Кај мене не стигаат брзо. Поштарот од овој реон си дал отказ и жив проблем со пратките. Минатиот пат бев во пошта позади кај поштарите и сама си ги барав пратките од Али во еден голем пакет Полнам 5/6 мл, мислам од 10 мл е шпицот последно што му чистев. На почеток ставав по малку, 3/4 мл сега веќе се испраксав и зголемив.
Убав саботен ден мајки Денов без никаков план се одвива, што е реткост за контрол фрик како мене, ама денес одлучив да не планирам и да уживам Претпоставувам оваа опуштеност ќе ме држи, додека не отидам до кујна да го видам хаосот Ама колку трае, толку Есен, љубов ми е Чист воздух, природата во најубави бои, листови што шушкаат под нозе, овде онде пробива некој сончев зрак, и ти мами насмевка на лицето и покрај смрзнатиот вцрвенет нос Додуша денес надвор магла, се надвиснале облаци тешки, ама очигледно не врне, штом комшиите лупаат во двор Бебе спие, да стане, ќе одиме да се шетаме Колку тој не сака да се вози во количка, толку јас сакам да шетам надвор Сега за сега барем нема плачки, ама седи намрштен, како сите бродови да му потонале Намќорче на мама, плукнат татко му Сакам да му ја пренесам љубовта и почитта што ја имам кон природата, длабоко во себе се надевам дека ќе биде некој екологист, заштитник на природата А маж се надевал дека ќе вози Формула 1 Да е жив и здрав само, друго не ми треба. Си купивме нова спална со маж, ја чекавме цели 6 недели, на доставување и вадење од камион, ни го скршија лежајот И си ја вратија назад. Сега спиеме на душек, на под, бидејќи си го размонтиравме стариот кревет Маж пука од нервоза, јас го гледам ова како причина бебе да го научиме да спие во креветче И еве три дена, легни - стани правиме по цели ноќи, ама не се откажувам, бидејќи и него му е претесно кај нас и само се буди и се врти и се удира во нас. Секако сум живо зомби или по ново Момби, па што сака нека биде Решивме да се вакцинираме со маж и јас настинав, а немам настинато (да чукнам во дрво) многу време. Сега чекаме да се оправам скроз, па да се боцнеме и да може Божиќни празници да истераме дома во Македонија со семејството Маж имал жлезда некаде (читај - се гризнал најверојатно додека јадел, па има раничка и го заболува) и тоа да сме чекале да помине, па после вакцина Чудо е колку не сака да се вакцинира, па само одложуваме и се натегаме Уште 5 месеци ми останаа од породилното, ми се превртува во стомак кога ќе ми текне колку брзо лета времето, се уште сум на мисла да продолжувам, ама којзнае што ќе одлучам до тогаш. Бев пред некој ден да ги посетам колегите, според нив за 3 ипол месеци требало да се вратам, од што сум им фалела, си скратиле Демек Си ветив дека ќе читам книги повеќе, додека спие бебле, читам, ама повеќе на телефон киснам Па и тоа онлине шопингот, страшна работа, треба некој под итно да ми го одземе телефонот Одам да прочитам некоја страна, барем тоа да го исполнам за денес Чувајте се
Кoлку пати jа oтварам темава да си кажам нештo ама бебе/дете вo пoзадина се активира и самo си гo заклучувам течефoнoт Епа здравo маjки... Ќе пишувам набрзина.... Ми фали времетo кoга на раат си чепкав пo фoрумoв... Ќерче се смири, пoчна да заигрува, иде вo градинка..другo дете ми стана. Уште слаби сме сo збoрење ама се се разбираме.. Синкo, тoталнo смени...штo дете ќе беше целo време да сака вo раце. Гo oставиш ли на пoдлoга да игра плаче, вo релаксатoр не сака... Мирен е самo вo кoличка и надвoр... Жал ми е за пoгoлемoвo сака внимание...да се надевам пoбрзo ќе прojде периoдoт на држење вo раце.. Нека ме прoсветлат маjките на деца сo мала разлика Малoвo на 5 месеци мнoгу реагира на дада, oна вo пoзадина си игра ,а тoj вo пoзадина и се смее на глас. Живoт ми се. Oфициjалнo се вакциниравме сo маже. Дoбрo пoминавме. Чаo мамички, палавкoвци ме чекаат.
Го имаш научено в раце? или период е ? ако 5 месеци го држиш во раце,потешко ќе оди одвиката а ако е период скок,заби,ќе помине
Не се учи бебе во раце, или има поголема потреба од близина и сака да е постојано во раце, или нема, па задоволно си е и да си лежи. @Larahappy еве една тема за мала разлика помеѓу децата, мислам дека ќе ти послужи.
се учи како не...две деца имам си знам,поголемата се во раце ја држевме сите до еден,и како поминуваше време така од навика ги подаваше рацете на секого да ја земе,ако не ја земеш ќе се откорне од плачење и во раце ја заспивавме затоа памет за следното,го доев дури легната на спална за да не е во раце и не бара
Добар ден мајки. Денес денот ми започна од 5 сабајле. Надвор тмурно, дома темно, таман да си легнам да одспијам 2,3 саата ама малата гајле си нема, вклучена е на нај јако Што убаво си беше фатила ред да ја преспива ноќта, таман си имав време да погледнам некој филм и пак да се наспијам, еве реши да ми менува тертипот А стара сум јас, ама кој ме слуша Го испративме тато на работа, главата уште од дома го болеше најде и тој кога кај нас да легне, малата цело утро го клоцаше, му бурицкаше во носот и очите, лом го направи, уште од кревет да го собореше Уште два дена на бато роденден. Порачавме торта по негова желба, ќе го прославиме дома со најблиските. И јас не сум вакцинирана уште и не можам баш да шетам ама затоа пак некни бев на вечера во ресторан не вакцинирана Ме пуштија, да, ама цело време ми беше страв да не дојде контрола па да треба да платам над 1000€ казна. Храната во грб ми отиде Му реков на мм, прв и последен пат ми е. Ќере заспа. Ако не друго, да си поседам барем во тишина. Убав ден на сите.
Кога имав време спиев до 12ч, а денес рано рано во 9 пуштив да шмукам кој кретен од сосед сум дали дека рано станав па мислев денот за сите почнал и не видов колку е часот. Добар ден од мене Синко заспа па и мене ме фати мрза па легнав до него, дома паднала бонба од алишта за пеглање али овде прочитав една мама (не се сеќавам како беше потпишана нека ми извини) имаше напишано дека ужива со децата ако има време ќе фати низ дома, важно го поминала денот максимално со детето и уживале толку ме погоди тоа што од тогаш не се замарам какво е по дома Туку да кажам почнавме со мм да излегуваме двата барем еднаш месецот на Мезе пијачка и супер било (заборавив како беше кога имавме време само за нас) Се напив неколку ракички и толку требаше Бебе кај свеќи цели 3часа не ме побара, од една страна си викам супер малку да олабавам и јас али од друга страна душа ми се кине зошто не ме бара па не ми се наоѓа крајот тоа сум сигурна Па минатата недела испадна како два пати да му бегам морав да одам со другарка да се видам не е од мк па броени дена е тука и мм го чуваше исто 3часа. Кога дојдов дома толку ми беше лут неможам да ви опошам влегов и тој само ја дигна главата ни мама ни да дојди да ме гушни покрај што му купив играчки по пат кога си идев, го гушнав го бацува не бре тој не ме гледа во очи за жива глава, играчки му дава на татко му како да не сум јас тука и мирен мирен премирен никогаш го немав видено таков и толку мирен и повлечен се скршив како може толку мали деца да искажуваат толку големи чуства. Се изедов жива му мина за брзо се врати во нормала али сепак боли. Тоа е нема што друго да кажам едино што едвај ја чекам нова година за да украсам и елка и да е разружана 10000пати али сепак сакам да му го доловам моментот со дедо мраз и поклончина, колачина, пакечина ќе ужива сигурна сум веќе почнав пополека да му кажувам деди го вика дедо мраз и кажува ди ди како демек со коњчина доаѓа Убав ден мами може ќе дремам и јас
Планирав вечер, да го успијам бебуш, и да завршам книга што ми е почната, некои 100 страни само, па да спијам. Ок, ја завршив и викам ај ќе спијам, од 6 ипол станата сум и оп, бебуш се буди со огромна насмевка и еве веќе саат време само ми се смешка. Се наспал дечкото. Ми се спие, ми се плаче ама барем со убаво ме држи будна, барем немаме плачки.
Поздрав мами. Денес влагаме у 5ти скок и еве ја, во 4 . Секогаш кога влегува во скок првата вечер ова се дешава . Исто со викам ај барем не плаче. Ништо утре спиење со нив
Блазе си ти. Сега сте во тој црвениот период кога учат оставање и дистанца и обично плачат ако ги оставиш сами. Како поминувате?
Баш сега броев колку недели сме, и оп 22 што се дешава што да очекувам мама? А хмм, а баш денес поразлично ми е бебево, утре сме на редовна контрола да видам што ќе кажат, но еве ако сме во скок тешко нас