Поздрав од дежурна мама Пред неколку дена го пофалив низ темите дека скоро месец оди во градинка и не бил болен, еве, само што ставив чепче и чекам да симне температура, па да можам да дремнам. Уште пред некој ден нешто беше кенкав и со мм знаевме дека ќе чека петок да качи температура. Баш сега кога сме сами дома, маж отиде на пат Седам и се чудам како ќе сработам утре од дома со него, на глава ќе ми се качи. Златна градинка. Неделава ми летна од толку обврски по доктори, фамилијарни разврски на проблеми. Една добра вест е дека золва ми ќе си дојде од странција за празниците, па ќе се видиме конечно. Имам пишано низ темите ама еве пак денеска. Одиме кај свеки и свекор и малиот кога ја виде свеки летна да бега накај мене. Дедо му го обожава дури може да седи цел ден сам со него да се чуваат ама свеки Јас не знам што и дали се има случено ама секогаш кога одиме кај нив ако таа ја отвори вратата, бега. Не сака да влезе. Прееска нешто кенкав беше, почна да плаче веројатно за спиење или малаксал. Јас пробувам да го смирам, свеки скока околу мене, го гњави, го вика, го скокотка овој уште толку пишти. И викам тргни се да се смири, не го закачај, бегам од неа по соби и не бре, не. Мм го чекав да дојде, тој па се нашол на улица со некој другар каснеше пола саат. Се возевме до патарина Велес да го смириме и конечно веќе дома се смири. Ама ете што било, од никаде температура Елка се уште немаме накитено, се мислам што да правам. Од страна имам поделени коментари 'Ауу детето нема да има елка за Нова година?' и 'Стварно планираш со детето елка да китиш, да не се зезнеш?' Знам дека секој ден ќе биде борба да не ја преврти, а од друга страна немаме никаква новогодишна атмосфера. Туку каде за Нова година жени? Ние најверојатно дома сами Не знам како би се организирала. Не можам од рутината да му отстапам. Да одиме некаде ќе треба до 21 најкасно дома да сме. Да викнеме друштво ќе треба да им викам да бидат тивки после 21h, а не иде така. И најдобро дома. Почнав со негативности, па ај демек да ја оправам работата свртев на позитивно ама не, таква си е неделата напорна и имам уште за пишување ама ќе напишам роман. Моментално со маж мислам дека го живееме најубавиот период од бракот, никогаш поблиски не сме биле, а од друга страна имаме особа во фамилија која ни создава главоболки и го решаваме тој проблем. Се надевам ќе се откачиме за месец ипол и тој проблем ќе го тргнеме на страна. Животот е баш тешка борба особено кога ќе добиеш дете, многу ми е жал што тоа доста рано почнав да го учам ама секој со својата среќа. Само да сме живи и здрави, ништо друго не ми е важно. Спијте убаво, веројатно ќе дремнам и јас, се израдував сега за 37.1 Позз
Еве сум и јас тука да се прјавам.Одамна немам пишано, а ве читкам чат пат кога имам време. Моментално уживаме со синко во најубавиот период од нашите животи.Засега е најубав де, понатаму не знам што ни носи, денот, годината.Се надевам на уште поголеми радости и убавини.Кај сите нека дава дедо Боже. На работа сум моментално, дежурство и ми е криво што не сум дома со моите денеска, во недела.Ама мене ми се падна редот па мораше да се работи денеска,тоа е.Па ќе си добијам ден преку недела слободен и ќе си бидам со детето.. Утрово се разбудивме двајцата во исто време, го зедов до мене одма,во одделно креветче си спие од новороденче и не го менувам тоа,ама кога ќе се разбуди одма го земам до мене,и прво песничката си ја кажуваме, па аплауз даваме и после следи пресоблекување,па млекце...Ги обожавам овие рутини. Еден период од недела дена беше доста кенкав кога му растеа долните тројки во исто време двата, за без врска ми кенкаше.Ајде песнички,ајде дружба кај братучедите, ние по дома во слободно време кловнови бевме и се потсмири, па му избија и кога ќе му речам кај имаш мама запче ми покажува накај устата со прстето,ептен е сладок Елката ја накитивме уште пред една недела и ја решивме дилемата да не оди натаму, масиче ставивме и така, и се радува, покажува со рачето накај неа а не може да дојде до неа, ама бар не се буни за натаму. Сакавме барем малку да дадеме некоја новогодишна атмосфера и да се радува синко.Си викам со умов колку ќе беше убаво на плоштад да имаше некој детски фестивал, па да го наоблечам со бундето и шалчето и да одиме да ги слуша песничките.Ама не. Нема такво нешто, баш ја читав новогодишната програма. Ај можеби ќе отидеме и онака, иако не се дешава ништо посебно.. За Новава најверојатно ќе се собериме со друштво на викендичка ама рано ќе си дојдеме, не сакам долго да остануваме, не дека свеки нема да се снајде со синко, мене некако не ми е многу до славење и останување до касно. Поарно викенд тројцата ќе истераме јануар месец негде Охрид или Маврово е планот.Ем тројцата заедно ем срцата полни. @Jana06 праи смуди сега,да ојачате уште повеќе
Мамички предложете ми добар ортопед на приватно за прв преглед на новороденче. Освен др. Антоније и др. Талевски бидејќи кај нив прв слобпден термин е дури во февруари
Нагласив ама ништо. Дали имате некое искуство слушнато од др. Темелковски? Инаку во отпусната листа ми пишува на 2 месец ортопед, а кај др. Антоније ми рекоа до 6та недела. Ние сме 20дена. Кога е најдобро да се носи?
Кога е најдобро за прв преглед? На отпусното ми пишува на 2 месец, а кај ортопедиве препорачуваат од 6-8 недела
Ако си породена на приватно им прават преглед по самото раѓање и ако е се во ред прв преглед е така на 2 2ипол месеци. Ако си на државно убаво е порано да носиш како што викаат 6-8 недели.
Здраво мајки Одамна не сум пишувала ама и немам нешто многу време. Читам редовно Овој пат дојдов да се пофалам: бебе ми рече МАМА Бевме кај свекрвата на слава, мајка ми го држеше и имаше други гости. Јас и помагав на свекрва ми во кујна и кога се вратив во собата кај гостите, бебушот се израдува и викна мама Јас бев во шок, цела се стопив,срцето ќе ми прснеше од среќа. Го изнагушкав и си поплачив Значи нема поубаво чувство Денеска цел ден нешто брбори, ама најмногу вика мам мам мама Јас летам од среќа Толку од лигавењето мое. Пишувам тука, во иднина ако е досаден цело време мама мама, да прочитам и да се потсетам на првото мама
Ако, убаво си пиша. Нека остане за спомен мене ми велеа ако кажи прв збор мама, сестриче ќе е второто, ако кажи тата братче може врска нема ова, ама ако, да си кажеме ма мааа
Секогаш си читам стари објави, да се присетам како ни било хаха... Исто ми го кажаа сите што беа таму на гости
Ако де, и јас си читам некогаш, поготово породилни приказни , немаме што да правиме друго, па и старите ќе ги читаме
Мене во систина ми кажаа на 6 недели, а баш денес закажав кај Тони Талевски таму ми рекоа на 2 месеци.
Dobro utro majki Nie ushte sme na bolnica,. Podobar e Fala bogu. Stanat e ushte vo 4:50 naspano dete i veselo Dosadno e sami sme vo soba da nema so koj muabet da svrtish da ne ste vie ke se pukne od dosada. Imajte si ubav den ve gushkame so Jakov ❤️
E togas bliznaci, cim reklo baba deteto sekogas so svekrva mi ko ke nazdravuvav pred da mi se rodi bebevo, vikase: aj dogodina edni bliznacinja
Кога ке начекаш најбрзо термин тогаш. 6-8 недели би било супер ама ако нема тогаш термин закажи и на 9,10 подобро отколку да не го однесеш
Здраво мајки! Искрено се мислам подолго време што да пишам, ама немам ништо ново што би кажала, некој многу тапа период ми е, стандард за зима де. Нова година веќе е на прагот ама новогодишна еуфорија 0, за славење сеуште не знам каде би оделе, имаме опција кај едни пријатели во комшии ама некако јас не сум баш за одење, нивните деца седат до покасно и немаат проблем, а моето рано заспива па ќе треба да го враќам дома да го оставам на свекор ми да седи со него, па пак да одам да продолжам со славење и некако комплицирано ми е, па најверојатно и оваа година дома ќе поминеме. Па после празниците здравје планираме да отидеме еден викенд негде на зимување сите заедно комплет со синко. Е сега малку да си се пожалам бидејќи мене ова тема ми е издувен вентил. Можам да кажам добредојде на 9от скок, а со него и на тантрумите. Еве го веќе една недела детево е толку променето што да ми простите на израз веќе е неподнослив, па тоа мавање од земја, вриштење без врска, недај боже да не му угодиш нешто што он замислил пола саат ќе лежи на земја и ќе вришти без солзи, јас чурам кога се дешава ова и веќе на шкрги дишам да не го исплескам по гз. Толку глупости почна да прави не ми се верува, уште сме во фаза кујна, таму да го оставам на чешмата мислам цел ден ќе седи и ќе шлапа, вчера земав да му правам амерички палачинки и господинот стандард со мене качен на кујна на работната маса, една секунда се завртев само да ја пуштам ринглата и ги шлакнал двете раце во смесата и на коса почна да се шлака и по лице, па тоа беше катастрофа, се буквално исполепи со рацете. Не знам колку ќе трае овој период, само нека заврши побрзо пред јас да скренам со паметот. Па толку од мене, се читаме во некоја наредна прилика. Чао.