Буенас дијас мамаситас! Дојдов со прашање, не мачи период на нејадење. Пред некој ден ми рече дека у градинка јадел само суво лепче, не се криви они, нашол празен простор и користи. Се заканив дека ќе го отпишам од гимнастика и нема да го пуштам на клавир и вчера јадел. Ослабен е 3 кила, суварка е, катастрофа. Дома само бутам нешто, јаболче, костенче, два пати ручек јаде сега, сакал нејќел, салата обавезно, вечера некоја житарка и да го навикнеме пак мешето на јадење оти ќе ми ослабе ептен. Не сме правеле кс, се мислам да го носам кај мама да му земе крв, ама па ми е страв да не го замрази. Мора една кс да направиме, 2ипол години не сме правеле, на ова нејадење којзнае каква му е. Инаку вегетаријанец е, месо со очи да не види, риба проаѓа во чорбичка блендано, вака не. Се мислам и пилешко така да блендам, шо да праам. Срамота на 5ипол години да блендам, ама тоа е. Бар малку да внесе, ептен е на посно веќе 2ипол-3години. Дајте некој совет! На работа весело, скај радио ечи, ја ѕенѕам и пијам кафе, весело. Денес дојде новиот бос па чекаме лично упознавање Јас па сум се разработела ко неарна, штанцам предмети ко да нема утре. Убав ден!
@AngelOfArh Мелено не сака? Синко само мелено јаде, поточно лазањи. Јадеше се со мелено ама сега ми штрајкува и јаде само лазањи.
Мелено само во мусака, полнети пиперки, нешто такво, добро маскирано со некој сос. Мојот не јаде јадења од типот на пица, лазањи, тост, сендвич... По здравата храна си е Ќе правам викендов мусака со тиквички, модри и компир, нека јаде тоа бар летово се изнајаде мусака еднаш неделно обавезно јадеше. Ете не се сетив на мусака. Некни згрмев и ќофте пројаде, ама опасно згрмев. Е сеа малку маскирав со пире, ама битно јадеше. Секое јадење е со молење.
Синко јадеше пиперки полнети мусака ама сега ми ги одбива. А лазањи два дена. Ги прави свекрва ми со се најквалитетно, подобро толку месо отколку ич. И ќофтиња сака. Макарони му се омилено јадење.
Абе јас не бранам лазањи, тост, сендвич, пица, таква храна, би била најсреќна да ја јаде оти знаеш колку е мачно кога идеме некаде и он гнете само фурнаринки и ако некаде се согласат да ни направат тестенини со обично сирење. Пример на одмор летово, ние јадеме морско, риба, разни специјалитети, пица, бургери он јаде леб, сирење од салатата и краставци, толку! Нека ти пропадне така јадењето низ грло ако може. Не било здрава храна тоа. Некогаш не ми се готви бе, сакам еднаш пица да нарачам да олабавам малку, ма јок, ни да чуе, не јадел он пица, сакал лепче со сиренце... Ручек неготвен му проаѓа само тестенини со сирење евентуално и пита со сирење, друго не признава, манџа сакал. Терсене е ептен.
Си нашла на кого да се жалиш мајка. Исто дете имам ама 2 г и 3 м е па само со молење оди. Ако викнам ке се исплаши и ке плаче до сега го немам карано. Некогаш специјално порачуваме пица со надеж дека ке јаде ама не. Во фрижидер нема што нема, макарони. Најчесто суви оти ако види сирење само сирење бара да јаде. Не разбира од здрава храна ама разбира да каже не не. Мојов патлиџани и крадтавици јаде и овошје јаболко круша банана. Оној ден банана сам зема да јаде. Замислиии!!! Среќа и јајце варено јаде па си велам добар е.
Здраво мајки! Јас на темата како натрапник кој од нигде никаде пробува да шарне некој ред. Цела година сум во обид да се вратам во нормален живот, а што се ми се случи изминативе година и кусур немам сили да прераскажувам. Доволни причини да тонам, да ме нема... Ќе го прескокнам тој дел, не е за кажување... патетики... милион сопки, јас психички срушена... Пред извесен период @mal.ecka ме разбуди со поздравче во соодветната теме. Се насмевнав и убаво ми дојде кога сфатив дека некој ме помислил. Ти благодарам! Деците шмркнаа по еден смути а сегаа играат докторки. Во позадина на телевизор пее Елза, па малото не може да се сконцентрира на играта. Филм е, она била Елза, сестра и била Ана. Големата е втора смена во училиште. Веќе наголемо цртаме, пишуваме, читаме, собирме и одземаме... супер ученичка ми е. Е малце е непедантна во пишувањето, ама си го смалив критериумот за педантност кај дете од 7 години. Учителката вели дека не е лошо, и дека супер напредува во училиште и одлично го совладува материјалот. Инаку не форсирам многу да вежба по дома, сработуваме домашните задачи, евентуално ако нешто не сфатила во училиште и толку. Имаме и слободна активност спорт два пати неделно. Другото време си го користи за игра, дете е, нек ужива, има време во животот за плус активносто. Малото не оди во градинка, па ете занимавам по дома со некои активности. Боевме чадорче, па правевме облаче од памук.... и лисја есенски собиравме. Пробавме и есенска песничка да научиме, ама 2 збора запамети од неа. Големата брзо учи напамет, малотооо јок. Да не испадне кај нас она... првото е доктор, второто нек е здраво и живо. Се шалам, не сум со некои високи очекувања кои треба да ги постигнат во животот. А и мали се, рано е за прогнози. Ај да ставам нешто за ручек, знам 9 е , ама у 12 сум на работа и навреме да си фатам обврските. Убав ви ден!
Moze da kazez kolki kilogrami ima i tocna vozrast?Toa nejadenje e relativno.Ne si videla dete sto ne jade ,zatoa ti e cudno.Moeto za 2 meseci polni 6 i ima sose trenerki 17 kila.Ama toa se geni ,i jas i mazot cel zivot prirodno vitki.Epa na kogo sakam detevo da mi bide ? Na komsijata ne e.
Има 5ипол, 20 кила, симна од 23 на 20 за 2м, многу е. Ние не сме слабички, мм како дете бил буцко, јас сум била жгуљава, ама сега сме ок, леле дојде време за себе да кажам дека сум ок, до пред 6м бев дебела, ма гојазна.
Добар ден мајки на најубави дечиња Да ми кажуваше некој дека во 10ч ќе пишам некогаш 'добар ден', немаше да верувам. Спанката шо пред 12 не можеше очи да отвори. До душа и сега би спиела, ама син ми не ми дозволува. Уште да научам рано да си легнувам и ќе нема ко мене. Медењакот тера прва дремка. Либе направи кафе и ми задрема и тој пред тв. Јас мљацкам кафе и не знам шо да прам. Го гледав видеото од гуднајт со совети за спиење, па решив да ги оправам денските дремки. Прв ден помина катастрофа, втор малку подобро. Паралелно читам совети за дохрана и гледам видеа за стимулација на моторен развој. На моменти си велам дека морам да се запрам и да уживам во мајчинството, а и да го оставам детето да спие, јаде, вежба кога и колку сака, ама по се изгледа дека сакам да имам се под контрола, а тоа ич не е доблест. Само burn out си правам. Не знам од кај ми дојде идејата дека синче има вродена сколиоза. Ете, криво ми се гледа детето. И пишав на матичната, пуштив слика, ми вели поактивна му е десната страна и затоа му е поцврста мускулатурата. Ама некако не се убедив со муабетот, оти тој двете страни подеднакво ги користи, па ќе шекнам до преглед кај ортопед. Се надевам дека грешам. Тој, златен, ко во пмс да е. Плачи, се смее на цел глас, пак плачи со солзи, пушта раце за да го кренеме, па пак се паѓа од смеење... Комбинација на 5ти скок со заби. Иако, морам да признаам дека забите попроблематични од скокот ни се. По апликација денес сме на громчето, па да видеме како ќе помине. И, да не е толку просто кога можи да е сложено, пак се враќаме дома. Уште еднаш ќе правиме преселба на народите. Ми се повраќа кога ќе помислам на тоа. Ама нема да тупам за тоа тука и онака од колосек ме вади. Немам што паметно да кажам, па ќе се одјавам тука. Имајте најубав ден, користете топли есенски денови со љубовите. @AngelOfArh да пробаш со домашна паштета од џигерчиња, риба, цвекло... Не е некој ручек, ама за доручек/вечера може да помине, ете ако сака печено лепче.
Штом јаде манџи ставај месо во манџата и го блендирај, ем ќе внесе месо, ем нема да примети дека го има.
@snegulkata Ти ме потсетуваш на раѓањето на првата ќерка. Тука се некаде мислам со твојата. По пораќај бев во постпородилна,па читаќи те добивав спокој бар на некоја минута. Толку убаво,смирено раскажуваше,посакував и јас да имам денови како твоите. Го добив и јас тој мир. Ме потсетуваш на зима и снегулки И јас сега имам две дади,поголемата била Елза а помалата се разбира Ана .Ти посакувам да си го вратиш твојот мир и од време на време да чкрткаш тука,убаво ми е кога те има
Здраво мамички Дојдов да си се пожалам малце, да ми олесни. Официјално тераме прва настинка со беба . Од некни се затна во носето, два дена беше подобра и ноќеска пак. Се мачи не може да дише убаво па писка од време на време а мене душа ми се стега пошо не можам да и помогнам. Еден густ секрет, хрчи, душа моја. Носена на педијатар настинка. Инхалации со синомарин и капки од диво оригано. Па да им нема крај на маките и либе се затна, грло го боли. Одма го пратив на тестирање денес. Сега до вечер до резултати ќе се шекнам. Оффф . Ајде нека поминува побрзо Се надевам ќе ви пишам убави вести за скоро.
Добар ден и од нас, Породилно и таткото го следувало и тоа 2 месеци, денес ни стигна решение и одлука и ептен се израдував и веднаш резервирав летови. Ќе си одиме на 2 месеци дома, во Македонија, многу сум возбудена, грб ќе ми одмори ама саклет ќе се наполнам, ама тоа е, сепак многу сум среќна.Сега следно на листата е патен лист, ептен е малтретирање ама мора. Софи ќе биде 4 месеци кога ќе летаме... уште сега ми е мисла, сте летале ли вие со толку мали бебчиња? Како реагираат? Мојата обожава бели звуци па се надевам дека брчењето ќе и годи и нема да вришти цел лет Инаку малата расти со брзината на светлината, ептен е жилава, мамино галениче е, само во раце и само кај мама...колку ми годи толку и ми е тешко, мислам дека грбот ќе ми падне некогаш. Многу гуга се смее абе крофна, ми се иде да ја изедам. Обожава да и пеам, а пеам како гавран Огромна љубов имаме кон вртелешката над креветче, способна е цел саат да лежи под неа и да прета со рацете и нозете, ја обожава а богами ја обожаваме и јас, мојот р’бет и моите нерви. На 17 ти сме на преглед ќе прима втори дози од вакцини, уште сега ми е страв. Реакции немаше многу лоши колку што плачеше, пола саат не можев да ја смирам,душа. Друго не ми текнува што да напишам, освен дека ноќеска само 2 пати ми се разбуди Оогромен успех, и тоа е. Поздрав мамис
Храбро мами. Детските болести се составен дел од растењето. Јас знам дека е жално кога ги гледаме овенати, ама се поиздржливи од нас. Нека минува со лесно само. Не се паничи во врска со резултатот. Се надевам дека не е ковид, но и да е ретки се компликации кај бебуши. Инаку пробај со шприц и физиолошки чисти ја. Нема подобро нешто, одма ќе диши поубаво. И мојов е со растечено носе деновиве. Денес е подобар. Крвна слика супер. Ѕирка второто запче изгледа од тоа ќе да е.
Негативен Иако така и мислевме ама од ова короништево не може чоек да се разболи Иначе тоа со шприцот сакам да го пробам ама оваа мојава ееептен мрда и не знам како да ја држам за да успееме така. Идеја? И од кај се купува такво адаптерче за шприцот, у кои аптеки има? Иначе денес преку ден добра е, не крчи толку. Ќе видиме ноќеска
Ај да частиш кафе сега Нема нигде додаток за шприц и јас прашував по аптекиве. Од Алиекспрес ми викаат, ама ќе дојде лето додека стигне. Се убив од барање за големава што го користев, реков ќе го дезинфицирав, ама ништо. Терам само со шприц. Пробај маж ти да ја држи, ти да и го чистиш. Ние така правиме и не плаче воопшто. Се чуди само, не му е јасно што се дешава.
Ајде, кафе за сите А колкав шприц користиш? Колку полниш? Ајде утре да пробаме баш. Иначе не се чека толку од али веќе. Брзо стигаат. Мене некни за 2 недели ми стаса пратка. Највеќе месец дена.
Добро вечер. Пишувам од дома додека тројцата спијат.Мир и одмор за мене, макар што сигурно ќе биде 15мин. Дома сум после осум дена поминати во болница.Се изнагушкав со децата, а богами и со маж.Сега мм е дома и ме чува оти не смеам повеќе од 5кг да дигам.Не дека слушам.Искрено многу е глупо да зависеш од друг.Душо дојди дигни го бебето, душо дојди подај ми го бебето, душо у.Па си го влечам и си го дигнам. Па добивам прашања што не ме викна и зошто го дигаш.А што јас не ли можам?! А беба мајкино злато дига газе и стои во положба на лазење ама кога ќе мрдне паѓа дирекно на глава и не плака продолжува војнички да лазе. Си има два заба и многу е смешка, сака само до џвачка нешто. Кога ме пуштија од болница дојде мм со бебето да ме земе.Јас седам назад до неа, а таа не го тргна погледот цел пат.Само ми се смееше и гледаше во мене, не знаеше што да направи за да каже дека е среќна. Зарем може толку да разбирира? Си се галиме и си ја доам со два дена прекин.Уживаме и двете иако на моменти ми е мачно.Важно си сметам за успех што продолжив да дојам. Големата ми е љубов.Колку е разбрана и посветена околу бебето чудо.Во неделата беше Халовин и во саботата правевме украси за надворешната врата.Пајажина, пајак, тикви се сами си направивме и декориравме .Едвај чекаше да дојде недела и да дојдат децата.Спремавме раце од ракавици наполнети со благи дрнгулии. Отидовме од сабајле да шетаме оти беше 17 степени, а таа на 5мин прашуваше кога ќе се стемни. Па на враќање пред влезот ја сретнавме комшиката и кажа ќе дошла другарка и кога ќе се стемни.Се маскираше во вештерка , а јас и ја истапирав косата како да бркнала во штек. Малку ја нашминлав, ама за да не ја кара тато и си ја избриша шмината. А нормално мм немаше да ја кара. Дојдоа децата и таа сакаше со нив да оди, па ја пратив да иде до комшиката и да ја викне другарка и.Па двете тргнаа по вратите од влезот да тропаат.Без да зборат само со раширени торби чекаа благи работи.Јас и комшиката од горе гледавме и им се смеевме. Потоа дојдоа да си играт заедно кај нас.Толку беше возбудена што 2 дена раскажуваше колку интересно било и кога пак ќе било Halloween . Понеделник пак имаше поправка на забите со целосна анестезија.Не смееше 6ч да јаде и 2ч да пие вода.Издржа таа.Колку ми беше страв срце во зрно ми беше, како што,ама се испадна добро сполај му на Бога. Сега си има 2 метални заби- коронки, грозни и грди.Си велам може не требаше да и ги поправаат, секако не ја болеше. Ајде ќе ги смене за 5-6 години . Во меѓуврме бебето стана, му дадов да цица и сега незнам како да и избегам. Инаку и мое бебе е со растечено носе и кашла.Се од дада и си прифаќа. Маж толку е испраксиран со бебето , кога ќе стане во 5-6ч и мени пелена, ја облекува и вади мрсули и и става капки, па прави каша.Чека да станеме со големата накај 7ч. После ја носи големата на градинка и оди пазарува.Помош ми е стварно. Го прашав за трето дете , вика стар бил немал сила за бебе пак, нека дава Господ кај треба доста му биле две. Само една недела со двете и одма убаво се разбираме. Две се доволно иако јас сакам уште. @Dancewere ние бевме во Мк кога бебето беше 3 месеци.Поминавме добро во авионот и давав да цица и заспа.Ние и ги пуштивме звуците во авионот.Е лошото кај моето е што спие по 30 мин , а летот траеше 2ч и 20мин.Па ја заспивавме 3 пати. Со големата бевме кога беше 9м е таа кога заспа се разбуди кога слетавме.Не се плаши ќе биде се во ред и убав помин. Побрзу оздравување на болните дечиња.Гушкајте мали и имајте мирна ноќ мајки.Јас да преместам бебе на креветче и да спијам и јас. Добра ноќ.