Добар ден и од мене. Дојдов да ви честитам нова година и сите празници кои доаѓаат. Да ви посакам на сите најмногу здравје а потоа и се останато - успех среќа убавини..... Пробав да се изборам со сите лоши работи кои се случуваа изминативе 4 месеци, некои работи ги прифатив такви какви што се реалноста е таа не сакам со негативни мисли да си ја почнам новата година сакам да биде подобра. Почнав да се занимавам со рачна изработка, си отворив "продавница" на Инстаграм и се надевам ќе тргне работата. Ем корисно време ем не се замарам со мисли. Ќе варам кафе па друг пат повеќе ќе пишувам. Имајте пријатен ден
Со среќа мама! Да ти тргне бизнисот! сподели да те поддржиме, да ти купиме нешто . Многу сакам мали бизниси
Нашата тогаш беше тофи фил, 50 парчиња,2500ден Баш сега на месинџер ја видов пораката. Ама, на +40, одење до Струмица и назад, ем нафта трошиш ем ќе се препотиш 1000 пати да не се уништи по пат .. не не, најсигурно порачај си од тука негде, па торта купуваш не кола Јас уште во Ноември и пишав на Нели за да ме има во предвид за крај на месец .. Има и од Богданци една Ана Петковa мноооооогу убави ги прави, ама ретко да начекаш термин, и по два месеца унапред се е закажано, и поскапа е.
Среќна нова мајки и божиќни празници, да ни се здрави и живи децата,да им се радуваме долго. Периодов убаво времето па го користиме максимално,прво и беше чудно на сонце па само трепкаше и затвараше очи а сега се навикна и сака надвор па плаче кога ја внесувам дома. Толку е мала а веќе има карактер,јасно 'кажува' кога не сака да ја задева и гали некој па и сама се изненадува од тоа колку силно може да викне. Денес сум и го средувала плакарот, ги кревав алиштата што и се мали наполнив две кутии се чудев на паметот зошто толку сум натрупала ко да ке ги носи една година. Се изнаплакав на комплетчето што го носеше кога излегувавме од болница, ме преплавија емоции се сетив колку бев среќна и исплашена истовремено дали ке можам се сама... Многу сум среќна и горда на себе што не дозволив никој да ми помага и да ми кажува како треба иако првите денови бев катастрофа, мислев никогаш нема да можам да си исчистам и зготвам ама за кратко со маж ми си го фативме редот. Кога ке ја слушне сабајле дека е станата откако ке ја надојам ја зема па продолжувам уште добри 3,4часа да спијам. Секој ден сум му благодарна на господ за оваа среќа, уште на моменти ми се чини нестварно и секогаш кога ке се осетам уморна или ми е тешко само си повторувам колку голема среќница сум и се ми поминува...
Тоа е од пораѓајот и ќерка ми имаше. Ќе си се повлечат сами. Здраво мајки кралици! Одамна не сум пишала тука и не сум ве читала, ама малава ми е 100 на саат и сѐ по неа сум Среќни празници да си имате, со сите најсакани на број во здравје и љубов Немам многу што да пишам. Празнициве ги поминавме дома со најблиските. На ручеци кај мајка ми, па кај свекрва ми.. Ништо ново кај нас, се по старо си тера. Си направив една листа на работи што сакам да си ги исполнам оваа година. Прво, да почнам да возам. Возачка имам од 2016 ама првото седнување зад волан ја удрив колата и имам страв. Тоа е нешто што морам да го надминам. Многу ми треба, се сум зависна од некого. Немам желба да возам ама потреба имам и тоа огромна. Друго…Сакам да запишам курс за графички дизајн. Нешто што вистински ме влечи, а е далеку од мојата ‘матична’ струка. Многу се мислам зашто курсот не е баш ефтин а незнам дали ќе ми се исплати. Трето. Сакам сериозно да ослабам 10кг. Летото бев на добар пат ама еве веќе 2 месеци сѐ бутам у уста колку да се јаде и накачив 5кг. Морам да го сменам тоа. Четврто..Сакам да си отворам сопствен бизнис. Нешто каде што ќе можам креативно да се изразам. Рачни изработки, било што. И петто..Сакам уште едно дете Не сега одма ама сакам. Да си има ќерче братче или сестриче да си растат заедно. Ама прво да си ги исполнам барем првите 3 работи од листата Како ќе сака Господ така нека биде, и да се случи непланирано, и воопшто да не се случи оваа година- само да сме здрави и живи. Ќерче ми е душа. 14 месеци наполна. Си лета времето. Веќе си спие сама у соба, само никако да се одучиме од тоа заспивање во раце. Вчера мислев дека готово се одби од цицање. Жал ме фати. Не беше цицана ден и пол. Ама сабајлево денес стана и си побара, па и дадов. Не сум уште психички спремна да ја одбијам. Остана само на утрински подој. Немам друго ништо посебно да пишам…Имајте убава вечер
еве ко за почеток една слика Нешто ваков стил. Дрангулии за цурици. Добар ден од мене. Одмарам додека малиот спие и пијам кафе. Се трудам да одржам позитивно расположение зашто се заколнав и си ветив на себе дека ќе се потрудам за да дојдат подобри времиња. Сакам да се вратам на работа. Овој пат сум порешителна. Имав една понуда Пред 4-5 месеци Ама не ми се јавија повторно значи не било за мене. Сеуште ме мачи тоа што ќе треба да оставам дете од 2ипол години 8-9 саати без мајка ама што да се прави. А и големиот со одење на школо па терсене е додека да стане па комбето да го фати навреме ... Мене лично многу ми е полесно да седам и да контролирам се дома и тоа да е на мој грб одколку да одам на работа и 8-9 саати да соберам деца и куќа на него. Не знам зошто ама ректо кој маж е способен да чува деца и одржува куќа додека жената е на работа. Друго нема ништо. Оздравевме сите засега сме добри и само молам Бога веќе болест да не не фати зашто ќе до достигнам прагот да поново ми се вратат паничните напади. Толку од мене. Останете со добро здравје и имајте пријатен ден.
Majki, kako vi pominuva denot so bebe 2 meseci, koi se vasite aktivnosti, sto mozeme da pravime na ovaa vozrast?
Изборот на забавни активности е ограничен уште е многу мало бебушко. Зборување, пеење песнички, играње пред огледало, движење на играчка лево-десно, горе-долу за да ја следи со очиња, време поминато на стомак, вежби со рачиња и ноџиња и дошло време за спиење Секако прошетки се добредојдени кога дозволува времето Ѕирни и на интернет според возраста, може ќе најдеш и некоја идеа плус.
Добро утро мајки како сте? Малиов само што се најаде еве го спие на мене моментално. Цела ноќ е во креветче па вака од сабајле една дремка си го чувам на мене да се гушкаме. Уште сме кај бабите и дедовците недела здравје да се прибереме дома. На контрола треба да го носам едвај чекам да видам напредокот па после и на вакцина. Од понеделник решив малку да се средам со јадењето. Да се вратам на старата исхрана да не јадам леб и благо. Повеќе житарици, зеленчук, а не глупости. Полесно ми е дома тоа да го правам вака кога сме кај бабиве некако тешко ми оди. Исто сакам да почнам да вежбам по малку. Ми останаа 5 килограми од бременоста да ги стопам за да се вратам на старо. @Candyyy мама јас го легнувам во релаксаторот и му тропкам со тропалки, му зборувам, многу му зборувам, му гугам, му ги покажувам животинките што висат на релаксаторот, ако го држам во раце играме на музика, на стомаче го легнувам со играчки околу него. Така мајки, имајте убав ден се надевам ќе подизлезе сонце па можеби и ќе прошетаме денес малку.
Здраво супермајки, како сте Ние добри сме, тераме одмор, ама одмор со бебенце за мајката нема Малата заспа машала како мишелинче е, сакав да воведувам зеленчук од 5 ти месец ама како си дојдовме во Мк и кога видов каква е ситуацијата со Бабите решив сама во Германија на раат да си почнам. Значи сите против мене се, на бебето му било ладно, јас немајка го оставам замислете на 23 степени собна температура на дебели чорапчиња, боди на долги и плус комплетче да седи, да измрзни, лежело тоа, со ќебе да сум ја покриела, ги прашав скафандер да не треба да и облечам... Во сабота правиме крштевка, со малото се договоривме дека ќе нема плачки. До сега добро поминавме регресијата во спиење и 4ти скок не не пореметија многу, ама мене Софи уште од почеток ме истренира на држење во раце, нишкање, спиење во раце, будење често па си мислам не може потешко. Бебуш супер напредува се врти од грб на меше а обратно сеуште се нема свртено, ама ако земеме во обзир дека обожава на меше мислам ни дека нема желба да се заврти назад на грб, туку го дига газето. Кога е на грб исто го крева газето како мост да прави гимнастичарка, обожава да прди со устата и паѓа од смеа кога некој кашла Тато и е омилен, само што го види се смее, што и да направи и е смешно,го обожава. Јас сум и безбедна зона,мене толку не ми се смее (љубоморна сум признавам) ама без мама сепак не може. Генерално на сите им се смешка...па се крие во мене, како да се срами Друго не ми текнува што да пишам. Поздрав и гушки до вас и вашите дечиња-мечиња
@Dancewere Со тек на време ќе научиш да си пееш ла ла ла додека ти даваат коментари за детето Малиот за Нова година од прабаба му доби фатирана облека зашто цитирам 'Па не знаеш да го облечеш детето, го смрзнуваш откако е родено'
Се што добив на поклон а е предебело, ни еднаш не му облеков на бебето, добро еднаш му облеков и ме фати и мене саклет така да ја гледам па веднаш ја соблеков. Во главно ги игнорирам и на едно уше влегува и на друго излегува... Ама нервира!
Majki zdravo...ve citam redovno ama nikako da pisam. Denes bebevo taka me potrese. Ja staiv u igralna vo koja imame kocki naredeno. Jas nesto niz kujna cat pat si ja gledam. Taa te mava pianoto te grize kocka koa odednas se ukute ja gledam taa se smee i dzvaka....koa sto ke vidam uspeala da odgrize del od kockata i dzvaka se smee...srce mi zasta edvaj i go izvadiv parceto...ke gotvis cel den ke i spremas ke se molis da jade za taa kockana kineska da ja jade...odma mislam edno 10tina beli vlakna mi se stvorija
Добро вечер мајки. Месецов празнично па како да не снема сите. Се гледа дека голем дел се отидени на зимување. Да ви кажам, ич не ви завидувам, од самата помисла се тресам Заледена сум Јас како од на @Jana06 бабата море бетер сум, којзнае какви комплети ќе плетам на внуците Леле ќе ми ги тресат од глава тоа модерните млади што се сега Децата во кревет. Чекам маж да влезам да се туширам, не дека не можам и без него ама да не ме зафркнат на пола, да треба да трчам со скама Додека беше тој за Мк се туширав додека децата си играа, или пак малата седеше во купатило и ги прередуваше нејзините алишта за перење синко е голем си седи без проблем. Испробано ми е, значи можам и без него Ве имат фаќано жути моменти кога сакате да направите/ смените нешто на вас или во домот? Е фала Богу не ми текна да си сечам шишки ама решив да купам завеси во сенф боја Ги купив, ќе ги додадам како драпери од страна да разбијам монотонија Женска глава Наместо да си купам нешто на мене, трошам пари на глупости (шала) Постот е каша. Важно ве поздравив. Останете ми во добро здравје. Мирна ноќ
Здраво темичко со убави спомени! Здраво мајки кои никаде ве нема! Здраво дечиња златни! Знам дека интересното не е во оваа тема, ама јас се осеќам како дел од оваа а како џузбинец во некоја друга па затоа тука ќе пишам. Денови наназад никој не пишал... па јас ајде да пишнам нештичко. Утрово смрзнувачка, па и снег... е ај да беше некој снег па да му се израдував и јас и децата. А оно тук-там по малку... а сега баш зирнав и гледам исчезнал. Претпоставувам моите не ни забележале дека заврнало малку, толку малку што не вреди да биде забележан. Јас на работа, ММ на работа, децата кај баба... Периодов многу имендени одбегнавме, пусто страв ми е од луди ковид оти лошо го минавме... Деците арни ми се... ама се жалат дека им е досадно. Играат двете заедно, на што многу се радувам дека се зближуваат се повеќе, се бараат кога се разделени... ај ќе го прескокнам делот кога се закачаат и караат. На кратко излегуваат и надвор да играат, возат тротинети и воглавном се полицајки... Ама празна ни е улицата, нема дечиња... претпоставувам заради студеното време и ковид ситауцијата. Па сами играат. Големата заврши со домашните работи, прочита лектирата и нетрпеливо го чека 1 февруари. Ништо интересно мајки, толку имам да кажам. Дај кажете вие како е кај вас, како се малите? Убав ви ден! Гушкам!
Мајки среќни празници, Ви посакуваме здравје, среќа, љубооов и само убави работи! Никако да стигнам да Ви пишам па еве со задоцнување. Мајки ние утре полниме 17месеци, не знам ама многу сме немирни како се вие справувате? Не сакам да го удирам ама некогаш изеде по газе малку. Не се разбира од НЕ се качува на масиче, кубе уште, гризе, не го занимаат играчки значи не знам само се игра со полначи, само гледа што да направи што не треба. Не сакам да грешам во воспитување па би сакала да Ве слушнам како вие се справувате со БЕСНИ дечиња? Ми е жал што го испокарам откако ќе го испокарам ама тој не се разбира само по негово си тера. Инаку оди во градинка, сега сме дома ја сум болна па се дружиме повеќе, дури ми и е и стра да го праќам покрај овој вирус хаос е во градинкиве. Убав ден мајки, чувајте се ♥️
Моето пред некој ден наполни 17м. Во последниот скок се. Пред да влезе во скокот си играше сам по собите со колички со човечиња сега е хаос со ништо не си игра скока по се, по гарнитурата се залетува трчајки и скока , по се се качува, цело време по мене вреска,со јадењето е хаос одсекогаш ама тоа отрпнав веќе па не се нервирам. Во врска со викање избувнување и тепање до сега сум подвикнала неколкупати ама не да се дерам и му кажувам не за тоа и тоа му објаснувам си зборам ама џабе не разбира и откако ќе му кажам зошто не ,му кажувама ајде сега ова да правиме му го пренасочувам вниманието па нема многу плачки и лигавење. До сеа дали 3 пати го имам чикнато по газето на кое тој ми се смее зошто не било силно. Исто сум приметила ако нешто што прави му викам не или станувам да го припазам да не падне секундарно се фрла или го рпаво тоа шо наумил побрзо па може повеќе да се повреди , и така полека му кажувам не тоа не ова или само го гледам и се молам да не падне зошто ако станам или му се приближам полошо може да биде. Е сеа нервите ми се при крај ама тоа е, така сме старееле викаат. Мојот сега од 01 треба да почне во градинка па се надевам дека добро и лесно ќе се адаптира. Ти испраќам многу трпение и гушки зошто ќе ни требаат очигледно. има на инста некои профили со совети за gentle parenting па читам и од таму понекогаш