Добра ви вечер. За мене годинава денес завршува. Конечно завршив со колоквиуми, по најтешкиот предмет за среќа добив добри резултати, ми падна голем товар од главата. Бебка ми се разболе, прво растечено носе, прва кашлица ни е за оваа година. Се надевам дека за брзо ќе помине. Мило ми е што заврши годинава. Тешка ми беше, потешка година не сум имала. Таман еден проблем заврши, друг излегува на виделина. Не знам како успеав да останам присебна, ама изгледа сум била посилна од што мислев. Во новата година ќе влеземе поголеми, поумни и со милион нови откритија пред нас. Знам дека ќе биде многу поубава од оваа што мина. 2022 е нашата година. Имам големи планови, сѐ надевам дека ќе успеам да ги исполнам, и секако дека сите ќе ми се живи и здрави. Имајте среќни празници, се читаме во некое поубаво време.
Ме врати на темава @Jana06 , Навивам вие да добиете, нас и да не извлечат незнам како ќе се убедам со маж ми за одење. Добро вечер мајки Нешто немам желба за пишување последниве денови, само пасивно ве следам по темиве. Искрејно повеќе уживам да читам отколку да пишувам. Цуца моја издржа 9 дена во градинка па 2 недели болна, и сега од понеделник повторно почнавме со адаптација. Максимум до 10 ипол седи. Плаче на оставање и таму. Многу сакала во раце да биде. Се надевам што побрзо ќе помине овој период, многу ми е тешко кога ја оставам а она така жално ме гледа и плаче. Сеце ми се кине. Сега се организирам некако со мајками, маж ми, некој ден работам од дома, и така секој ден различна журка. Инаку цуца ми е права кукла умница, баш е мирна за сега да не ја урочам. За некој ден треба да почне 7 скок, се надевам ќе поминеме лесно. Почнува сама да стои без потпора по некоја секунда, сама оди по маси, кревети… Обожава музика и многу реагира на неа. Одма почнува со газето горе доле да ѕенѕа. Уште сега сум окупирана со роденденот, еден тон нарачки имам од чичко али, едвај чекам да ги видам. За нова година ќе славиме со најблиските пријатели дома, ништо посебно. Воопшто не осеќам некоја еуфорија за нова година. Утре сме на фотосесија тоа сум возбудена, и нормално најголемата бубулица баш сега мораше да ми искочи. Толку од мене мајки. Бидете живи и здрави, сакајте се со најблиските. Среќни празници.
Здраво мајки. Ова ке ми е последен пост во 2021 во оваа тема, иако не пишувам редовно. 2021 ми беше убава. Откако станав мајка не можам да кажам дека е лошо. Не ми дозволува совеста да кажам дека е лошо затоа што имам дете на кое сум му цел свет. Почнав да работам. Горда сум што успеав за кратко да спечалам пари и да го набустам акаунтот. Криво ми е што не сум почнала порано. Да не ме убедеше маж уште ке си дремев. Вечер ке сме кај свекрва ми, синко ке е пресреќен со сите баби и дедовци на куп а мене тоа ми е најбитно. Имајте убава вечер мајки. И гушкајте се.
Среќна Нова Година , мајки на најубави дечиња.Во Новата од здравје, среќа,пари и насмевки да не куртулите.Само убави моменти со вашите најмили да си имате.
Среќна нова година мамички да сте ми живи и здрави сите нека оваа година ви биде исполнета со многу здравје, љубов и среќа!
Свраќам само да ви честитам нова година, во друга прилика во подолго издание. Епа мајки, најхрабри и најсилни мои мајки, најсреќна да ви е новата 2022г. Живи, здрави да сте, тоа е најважно. Да ве пратат само убави и радосни мигови, исполнети со љубов и спокој. Срцата и рацете да ви се полни секогаш, сѐ друго е споредно. Гушкајте и бакнувајте малишани до бескрај! ❤️
Мајки среќна нова година!!! Многу здравје и љубов. До сега само ве читав еве сефте во новава и да пишам. Се надевам нема да останам само на еден пост. Синко ми е месец и половина, злато на мама. Сношти се гушнавме за нова година заспиваше во моментот ми ја топлеше душата. Поубав пречек на новата не можев да имам. Имајте убав ден празничен ден мајки па се читаме повторно
Среќна нова година мајки Има ли некоја мама од Велес да прашам за една слаткарка , торти што праве дали е добра да ми кажите . Бети Ѓорѓиева се вика.
Среќна нова жени, мајки, кралици! Да сме живи и здрави и само убави работи да ни се случуваат со малишаните!
Добар ден мајки. Среќна нова година, да сме здрави и живи сите. Во новата помалку грижи, повеќе насмевки на лицата, да има пари, да нема корона, другото ќе си дојде. Никој не кажа како си помина за дочекот на н.г, што спремаше и колку јадеше. Дали има уште од кифлите и руската, или оваа година удривте на алкохол па не се сеќавате? Ајде јас ќе го скршам ледот, оваа година нели сама со децата па освен една вечера заради нив друго и немав, добро де, си отворив една кока кола си апнав и торта и пред 12 у кревет да ги заспијам децата Ми се јави маж ми во 12 да ми честита и да ме праша како си поминувам му велам поглупо во животот не ми било, вика и мене, епа кој ти е крив. И така. Мене стомак продолжува да ме боли, почнав и пробиотик да пијам, на моменти се смирува потоа пак продолжува. Осеќам цревата ми кркораат, подуван ми е, дури и половината ме боли. Да не беа празници ќе тркнев и до докторот, вака ќе чекам. Децата добри се. Малата спие, бато ровари низ куќи, кога ни е досадно пишуваме домашно, свириме гитара, играме, пееме... Чекам да стане малата да одиме до брат ми, толку денови сме сами дома, да размениме нема да е лошо.
Искрено не сум нарачувам од кај неа, сум пробала на прослава изработува на изглед преубави се. Е сега за вкусот тоа е индивидуално јас не бев нешто фасцинирана ама сигурно има повеќе вкусови па ке си одбереш, а и реално немаш некој избор кај нас. Јас порачував се кај суза најубави ми беа и цените пристапни доста ама не работи повеќе
Мами да ве прашам, бебе е 6дена, и белките во окцата му се крвави, посебно кога плаче ептен како кругови околу окцето му се прават,што може да биде
Здраво мами Одамна ме нема во темава па да ве поздравам во нова година Среќна нова здрави, живи, весели успешни на секое поле и само љубов и хармонија да се шири во секој дом Јас баш од петокот настината среќа немавме нигде организирано ќе требаше да откажуваме. Мм беше настинат со антибиотик и тој оздраве и оп мене али јас полошо сум кашлам и тт ако мози да се каже 37.5 така да утре на лекар само да немам бронхит нешто такво зошто како мала многу често факав. Со многу луѓе се сретнавме се видовме не се чував е па може и до тоа да е, а и во игротека мали го носам често може и од некое детенце. Св. Никола ни беше куќна слава прва година со луѓе и тоа многу гости се отепав тие денови со месење со кување али преубаво поминавме Отидовме на скијање минатиот викенд и можам да ви кажам дека ова сезона за мене уште не почната ја прогласувам за завршена. Кога се запна дете мама, мама со солзи со мрсули со све да плачи да се цепи само со мене да се санка да е враце во мене и баталив мајка немајка испаднав али тоа е Реков ќе го учам и него, овде кај нас ништо нема никакво помагало за толку мали деца, а во светот уште од 1г бордат деца А реков не се качувам појке на ски ќе учам да бордам лани многу лошо паднав се чудам како преживеав и не се искршив Дете многу ми е хиперактивно поготово кога има и други деца до него, чупината ги куби за коса, машките ги каса за уши 100 пати му е кажано како треба со деца али незнам дали е од радос или од бес Ништо не го интересира само да се качува негде и да скока. Сега се качува на столици па на маса тоа е што да правам такво е детето или ние такво го направивме. Секоја вечер му раскажувам приказни пред спиење од толку многу приказни, раскажување тој бара све едни три што му се омилени само тие да ги раскажувам Еве два дена ушите ги влече дали дека тројки вади или па му се затнато пак како во летото има многу тесни канали и ми рекоја дека можно е да има често проблеми па на 2м го носам да провериме. Кај свеки на ручек замина, за да сум одморела, али сега ќе ѕвонам доста му е се искапив се средив и досадно ми е без нив дома. Убава недела на сите Се надевам ќе бидам поредовно оваа година
Овоа ме прелажа ама чим вкусот зафркнал толку од неа Тука во кав имаше една порачано од кај неа и вака фина беше ептен на изглед , ама ништо ќе си порачам од Нг накрај или Кав. @Chanell* помагај Грозданка или Нели , не ми а спомнувај Канела Струмица само оти болка ми е прашав за торта како што сакам таму 100€ за 45 парчиња ми побараа
Може како предлог: ако имате кит го провери дали носат од Зафир торти, можеш од таму да си порачеш па тој ден кога доставуваат да ти ја достават За поводи кога и да ми требало благо секогаш од Зафир зимам, е сега не се декорирани како за детски роденден,но се доста вкусни.
Има да , и во друг маркет ги има на Зафир , ама мене и за декорација ми е битна да е убава , за првиот роденден на синко ми е. Ај до кај 2 500 - 3000 толку обично не фаќале толкави торти ама овие во Канела 6000 Има тука неколку актуелни слаткарки пак ќе си порачам од кај нив на крај. Фала сепак женски
Нели дефинитивно. За поголемста од кај неа порачав, вкусот беше фантазија, сите гости ептен ја пофалија па и за малата сега од кај неа ќе нарачувам. Само со време резервирај. Од канела струмица лани за роденденот на големата нарачав, мислам 3000 платив за 60 парчиња, тебе многу ти побарале .. Споредба Нели/Канела, дефинитивно Нели, многу богат и кремаст вкус. **** Мајки, среќна Нова година на вас и вашите семејства. Ви посакувам година исполнета со убави и среќни моменти, љубов, слога и здравје.
незн бе не побарав ништо прекомплицирано за една со животинчиња , киндер фил прашав да е. Ама ако сум порачала сеа попуст ќе имам Тогаш викендов мора да одлучам и да порачам со време роденденот е точно за месец .. Фала