Не знам шо да очекуваш, ама ваљда стандардно за скок. Цурава денес пола ден ржи ко куче ама е расположена. И сега во сонот си подписнува од време на време.
Мојава денес најмалку спиеше. Прв пат многу рано се разбуди. И не знаеш дали плаче или се смее, тажна фаца има и си брчи
Денес така низ памет ми помина пораѓањето. Уште не можам да се справам со траумите од болница. Анксиозноста е ужасна работа. Ми помага само кога ќе го видам, таков мил, прекрасен, ме топи со насмевка. Имам слики со бебушот што ме сликаа тек кога се породив. Мислев дека како и секоја мајка ќе ги сакам тие спомени. Мене ми се тригери за панични напади. Но, по нешто повеќе од 4 месеци успеав да ги видам и да биде се ок. Не е баш мајчински муабет, но ете имав поѕреба да пишам.
Многу ми е тешко кога ќе прочитам како некоја мајка има толку лоши спомени од породувањето. Разочарана сум од тоа што се случува на места каде што се раѓа нов живот Не мора да ги сакаш тие спомени. Ќе си создавате нови спомени, убави и вредни за паметење
Кај Наташа на инстаграм doenje_so_ljubov има иницијатива за подобрување на условите во македонските болници.Преку порака можеш да ја раскажеш твојата трауматична приказна и да придонесеш во чекорот за промените во болниците.Тие ќе ја прикажат твојата приказна анонимно.Бидејќи секој пораѓај треба да е убав чин ако ништо друго од страна на персоналот.Ние сме луѓе, не животни. Земете мајки учество однесување како: кога се онедуеше убаво ти беш,ајде што си рикнала тука како крава и слични искази не се на место во моменти кога на сите ни е најболно и ни треба еден убав збор за да добиеме сила и да издржиме до крај и да знаеме дека не сме сами има персонал што ни помага. Добро утро Да не сум офтопик да ве поздравам на кратко.Бебе на цице пробува да спие ама црвчето во газето не и дава мира, па мрда ,тепа и штипи. Дадичка е на градинка имаат денес активност ќе ги носат до најблиската библиотека.Се радуваше многу. Пред два дена бевме до една продавница да купиме календар со планер и и беше доживљај.Од почетокот на пандемијата не сме биле во трговски центар и се има заборавено.А колку пати само сме биле. Па гледавме украси за Божиќ, па таа комбинации правеше.После додека чекавме автобус, пред продавницата има простор како плоштад и трчаше, па се качуваше по потпирачите за велосипеди, па скокаше од едно на друго ступче, па трчаше околу бетонските столбови.Цел ворк аут за деца на едно место.Така изнатрчана и плус време со мама само си дојде дома подизморена, јадеше и си легна во 20ч. Овој викенд сме на роденден поканети, дури 3 деца ќе бидат и бебето плус 4.Се мислам дали да го носам бебето.Ќе го изнаѓнават големите.А оно и да го удрат не плака. Пред некој ден беше комшичето на гости и со големата земаа и си играа со бебето и нејзините играчки.Те вака направи ,ова тука го стави, дадите среќни оти бебето го играт како бебе, а бебето среќно дека големите го играт. Уште да спиеше само.Лулање не сака,во кола исто, во количка низ дома, само на цицето или во уста или како перниче.Штом се тргнам се буди за 30мин најмногу.Цела ноќ е исто. Тешки маки мајчински.Ќе помине и тоа. Туку да станам да јадам, а вие мајки гушкајте дечиња и имајте лепи дан.
Мојата приказна не е поврзана со породувањето, ама е со процесот после породување...и јас имам трауми...се пораѓам со целосна анестезија, бебето не го гледам, доаѓа една докторка вика океј е, доаѓа друга после пола сат ми викат викни го сопругот да потпишите согласност бебето мора да оди скопје...шок...не знаев ни каде се наоѓам...уште поголем шок...од што бев збунета мислев дека го носат да го проверат и дека ќе го вратат, гадно сум се излажала...бебето си го видов на 1 секунда, и тоа само косичката кога го носеа низ ходник во инкубатор...лежев сама во болница 5 дена, сите мајки со своите бебиња си се гушкаа, јас како труп сама...кога читам во темите во подфорумот бременост кога ќе речат се породив, ваква радост не се опишува, ја родив најголемата радост, јас не можам никако да ги сфатам ни да се поврзам со нивната среќа...зошто јас не бев среќна....сите си заминуваа дома со бебиња јас сама...дури и сестрите на гинекологија ме гледаа со сожалување кога заминував...никогаш нема да ги заборавам тие погледи На крај се се заврши во ред, ама таа голгота не се заборава и засекогаш ќе ми остане траумата
Исто Многу тешко, никогаш нема да ги заборавам тие 2 недели. До толку што постојано се мислам дали ќе имам второ дете.Се надевам ќе помине стравот после неколку години. Крајот е добар секако, среќа моја е моето синче
Добра ноќ Некој пред 10години да ми кажеше Хепи ке се радуваш на недела, будала ке го правев Да сакам што е недела,што утре ке сум на работа а деца конечно после долг период назад во градинка. Верувам кај повејќето тука е исто,ред мрсули,ред други вируси . Но верувајте смачено ми е. Вака ми доаѓа. Никако да ти опоравам. Не е ни до мене ни до градинките,до децата си е Што се не правам употребувам џабе . Ке чекам да си стекнат имунитет. До тогаш . И да,ке бидам упорна и трпелива за во градинка бидејќи заприметувам огромна разлика во нивното однесување. Гледам какви се исполнети кога одат а какви се после боледување дома . Големиот е злато,ангел. Скромно дете,интересно какво што само можеш да си посакаш. Ама затоа малиот. Баланс да не ми е досадно. Еден треба да ме остари побрзо Само здрави и живи да се А многу ми е интересно што сега јас се гледам во најтешката фаза на мајчинството со две тудлерчиња и кога ке ми речат мали деца мали проблеми,големи големи проблеми. Што потешко побогу? Па во литература е докажано дека најтешко е да одгледуваш деца на мала разлика. Бидејќи немаат исти итереси,споредено со близнаци и тројки. Што може да биде потешко од еден што сака да излезе со тебе и да вози тротинет а друг се дере во количка бидејќи неможе да седи и да го гледа поголемото а оно самото три чекори незнае да направи. А ни па големото може да те разбере дека треба да се вратиме назад бидејќи брат му доживува тантрум Што е потешко во тоа да го замолиш големиот да биде потивок додека го успиваш помалиот? А тој е уште мал и следен за заспивање е тој? Како да не се будат меѓусебе во текот на ноќта? Како големиот да биде внимателен и да не го турка малиот при првите чекори? Многу како како како.... И имаме и тема таква деца на мала разлика,и ме прашувале дали е подобро да бидат мала разлика незнам едноставно што да им одговорам. Предност има секако со еден удар растеш две,секако си во хаос тотален,но мислам повејќе недостатоци има... Мое лично гледање. Но назад не се враќаат. Едно сум сигурна ,кој се роди се роди,остана само една желба неостварена. Тоа е да имам девојче. Кој знае можеби ке беше,но предност даде на батковциве. Убава ненела ви посакувам,гушкајте се,карајте се и уживајте. Навистина многу брзо растат
Само читам, малку по малку. Има секој ден нешто ново за читање си оставам по малку на последниот пост реков дека ќе пишам во некои подобри времиња, ама такви времиња сеуште не се дојдени во 2ипол недели толку тешки денови толку лоши работи.... последно е тоа што со големиот се мафтаме една недела по лекари а последниве 3 дена и на инфузии. Доби како воспаление на ушите на школо ги чувале со отворен прозор сабајле во прва смена и ги опоменувала учителката ако ставете капа или палто. Па сега вие замислете. Последниве 3 дена се расправам во група која што ја имаме на Вибер сите родители од класот вклучувајќи ја и учителката а таа абер нема да даде свое мислење. За 2 недели цел клас се разболе. Тешко на деца. Чекам да дојде нова година, барем малку да живнеме со еуфоријата инаку не знам,мислам дека ќе паднам во депресија. Воопшто не сакам зима не ги сакам тие ладни денови каде човек само дома седи. Засега од мене толку. Преумора сум рано станата едвај чекам да заспијам веќе и очите ми се затвораат. Имајте пријатна вечер
Добро утро мајки Неколку дена се трудам да напишам нешто и се до пола ми е оставено... Денот потмурен неможел да биде. Беба стана во 7.30, си направив кафе и сега малку пауза додека она се труди да лази. Лелеле колку е само смешна се крева мести нозе али никако да и текне да се придвижи со рацете изгледа како мењачот да и е расипан не влегува во прва само во рикверц тера, се врти на сите страни и кога ќе се крене изгледа како да тверка со газето Пред две недели беше настината мрсоли до колена едвај се оправивме и оп некни се разбуди пак со мрсоли, нешто како да 'крена тт' ама 37, па ништо ајде ја истуширав само и толку. Утре дента се разбуди и како ништо да не било ни мрсоли ни ништо, ама па и ова времето е страшно час е ладно, час е топло и нормално ќе има мрсоли. Времето лета ич несакам да ми порасне еве ја за 2 недели 7м ќе има, кога ќе помислам на тоа дека за некоја година нема да ни дава ни да ја бакнеме оф душа ми се кине, ама ајде па мама е тука ќе најде начин да ја гњави ако мисли она дека така лесно ќе се откачи од мене е нема шанси Ништо посебно не напишав ама ајде нитно чкртнав нешто Убав ден мајки
како јас да сум го пишала од збор до збор и делам исто мислење скроз затоа кога ќе ме прашаат како е со мала разлика и дали препорачуваш? НЕ НИКАКО sorry not sorry зависи од децата да,ама двете дека ќе се мирни неверувам хаха едното мора да те реши,а потешко е кога второто е бесното а и кога ќе слушнам некој за брзо време останал труден со второ плански,незнам фацата каква ми е искрено,дали да се радувам дали да кажам побогу ... да се живи и здрави само и они и ние да не побелиме тешко е но и многу брзо лето искрено...некогаш ми паѓа така жалче кога ќе слушнам бебенце како гуга и се смее бебешки си викам ахх нема више тоа никогаш да го слушнам...(па после гласот се развикува врз мене дали си нормална? ) па уште народ кога ќе ми рече ајде трето ми иде а и лесно изгледа од страна... вчера една во теретана ми вика јас имам 3 ти немаш гајле,аха викам важи...и како со трите? тие веќе пораснале па ваљда заборавила ...ми вели да знаеш третото ме подмлади...како бе те подмлади викам гледај цела згрбавена си хахахаха како и да е се спасив во наредни 5 години за деца натака ќе видиме... мада ако сега се прашувам нема да се решам едно добри 90% него утрово неможеше поубаво да почне...Големата стана од спиење си варев кафе,и доаѓа ме гушка вика мамо јас сонував дека те сакам...аиии срцево ми прелета
Здраво мајки Долг пост у најава. Ве читам редовно од бременост, па се зачленив откако се породив. Прво дете, син на мајка (иако бевме договорени за ќерка ) галениче на сите останати и единствено бебе во 2021 па немав со кој многу да се консултирам. Сте ми решиле дилеми од бременост, преку породување, доење, до фаза скокови во развој. Фала ви на сите брзи, детални одговори Да не бидам офтопик, бебуш денес беше на вакцина и одлично се држи сега за сега, многу полесно од првиот пат. После 4 месеци ја сфаќам улогата на мајка и колку ништо друго не е важно ни интересно колку секојдневието со бебуш. Морам јавно да го пофалам дека е многу умен, не е плачко по природа, сака да се дружи со луѓе, не му сметаат гужви и галама. Со дремките уште фаќаме ред, ама барем навечер си спие па наспани сме и ние Не знам дали е нормално ама ме фаќа носталгија за времето кога бев бремена. Толку убава и лесна бременост имав што ми беше жал дека ќе се породам. Вчера гледав видеа од кога бил новороденче, па не ми се верува колку се изменил, пораснал. Лета времево со брзина на светлината и колку и од една страна сум нетрпелива да потпорасне толку од друга страна ми е "жал" што нема да можам секогаш да го држам на перница и да го гледам како спие. Ве поздравувам сите
Здраво мамички Оддамна немам ништо пишано ама па и ништо посебно немам да кажам. Беба у 5ти скок и не е толку страшно сега за сега. Смени што ноќе до прво цицање спие у креветче после со нас на спална, а од раѓање си спие у креветче без проблем. Ама ич не се жалам за тоа пошо преубаво ми е и не знам како ќе ја вратам . Денес и стигна џамперот, па целата е ќејфови. Се изнаскока се изнарадува. Еден тон нови работи учи во скоков, дури не ми се верува. Склекови прави, цела се исправа, почна да лази, се превртува, седи. Абе чудо. А колку е пргава и живец, рамен и нема. А па на мене колку личи, абе ко у огледало да се гледам. Нешто што највеќе обожавам сега е што многу повеќе се поврза со татко и. Абе го обожава, само му се смее. Пружа рачиња накај него. Коа ќе направи нешто интересно одма накај него се врти и писка да ја види он, ако сум ја до неа. За бањање само татко и да ја бања и му се смее. А јас сама кога ја бањам ми плаче . Ептен души ми се. Сега окупација ми е Нова година, па како да се сликаме, само гледам новогодишни комплетчиња. Понеделник ќе прима вакцина ама за разлика од првиот пат ич не сум потресена . Одам да средам низ дома нешто и да си легнам до лепотицата убава вечер
Добра вечер. Излезена скрос од колосек, и од темава и од форумот. Едноставно ми дојде желба да ве поздравам. Да ви посакам добро здравје на сите на вас и на вашите малечки. Мојот ангел порасна и веќе има 6,5 години. Најголем нејадач на форумот, а мајка му најголема плачка низ темите. 5 месеци бевме разделени, еден месец заедно еден далеку еден од друг. Во обид да се живее надвор од државата. Од септември веќе си е до мене. Напорно, неизвесно.. Но еден до друг. Бев исплашена дали ќе свикне, дека никогаш не беше носен на градинка, исплашена дали ќе можеме и надвор од државата сами.. Ете засега некако гураме.
Мoментoт е кoга гo заспиваш пoмалoтo па трчаш каj пoгoлемoтo и таман пoгoлемo затвара oчи, гoтoвo е да заспие, пoмалoтo се буди. И oд нoвo...
Тогаш ми доаѓа да рикам со нив како магарица. Не,убедливо најоткачен момент ми беше кога ги носев во градинка. Бебе непроодено,"големиов" за рака и ми вика ми се моча как ти текна сега дека ти се моча. Па каде бебево да го оставам. Ни родител пред ни позади мене да ми го придржи бебево. И бебево го "заглавив' меѓу нозеве,го слекувам и го кревам да се моча големиот бидејќи не знае уште курето да си го држи. Кога рече моча ма сите страни. Јас потам што од нервоза,доцнам за на работа. Тој измочал и патики негови и мои чизми. Бебе пишти сака да лази тука во мочките. Драма. Предадов на воспитувачката и со срам и викам ни марамче немам во мене да го забришам,цел е мочан.