Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    7.269
    Пол:
    Женски
    @Bella* ме размрда, може прво значи тажно но од друга страна влева толку многу сила и храброст за сите овие денови поминати периодов...

    Многу ми е тешко, се обвинувам себе си зошто не успеав да го дојам подолго малиот, ми фали да се мази до мене, ми фали близината... :(
    Кога ќе помислам дека ќере само 2 месеци ја држев в раце па поминував по 10 часа на работа ми иде да си ја пукнам главата :@
    Ми помина лудилото, некако се опуштив, па почнав да го уживам времето поминато со децава наместо да трчам и раскревам по цел ден си дозволив да уживам во хаосот со нив, па средување кога ќе заспијат. Уморна сум, ама барем знам дека се изнаиграни и изнасакани секој ден.
    Мм од дете е со гитара во раце, јас пак освен по малку пеење немам некој таков да речам уметнички дел од себе ама веќе три години наназад таков распон на песнички имам, па сите мои, новокомпонирани да ми позавиди човек :rofl: муабетов ми беше многу ми се прави мерак малава каков талент за музика покажува, слух имала вели мм, па како расте се повеќе ми е мерак да ја слушам како тапа, пее, свири со него на гитарата :inlove:

    Поминавме роденден чукнав 31, три дена славење благодарение на изборите, изнадојдоа друштвото и фамилијата отселена во главниот ни град да гласаат па конечно се видовме по долго време.
    Добив три цвеќиња подарок па смислувам место каде да ги ставам :wasntme:
    Имам една златна снашка, не права снашка од ептен добар другар девојка, како ме гаѓа девојчето значи не ми се верува, ми донесе парфем и некоја козметика абе сама да бирав немаше вака добро да си одберам :inlove: Ама и без поклонов ми беше омилено девојчето, толку е мила и природна да не му се верува на човек.
    Ми се направи ептен мерак, спремав мезиња, порачав торта, па си поминавме баш убаво, на сите ни годеше дружбата по долго време самување.
    Покрај ова и излеговме на журка, па по стајлингот се познаваше дека сум +10години од децата разиграни на истите песни од пред 10 години на кои се тресевме и ние само децава излегуваат по маички за одоздола, џинс и патики, а ние во штикла 12цм и свилени фустанчиња во февруари на минусни температури шетавме :headbang:
    Битно добро поминавме, до крај 1 си бевме дома, до толку имавме зелено светло од моите, тие беа задолжени за чување на бебињата :l:
    Ќере станува се по приврзана со мене, цело време ме барала, па лежела до 12 ме чекала да и кажам приказна за спиење. Вчера со гостите пак не преспа па двајцата набрзинка ги искапавме и заспаа во 19ч. Уживанција, не знаевме што да правиме толку долго време слободни :rofl:
    Го изгледавме филмот за Тома, инаку сум далеку од тие генерации ама филмов ми беше многу емотивен, тажен, така добро направен и секоја сцена испреплетена до совршенство со секој стих од неговите песни.. Па го натокмивме џекот со мм па после долго време дрмнав 3 чаши, спиев како јагненце :lol:

    Ај доста ми е пишување за вечерва, пијте по едно понеделничко мартини од мене :d:

    Добра ноќ :l:
     
    На marchi-cool, kjofti4, Mia Fuentes и 30 други им се допаѓа ова.
  2. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    7.269
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 те мислев вчера ама заборавив да ти пишам :x

    Многу ми е падна тешко кога те прочитав.. Колку имаш тежина во моментов а најде сила и време за да ме тешиш мене. :hug:

    Се надевам дека си подобра и дека си веќе дома со дечињата. :f:
     
    На 24.07, Chanell*, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    38.733
    Пол:
    Женски
    И јас исто како @Ava.84 си викам да не цица на АД да е тешко ми е да имам повеќе време за големата бла бла бла, нели во моменти на слабост не дека не сакам само на доење да е ама…, и така денес на контрола за месец и пол напреднало само 70 грама. Се уште нема причина за грижа бидејќи е весело мирно полни пелени напредува (во се освен во тежина) се издолжило и слично ама во моментот ми се стемни и ми се вратија сите мисли и зборови низ глава… Сега треба да пробам со ад дали ќе пие или не и да следиме да почекаме… се надевам се ќе биде ок и нема да испадне дека има некој проблем.

    Сабајле јас на педијатар, а мм пред да оди на работа ја однесе малата во градинка и кога дојдов гледам ми направил појадок, пуштил машина, старата од вчера ја пружил, изнел постелнини да се луфтираат… не дека е прв пат ама така денес нешто мн сум чувствителна па да го пофалам еднаш и јас. Мое беше само да јадам кога дојдов ама јас тажна и вознемирена од контролата и бебе немирно кенкаше плачеше па едвај јадев на пет пати. Кафето ладно, таман се пофалив нели одма се менува кај мене тоа одамна јасно ми е.

    Купивме елка, нова и поголема, некогаш се нервирам дека некогаш за елка сме немале, а сега таа од лани не ни чини мала ни е па ајде нова, а старата или во детска или на тераса. Колку брзо поминува времето ќе ја ставиме уште денес во дневна па само едно трепкање и ќе си дојде новата година.

    Депресивна сум денес, а септември и октомври беа многу убави месеци, времето преубаво.

    Имајте убав ден :l: јас уживам од септември до мај, не сум летен човек, ама ете денес нешо откако го измери само темни мисли низ глава ми се вртат па пуштив музика па ќе прошетаме да се излуфтира главата и да отидат мислите во канта.
     
    На marchi-cool, kjofti4, Mia Fuentes и 29 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Нека е живо и здраво, ќе порасне и на доење и со ад. Не си ставај на срце.
    Дали е случајност или не, овој преодот лето-есен на многу од нас им влијае на расположение. И јас сум на стаклени нозе, малку фали да се скршам. Те гушкам :hug:

    @Ava.84 Нека поминува побрзо, да не те болело од дренот? Како и да е, јака ти душа без децата толку денови, еве ти гушка и тебе :hug:

    @mamaJana Нека ти е најсреќен роденденот, да си жива и здрава, среќна, весела, исполнета :party: Тука некаде сме, и јас за 2 месеци ќе ја раситнам 4тата деценија :worried: Колку страшно звучи.

    Се спомна елка. Лани не ја китевме дека малиот лазеше, се исправаше. Се надевав за оваа година ама мм вика луда сум била. И може е во право, не ми се верува некој лампион да остане здрав. Што мислите? Со немирни деца ја китите елката? Многу пари потрошив на неа пред 4 години, голема е до плафон и ќе умрам од мака да ми ја уништи, а без елка ми е безвезе.

    Вчера денот ми беше катастрофа. Поголем умор немам осетено од новороденче кога беше, кога цицаше на пола саат и плачеше од грчеви. Нозете не ме држеа, за беља тој беше најлош што можеше да биде. Влегов да се истуширам со него, нозете ми се тресеа и само ми се вртеше, па сум заспала во дневна додека го гледав како си игра. Цел ден како низ магла ми е. Си ветив од денеска денот ќе го поминуваме надвор. Ако досега шетавме по 2 саати, од денеска ќе се враќаме дома само за јадење. Можеби ќе биде подобро. Нека трча, нека се умори и да спие убаво. Почнав да се дебелеам нагло, а јадам малку и нередовно, сите оброци ми се со бутање огромни залаци во уста, стоејќи во кујна. Морам да преземам нешто за здравјето, осеќам дека нешто не е во ред. А како со тодлер?
    Јас стварно не знам вие со бебе и тодлер од што сте направени да не паднете некаде од умор, капа ви симнувам. Реков ќе го уживам времето максимално ама вчера си помислив Дај нека порасне, да здивнам :( и се каам.
    Ајде од денеска ќе биде подобро и времето соработува.

    Убав ден ви посакувам :l:
     
    На marchi-cool, gjoker4e, kjofti4 и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    исто и јас си се изнаплакав на постов но на крај ко што велиш премногу храброст ми влеа и онака како гоод вајбс осетив дека на сета мака ќе има крај ама тогаш ќе ги бараме,па сега е само битно да уживаме во хаосот :) на крај краеви тоа е животот на секоја мајка реално

    среќен ти роденден со закаснување,една година си пред мене :) мнг ми е мило што убаво си прославила,дружби мезе искачанки мх мх и јас сакам...само ние на искачање имаме лимит до 12h хаха :?:
    моменот кога повторно ги прашуваш родителите дали може да излезам и до колку саат :D
     
    На 24.07, IRBBB, MilaSs12 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    38.733
    Пол:
    Женски
    Врати се поназад и прочитај го текстот пак од деца.мк тој
    Со најнемирното ја редевме и оставам да ја искрши
    Можеш нова помала посигурни лампиони и што сака да прави со неа
    Кслам завјси колкаво е колку разбира
    Може заедно да ја пипкате
    Да му дадеш некои лампиони да игра да крши
    Со компромис се ќе биде
    После џабе ти е скапа елка и се наместо нели коа ќе отидат од нас :D
    Ваљда има некои многу ефтини елки

    Од педијатар се враќам бебе болно крена тт стајв чепче и цела сум во паники што ако до 18:20 следно чепче плаче пак
    Не е за тука ова ама јас не знам кај сум
     
    На marchi-cool, 24.07, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    5.711
    Пол:
    Женски
    Ако е над 38.5 после 4саати накај 5 значи , дади сируп за темп ако имаш. Прво пробај со туширање , мокри чорапки , разладување масажи со алкохол по телото .. лесно нека мине :hug:
     
    На MilaSs12, gjoker4e, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    114.120
    Пол:
    Женски
    А зошто да крши?! Јас китам елка од прва нова година и никогаш не скришил, уствари лани несакајќи со раката замавна и скрши еден од елка, не да ги вади. Заедно китиме откако почна да разбира, годинаипол имаше, никогаш немало проблем. Не мора да значи дека сите деца кршат и треба да кршат, не треба, некои се потемпераментни и така искажуваат, ама не значи дека дете под дифолт треба да е бесно, немирно, да крши.

    Побрзо нека мине кај бебе, разладувај го до следно чепче, нема друго.

    На работа, денов сончев ама јас жива ненаспана. Ќе му пуштам хрчаци на дете после и ќе легнам да поспијам додека заврши маж со работа, имам ручек, имам се, малку да здивнам. Ми се спие ми се плаче, уморна капната сум. Легнувам касно, станувам рано, спијам одвај по 4ч од страв да не се успијам. Ме уби одењево рано на дете во градинка. Вечер нека го носи маж на гимнастика, јас ќе си легнам во 9.
     
    На marchi-cool, kjofti4, Neda997 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    38.733
    Пол:
    Женски
    Имам од големава парацетамол и ибупрофен, каков да дадам?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.468
    Допаѓања:
    127.629
    Јас би Парацетамол.Масажи со разреден 70%алкохол кај малава најефикасно се покажало,до следна доза ако ти крени пак.
     
    На Poppins и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    7.269
    Пол:
    Женски
    Дај парацетамол и ако ти крене над 39 веднаш стави и чепче.
    Јас последниов месец три пати батерии менував на топломерот, изгореа двајцата 40 температура со денови. Наводени тетра во разреден алкохол и стави на грпчето.
     
    На Poppins и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.403
    Допаѓања:
    68.499
    Пол:
    Женски
    Крш постовиве, м?

    Тогаш, за тука сум и јас. :D

    И моево затнато, значи све, ама болна кога е не можам, немам крв во мене, немам душа и не можам едноставно. Ајде сега поголема, па барем знае што и е, знае нос да дува, шлајм да плука, разбира зошто нешто мора да се пие и прави. Ама кога беше помала, па не знаеш што му е, уффф... @gjoker4e :hug:

    За текстот, дрн дрн, веќе имам кажано низ постовите дека не може да ти фали нешто што те мачело, да, ќе ти фалат убавите моменти, ама не и кога било страшно тешко и само си сакал да помине. Тоа не фали и не е за уживање, секако. Затоа ме нервираат вакви генерички текстови кои фаќаат на емоции, од друга страна пак набиваат само грижа на совест.

    Почна да сонува многу ноќе и дека затната и се буди. Ми вика синоќа, дали луѓето може да се одвенчаат? Викам може, зошто?
    Па, сонував како ти и тато сте се одвенчале и ти се се венчала со некој маж со долга коса.
    Убав беше барем? И викам.:D
    Па морав во ниедно време да објаснувам дека со татко и се сакаме и нема да се одвенчаме, ама среќа не познаваме човек со долга коса, ќе си го добиеше своето ако го видеше.:rofl: Ајде и него го изгушка дека е тука до нас, а не е некој долгокос човек.:smirk:

    Ај да одам да оправам, не знам и јас што веќе, само нека бидат здрави, аман од настинки, вируси и болештии, аман.:drunk:
     
    На marchi-cool, kjofti4, Naatashka123 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.728
    Допаѓања:
    114.120
    Пол:
    Женски
    Леле и мојов почна да сонува. Мојов на сајнсфикш мава. Смешки сме.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    5.711
    Пол:
    Женски
    И јас сум за парацетамол , бруфен давам ако веќе е над 39 и фаќа ноќ.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Здраво друштво.

    Периодов сум крш, нит се терам нит се водам.
    Дојдов да се пожалам, кога сите во исто издание.
    До климата ќе да е :!:

    Ај што не сакам ладно време, дождови, есен, зима... абре нервозна сум станата, не можам да се поднесувам самата (facepalm)
    Маж си го Крка, ама и си заслужува. Заради него седам дома откако се роди првото дете, најдобро било јас да си го чувам, точно, како мајката никој не се грижи.
    Ајде да почне градинка, ајде друга бременост, друго бебе, оваа бебе да го чувам.....
    На психа почна да ме мава, не секогаш ама има моменти ми фали социјализација.
    Ми прекипаа плачки, памперси, мрсули, болести и непреспиени ноќи.
    Сакам израснати и разбрани деца :D (и татко им таков да биде) :D

    Тешко ми е што сум далеку од дома, без никаква помош.
    Знам, не сум единствена ама 15 год. не се малку, прво како девојка па станав сопруга и мајка и сѐ сама се грижам за домот и децата.

    Да се вратам на темата.
    Добри сме.
    Синко отиде на фудбал со татко му. Го запишав и на музичко па нека му помине меракот.
    Ако земе од татко му може ќе биде некој музичар како него, мм на времето имаше негов бенд (facepalm)
    Од инструменти дома имаме неколку, сега му има ветено гитара на малиот за роденден. Јас мислам тој има поголем мерак од детето ама ајде ќе видиме :)

    @Ava.84 те гушкам, можам да замислам колку ти е тешко.
    Ќе издржиш и тоа, силни сме ние жените, само мажите многу не нервираат со нивната неспретност околу домот ;)
    @Happyinlove :hug:
    @mamaJana :hug:
    Побрзо оздравување на сите болни дечиња.

    Одам да спремам нешто за вечера.

    Мирна ноќ мајки.
     
    На marchi-cool, gjoker4e, kjofti4 и 27 други им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    19.514
    Хелло
    Сум почнала некој пост овде бог знае од кога, па ајде викам на ново да ве поздравам!
    Вие што викате се дебелеете, што имате во фрижидер? Најсериозно прашувам, денес ако скокнам оброк одма 1кг минусирам. Јадам мали оброци, ама не постигнувам во денот па и бог знае колку да јадам. Килажава ми е супер сега ама мислам дека нема да ја задржам.

    Помош со дете = 0, сами со мм. И тоа е секако во ред, никој не е должен, се' дури не ти се укочи кичма со 12кг бебе. И пак сама и пак без помош. Малку да бев финансиски постабилна ќе викав жена бар за неколку дена неделно па ич никого немаше да молам. А и да молам џабе ми е.
    Некои остануваат блиску до фамилиите да им помагаат, ја се осеќам ко во америка да сум.
    Еднаш ме пукнаа хормони па си плачев дека ручек немавме со денови,од што немавме време, и никој не му текнува бар да ни прати :D . Ретко кога сме дома пред 17:30. Да работиш со бебе во скут е невозможна мисија што ја терам веќе 4 месеци. И затоа и јас како Јана си викам едвај чекам да порасне, ама немам грижа на совест. Текстот е доста емоционален, ама мене ми викаа бабиве еее it takes a village to raise a child, сеа кај ми е селото? Порано нашите мајки претежно биле со пензионирани баби, тетки и стринки со работно време до 15ч или без работа. Па а се породела снашка сите биле таму. Далеку од идеално, ама помош итекаква. Една баба ручек, друга баба шета деца, трета тетка чува за овие да одат на слава. Ние со мм ќе искачаме за 18г:D какво искачање до 12? Поим ми е ако дојдат до 22ч да го почуваат (читај по еднаш дојдоа и не можеле веќе) и веќе се откажавме, искачаме посебно. А толку ми фали да излезам ама нема и паре и јаре. Ако знаете бебиситерки и дадилки пуштете ми абер, бар догодина здравје да напрајме кафана со маж ми :rofl:
    И така ништо паметно не кажав дојдов да се пожалам. Вие со мали бебиња ако ви киснат сега бабите и ве нервираат, да знаете ќе се откажат сами кога ќе проодуваат :rofl:
     
    На marchi-cool, kjofti4, Naatashka123 и 29 други им се допаѓа ова.
  17. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. :hai:
    Побрзо оздравување на сите бебиња/дечиња :hug::hug:

    Што да пишувам и од каде да почнам незнам. Прв пат бебе ми се разболува и незнам кај се наоѓам од паники. Има стомачен вирус, веќе 4 ден се мачи кутрото. Цица едвај, првиот ден беше 24 часа гладен, без капка да голтне. Блед како ѕид. Го носам секој ден на доктор да ја следи состојбата.
    Денеска ми се гледа подобар и се намалија повраќањето и столиците.
    Уфф колку се жалев дека сака да виси на цицка, сега 3 дена не сакаше да се доближи. Денеска се доиме во сон, па ајде да речам јаден е барем.
    На сите маки што ги има, се гледаше дека не му е добро, тој се смее на докторки, сестри абе на секој што ќе го погледне. Позитивно бебе,похрабро од мама :l:
    Мама плачка и паничарка (facepalm)
    Од утрово и јас и мм сме со стомачен вирус, маки.
    Само посакувам бебе да ми е добро, ние ќе издржиме се :l::muscle:
    Бебе заспа,си легнувам и јас. Да одморам и јас зошто буцко сака во раце, сега се разгалува а мама нема сила да го држи :x

    Добра ноќ :l:
     
    На marchi-cool, kjofti4, Naatashka123 и 25 други им се допаѓа ова.
  18. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    14.376
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас :hai:
    Неделава не можам да му се изненадувам на сонцево и убавово време! По 3 пати дневно си шетам. Па сум си смислила, од дома во термос кафе со праам, бебето и кутрето со мене и главна сум по парковите у Аеродром :rofl:. Беба и ја уживаме на сонце, кутрето у трева, мераци. Уф колку мразам дождови :shake:
    Дома ми е хаос! А мене мува не ме лази, сум се расшетала како да нема утре :lol: си викам добро е шо уште сега не се замарам, барем полесно ќе ми биде коа ќе порасне. На моменти не си се препознавам, од тип шо сака све да е цакум пакум сега баш ми е гајле. Ама па си уживам и си користам секој миг за поубави работи. (y)
    Бебата е супер, секој ден се поинтересна. Некни сум рокнала музика, сум се распеала дур пеглав, она ме гледа и се смее. Гарант си вика шо се замислуваш жено, не си на звезде гранда :rofl:. После ми тргна журкава, па ја стаив неа на под, ја фатив да денсам, она ме гледа се смее и мрда со нозете, и она игра :rofl:. Да ме гледаше некој од страна само :x:x
    Денес па, ме стопи ко никој никогаш до сега. Ја и викам кој е лепотица на мама, кој е најубав а она се кикоти гласно, се смее така милно, чиниш разбира шо зборам. Прв пат така убаво да се изнакикоти. :inlove:

    Тоа е мамички, идам да подсредам нешто од нешто, утре гости ми доаѓаат :?:
    Убава вечер и добра ноќ :hug:
    П.С. побрзо оздравување на сите болни дечиња и трпение и сила на мамите :l:
     
    На marchi-cool, girl__20, kjofti4 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    Хелло мами :l:
    После којзнае колку време ја отворам темава, премногу имате изнапишано, нешто само успеав да прочитам. Прво со лесно и побрзо оздравување на малечките да ви посакам.

    Јас моментално осеќам толку наплив на емоции што веќе не знам ни како се чувствувам.
    За 9 дена на синко му е роденден :party:, а јас во исто време сум растрчана на сите страни, купувам украси, балони и такви ствари, не знам кај терам веќе. :rofl:
    Па сега од кога го успав и легнав да одморам почнав да размислувам како е возможно толку брзо времето да помине, искрено стварно сум во не верување, моето малечко порасна и ќе прави 1 годинка, поради тоа сум и превозбудена, среќна, потресена, и испаничена. :x

    Намерно одлучив да го пишам ова за по неколку години здравје боже да го пребарам и да видам како сум се осеќала.
    Друго немам што да додадам, бидете ми поздравени. :l:
    До следно читање и пишување. :hai:
     
    На marchi-cool, Marmarin, girl__20 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.249
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер, ајде на торта. :party:
    Во очи роденден, се најдов расплакана. Пред некое време ја добивме веста за блиска личност на пријателка. Тагувам тивко со неа, иако лично не ја познавав, таа имаше огромен удел во моето созревање оваа година, ми праќаше совети куп и секогаш ќе се молам да има мир во починката.
    На страна тоа, бебо ме разбуди точно во 12, ми се насмеа најслатко, како да вика „среќен роденден мамичка“, ме стопи цела и еве го пак си заспа, а ја се ококорив од љубов. :inlove::D
    Годинава пораснав најбрзо, или почнав да стареам, не знам. Ми се смени животот од корен, од две цртки до човече во раце, изгубив многу, нешто успеав да повратам назад, а од некои загуби научив многу. За жал, или за среќа, не знам, ама времето ни се враќа, ни стои во место. Благодарна сум на сите за оваа лекција, а најмногу на мајка природа, или Бог, како сакате наречете го, за богатството што ми го дари, за силата што ми ја даде да се борам за него и за тоа што сум створила такво м(л)екано бебенце. :inlove:
     
    На marchi-cool, Marmarin, girl__20 и 31 други им се допаѓа ова.