многу е тешко да гледаш болно дете а уште потешко е кога ти си болна а треба да гледаш болно дете. Се надевам дека денес сте добри зашто толку и трае тешкото од короната - 3-4 дена. Добро вечер од мене. Гледам во последно време помалку сте присутни и пишуваат претежно мајки со мали дечиња/бебиња. Па кај се другите мајки со поголеми деца да свртат некој муабет за нивното секојдневие додека се на продолжен распуст. Ние воглавно добри. По дома седиме се топлиме бутаме двра, оваа зима се префрливме на оган, претходните две бевме на клима ама искрено многу подобро ми беше. Еве најладниот месец скоро и заврши па поминавме не толку ладно како што си мислев имало зими каде температурата била и -23 па и -25 степени. Од 1ви треба да почнам на работа. Искрено возбудена сум премногу. Од една страна пресреќна од друга како со сила да се туркам за да одам. Не ми се оставаат децата посебно не во овој ладен период. Со првото дете прв пат почнав да одам на работа кога имаше 4 години а сега оставам 2ипол годишно. Знам дека не треба да го мислам зашто кај и да го оставиш со сите седи не прави проблем не плаче нема тантруми (засега фала богу ) ама сепак на дете мајка му треба додека не се оспособи. Минимум 3-3ипол години. Ново ништо нема а и ништо не се дешава. Занимација по дома занимација со децата и така. Бидете поздравени време е за спиење
И минатиот пат мислам те читав и сега, за тоа дека на дете мајка му треба, во Америка некаде породилно е 40 дена, замисли, 40 дена бебе старо во јасли или дома со дадилка. Ајде нека не е екстрем толку, 40 дена, ама има мајки што на 3м ги оставаат во јасли децата. Дете на 2ипол е големо и таман за тргање на работа. Освен нели ептен ако има здравствена пречка, тука не се коментира, ама ако дете е ок не знам зошто не би тргнала на работа на 2ипол години. Да ми го примеа на 9м у градинка и од 9м ќе барав работа, немаше да седам до годинаипол. И на 9м и на годинаипол и на 3 години исто ќе се разболува во градинка и нема врска колку е старо со тоа како ќе пројде, од лично искуство не од памет ти кажувам. Опушти се, правиш добро и за дете и за себе, ќе се препородиш. Со најдобра намера, без селење памет, како што би и рекла на пријателка те советувам. Ај кога се појавив и ред е да поздравам. Сум заборавила да уклучам машина за садови синоќа на ефтина, ќе морам да ја пуштам на скапа цел ден да се сушат садовите не чини. Е тоа чудо да го видите од мене, почнав да пазам на скапа ефтина струја и јас. Сите апарати дома ни се А++ и А+++ и откако сменивме еве мака немаме видено, струја ок ни доаѓа, уште нема овој месец дојдено ама ја чекам, кај да е. Дефинитивно најмногу троши длабокото замрзнување, тоа е ламјата, како го исклучивме сметката се намали за 1000ден, секој месец 1000ка да ги фрлам за ништо, е нече мочи, пак на пролет кога чистам ги фрлам пола од работите, и ќар никаков зијан до гуша. Душа ме боли кога за сметки пари давам зошто знам дека може да се заштеди. Оникрон го проаѓаме со средно лесна слика, дете додуша е топ, а јас како и секој вирус, 5 дена ќе се искивам, мрсули ќе ме мачат и толку. У споредба со лани кога бевме позитивни, сега сме топ. И замислете маж не го фати, еве поминаа 5 дена он е топ, и така да остане оти нема време да се разболува со работата до крај на фебруари. Дете пројде со виранто и витамини, јас риностоп уклучив зошто не се трпи кивавица на секои 3мин, па и не знам да кивам стискам и се ме боли кога кивам, сите нервни завршетоци мислам ми се кинат. Знаете што правиме во изолација дома? Играме Супер Марио, дете е опседнат со играва, во сон станува и стратегии кажува како се играло. Сите сме дома заразени со игри зимава, ги купив од Стокомак сите интересни игри пред Нова година, со Диносауруси, со планети, па една убава игра како Монопол за Нова година од Крш и интересно Не лути се човече купивме, мислам дека секое попладне ние играме игрици и многу ни е забавно. На дете не попуштаме, не се лути туку праи сцени некои демек љут е да се смееме, ама се тоа у игра. Забавно ни е оваа зима дома. Иначе од сега се спремаме за роденден, ќе нарачувам од Али сваштарии и ќе го правам па што сака нека е, ќе чекам дур не се опраи ситуација ако треба, не мора на денот. Еве го трет роденден му се фаќа во ковидов и дете ништо не може да прослави, греота, само за тоа збори. Нормално дека роденденот ќе биде со Супер Марио тема, од сега бараме идеи на Пинтерест, ама ќе гледам се што може сама да направам, исто ко лани. Останатото од Али и Џамбо. Ќе правам и пињата пак. Си го леткам паметот, ама што да праам, мора некако да се занимавам у изолација, пукнав од досада Убав ден мајки, да проверам по другиве теми и да си фатам книжуле, интересна книга читам, одамна ми е купена ама не прочитана и сега ја земав
Се согласувам. На децата нормално дека им треба мајка, ама со една плата не се живее,за жал. Блазе на тие што може да си дозволат 3 години да се дома. Јас и со првото и сега тргам на работа на нивни 10месеци. Па ене се, здрави, прави, среќни. Децата се привикнуваат многу побрзо од нас на нови рутини. И за разболувањето е точно. Знам деца што не оделе во градинка, во школо ги прележуваат сите детски болести. А многу полошо е поголеми, особено кога треба да губат часови... Со лесно да ви поминува вирусот
Прво здраво во новава година Се надевам сите сте во добро здравје и убаво си поминавте за празниците. Еве ние после 2.5 години чување од корона, се разболевме сега. За среќа добро поминавме, 2 и пол дена температура само. Синко да не го урочам нема ништо, а најверојатно сепак преку градинка се разболевме, зошто со жив човек немавме контакт баш периодов. Јас зедов боледување да се чуваме со него, а тато си продолжи со работа од дома. Се дружиме цела недела, ми фалеше ваков период да се изнагушкаме. Не ми се верува колку брзо расте и учи нови работи. Почна да кажува доста нови зборови, цело време нешто кажува, па глуми, имитира. Многу сака да се гали и гушка, душа ми е. Периодов мн некако ми се осамостојува, сака сам да јаде, станува од спиење и сам доаѓа во дневна.. Некогаш не ми се верува дека за 1 и пол година точно, толку многу растат децава. Зимски одмор истеравме за празниците во Боровец, се надевам ќе одиме уште еднаш, ваљда малку послободни бидејќи прележавме. На работа стандард, таман се осамостоив малку, се разболев, па сега се пролонгира периодов на адаптација. Ама ќе биде, супер се колегите. Утре излегувам од изолација и едвај чекам да излеземе со синко, воздух да земеме. Секој ден на пресоблекување мисли го спремам за во градинка и вика децааа.. Ајде здравје, да бидеме добри па од понеделник се враќаме секој на своите обврски. Маже ми направи кафе, па да го испијам покрај синко додека спие, ем на раат ем со најпрекрасен поглед. Ви посакувам убав ден До следно читање
многу ти благодарам, најискрено. Откако значат вакви ооддржки. со помин нека е, мене секоја болест веќе ме стресува иако знам да речам ексик сеедно ми е ќе пројде.
Добар ден. Во последно време син ми постигна неколку milestones во неговиот развој. Почна еден заб, кец, па по него одма двојче. Седна на газе. Почна да грицка овошки. А и, издолжен е баш. Имам баш измешани емоции. Секое запче, секое седнување, секоја насмевка, секој звук, секој поглед ме топи. Па знаете она, кога ќе ве погледне во очи онака мило, па ќе се насмее? Или сабајле, кога ќе отворам очи, он буден, ме гледа и ми се смее. Па како да не се топиш? А и пораснат е. Го гледам вчера, мајка ми го држи во раце, он е колку цело торзо нејзино. Колку далечно, а колку скоро беше кога го држеше во раце, со големина на играчка. Многу брзо раснат. Па кога мавта со рачиња од среќа кога ќе го види татко му, па го гледа, па се гали... А и, иако темава не е за тоа, некако и е за тоа. Ни јас ни маж ми не сме дечари. Он особено иако има одлична смисла за хумор, сепак е многу сериозен тип. Па не знаев како он ќе се снајде во улога на татко. Како што сама себе се изненадив, ме изненади и он. Дава максимум од себе и за мене, а особено за детето. 11 години го гледав и сакав како дечко и сопруг, а оваа верзија на татко најмногу ја обожавам. Сум имала среќа, прекрасен сопруг и златно дете.
Добар ден! Чекам да ми мине смената и да си одам дома, па ручек, па раскревање, па дете да земам од школо, па на спорт да ја носам... ММ не е дома, инаку носење земање од школо е негова обврска. Значи денот е исполнет... додуша јас и немам лабав ден, стандардно имам нешто што треба да се доработи... Децата арни се, страв ми е да ги пофалам дека лекичко ги минаме овие настинки периодов, а јас сигурна сум дека омикорнче минавме иако тестовите негативни. Делта сојот доволно не измачи и остави траги за цел живот, ете бар омикронот поминавме онака. Ќе го пишам и оној стандард муабет што од душа го посакуваме сите - нека мине овој ковид и да се вратиме на нормалниот живот. Иако верувам дека со вируст ќе живееме, ваљда со некоја негова послаба варијнта. Големата ќерка синоќа беше превозбудена дека конечно пак оди на училиште. Си ја спреми ташната и не заборави да ми каже - јас ќе си ги ставам книгите, ти мамо се нешто забораваш да ми ставиш. А нема врска, само еднаш тетратката и ја заборавив па изгуби поверение во мене. Јас пак и велам - ти си ученик и твоја е обврската да се спремиш за училиште. Се трудам воспитно да и влијаам, за среќа забележувам ефект. Лектира читаше распустот па синоќа ми ја раскажа... само да трае таа желба за читање! Малото... оф малото... разви некоја манипулативна особина , наредник број еден. Дај ми тоа, донеси мо тоа, направи ми тоа. Дека најмала и зависна од нас поголемите, ама за многу работи знам дека може и сама но ја тера сестра и. И ете ти причина за карење... Не знам, сигурно 5 пати дневно се карат. А најубаво си играат пред спиење, да ти е жал што мора да им ја растуриш играта. Па штом јас кажам - време за спиење , малото почнува да се ценка - де уште 5 мин, ај уште 10 Мислам најсреќна што заврши распустот е баба им, нема да ги чува двете заедно. Така квалитетно ја мафтаат, да уште лустерот им го нема дадено да го расклопат. Ма кај мене нема така, се игра со играчки, евентуално ќебе некое за покривче на куќичката... Малата пробува да извлече нешто од кујна ама јас одма ја ловам и враќам на место. А малата онака скришум ама од мое око ништо не бега. Абе на што ум бев кога ја пишав овде по темата јагненце?!? Сега ја преименував во звер, нагаленко зверка моја Ај мајки, убав ден! Гушкајте малите!
Здраво мајки, Одамна немам пишано ама ми лежат на душа некои работи па решив тука да ги пишам. Се заразивме со Корона. Се чувавме како никој, понекогаш си мислев дека претеруваме ама Не било така. Сега гледам што сме избегнувале толку време и со ПРАВО! За жал се заразивме и многу ми е криво. МНОГУ!!!!!! Криво ми е зашо две години живееме дома. Единствено се гледаме со свеки и свекорот и мајка ми, татко ми, сестра ми и брат ми. Никој друг! И секад сум мислела дека ако се разболеме ќе биде од сестра ми или брат ми. Ни во најлуд сон не замислував дека мајка ми ќе не зарази сите. Кутрата моја мајка две години од петни жили се трудеше да не заштити од нејзината работа... Ако случајно сестра ми и брат ми имаа искачано по кафиња не ме примаше на гости. Ако има кај неа некој поз или татко ми бил по состаноци никако не се гледавме. И минатата недела во недела не викна на ручек. Прв пат после многу време беше слободна за викенд. Брат ми учеше за испити, татко ми имаше нешо болки во стомакот па таа недела не се гледаше со никој, а сестра ми на службено патување. Па рече дојди, не сме имале контакти и кај мене на работа е мирно.... Како и секогаш, не го бацува внукот, не ме бацува мене... Стои секогаш на два метри, за не дај Боже. Ручавме само заедно, една до друга... Вечерта ми се јавува ми рече ја стресло нешто. Вика уморна сум од смениве, од толку работа ќе си легнам. Ноќта качила на темп и следниот ден директ на работа да ја тестираат. Ми се јави вика лошо ми е малце ама негативна сум на брз тест. Ми земаа и пср, рече. И ми се јавува после 17ч вика пср сум позитивна. Ама вика не се секирајте нема шанса да сум ве заразила... И се јавувам на жената што го чува синко да не доаѓа утре дента и цела недела. Доаѓа вторник, мајка вика како нова била, нема треска, нема темп. Била на работа на преглед, се е супер. Се смее, вика ова лесно било бре, не знам што сум се плашела. Свеки ме нервира со нејзините коментари. Ме прашува: "Мајка ти добра е? Викам: "Да, СУПЕР" Ми вика:" Е да за сега супер ќе видиме што ќе се деси, непредвидливо е." Ми иде да ја задавам преку тел. Доаѓа среда, мене почнува да ми се лоши, чувствувам болка во мускулите. Темп 37.2. Се качува на 38. Пијам парацетамол и легнувам да спијам. Се будам во 19ч. Не сум испотена, сеуште сум жешка. Не осеќам никакво олеснување од апчето и од спиењето. Качувам 39, пијам апче, не се спушта. Телото ме боли цело, главата ми пулсира и мислам дека ми чади од што е жешка. Легнувам да спијам и ставам аларм на секои 30мин да се контролирам. Пијам апче на 4ч, не се симнува никако, иде нагоре 40. Станувам сабајлето, како воз да ме прегазил, одам да се тестирам, како извозев не знам.... Доаѓам дома, одмарам малце, пијам витамини, мерам темп 36.7. После 30мин бев како нова. Нема болки, нема темп, нема ништо. Помина... Мм и синко не покажуваат симптоми, татко ми, сестра ми, брат ми исто немаат ништо. Четврток вечер, синко одбива вечера, јасно како ден што се дешава. Мерам 37.6. Знам дека ќе дига. Дига 38.5 давам парацетамол и мерам после 30мин 39.5. Мерам после 1ч 40. Чекаме да дојде време за нова доза, темп стои 39.5/40. Давам парацетамол, мерам 40 нема подобрување. Доаѓа сабајлето 7, давам парацетамол, чекам, стои 40, не мрда.... Патот накај Козле, го прегледуваат, да давам блок макс. Се враќаме дома, давам блок макс, после 1ч пак 40.... Се враќаме назад не примаат во болница. Плачам.... Плаче мајка ми.... Не очекував дека толкава темп ќе има. Нели децата лесно поминуваа??? Во меѓувреме татко ми крева темп, мм се тестира поз, нема симптоми. Сабота и мм крева темп. Недела синко веќе нема темп. Сите сме добро, крви слики, д димери се е добро. На синко црп то покачено мора 7 дена во болница. Еве тераме 5ти ден.... Научив како изгледа ренген за деца, во цевка, со заврзани раце, висат... Ми е жал, жал ми е што мајка ми ќе биде крива за било што после ова. Посебно свеки кој ќе ја слуша... Замислете кога јас кренав темп ми вика:" Ама знаеш може нема лошо да поминеш ама после последици кој знае какви ќе имаш" Тоа ми го искомемтира кога уште се надеваше дека син и и внук и не се заразени. Кога испаднаа позз и они го смени мислењето.... Едноставно жал ми е што мајка ќе живее со тој терет... Знам колку се јаде уште од сега... Добри сме, тоа е најбитно....
@Butterfly1107 леле многу ме погоди твојов пост.... баш гледав те нема на форум и ова го читам. Биди силна, и ова поминува! Гушкајте се!
Добар ден мајки. Конечно се наканив бебе два и пол месеца да ја однесам на вакцина. Се изнаписка, се изнаписка до срце ме здобиле,не можев ни да замислам дека може да биде толку гласна бидејќи е многу мирна обично гласот мислам и се фати. Си ги прими сите вакцини две во ножињата и рота си ја испивме. Дома се смири,јадеше и заспа па малце кенкаше, ама до сега е добра се надевам така ке остане. Во саботата правевме крштевка. Преубаво беше, колку само беше мирна,немаше плачки, мислам дека уживаше. Дома цело време коментиравме ако плаче,што ако плаче... Па она сите не посрамоти, единствена беше што не плачеше ние сите се изнаплакавме за неа. Скромна крштевка беше само законитите и тетките околу 30луѓе бевме ама поминавме убаво. После крштевањето бевме на ручек а сонцето мое си се изнаспа,па ке стане ке не види па пак на спиење. Добивме многу подароци, уште одма мама се и испра и само ја пресоблекувам не можам да и се изнагледам,лепотица ми е. Уште си спиеме заедно, кога ке ме прашаат:а што не сака ли во креветче, не знам што да кажам, она сака ама мајката не сака. Кога ке се разбуди па ке ми се насмее ништо друго повеќе не ми треба за да бидам среќна. Ах каква среќа е... Целиот живот си доби смисла Пријатно мајки и бидете добри
Не знам зошто се окривувате меѓу себе кој од кој се заразил. Што е важно дали мајка ти,дали од продавница, може и жената што ти го чува да ти го донесе вирусот. Мора да живееме сепак. Не размислувајте така затоа што само штета си правите. Добро е што се добро се завршило, другото небитно.
Се токмам веќе месец дена како да влезам во темава. Све си мислам Не ме личи овде да пишувам. Не само оти сум 'стара', туку и по тоа што многу ќе отскокнувам од "правилата" за правилно одгледување дете Ама што има веза нели. Плус ќе научам па и каде грешам, можеби. Тешка сум на усвојување критики, ама па не се лутам коа ќе ме скарнат. Прво да се преставам МАЈКА сум на едномесечно синче, убав на мајка, долго го чекавме и богами фино се намачивме дур го добиеме. Конечно рацете ни се полни, душата и срцата цветаат. И конечно се привикнавме еден на друг. Првите две недели имав помош од мајка ми, цело време она беше со бепка, јас само гледав, плачев и се нервирав дал ќе можам да се снајдам сама. Мислев дека нема шанса да успеам сама да го нахранам, преоблечам , искапам... Од кога замина мајка се затворив 2ч у купатило и плачев....И слушам плаче Бубето. Трк во спална кај него, земање во раце и почнав.... Чудно...во секундата знаев дека е гладно, дека треба пеленка да му сменам, дека оно си сака гушкање. И така почна мојата мајчинска кариера Првите денови од коа замина мајка ми ја викавме комшивката бабица да ни го бања. За брзо фативме ковид и јас и мм и толку. Морав и тоа сама да пробам. Коа го избањавме првиот пат одма видов дека тоа било најлесното и најубавото нешто Сега ми се иди и три пати дневно да го капам. Одвај чекам да ње стемни и да почнеме со носење коритце, купки, тракатанци...Еден час се спремаме , а бањањето е готово за 5 мин Живи смешки сме. Шо друго да кажам На Ад ми е Буби мал, не го доам. Да речам оти многу се потрудив ќе треба да излажам. Едноставно така одлучив и тоа е тоа. Решив да не го доам Најмногу заради моето здравје. Имам многу дијагнози кои бараат повремено лечење со појаки терапии, па не би да се ставам у ризик. А и мислам дека млекото на жена у 5та деценија не е "здраво" плус со оглед дека неодамна примав и радиоактивен јод, па големи дози кортико... И да не тупам. Да не испадне дека се правдам Бепка сега за сега спие исклучиво во креветче или лулка. Имаме и дрвено и транспортно. Не прави проблем, каде го ставам таму спие. Кое и шише да му го дадам, од секое пие. Цуцла лажливка од прва фати. Абре милина, многу ми е умен. Е не сака у релаксатор. Пробав у мамарото, не сака. Имаме и на Кика бу, во него издржува 10тина мин. После тоа ќенка, си сака у креветче. Мирен е мирен Утре ќе земаме молитвичка за 40 дена, па здравје ако е убаво времето ( а гледам ќе има сонце) ќе го шетнеме и него малку. Денес и мајка ми ќе дојде, ќе седи викендов, па ќе може јас и маже да шетниме малку навечер. Очајно ми треба една искачанка да наполнам батерии. Со моите живееме во различни градови, овде немаме жива роднина, ако Не дојде мама немам жив човек од кој да побарам помош. Т.е да ми го причува. Ај здравје, Нека пркне малку па во план е да најдиме жена/ девојче кое ќе помага. И за крштевка размислуваме кога и каде. Сакаме околу Велигден, па се надевам ќе бидне и тоа. Како за почеток мислам доста раскажував Ваљда ќе се вклопам у друштвово и ќе се дружиме почесто. Имајте убав ден. Не знам у оваа тема колку значи оти иде викенд. Ама мене многу ми значи. Плус денес ќе се оди и на фризер ОдоХ
Не сум пишала ехеее не памтам од кога. Еве сега да ве поздравам.Стандард секој ден голеиот школо ние со бебушко си се дружиме.Уште малку 7 месеци ќе прави, кога поминаа Лазе како некој војник де влече по земја,овде остави го таму ќе го најдеш,со храна сме скарани не сака да види никако,ама затоа секоја трошка што ќе ја сретне по земја завршува в уста Сакав само на @Bubce38 да и посакам огромно добре дојде во оваа тема Обожавам да те читам,каде и да пишеш колкав пост и да пишеш толку ти се итересни и читки постовите Гушки и бакнежи до бубчето со најубави лажачки цуцли
Вакви коментари колку ме нервират. Гледам сите што прележавме ни фале нешто. За твоја утеха јас одев цела бременост на работа и не се заразив. Се породив и после 3 недели се заразив од јатрвата. Ни она не знаеше од кај фатила, само до продавница одеше оти и нејзиното бебе беше мало. Јас не ја обвинив неа во ниеден момент. Нека поминува со лесно само. Овие 2години други болести не постојат, дури во психата ни е навлезено и само црни сценарија си правеме. Пред 2 недели ми беше лошо, имав грутка во грло, отежнато дишење, тт, кашлица, еднаш толку омалаксав што мислам дека тонам, не можев да станам од креветот. Почнав да си мислам дека сум позитивна, дека ќе ме стават на респиратор, се молев да ми биде добро, заради децата највеќе, не сакав да останат без мајка. Во брзата помош бев, ништо не ми дадеа, не ми обратија внимание никакво, си дојдов дома разочарана. Се тестирав, бев негативна. И тогаш дури се ослободив и престанаа црните мисли. Ете до толку е дојдено ова со вирусот
Добар ден мајки Бебо стана уште пред 9 и тоа би било одлично кога бебо не би легнувала во 1 едвај и со пиштење, сите ми ја праат дека е 6 месеца а бога ми со спиењето и така се понаша. Секако пробав од сабајле не биваше никако да заспие па ја изнесов надвор анд д маџик воркс. Она заспа ја на клупа у паркче се најадов па да пишам и да ја носам дома. Шо знам многу критики добивам од типот на ладно е, мала е, корона е, нормална ли си што ја изнесуваш, ваљда чист водух (колку што е чист у скопјево) е подобар од тој дома, мада за воља на вистината секој ден и на минус ветрејам. Шо знам, на крајот од денот ние сме само луѓе и сите праиме како што мислиме дека е најдобро. Помош немам од никого па искрено и мене ми прија да не сум дома макар еден саат. Бебо е у 4ти скок а мама е тенка со живци па ако преживељм до 17та недела а само што почнавме ќе пишам пак. Маж е нон стоп на работа и светла точка ми е кога ќе си дојде у 7-8, понекад се осеќам многу јадно ама јбг ќе се изгурка додека да пркне малце малава и да се рљзубљви времето, после е подруго. Тоа е тоа за сега. Останете ми убави и здрави
Здраво мајки Решивме следното бебе здравје зимско да го темпираме Ко божем до нас е ама колку да се врти некој муабет. Со летново бебе, одмор нема, 40 степени фати не можеш ни да мрднеш нит па знаеш кај тераш првите месеци, после таман сме се стабилизирале дошла есен почнува ладно. И еве го сега кога највеќе ужива надвор максимум пола саат се седи и тоа не секој ден Пролет ми е слатко горка тема. Таман ќе стопли јас на работа се враќам Не ми се иде ама ииич, ич, ич. Колку и да викам дека ми е монотоно дома и не можам да постигнам се да направам у еден ден си терам у тој бубањ. Вчера на цел умор не можев да заспијам пошто се мислев како ќе тераме со бебушко кога ќе тргнам на работа. А околу 2-3 саати се у прашање што треба баби и дедовци да го причуваат. А не ми се остава на никој. Ваљда е нормална фаза сите новопечени мајки што ја поминуваат. 9 месеци породилно ми се чинеа вечност ама еве веќе се ближиме кон 7ми месец Ќе биде како што ќе биде. Битно бебушко е умен, расте од ден на ден, заличува на мало човече. Цели 5 заби имаме Со храната сме скарани ама нормално е, кој маж мења цице за јадење Ќе научи, не форсирам ништо, нејќам да правам трауми и на него и на себе. Гушкајте бебушки и у најтешките моменти издишете и сетете се кога мечтаевме да ги имаме во раце. Поздрав најмајки!
Здраво виртуелни пријателки. Колку нови ве имааа, или јас што заборавам да пишам, па сум ве заборавила Помина најдолгиот месец од годината. Помина и роденден и крштевка на бебе, имендени на маж и поголемата ќерка, ма цел месец ни беше со поводи и прослави Многу убаво ми тргна годината. Се запишав на факс, да ви се пофалам. Лани не успеав ама годинава бидна. Тоа ми е хајлајт на годината,многу се радувам и многу ќе се вложам во него, ептен сум горда не себе што се решив. На приватен сум, вонреден студент, и веќе коа се вложувам финансиски барем и се од себе да дадам за убави оцени да земам Е сега со дечките како ќе се снаоѓам за учење, видечемо Дома со две дечиња е хаос, во позитивна смисла. Ова е хаос што просто го обожавам, што не насетував дека воопшто ќе биде вака. Јес да имам денови во жута фаза што мислам е нормално ама добро е. Многу се слатки двете. Големава е ептен голема некако, ја пази и маза малата, а малово богами пргаво и бељаџика, па дада и туку ја крева во раце и ја трга од некаде каде што има потенцијална опасност да тресне. Скорото треснала така страшно дома дур јас бев на работа, си носеше модро око 10 дена, среќа до роденденот се исчисти. Само многу е љубоморно бебево, не дава да ја погушкам големата, одма плаче за неа да ја земам во раце. Ова запамтила од лани, па сеа и враќа на дада Роденденот го поминавме дома, because ваксанјс.. Крштевка во ресторан со најблиските, ама битно се обележа и помина и тоа гајле. Бебе доби две златни нараквици поклон, и жал ми е да ја сменам едната за нешто друго.. Ја оставив во случај големата да се предомисли и рече дека сака да носи, а знам дека нема.. Ќе им ги чувам дури пораснат, злато не губи на вредност секако. На работа турбо, дома сум турбо, навечер не сакам да спијам рано па дремам до 1-2, се опседнав со Задруга и нон стоп ја гледам кога имам прилика Малово како направи годинка почна да спие во тишина и да не станува на секои 15мин, инаку до пред 10 дена со фенот спиеше. Почнаа сметките за струја да стигаат вртоглаво големи, па викам ај да пробам дали ќе осети.. кога она едвај чекала во тишина да заспива. Од три дневни дремки префрли на две, од кои едната еве сега околу 10часот, другата е кон 3, и до 9 навечер е турбо, па таман на време заспива а богами и се изнаспива. Сабајле во 7:30-8 е ко аларм, дада оди во градинка и она со неа станува. Викенди секогаш прва е станата, седнува на кревет и на цел глас вика “еееееј” и оди и ја шлапа големата по лице,или ја кубе, само и само да ја разбуди И така, сега спие па јас постот инаку почнат од петокот, си викам дај да го завршам некако Чекам да стане па да ја пратам кај свеки, да исчистам дома, пуштам машини и се остало, оти не ми дава да ја испуштам од раце и работам било што. Големата е на викенд кај мајка ми,стандард, па ова лепенка за мене. Само да е убаво времето денес, да се изнашетаме Нов бицикл има за брдеј, па мора да го истрескаме по патиштата асално Што друго да ви кажааааммм.. Со новиот начин на исхрана уште сум океј, до Мај една година ќе направам и не ми е на памет да престанам, мислам и зошто би кога ми прија. Од утре нови програми се отвараат кај Ана, па еве да ве поканам, доколку има незадоволно од својата килажа и изглед нека се пријави и нема да зажали ни секунда, тоа е просто најдобрата одлука некогаш донесена. Со вежбање паузирав ама пак ќе се активирам со новава програма. Од 3хл сега сум Л а некои алишта дури и М, следна цел е да останам на М а во Л да пливам и да дојдам до 62кг. Порано ќе речев лето иде,сакам тип топ тело, ама дефинитивно не е за летото овојпат, туку така чисто за мене. Јануари се јадеше и пиеше многу, вагата се расипа, тоа е знак од универзумот Мајки,убав ден имајте и простете на каша попара постот, сакам се да кажам во еден пост, па затоа е вака расфрлано
Утро! Како сме? Зимава не се дава, дајбоже да се испука сега во фебруари па од март натака да не остави на раат, многу мразам кога ќе се стопли, опушти се и ајде после наново снегови, врагови. Така лани за 1 април, пред тоа еднаш се деси за на маж роденден во март... Ме радува што зимава ќе заврши, јас сакам лето, сакам топло и сакам да се движам секаде со точак, само така сум среќна. Имаме милениче, ни дојде дома мало кутре и си го прибравме, моментално се е воодушевено по дома од него, ама синко не му се приближува. Ако имате совет како да го доближиме кажувајте, со напомена дека се плаши многу ама не го мрази, не дава да го дадеме пример, си го сака. Си мислам да му купиме некоја играчка која ќе биде демек од кутре за дете, некое чоколадо или нешто што сака, па да видиме. Што мислите? Мајка е во пмс, ама нема симптоми, само тук там нешто, така да дома е мирно и нема викање и урлање, што е добро. Мислам дека нас фамилијарно не фаќа мојот пмс, сите тројца. Па да се надеваме дека вака ќе биде и следните 8м, што викате? Едно ковид бебе, јер прележавме дома минатиот месец комплет по втор пат, па што да не. Ко што пишав и во другата тема, бесплатно е да се надеваш, надежта последна умира. Спремаме роденден, рано е де, ама јас се спремам, Супер Марио е темата, ќе се прави на отворено дали во двор, дали во паркче во Сарај, ќе видиме, па макар чекале и да се опраи време. Мајка деновиве ќе почне да нарачува од Али, ус пат и првоаприлска маска ќе нарачаме и тоа ќе ни биде облека за роденден веројатно јер сме збудалени по Супер Марио. Он би играл дење ноќе Супер Марио и стварно го бива и знае да игра, јас вечито паѓам, па ми се смеат. Ама не смееме по долго да играме па само додека сме со обврски го пуштаме да поигра па после пред спиење гасиме. Не знам како не го болат очињата, јас вчера додека јадеше се заиграв кратко, очите ќе ми прснеа, он би да игра до полноќ. Дури изрази желба и да не иде утре у градинка да игра, ахам... Доста беше за утрово, испив со Фемина кафе и лимунада, да одам да купам сега додаток некој за доручекот да се изеде полесно, па да се работи после. Убав вторник мајки!
Мамички, не знаев во која тема да прашам, па ќе пишам овде. Дали продолживте некои од витамините што ги пиете во бременоста, да ги пиете и после породување? Јас сега пијам Proven Probiotic со пренатални витамини, Ideos ( калциум и д3), магнезиум и бедоксин, железо и витамин c. За Вторник ми е закажан царски, па не знам дали нешто од овие се продолжува понатаму или тоа ви кажуваат во болница?