Здраво мајки Негде прочитав дека со бебе деновите се многу долги ама месеците се кратки. И стварно е така Секој ден мислам дека истото па истото го вртиме у круг, а бебуш 6 месеци наполни не знам ни јас кога. Од нови моменти е што кооонечно сака на стомак да биде, ни никна уште еден заб и ставивме уште некое кило (и бебе и јас ). Требаше постов подолг да биде ама толку се има време. Ве поздравам
Здраво мајки како сте? Еве додека синко спие прва дремка да ве поздравам. Утрово во 7:15 кукурек насмеан расположен спремен за денот. Бевме на контрола супер напредува бебуш ептен се израдував не дека не гледав дека напреднал ама кога ќе ти потврди педијатар друго е. Сега се спремам за вакцина. Од понеделник треба да го носам некако шубе ми е со коронава и со реакција како ќе поминеме ама се надевам добро ќе биде. Му сменав облека ја надрасна веќе мала му е. Како паковав си викам кога поминаа 2 месеци како 2 дена. Колку беше само малечок кога порасна толку. Сега па и гуга си "разговараме". Денес надвор гледам сонце ама па и ладно. Може ќе прошетаме малку ако остане вака ведро. Вчера цел ден дома мислам детево се збудале научен да шета. Тоа е мајки ве поздравувам и имајте убав викенд.
Здраво мајки. Бебуш спика, па да ве поздравам. Не ми е јасно кога толку брзо порасна, а уште нема ни 5 месеци. Почна да си разговара со мене, да ме бакнува и вика "бубу" кога ќе ме бакне. Се топам. Уште од сега покажува афинитети спрема музиката. Само се врти, или го бара телефонот или пијаното негово и мора да пуштаме музика. Се џитка, пее, игра, радости. Почнавме со пробување вкусови. Многу се радува на храна, па и сака сам да јаде, ја не му требам. Само полнам лажичка, си ја зема и право во усте. Мљац мљац.
Здраво мајки Среќна нова година и среќни празници Каснам со пишување, поминаа празниците ама така лошо ми тргна годинава чудо некое. Моите ги немам видено 3 месеци. За празнициве требаше да одиме, сите заболеа од корона/омикрон како и да му името сега. Мајка ми и татко ми потешко, со пневмонии во болница, другите полесно. Таман оздравеа тие, тестови негативни, утрото пред да одиме мм крена температура. Нареден ден и бебе беше со температура и се откажа одењето. Се тестираше тој позитивен, бебе не тестирано, ама истиот вирус е веќе се знае. Јас од вчера со температура. Никогаш нема да го заборавам тој момент кога седев во дневна и го чекав мм да се врати од ковид центарот, беше на инфузија. Тој дојде и јас легнувам до синчето и ме допре со раката. Гореше целиот, срцето ми застана од страв. Температура 39.5. Ајде го разбудивме, дадов сируп, го расоблековме, се спушти. Нареден ден исто. На кратко празнициве ги поминав со главоболка и стрес Се надевам за брзо ќе ги видам моите. Внук ми најголемиот само ми се јавува и брои денови кога ќе се видиме, душа ми е Бебуов мој ми го уништи лицево од гребење. Значи на никој не го греби, само мене. Нокти му сечам редовно, незнам како успева да греби. Да го карам не разбира, а и дека разболен, малце разгален ми е. Елката ја откитив пред една недела, веќе почна да ме нервира од Ноември е накитена. Си направив генералка пред да се заболиме. .... Друго освен вирусиве ново е што во Февруари имам интервју за нова работа. Од дома се работи, барем некој период да се смири вирусов, па да го пуштам синко во градинка. На директорот од досегашна работа му немам уште кажано, ама секако ќе бидам на породилно. Да пробам прво со новава работа, ако не успеам, таа да ми е сигурна. Сопругот доби унапредување, барем на професионален план сме добри хаха.. Двајцата спијат, јас готвам и такаа... Ве поздравувам
Здраво и од мене мамички. Секој ден се токмам да пишам нешто ама све нешто не стигнувам. Полека си минува времето, од први март треба да тргнам на работа . Од една страна ми се оди, да сменам секојдневие, да си ги видам колешките, да се вратам у шема на професионален план и да сменам други муабети освен бебе, јадење, какање, пелени, мочки итн. Ама од друга страна стварно не ми е јасно како ќе се разделиме. Она е лепенка за мене, со татко и седи по мене плаче. Јас како ќе ја оставам не знам. Ми иде да се пикнам у некое ќоше и да вриштам . Во овие скоро 8 месеци само 2 саати сме биле разделени. Среќа бар на работа газдите ми се ептен срцки и се договорив првиот месец барем да одам со скратено работно време по 4 саати а за понатака ќе видиме. Неа првиот месец ќе ја чува мајка ми а после најверојатно ќе ја запишеме во приватна градинка, нема друго чаре. Жена не ми се зима пошо немам некоја позната а и сама дома со детето од кај да знам што ќе прави . Друго, либе ми е позитивен. Ние одма се изолиравме и чекаме да видиме дали ќе ни се појават симптоми. Се надевам не. Останете ми со добро здравје сите на сите болни ви посакувам брзо и лесно оздравување
05:26 сите спијат јас седам и ја гледам. Не сум психопат, мерам температура... 38.3 корона добро дојде во нашите животи по втор пат. Првиот пат лесно пројдовме па се надевам дека и овој. Такада седам ја гледам и и се извинувам. Молам Бога да не качи температура и да не пачинам. Нигде не сум отишла од Август месец, никој не ни дошол, ама ѓаволот ако сака да те најде ќе те најде. Само златен Господ да не чува сите
Добра вечер Еден од ретките моменти кога седнувам со компјутер пред себе во овие доцни часеви. Можеби и затоа се поретко ме има на фемина. Преку ден крадам моменти за листање од тел, но делот со типањето сеуште не го доусовршив доволно за текстови од тел. Општо, периодов сум се помалку со тел во раце. Се заситив од виртуелно лицемерие, глумење лудило за гага од некој спонзор или за билдање его. Добри, барем неделава. Бев неколку месеци сама со децата, маж беше на терен, па се поклопи и со проблеми кои ги имавме во градинката па двете мали беа дома. За проблемите со градиката ич да не почнувам. Мислев дека се поарни, дека има ред, закон, дека децата се на прво место. Ама сум се лажела, мизерија и дволичност. Пак се докажа не дај боже да има некој проблем секој гледа газот да си го спасува. а децата се второстепени. Короната за сега успешно не одминува ама затоа секој друг можен вирус не помина. За Марфи да биде на најјако, баш кога бев сама со децата првен бевме една недела сите четири со стомачен, па во круг две недели инфлуенца, па пак стомачен... ЈАс 40темп и сите три моми 40.Маж на терен, два месеци не си беше дојден, мајка ми МАкедонија, свекор и свекрва исто болни...таа недела штом ја шкртнав, ќе ме биде Мислам дека дното беше кога во 03 сабајле со тт и мигрена на најјако возев со сите до брза помош ради болки во уши на најмалово. И дадоа само чепче парацетамол(оти сирупот го плукаше а сама не успевав ниту чепчето да и го ставам од што се бореше). Ушите биле жар, од тоа и болката, ама можело и од вирусен инфект така да биде. Стандард не дадоа ништо појако...и со право. Навистина за два дена не ја болеше веќе, помина само од себе. Нема да заборавам Ели кога ми рече мамо макарониве се гадни, ама не се грижи, сепак ќе ги јадам. Е до толку бев партал, и варените макарони ги утнав. Кога ќе размислам не смеам да се пожалам, дај боже секогаш да кукам само од тт, бактерии, вируси и сл. Да ги заборавиме неколкуте хорор години кои ги имавме. Во полн ек со мајстори, барање материјали и мебел... Со коронава толку рокови и термини се поместија, цените рипнаа до плафон. Хаос. Мајстор не може да најде човек. Со надеж наредниов месец електричарот и водоинсталатерот да завршат и да се влезе во последната фаза. Сакавме да идеме МАкедонија на одмор, но со коронава се попишманивме, до Холандија ќе отидеме на една недела, колку да смениме секојдневие. Убава вечер....до следно
Морнинг мамаситас! Дремам у дневна откако и го дадов клучот од работа на колешката, нема за мене работа бар до 1ви, ќе си поседам дома со синче, позитивни сме по втор пат. Ама да не се жалам, симптоми послаби од првиот пат, да не речам ич, само осеќам многу шлајм ми се собира и главоболка, друго ништо, дете се мрсули само. Искрено не ни одам на пцр и ако до вчера не ги сфаќав овие што не одеа сега ги сфаќам, убила нас бирократија, од папирологија налет. Ќе пишам за дете нега до 1ви, ќе се тестирам уште еднаш со брз и правец на работа, налет веќе од пари сопирање за боловања, мислев одморот да го докористам ама и за него имав план па сепак ќе земам боледување, маж рече ќе ми ги даде пола он, да не ми дојде се на мене терет финансиски и така ќе истурка некако. Искрено ми скисна од ковидов и сите глупости околу него, не наивен, тоа го сфативме пред месеципол, го изгубивме дедо му на синко од ковид, ама мислам дека веќе нема смисла нит дома седење, нит маски, кои за воља на вистината и не се ни носат, нит ништо веќе има смисла, не функционира едноставно, нема ефект. Друго што би рекла е дека се повеќе ме фаќа криза за мојот дрим џоб, да фатам џаде од администрацијава и да со отворам некаде некоја цвеќаричка, некое мало местенце со полно цвеќе и да си работам. Му викам на маж дај бе иди работи у Белград ќе најдам некоја цвеќара таму ќе работам, ми се плаче колку не ми се работи во администрација, ужасно е. На раб сум да и пишам на една цвеќара да одам попладне по 4 саата, чисто да си задоволам желба, не мора секој ден, 3 дена во неделата, умирам да работам во цвеќара, да ми беше поблиску таа кај што работев пред 3г како ќе си одев секој викенд, мислам дека ќе летав. До тогаш си ги гледам русиве и украинците Инста какви техники имаат, какви чудесии праат, ние сме нула за нив. Едино Фенси и Цветна фабрика се одвојуваат, се друго е фуш, 3 ружи, бршлен, 1 палма и малку гипсофилка колку да не е темно. Ајт 500че. Идам летоска во една цвеќара да нарачам букет за моја драга и и викам сакам букет до кај 1000ка ама сама да си го склопам, извади ми ти цвеќе јас сама ќе си го направам, го средив таков асиметричен цел, интересен и ми вика Што лупна толку пари за букет, па можеше со ефтин и останатите во плик стај и ги да си купи нешто, еј она продава тоа и не си верува на тоа што го продава, кај одиш подалеку. Ете така мајки, заглавена сум во администрација а мене душа ми плаче за креатива, ама од креатива не се плаќаат сметки и храна на маса, таа е реалноста кај нас моментално. Е затоа пак се вратив на моливче и блокот, на 300 боенки дома дете ме тера да цртам и да бои он, јас најубаво сум цртала, моментално е во филм Супер Марио, па само ги цртаме и ги бои. Па почнав да си потшкртнувам и за своја душа, кога веќе имам се дома и ми се врати изгубената воља, што да не. Бар имам сега другар за цртање и заедно ни е поинтересно. Од други забавни моменти дома, играме до снеможување Супер Марио, се вратив во детството, убавини! Дете скока, рипа, се занесува, само вика по мене, мама, помини ми ја оваа стаза, не можам јас, ха ха ха... Ич не ни е досадна изолацијата. Доста беше женски, предадов клуч, сега ќе дремам уште малку дур стане дете и после ќе се пуштаме турбо, треба да се оди до доктор, да се јавам по колеги, шефови, ручеци, чаеви... убав ден и убава недела!
Сакав само да пишам, да си отвориш цвекара. Нема ништо поубаво од исполнување на желба за работа. Маж ми работи во банка, на одговорна позоција. Му дојде нов вработен, млад дечко на 23 години. Во муабет му кажа дека многу сака да има слаткара и да прави торти. Маж ми го мотивираше да го следи сонот и евез има многу успешна слаткара. Знам дека е полесно на 23, без деца, без кредити. НО, ако имате барем мала можност за луфта од неколку месеци без две плати или заштеда за започнеш, go for it.
Пробај го ова ,поскапо е ама мн е добро. И што повеќе да бидат отворени градите да се луфтираат. Спушти ролетна и дигај маица во вис
Добар ден Не знам дали на сите или само на мене денес од кревет не ми се станува, 2 греалки ми греат во спална и пак ми е ладно Денес им реков исто како да не сум дома Децата се исто, таман заврши роденденот на малата сега спремам на синко. Сестра ми му донесе огромен сет балони со диносауруси само не знам како ќе му украсам сама дома.. После него роденден на мм. Он си е скромен, сакавме да одиме до Брезовица на викенд но ете, и за таму веќе треба 3 дози. А бустер ич не сакам да примам! После мм доаѓа мојот роденден Е сега јас не сум толку скромна па имам желба на неколку дена до Истанбул, па да видиме дали желбата ќе ми се исполни. Битно месецов, трошкови и торти без крај
Добар ден. 5ти ден од ковид, мнофу подобро се осеќам мада заработив оспем. Грло боли ли боли сите можни совети ги испробав дури и фамозната крпа на татко ми со ракија бебо мислам од што се опијани од мојата мириса заспа а грлото не се оправи, белким оспенот ќе помогне сега ќе видиме. Денот тмурен исто како мене нешто сум целата избркана у главата со прашања што би било кога би било. Мислам дека треба да поработам серозно на иднината и на плановите околу неа а нешто воља бар за тука у мк тешко наоѓам и тогаш почнуваш со преиспитувања на животните одлуки. Денов само за нетфликс,кафе и цезар салата ваљда бебо ќе поспие малце од ракијата а на мама. Чекаме резултати на мајка ми од корона, чекам и душа ми се тресе, плуќен болесник, 1000 пати се колнам зошто отидов на кафе што ќе праам ако е позитивна и молам Бога да дише ко што не дише. Паметов ми се збрка а душата ми се тресе. Би се склупчила на кревет и не би мрднала. Ама сама со детр дома тоа малце потешко. Држете сите среќа да е тестот негативен мада за жал веќе знам колку е саат. Убав ден од мене и чувајте се луѓе. малце сонце да разбие у овој гаден мутен ден.
Не сум очекувала толку да уживам да сум мајка. Поисполнета никогаш не сум била иако во други полиња моментално сум во криза.
Нема поубав период, стварно овие моменти се безценети, најчисти, најтопли. Имаме кризни моменти да, но се’ се заборава, а тие толку брзо растат, што посакуваш да трае ова и да трае. сега си лежам покрај бебе, тоа спие и си споредувам две слики од моиве дечулиња, иста возраст, исти алишта, исто место, толку си личат, тоа чудо. А големово 6 год ќе прави, мислиш сликава од завчера е
Добра вечер. Пијам кафе, нешто како притисокот да ми падна и страшно ми се приспа, едвај гледам. Не пијам вообичаено ова време, ама ете... Малата си играат си татко и на спална нешто, во некаква авантура се. Колку можат и двајцата да се соживеат значи, би сакала и јас така, ама не можам. Сосема се во друг свет. Пресреќна сум што и нивната врска е одлична, уште од бебе сакав да бидат блиски и ете. Тројцата заедно сме си како во некое меурче, уживаме сосема. Решив да престанам да јадам уз екран и серија. Качив поприлично голем број кила, јадам несвесно, јадам и отповеќе, па после ми е тешко. И сега си седнуваме сите, ако е маж на работа јас и малово, и јадеме без дистракции. Не и ни читам, ама баш ништо, јадеме и си правиме муабет само. И да, јадам многу помалку, престанувам кога ми е доста. Почнав потешкотии да имам, а ако веќе ми се вмеша тежината во здравјето, тоа е проблем. За изглед не ми е грижа, ама за здравје и тоа како. Ќе видам и со физичката активност што ќе преземам. Пола саат дневно има да игра на мобилен. И симнав некои игри, некои едукативни, некои забавни и половина час и дозволив. Ич не сакам телефон, а од друга страна и јас сум голем дел од времето на телефон и лаптоп. И ете, тоа е, во такво време си живееме, па се помирив некако. Цртани нема на телефон, игрите само, а гледа еден саат цртани на тв. Во градинка и е супер, добро си напредува, секој ден се гушкаме по сто саати, си кажуваме колку се сакаме, кажува само колку е среќна и не можам да се нервирам за пола саат телефон и саат цртани. Одбивам едноставно. И така, еве ќе се ближи роденден кај и да е, како летаат годиниве боже господе луѓе, како вчера тука да пишувавме куп мајки со бебиња мали, годинава на школо ќе ги праќаме. Нека се живи и здрави само, ако нешто научивме во пандемијава е токму тоа... Имајте убава вечер сите.