Sreken rodenden mila, ostani hrabra I pozitivna kako sto I stalno te citam niz temite, ti posakuvam najgolem uspeh da te sledi vo zivotot I edinstveno od solzi da bidat solzi od radost
Дoбрo утрo маjки Кафе испиенo на нoга. Баткoтo oд 5 месеци е правo галче или е вo раце или мнoгу малце се заигрува. Дада испратена на викенд каj баба, правo уживање и е таму, ниту не бара, ниту и фалиме. Да се пoфалам пoмина рoденден, ќерче напoлни 2 гoдинки. Oдбележавме дoма сo наjблиски, нарачавме балoни, слатка маса....па кoга виде имаше еднo Woooooow, Jеjjjjj на среќата и немаше краj. А кoга гледам дететo кoлку е среќнo и испoлнетo, jас сум на 7 небo. Oднесoвме хартиена тoрта и вo градинка, седнале сите на маса, им ставиле капчиња, мojата на челo и слават рoденден...се утепав oд смеење. Ме стoпи сликата. Oд пoнеделник реднo време е да jа фатам сериoзнo рабoтата сo генералка, нема веќе oдлoжување. Штo да се прави, сo две мали деца, дефинитивнo умoрoт и честите станувања вo текoт на нoќта си гo прават свoетo. Акo ништo другo барем си jа вратив килажата, oдвojував 30 мин вo денoт да пoвежбам на oрбитрек. Сега и ме караат дека сум била мнoгу слаба. Аjде да си се фатам сo редење алишта и машини дoдека бебе си тера прва дремка. Убав ден
Здраво мајки. Со помин нека е на сите болни дечиња. Нема ништо потажно од болно дете. Па очите тажни, млитаво, температура, мрсули... Синко ги откачи пелените. Сам. Ни еднаш не пробав да го вежбам и учам. Вчера ниту еднаш не се измоча во пелена. Вадам памперс и во туш кабина. Ама морало гол да е. Денес прв ден без пампи и ниту еднаш не се измочка во гаќи. Не кажува ама јас прашувам на секој час два и кога го носам мочка. Треба да го убеди е да мочка на шоља или нокшир. И какањето е проблем бидејќи има запек, и мора да клечи додека кака. Ама со малку работа ке увежба. Се на се презадоволна сум. И пресреќна. Детето ми порсна. Не сака да чуе за пампа. Му кажав за дневна дремка да ставам, ми кажа не и го фрли. Сега за спиење исто не сакаше. Мислев дека овој процед ке биде хаос, мочкање по теписи, па убедување итн. Ама му дојде природно и можеби и подобро што не форсирав ништо. Во понеделник одам да купувам гаќи и маици. Пелени фрли ама титем не знам кога и како. Си сака и готово. Ми понудија нов договор на апворк. Минатиот заврши и некое време немав ништо посериозно. Ова е одлично. Се надевам подолго ке имаат потреба од мене. Се мислевме да го пуштиме синко во градинка преку ден до дремка ама ке оставиме за пролет. Нека ја седи дома зимата. Сака деца ама и настинките се за никаде. Тоа е мајки. Гушкајте се. Пребрзо растат.
Мајки убав ден. Ние пред некој ден наполнивме 14 месеци, еве бевме болни паузиравме две недели со градинка не знам од утре како ќе ни биде. Инаку баш сакаше да оди го пуштав за раце го водев дури трчаше накај врата да влезе, само да не се одвикнал. Мене во петок ми се јавија да почнам на работа претходна недела бев на интервју, така да после година и пол се враќам во работен однос ио не знам како да се чуствувам. Ем се радувам што најдов после толку барање и чекање ем ме страв како со малиов ќе биде многу се преладува една недела оди во градинка друга е болен не знам нема кој да го чува на никаде. Дали сум јас само толку сама како другите успеваат не знам Аа ми треба работа мм нема да се реши да земе сам кредит вака само со една плата што и реално е така бар еве моја да ја имаме за трошоци по дома. Мораме да решаваме станбено прашање веќе, уложивме во куќата каде што сме со свекор и свекрва и сега само фрлив е пари ни излегоа триста глупости и проблеми од нив. И сега тргаме одново. Мамички како се справувате вие што работите и што немате кој да ви го причува бебето ☺️ Јас не знам сега сум и возбудена и таму што како ќе се снајдам како прваче се осеќам Убаав ден на сите, се надеваме ќе се справиме некако ние
Добар ден женски Кафе за сите , моите двете беа неуспешни денеска едно ладно заборавено , пола го испив другото ќерка ми ми го истури само што го ставив на маса Сите ве читам тука многу сакам да пишам ама не ме бива да склопам нешто салам па и напишано да се разбира да не е на дијалект а денот ми е како во бубањ на 1200 вртежи Сама со две мали деца една драма квин и едно бебе што лазе насекаде кај што треба и не треба потфаќа пробува да се исправа па лум дум по цела ден и нема седнување до 21:30ч за мене ќерче умна е помага , ама кога ќе а фате бес , дупло ми наплаќа Некако се снаоѓам сама во сет хаос , чат пат одам до кај мајка на поседок , тука немам никој , од една страна ми е добро раат , од друга страна сакам некогаш некој да ме одмене да ми помогне , да свртам муабет , со оброците на децата по цела ден во кујна 3 оброци за бебе , 3 за мене и за ќерче , т.е за неа јас од нога јадам колку стигнам тој кога спие гледам да подсредам па опет турбо кога ќе стане. Ми фале дружење со пријателки повеќе, ми фале и работа ама ќе биде и тоа , во моментов едвај постигнувам да ги подмирам децата , да испазарам , да ги прошетам , да поигра со дечиња надвпр големата , дома да е колку толку средено и соодветно за нив. ° Бебе извади запче конечно , та и другото излева два кеца доле на 8ипол месеци Ајде на сутлијаш денеска , колачи во текот на неделава ќе направам , а што ќе излезе од моето украсување ќе видиме Бројам денови* до средба со маж , тешко е без него ептен 3месеци разделени веќе ама се е за наше добро , за некое време не чека преселба , ме фаќа страв паника и радост помешани емоции како се ближе време , нова држава друг јазик , ново се за нас , ќерче како ќе се вклопе во новата средина , ама ајде ќе биде се Убав ден мајки
Здраво женски, еве пак јас Да пишам два три реда демек.. Беблак заспа конечно, во регресија е и готово мислам ќе се забудалам. На секои 2 часа ми станува ноќе, денски нема подолга дремка од 30мин. Абе како со аларм да е, чудо Си велам ајде побрзо да помини, ама па после 5ти скок, па заби, па 6ти скок и така во круг, нема одмор али нека ми е здрава и жива колку што сум нервозна на моменти, толку сум и среќна што имам вакво злато. Абе како расти мислам ќе ја изедам, се поинтересна ми е. Сега веќе пробува да се сврти на меше ама сеуште неможи сама и странично застанува хахах па јас ќе ја поттурнам за газе и се врти. Чочка моја. Ја држам в раце и кога сакам да ја оставам в гнездо абе никако не сака. Ја лехнувам а таа со главчето стои кренато и нозе крева, се смееме дома како стомачни да вежба. морам да ја поттурнам па ќе почне да се смее, да писка, кога ќе се засмее на глас уфф срцка ми е. Само ја снимам На моменти ептен сум емотивна, како животов да ми лета, дури да трепнам мислам ќе порасни. Сакам да уживам во секој момент. Понекогаш ќе си поплачам, али тоа е јбг. Друго ништо ново мајки. Мразам есен, зима.. незнам како ќе се помини. Веќе почнав на нг да мислам, па и од алиекспрес веќе украси си нарачав, навлаки за перници барем нешто демек позитивно барам во зимава Одам сега едно кафенце да си испијам раат, додека не поминале два часа за да стани и да искулирам малку, ептен изморено се чувствувам. Поздрав мајки и уживајте со беблаците
Добро вечер мајки. Деца се заиграа, јас седнав да одморам. Многу сакам кога вака играат заедно, не дека играта е којзнае каква, секој во негова шема ама доволно е што се заедно Баткото си лепи нешто, ќере си реди алишта врз неа тоа и е омилена игра, некогаш се заплеткува, едвај успевам да ја најдам Утре малата има вакцина, ја мислам дека баш мрп ама ајде мора еднаш да биде. И мм утре има втора доза за ковид ама него не го жалам Синко (вечниот нејадач) треба да започне со терапија за железото, бев во аптека денес, порачав, утре ќе ги земам. Денес од нигде некаде му се фатил гласот, сега како некое животинче да си имам дома. Некој спомна есен, зима и нова година. Ништо не сакам. Знам, сѐ си има своја убавина ама јас сум летен човек, си сакам сонце, вода, песок... За две недели имаме и роденден на бато, сака торта од некоја видео игра. Осеќам ќе паѓа договор меѓу мајка и син Ми дојде една идеја, ќе одам да се разубавувам додека си играат децата Редно е Убава вечер.
Добро утро мајки. Денов прекрасен го почнав со кафенце пред компјутер, работно. Ама не се жалам, ми годи работава од дома. А и новото работно место ми е супер засега. Од стартот на пандемијата се работи од дома, па баш се мислам како би постигнала се доколку се работеше од канцеларија и кога ќе помислам дека ќе дојде и тој ден ме фаќа паника. Со дете како ќе оди организацијата. Ама нејсе, нека дојде тој ден ќе се снајдеме Синко смени градинка и супер се адаптира, има денови ми плаче за назад, не сака да си дојде дома Еј, да! Частам колачиња за први чекорчиња Синко прооде убаво и сега не застанува, како некое роботче по цел ден врти низ стан А за обврскиве, само јас сум по цел ден со пуштање машини и средување облека, или кај сите е така ?? Крај нема.. Инаку решив да си посветам малку повеќе време и внимание на себе, па си направив утринска рутина. Се наоружав со козметики и во поход Денес сум и на фризер, ќе се улепшавам и ќе менувам имиџ Мора малку повеќе да се грижам за себе, зошто имаше денови заборавав и кремче да си ставам ццц.. Нека почекаат 10 мин обврските, до денес не ми избегале никаде П.с едвај чекам да го посетам Еаст Гејт, блиску ми е и многу и се радувам на Зара Хоум. Немам друго што да ви кажам освен да останеме сите во добро здравје и да ви посакам убав ден.
Здраво и од мене. Оддамна немам пишано и само така набрзина ве читам. Последен ден од породилното, од понеделник почнувам со работа Веќе ми здосади дома и едвај чекам да почнам. Малата во градинка си е супер, ни да заплаче, напротив пруже раце кон негувателката и ѝ се смее. Со големата се мачиме да научиме една строфа за приредба. Дали не памте, дали ја мрзе и не обрнува внимание, ама од 4 зборчиња што ѝ ги кажам, таа ги повторе последните 2. Живци кинам со неа. Една строфа не може да запамте. А тоа што не треба веднаш го запамтува и кажува. Потврдувам дека е тешко сама со бебе и дете од 4г. Маж ми додека не беше дома, секој ден бев со нервози. Поголемата е голем инат и толку ме нервираше што пиев Б6 за да не ја треснам од земјата. Ептен тешко се излева на крај со неа. Од многу попуштање, лигавење и титрење дојде до тоа да не слуша и да си тера по нејзино. Со малово друга песна ќе биде. Не ја правам истата грешка 2 пати. Почнав и јас да си обрнувам повеќе внимание на себе и подобро се чувствувам. Ставив и порцелански заби, ги нема кривите заби Надворешниот изглед може многу да ти го подобри расположението и самодовербата. Најди си време за себе и секогаш биди средена макар и за дома и подобро ќе се чувствуваш Имајте убав ден
Јас синко прв пат го однесов на шишање на годинка и 7 месеци, многу споро му растеше косичката на него.
Шишките му ги скративме околу 9 10 месеци а целосно шишање после 1 година, сакав на првиот роденден да е со мека бебешка коса. Ама многу му е густа и сега редовно го шишаме на 3-4 месеци.
Мислам 4 или 5 месеци имаше син ми прв пат кога го однесовме на шишање. Со коса се роди и мн брзо му расте.1г и 3 месеци е, ни јас не знам колку пати е шишан до сега.
Во Мали Ѕвезди го однесовме. Го шишаа со ножица само. На столче јас го држев во раце. Првиот пат беше мн мирен се смешкаше. Вториот пат веќе разбираше повеќе и плачеше. Го ставија сам во тир столчиња како колички, не сакаше да седи. Пробуваа и со таблет со цртани. Па пак јас го држев и колку што успеа фризерката толку. Ми беше жал да плаче. Сега јас го шишам, додека го бањаме. Фативме ред. Татко му со машинка кај што треба, јас со ножица