Здраво и од мене. Читајќи околу китењето добив желба да пишам и јас Епа денес ја накитив елкатаа, кој сака нека честитаСекоја година китам на 1ви или после први декември, оваа година малку подранив. Викендот завршив со останатата декорација и да ви кажам некако почувствував еуфорија. Планирам и оваа година да правам путер колачиња. Лани ептен убави испаднаа, само ќе мора добра организација за успешна реализација оваа година Едвај чекам да го земам синко од градинка, да видам како ќе реагира и да тестираме до кога ќе ја гледам елкава во вертикална положба. Многу се радува со Дедо Мразовците, слушаме новогодишни песнички, па дури и сликовница со Дедо Мраз купивме. Лани беше 4 месеци па елката ми личеше како што ја наместив, така. Оваа година ќе глумам полицаец, ептен се нервирам ако ми падне лампион и ми се измести редоследот, па да видиме како ќе се справам оваа година со термитчево Две недели беше дома детево прво поради стомачен вирус, па таман заздрави еден ден во градинка и настинка, па ајде уште една недела беше дома. Денес и јас и тој среќни, пак е во градинка. Периодов сликовници ни се најомилена игра. Читаме заедно, па си седнува сам и глуми како да чита (брбља по негово) со тоналитет како што му раскажувам и само покажува со прстето по сликите. Не знам дали поради тоа што беше дома, или едноставно рссте и се менува, ама мн работи нови научи. Нови зборчиња, нови гестикулации. Интересен ми е што повеќето зборчиња ги кажува по негово, со голтнати букви или сменети гласови. Ќе биде интересно, ќе треба да преведуваме. Тоа е тоа што ми текнува во моментов, тркнав да јадам, да сработам нешто и да соберам дете. Убав ден и уживајте во предновогодишнава еуфорија
Исто и јас, баш пред некое време со другарка го правевме истиов муабет. Веќе отрпнати сме од се, ништо не ми се прави, ќе си купам нешто, исто ко ништо да не сум купила. Порано едвај чекав да облечам да излезам, сега само ставам во плакар и толку. Ни на новиот тел не се израдував ко некогаш. Мислам дека од шо сме веќе задоволени од се, и навика ни станува, па не ни е веќе интересно. Имам голема рамка демек за наши слики. Еве цела година 2 стојат празни, никако да одам да си извадам слика од помалово да ставам. А за големиот цел албум имав, сега ни желба ни време. И многу ми е криво, се некако сме во трка со денот па забораваме да се радуваме на мали нешта. И ај здраво ко веќе пишав, само ве читам ко некој фантом Сте почнале интересни теми ама ете немам време да си пишам мислење. Моиве се точно 2 години разлика, многу ми беше страв како ќе е. Ама тој период уште бевме со свекрва ми, па и маже беше почесто дома заради короната, искрено не осетив некоја тежина, најверојатно зошто и поголемото беше многу мирен и седеше со сите без проблем. Пред да направи малото 1 година се преселивме и мислев дека нема да можам сама, ама напротив, ми беше многу поубо и полесно сама. Вистина тешко е да ти плачат 2 деца наеднаш, а немаш кој да ти го задржи едното, ама па не сакам никој друг да ми го смирува детето, се знае кој треба. Па така во две раце по едно и терај. За елката и ние лани се мислевме дали да китиме заради малиот термит, ама рековме ајде прва Нова сами, кејф ни беше. Ама шо стори чепкање лелеее. По 10 пати лампиони преместуваше, се пикаше под неа, зад неа, уште шо не ја турна. Првите недели само ја местев како шо беше, после веќе кренав раце, па така до пола елката беше накитена. Мислам и слика имав постирано овде. А големото пак душичка само одеше по него и му велеше бато немој мама ќе не кара, и ги враќаше на место. Е оваа година изнакупи маж сијалички за во детската, па и за в дневна, украси нешто купив, ама уште ми фалат, има време ќе прикупам, се надевам помалку ќе чепка оваа година. Уште немам еуфорија за китење, турбо сме на работа, а и рано ми е, ќе ми здосади до водици. Уште имам за пишување ама да се фатам за работа. Имајте убав ден
Сакам годинава што поскоро да заврши.... Сакам нова година, нов почеток... Од каде да почнам, немам пишано два месеци. А за тоа време се случија 100 неубави работи. Маже за да спаси алат ја скрши раката, и тоа на приватно За сто евра што спаси ќе изгуби повеќе. Што нема да можи да работи секако уште два-три месеци. За да не оди на боловање го преместија на друго работно место. Сега повеќе време поминуваме заедно, но со помалку финансии. А тоа што немаме доктори е друга тема. Замислете за две недели му го извадија гипсот и почна да му отекува, ајде кај друг доктор на приватно му стави нов. Сега по еден месец треба да ја снима да се види дали е почната да здравее. Колку ми е жал за маже кога го гледам како се труди да функционира само со лева рака. Па не сака помош, не бил инвалид. Жими што ја прифаќа помошта за туширање. За мене што да кажам.... Стасав за операција на заб, уф колку ми е страв. Не ми е прв пат, имам правено пред 11години,ама сега чувствувам најголем страв, а тогаш дека помала не ми беше вака. Вчера се отепав од плачење, ама пмс си го прави своето. Дали ако не беше ударот од дете по заби немаше да дојди до операција. Како што лежевме со дете се сврти да ме гушни и со главата ме удри по горните кецовите. Таков удар никогаш не сум добила, таква болка никогаш не сум почувствувала, не се опишува со зборови. Сега се мислам што да правам дали да се одлучам за операција или да местам нов. Дете, дете е златен... Два месеци одиме на логопед, научи за два дена како да држи моливче, учи песнички, бои многу убаво ама кога сака тој. И буквите почна правилно да ги изговара, само кога зборува брзо пак по негово, ние го корегираме, сега гледам сам почнува да се корегира. Доста е. Си ги кажав маките и малку ми олесна. Надвор паѓа снег, колку сакам да го "нареди" да си поуживаме со дете. Имајте убав ден @Ava.84 колку сакав да ти пишам кога беше на болница но се се најдуваше нешто... те мислев секој ден, се надевам сега си добро.
Огромна е веројатноста да е од удар. Маж на 20 и нешто години имал така удар во кецовите на долната вилица од топка на фудбал и дури после 15г му направи проблем со оток лош, ама он маката си ја имал цело време, и дојде ред да му се направи огромна циста која мораше да ја вади. Вади тоа не мењај заби, оти во коренот ќе си остане циста што ќе расте.
Фала Ангел што сподели ми значи. И предходно дете ме има исто удрено некоку пати ама не беше силен ударот. Докторот вика цистата се има направено од џеб и со ударот се активирала.
Ајде мамички, частам торта! Денес 30ката ја раситнив Прв роденден како мамичка . Ми дојдоа две другарки со мажињата, една со бебата шо е 6 дена разлика со Калина. На неколку саати заборавив на короништево и супер си поминавме. Смеење, шали, убавини. Калинка душа мајкина, цел мој темперамет го има наследено. Абе не застанува ни секунда. Ко у струја брцната е. Се буди и почнува претање со раце со нозе, превртување пискање, вриштење. Сега најново се дига со рацете на колена и го бутка газот наназад како да тверка . Некни ми 'падна' , на секунда се свртев да поместам нешто, она во гнездото ја стаив, се вртам таа паѓа. Имам едно цвеќе па тоа ублажи падот и ја фатив у лет пред да тресне . Не се удри, не ни заплаче ама мене животот ми се скрати . Среќа не беше полошо. Убава вечер и на здравје торта
@kostovaivana мајче најсреќен, од убајни да не куртулиш! Ко сум веќе тука, да пишам два-три реда. Здраво мајкички Редовно ве читам и сакам да пишам, ама ич не сум креативна периодов. Ме фати зимска депресија. На есента и избегав, дури и ѝ се радував, ама сега ми стана тешко, посебно од ко се смени саатот. Ми треба сонце и сончева енергија, а не во 3 попладне ламба да палам и ролетна да спуштам. Ми летаат деновите, дур сум станала, се стемнило и пак нов ден. Време запри! Син ми е најмеден на свет. Го љубам со цела душа, нема шо не би направила за него. Почна повремено да ми се буди ноќе за да спие на мене и искрена да бидам не знам на кој му е поубаво. Добро, дур се укочам цела и морам да го спуштам. Се чудам колку се сменува од ден во ден, како друго дете да е. Добар дел од работите што му ги зборуваме ги разбира (или барем ние така си мислиме). Совршена меморија има за работи што му се допаѓаат. Пример, цвеќето во дворот на баба му. Го носеле некогаш да го гледа и сега штом поминува во дворот, се тегни кон цвеќето за пак да го носиш. За рутината веќе како големо дете е. Знае кое е негово лажиче, негова чаша и штом види лажичето ако е гладен пушта раце да го земи (дури и да е празно), ако не се врти и се турка. Вода обожава да пие, редовно плачи за вода штом ја види чашката. Дури и на капење на сѐ шо достига со устето шмука водичка. По ново шмрка кога му ја потураме главата и се смее на цел глас. Мене ич не ми е смешно, ми е страв да не се поддави, татко му ми вели се учел да нурка. Ок. Веќе некој период си брбла на бебешки. Омилено му е 'дадададада' и 'глаглагла'. Од сите брблајци 'мамамама' и 'мам' се само кога е во зорт и ич не му е погодено. Знам дека се без значење, ама ете, мерак ќе ми е да вика 'мамамама'. За разлика од тоа, моторно мрзле невидено. Мислам, ко да нема на кого. Седи сам, ама ако не е свесен дека нема потпора. Штом се сети, се ака од земја. Дури сега, со полни 6 месеци почна да се врти во спиење на меше и на грб. Кога е на под на меше сака да се излизга под кревет. Да ми е да знам зошто. Спојлер Најјак е кога сака да дофати некоја играчка, а далеку му е или ние му ја оддалечува е намерно, пробува еднаш-два пати да ја дофати (дали со раце, дали да се истурка) и се откажува и не ја ферма повеќе играчката. Му купивме и џампер. Златен си стои во него, му се радува на играчките, сака да "скока", ама без да употребува нозе, односно ние да го мрдаме горе-долу, а него нозете му се собрани под газот. Не е будала да ги арчи ко има циркузанти. Мрзле мајкино. ❤️ Гледам 2 ближи, а сабајле треба да станувам рано. Гасам. Имајте мирна и спокојна ноќ. Гушкајте најмекани деца на свет! ❤️
@kostovaivana среќен роденден мами, да си жива и здрава и се што сакаш да ти се исполни. @24.07 сваќе добро сум фала му на Бога.Со лесно на операцијата и се да помине во најдобар ред.Зетко златен гушни го најсилно. Лош период од малер во малер влегуваме и само малери ни се случуваат, затоа не сакам да пишувам за да не ширам негатива.Ама знам дека сум најсилна на свет и спремна за секоја битка како никогаш до сега.Имам два извори на сила, кои ми потсетуваат зошто да се борам. Вчера големата украсуваше ама јас немам желба за ништо.Да пијнам кафе и да земам пеглата чунки ако не фатам јас нема кој. Родителство обврска или работа во која немаш можност за отказ давање, немаш можност за боловање и одмор земање.Ама пак најплатена работа на цел свет кога знаеш дека на едни очиња си најважен и најбитен, најсакан и најубав свет.Најсигурен и најтопол дом. Затоа гушкајте малишани. Бидете добри мајки и нека ве понесе Божиќната и Новогодишната магија . Ќе пишам во некој посветли денови повеќе.
Здраво мајки Времево лета од ден во ден и не ми се верува дека пола породилно помина Тек сега почнува бебуш да биде најљубовен на свет. Не ме испушта од очи, ми се смешка, крева веѓи, шармер невиден. Пред тоа не гледаше сите под око ко да сме му дужни пари. Се изборивме со прва настинка од посериозен размер. Ако некогаш сум мислела дека кога сум болна е крај света, сега сфатив дека имало и многу потешко од тоа. Да си здрав, а бебе да не може да диши Ко за плачка, издржав и не се расплакав ни у најтешкото, сега ја сфаќам мајка ми зошто никогаш не сум ја видела расплакана. Душата на мајка може да се крши на ситни делови и да ја боли до срж ама нема ликот да ја издаде. Времево пролетно сончево, не ми прави ич новогодишна атмосфера. А љубам елки, китење, сијалички Малку барем да залади да се осети атмосферата, за снег не се ни надевам у Скопјево, освен у мај април На моменти се чувствувам многу осамено и ко ништо да не ми се случува во животот, пред бебуш и периодот на короната, не застанувавме, што со патувања што со уредување стан, што со свадби, дружби, родендени. Едно врз друго беше се. Како почна мирниот период, од лани мислам дека уште ми трае, многу ми фали социјалниот дел Од друга страна, мислам дека посреќна никогаш не сум си легнувала да спијам го заспивам бебуш и ми се топи душава како мирно спие. Не може да ми се погоди некогаш и мене На крај само да прашам дали имате предлог каде да шетнеме зимово низ Македонија со бебуш? Да мрднеме 3-4 дена да смениме средина Поздрав
Здраво мајки Бебе спие, јас си одмарам до него, па да напишам нешто. Ние накитивме елка уште пред 2 дена. Прв пат елка китиме во овај дом. Лани сакав ама бев бремена, 99% лежечка бременост и ништо не украсивме. Му викам на мм кога ќе одиме по елка и тој ајде спремајте се со бебе одиме хаха.. Многу убави моменти поминавме ние 3цата во потрага по елка Јас пресреќна, не издржав до другиот ден, дома украсив вечерта Па нареден ден генералка и сега затоа лежам, ме болат сите мускули Бебе ми расти со брзина на светлината. Многу е буцко, не се држи во раце. Кој и да го земи го враќа за 5мин. Само го гњавам, па тој се смешка и ако му здосадам мава и писка Сега пробува да лази, ама не можи, дебело е. Се крева со рацете и само се врти во круг. Денеска сакам да го извадам на снег ама ако се разбуди порано, пред да се стемни. Оваа дремка знае да си спие и до 3сати. Еве некоја слика од нашата елка
Добра вечер мајки Кај нас елката уште пред десетина дена е накитена, веќе и доста пакетчиња си собраа малите. Секое изглегување до маркет се знае- без пакетче не доаѓај дома Иначе да ви се пофалам Малата еве некое време сама стои, и си прави по чекорче сама. Синоќа неколку пати направи по 2-3 чекорчиња, нешто успеав и да снимам. По видеово што го уплоадирав, што мислите? Рано ми се чини, скоро наполни 10 месеци.. https://im5.ezgif.com/tmp/ezgif-5-99f606a7d701.gif
Здраво мајчички,пробувам да направам релактација со консултант за да си ја дојам малата..Дали има некој од вас електрична пумпа да ми позејми на некоја недела? Ќе си платам за заемот,ќе си платам карго. Многу ми е скапа да ја купувам,имам рачна ама многу ми е тешка раце ми паднаа.. Ви благодарам!