум среќна што почнав на работа, со луѓе сум цело време, не е тешко, разбрани газди, а и е преубаво платено. Не е напнато не е долго време 8саати во кои 30мин пауза, 1 саат чистиме местиме украси, активно се работи 5 саати, прескапо е па нема многу луѓе(само оние со мнооооогууууу пари ). Тоа е да легнувам треба да станувам рбно да се средам малце Имајте добра ноќ