Побарај на ФБ Марјан Крстиќ, КМ медикал, имаат ефтина добра пумпа. Спектра dew 3500, најдобра лоу баџет пумпа, двојна е и јака. Околу 4000 ден е комлет, да изнајмиш и да платиш карго сигурно толку ќе те кошта. Јас ја дадов на братучетка ми иначе ќе ти услужев, искрено.
Каде да најдам сијалички завеса? Ми излегуваат постојано ама ако има некоја да ме упати каде се убави.
Здраво и од нас, Да се пријавам и јас, вредно си ја накитив елката и покрај тоа што за кратко заминуваме... посебен мерак е тоа, ја китев цели 3 дена малата толку простор ми остави. Стрес ми правеше во предходниот период патниот лист на беби, ама бидна и тоа. Најголем предизвик мислев дека ќе ми биде патот, прв пат толку долг (300 км во правец)... ама не! Да се извади слика која ги исполнува сите услови за биометриска слика е вистински предизвик, посебно со моето црвче. И на контрола кога бевме едвај ја измеривме, не застанува . Сега на седми ќе прима втори дози од вакцини, првиот пат душата ме болеше колку плачеше...сега страв во коски си имам. Малата супер напредува, едвај чека некој да ја погледне веднаш се кикоти, предлатка е, неодолива смешка има со дупчиња на обравчињата (Моја си е да си ја пофалам). Ептен сака да прави муабет, кога и збориш и таа зборува нешто гуга, вика, кога и пеам и таа пее, ама сериозно го издолжува гугањето и испуштањето на гласови и вистина како да пее !!! Друго нема, малата си сака внимание, раце и е лепенка. Ама здрава е и весела, тоа ми е доволно, другото ќе помине и ќе го барам. Поздрав до сите *гратис слика од елката
Контактирај ги медела Македонија на инстаграм профилот. Имаат опција за изнајмување електрична пумпа и мисла оти беше некои 2 2ипол илјади месечно.
Сабајлево, 4-5 саат, го осеќам маж ми скока и вика детето, детето. Го гледам детето со нос во душек, лежи, не мрда. Мислев, ми отиде детето, се загушило, се укочив. Маж ми го крева, од прва не реагира. После се се поднамести, цврсто спиел дечкото, не се ни разбуди. Се ежам од самата помисла. Кога си дојдов од болница дома, истата вечер сонував дека ми умрело детето и дури онака модро и ладно го глефам во креветче. Па ситуацијава ме потсети на тој сон. И така, со срцеви удари од сабајле ми почна денот.
Здрабо мајки. Купив елка со мерак, ова е прва елка јас да ја бирам. Ова е и прв пат да ми е само мое дома и едвај чекам да спремам се за празници. Сијалички купив за елка и сијалички завеса за прозор. Елка имам ама лампиони не, само врв ѕвезда, попладне ке излезам со маж ми да потрошам уште пари. Таман го пофалив синко јаде, еве денес уста не отвора. Кенкав, како на нос да збори. Вчера некоја температура од 37,нешто држеше и пред спиење решив да дадам парацетамол. Кога отвори уста, рика вришти плаче, со крпа ке вади сируп од уста и ке брише јазик. Бараше трактор - такок и мислевме заборавил, не, се спреми да рика, па и трактор имаме сега. Да зборувам ли за облекување или не? Одсабајле гаќи да се облечат е борба. Плус ке го облечам во нешто, тој ке запне друго нешто да носи. Два три пати така. Плус не сака да се шиша. Косата густа долга. Шишките му ги крцнав ама останатото кога ке стане од спиење е џунгла. Ама мириса на сон. Тоа е од мене мајки. Гушкајте се.
Добра вечер. Го гледам девојчево мое спие, се тегне во сон, како мече слатко ми е во пижамките. Колку брзо лета времето, за некоја година и нема да сака веќе толку да се гушка и бацува, да ми кажува во ниедно време ноќеска дека ме сака. Како ќе се преживее тоа? Како после толку време со најслатко гушкање и мазење, бацување нон стоп, како потоа се преживува одделувањето? Не ми е јасно навистина. Елката е накитена, она е главниот декоратор, ја намести, само и се восхитува колку била убава. Па ја реди и прередува нешто ако не и фаќа око. Ми се полни душата кога ја гледам колку и се радува. Пеевме божиќни песни додека се китеше, убавина. Не верува нешто посебно во Дедо Мраз, нити бара да и донесе нешто, го смета како приказна дека е. Океј, не мислам да и го менувам тоа, и прочитав само како настанал митот за дедо мраз. Си оди во градинка, сака да оди, што баш ме радува. По дома прави експерименти, меша нешто само, се разбира еден тон неред, ама се знае и кој после чисти, со помош на мама. Пред некој ден измеша шеќер и вода, ми вика пивни да пробаш. И реков дека тоа се дава за нешто кога ќе се преплашиш или некаков шок, така е грозно да се пие. Аха океј. Ете ја по некоја минута, ми рипна од позади викајќи да ме исплаши, па ме понуди со шеќер и вода. Умрев од смеење. И така, се гушкаме по дома, се сакаме и си се чудам само кога ќе порасне колку ќе ми фали времево...
претпоследно имам пишувано септемврито, чекав подобри времиња, последно сум пишала пред еден месец а сега еве читкам и дежурам. Со деца само да си на штрек, осеќам дека повторно ќе ми се враќаат паничните напади и се ми е хаос. Малото ми ствара нервози со нејадење и тоа што го јаде го пребира и врска си нема со големиот сум загрижена до скоро беше со воспаление на ушите сега еве го поврати од нигде никаде. Тоа мирно спокојно спие јас ко будала седам не знам што да правам. Од страв мерам температура. Не знам кој пат да фатам не знам што со себе. Кога ли ќе поминат овие студени денови да ги одминеме и болестите. Сакам весели деца здрави деца а не затворени дома кои не знаат како да си го исполнат времето и само гледаат низ прозор без можност да излезат надвор. Дома затуткани во дебела облека која сама по себе јас лично не можам да ја поднесам и ми тежи. Да се тресам дали некое ќе крене температура од студ од настинка дали му е топло дали е се во ред.... Не можам.. Ме фати еден многу ама многу лош период. Гушкајте дечиња и поминувајте многу време со саканите. Се друго може да се стави на втор план. Немам време е само изговор. Имајте пријатна ноќ.
Моево и твоево ко братче и сестриче, копи и пасте, исти у тоа главчињата ми стојат. Со таа разлика што ние веруваме во Дедо Мраз и за ништо на свет не сакаме да попуштиме пред желбите. А желби ли се желби, секој ден само се зголемуваат.
zdravo, sakam da prasam dali nekoj bil sega skoro vo osogovski konak na ponikva i kako se dvizat cenite vo restoranot?
Добар ден мајки. Таман реков редовна ќе бидам со пишувањето, повторно почнав да забегнувам сериите умот ми го извадија А, и нема ништо ново. Баткото ќе оди уште 10 дена во училиште, потоа следува распуст од две недели, во меѓувреме оди на тренинг, на музичко. Ќе има и Божиќен концерт кој ќе се одржи во центарот на градот на Божиќ, возбуден е многу, нонстоп прашува дали ќе оди и сестра му да го слуша и гледа Сестрата освен што раскрева по дома друго и не ја занима буквално лом прави, чорапите од брат и само ги прередува, абе дожд од чорапи прави Поради неа оваа година имаме мала елка, ем мала ем крената на високо за да не се зборат двете Не планирав воопшто да китам ама синко сакаше, немало каде дедо мраз да му го остави подарокот, затоа китевме Ни падна и првиот снег. Леле ич не сум за зимно време, абе се тресам како лист. Им завидувам на луѓето што сакаат и одат на зимување, ние со мм постојано се расправаме за тоа, му велам оди само не ме чепкај мене. Тој планира да си дојде за Мк, таман летот му е до Софија па може да зимува малку во Бг, сам замисли која среќа Јас сум задоволна со две недели празничен шопинг, со попуст и тоа Наредната недела малата има вакцина, крај да се немало со тие вакцини, грев ми е веќе кога плаче. Баткото пак, треба крв да му проверуваме и него, пак бацкање и кај него, аман веќе кога не јаде и тој, многу се секирам и за него ама таков е уште од бебе и нема промени. Постот ми е кашест Важно ве поздравив, одам сега да фатам нешто додека спие малата, потоа таа ќе раскрева. Убав викенд.
Добро вечер мајки. Не знам од кога не сум пишала. Некако не останува време, и само ве читкам да сум во тек. Елката кај нас е накитена веќе една недела, малата е цела радости. Само притиска на сијаличките. Само овај период од зимата го сакам. Поклоните за неа ми се купени одамна, уште да ги наредиме под елка. Традиционално ги отвораме утрото на 31ви. Мераци. Поминавме настинки два пати, се надевам ќе потрае сега доброто здравје. Малата зборува како мала тетка, веќе почна и песничките сама да ги пее, многу ме радваПресмешна е. Не знам што да се пофалам, продолжете да пишувате, уживам во споделените зборови.
Мајки дали некоја има искуство со шишињата на dr. Browns? И од каде може да се купат? Се работи за бебе од 13 дена
Уште додека бев бремена ја читав темава,и не само оваа туку имав повеќе слободно време па висев на подфорум бебе. Стално ми даваше сила и убава емоција и на момент ми ги тргаше мислите од стандардните прашања во бременост 'дали е се во ред', 'зошто мрда/не мрда'... Периодот дека ке се породам и држам бебе во раце ми се чинеше толку далечен и по малку не реален,не можев да се свестам дека толку брзо ке дојде. Еве сме сега скоро еден месец,а уште не можам да верувам дека е тука до мене... Спиеме заедно иако толку баравме 'совршено' креветче. Се гушкаме како големи. Речиси по цел ден сме сами и уживаме заедно. Го препознава мојот глас,ме прати со најубавите очиња и ја плука цуцлата кога ке ме види да ми каже дека е гладна. Уживам,се топам, беба ми е мирна па реално и си поспивам доста со неа. Успевам и да расчистам по дома, едино што ми фали се готвените јадења, да многу ми фалат на моменти мислам дека јадам само глупости. Обожавам да готвам, купена храна речиси и да не јадев до сега ама тоа не е случај периодов. Обожаваме да се бањаме, пратиме се со очињата па мама изнакупи полно светлечки играчки и трескалчиња кои ги држиме кратко и после се тепаме со нив :/ . Времево тмурно и врнежливо чекаме сонце па да излеземе да се прошетаме да ја пробаме и количката и да почнеме да го запознаваме комшилукот сите што ја видоа кога дојдовме од болница ми кажуваат колку е порасната, мене иста ми се чини дека цело време заедно,но кога ја гледам на слики во болница навистина е доста порасната поготово во обравчињата , медени и се. Се надевам времево ке подзапре малце нема да летне толку брзо дека првиов месец поминува пред да се свестиме. Трчај купи ова напрај она...
Поздрав од мене и моја бепка... Одамна и јас не сум пишала ,а сакав неколку пати,но баш тогаш големково ќе побара нешто,бепка ќе заплаче.Жонглирам меѓу бебе,батко,зачистување низ дома и по некој ручек.Турбо е,исцрпувачко без многу бжвреме за себе ама срце на место.Елката мораше да се кити уште пред една недела,баткото запна.снег би сакала да падне ама тешко овде... се читкаме до наредно куцање
Не сватив зошто дома ти се натуткани со облека и зошто не ги вадиш надвор кога е ладно? Вируси има преку цела година не само во зима.
Има лек за тоа ,ке си родиш уште едно,и ќе му се радуваш исто,или дури и повеќе.Јас би и трето,ама некој не е спремен,и не растурам креветче и не продавам количка и бебешки работи,а имам прваче.И нема да ти фали времето со поголемо е поинтересно ,си правиш муабет,делиш мислења и разговараш како со другарка ,ама уште поискрено ,на другарка и мајка не се кажува се,ако си го негуваш односот во превод ако не си строга многу , гушки имаш и со поголемо дете ,да не казам тинејџер.Па што, зарем нему не му треба мајка и татко за разговор и обајснување?
Добра вечер мамулки и дечиња мечиња слатки! Ви пишувам во доба од денот кога се тераат последни обврски и активности... вечера, капење, пижамки, некоја книга или цртан филм и ајде секој во кревет. Ок... не е до толку релаксирано кај нас во тој период од денот. Моментално дома кај нас вреска еден музички Дедо Мраз ( побучен не може да биде ), големата ќерка едно 15 минути ги собира книгите во ташна и никако да ги собере , малата ќерка прередува елката, ММ риба една флека од брусница чај кој пред 3 минути малата го истури на килимот. Ова моето сега излезе - село гори баба се чешла. Јас си седам на телефонот и ги игнорирам. Епа има денови кога знам смирено да се носам со напнати ситуации низ дома. Или што знам, не се напнав... и онака килимот ќе го носев на перење, батериите на Дедо Мразот ќе свршат кај и да е и ќе престане да замара... Чекам да ме фати предновогодишно расположение... ама тоа пусто или касни или у план е ич да не ме фати. Дома по желба на децата украсено е се, друго шо мислев да докупам од украси стои како план кој најверојатно нема да има реализација... Писмото адресирано до Дедо Мраз е напишено и пратено до Лапонија, Северн Пол ( читај до кај нас дома , кај и да е ќе стигне ). Ова е традиција секоја година. Дадата го пишува писмото, раскажува колку биле умни и заслужни за да добијат играчки и утредента малата ќерка и ММ во пошта го праќаат писмото. Дадата се смешка дур пишува оти знае кој е Дедо Мраз кај нас дома и кој ги остава подароците под елка. Малата пак срамежливо прашува - а Дедо Мраз знае ли дека ја испрскав баба со ладна вода , и дека ги искршив ланските играчки и дека некогаш ја скубам на дада! Значиии... се грижи дали Дедо Мраз знае дека она е мало палаво дете и дали воопшто е заслужна за нова играчка. А мене ми е преслатка кога така искрено се грижи и ветува како ќе биде повеќе послушна. Ахааам, како па да не! Во план ми е овие денови да изработиме честитките до тетки, стринки, другаркички... па треба да изнакупам светкави хартии, шлокици, украси и нели да работиме и заминаваме. На крај ја одбираме најубавата ... уствари на крај се расправаме кој да го среди нередот оти малото учевствува додека се игра а за раскревање секогаш е уморна. Тоа мајки... имајте убава вечер!
Dobro utro majki... Eve i jas da vi pisham nie sme na bolnica od vchera. dushata me boli... Ponedelnikot kashlavme bevme na pedijatar ni dade sirup da pieme nemashe nishto na plukja no od vchera sabajle pochna da krchii koga spie i da kashla povekje pedijatarot upat i na detska klinika. Krvna slika rengen i koga viikaat majka nema doma pnevmonija.... Soprugot vika ako treba sedete bitno da ozdrave. I eve jas ne mkzham da spijam a ono zlatno na mama si nana... Ubav den majki ❤️
зашто е ладно. Секогаш зимни време џемпери носат. Јас еве не сум љубител на џемпер. Ми тежи едноставно. За надвор излегуваме ама кратко се задржуваме. Тие сакаат по цел ден надвор. со помин нека е. Од денес ние пак со малото неарни. Се си беше ок вчера ноќта се разбуди не можеше да дише му се затна носот па едни насолзени очи па топол беше тт 37.5 ама се гледаше дека се мачи. Дадов парацетамол ептен беше малаксан со кромид му пушти носето и така заспа. Утрово исповрати еден тон шлајм се исподави сирото ама му олесна. Потоа крена 38.2 тт и моравме на лекар. Со деца така е. За жал.