Па најверојатно ни он не е свесен што е кажал, само повтори по мене. И не го преувеличувам, се зачудив и јас премногу и смешно ми падна, па сакав да споделам. А и сите што го гледаат ми викаат дека нивните деца не се однесувале вака на негова возраст (сам стои на нозе, мавта со рачето за чао итн) , значи не е воопшто до мене, нема сигурно да си фантазирам или да се фалам дека мојто дете е нешто подобро од другите. Секое дете се развива различно, на крај краева најбитно е да ни се живи и здрави.
Види да стое , да праве др такви работи не е нешто што не се случува и кај други деца на таа возраст , али да зборува посебно такви зборчиња е речиси невозможно , тоа било само еден баблинг што се погодило случајно во моментот несврзан , а ние родители као родители , па и прво бебе одма рипаме и малку си преувеличуваме , одма школо им планираме . Никој не те нападнува таман работа , само сакаме да ти укажиме дека е нешто друго не е тоа што ти мислиш. Сепак сите сме поминале низ истото
Тоа го прават и други деца, гледам и по моето колку повеќе прави од што правеше брат му ехее. Ама тие зборчиња на 5 месеци не се со значење и не се несвесно може да ги изговори но и невозможно е да ги изговори. Редовно се консултирам со стручно лице затоа кажувам. Секое дете е различно еве од иста мајка се па небо и земја се. Такви зборчиња може да се јават после 7 месеци по примери што гледам.
Моето дете е такво. Сите се чудат како толку разбира за нејзина возраст. Има голем фонд на зборови и знае да каже ако и е полн памперсот ако и се јаде..
Јас пак, ветив ќе пишувам повеќе во темава Бебуле вчера дури чудно мирен ми беше, си мислев дали се е во ред ( тоа е таа помисла на мајка, мирен е дали е се во ред, немирен е дали е се во ред.. Нема средина ) Го ставаш на игралната и си тераааа... Ние идеме со татко му да му правиме муабет абе пред лице му идам да ме види не бре, си продолжува тој со играчките, ич не не ферма нас! Па тој фокус на него.. мислиш решава некој којзнае каков проблем. Ама денес друга песна, цел ден е кенкав, но тоа не е се кенкав е само со мене!!, го оставив пола час со татко му глас не му се слушна... Ме сака ли мене бебево Менува од ден за ден. И да, ве читав во темата за спиење на бебето, исто и моето не сака ич во раце, баба му ќе пробуваше еднаш да го успие, и го преморивме само после нејќеше од премор да заспие, ... за спиење само количка и цуцле денски, креветче и цуцле навечер.. Дури ако пробам да го ставам да цица а му се спие ми плаче ми вришти, му сметам во спиењето на дечкото
Денеска четвртинче роденденче. Летнаа 3 месеци од кои на првиот не се ни сеќавам нешто многу. Изгубена мама со спржено мозоче од неспиење и премор. Морам да кажам најискрено дека првиот месец ми беше многу тешко. Темпото ме уништи па стварно бре мами тоа си бара бре кокаин Попладнињата ни беа ужасни, грчевите беа присутни до месец и пол.Таа плаче, мама со неа неколку пати плачеше, тато се осеќаш е виновно зошто плаче само кога ќе си дојде он од работа...мини хорор приказна. Ама кога тие поминаа почнавме саглам да се запознаваме со моето суштество. Најчесто сме сами, тато на работа, една жива баба која оди на смени на работа, една тетка која не држи бебиња помали од шест месеци, дедо што паѓа во несвест кога бебе плаче. Така ни е отприлика ама редот сама што си го имам фатено ми е по таман. Некогаш стварноооо ми е тешко физички ама откако почна да се смее свесно и да Гуга ко мајмунче се и заборавам (ова најсериозно го мислам а мислев дека е мит како муабетот со леле само што ја видов се заљубив после пораѓај). Околу психичкиот дел (што е многу побитен) мислам дека добро пројдов бидејќи сите се плашеа што ќе ме спука со оглед на загубата од минатата година. Најискрено имаше денови кога се прашував лелеле дали тоа бебе вака ќе плачеше или кога си викав абре ова требаше да го поминувам минатата година ама тоа беа епизоди, кратки за среќа. Имав јак тригер кога мајка ми ми донесе поклон од тетка ми и во него имаше тренерчиња со натпис best little sister Да, да. Ненамерно е, стара жена, не знае англиски. Ама мене тоа се скрши ама малце. Мм рече па она е стварно помала сестричка, нема што да плачеш. И така е. Да не звучам патетично ама некогаш кога си се кокоти сама гледајќи таму некаде си викам еј па може дошла да ја закача сестричка и. Како и да е ролеркостер неверојатен е ова мајчинствово. Буквално учиш да си мајка секој ден и стануваш се подобра секое утро
Ова за сеќавањето... Јас ништо не памтев... Излегуваме од контроли и маж ми слушаш дека треба така или не треба... Јас му викам што тоа Јас ко викам ништо ти не слушаш. И така беше само слушав до делот се е добро и толку. Среќа он идеше секаде со мене задолжен беше за памтење "што ќе кажат"
Хај мамас Ме нема оддамна во темава. Денес прв ден на работа со плачки. Separation anxiety пуштено на најјако кај мене. Беба што е лепак лепак е ама јас сум повеќе. Секогаш сум била мекуш ама ова мајчинствово ме направи уште поголем . Претешко ми паѓа разделбава (ако ќе одам само по 4 саати на работа). Сабајлево само што излегов од дома солзите сами ми почнаа. Среќа и либе со мене па ме утеши дека и него му е така секој ден и дека за неколку дена ќе сум поок. Ама сериозно да имаше он некоја висока плата ќе си дадев отказ. Никогаш не сум сакала да бидам stay at home мајка ама не сакам бебушка да си ја оставам. Овој месец со мајка ми ќе си се чуваат па од нареден во градинка. И можете да претпоставувите дека по 10 мин одкога излегов се јавив да прашам што прави . Си игра мува не ја лази Друго се е супер. Бебесита расте со брзина на светлината. Лази, се исправа на се и сешто, вика па па, ба ба и е многу интересна станата. Со план сме крштевка да и правиме на 1ви Мај па се надевам дека тогаш ќе стивне коронава. Извинете за негативава ама морав да си ја олеснам душата а вие мили мои најдобро од сите ќе ме разберете. Ве гушкам
Здраво мајки Бебка спие на перницата од која нозе веќе му висат ама не си ја дава, па јас да шкртнам збор два. Морам да се "пожалам" од посвоеното дете (мм), ми го закача и го збудалува помалото. Вчера бев 20 мин искочена од дома, кога се вратив ршум беше во секоја соба се можно. Си викам машки како успеавте хаос да направите за толку кратко време. А уште ни до лазење не сме стигнати. Значи големото дете растура сам Да го враќам на свекрва ми, не иде. Да ја викнам да раскрева секоја мајка по своето дете, ќе рече ме викаш да чистам, јер моево умно си е Шала на страна огромен дечар е мм и спремна сум психички дека лом ќе биде се. Пресмешен е пошто е грамада од човек кога ќе почне да изведува. Тоа е глумење, валкање по земја испуштање крици, а бе не знам кој повеќе се смее дали бебе или јас. Бебуш го обожава, штом го види пушта секаква играчка и се тегне по него. Знае дека се ќе му даде да пипне, да фрли и плус ќе го гњави. Ама па и многу се чуваат, ми се погоди што работи од дома па за што и да треба у секое време е тука. Да јадам раат, да зготвам набрзинка или да ми подаде нешто кога спие бебе. У меѓувреме на бебе му никна уште една двојка горе, стигнаме до 6 заби Почна и да јаде малку повеќе кај и да е ќе стигнеме до 100 грама каша. Ама не се секирам има доволно килажа накачено, рацеве ќе ми паднат некој ден. Се надевам денес ќе биде потопло да прошетаме некој саат надвор, денов од 5:30 ни почна, ако видите заспана мајка на клупа јас сум. Ве поздравувам
Здраво сакам да прашам дали е дозволено да пијам нешто за подуеност (гасови) дојам и дали ќе му смета на бебето он си пие саб симпекс дали ќе прави проблем јас ако земам други за мене и ако смее кои да ги земам?
Здраво мајки на најсакани бебиња и дечиња Стотина пати влегувам на темава да пишам некој збор, ама инспирација нула и се попишманувам. Ама овој пат не, реков барем да ве поздравам. Едвај чекам пролет да дојди. Не само календарски, туку сонце да грее, цвеќиња да цветаат, птици да пеат. Дотогаш ќе сум мрчатор на најјако. Конечно синче почна да лази. Преку ноќ порасна, буквално. Пред тоа превозно средство бевме со либе и го шетавме в раце, сега ко сообраќајци сме, да не чачни негде кај шо не треба. Нови омилени играчки му се лажицата за облекување чевли/патики (не знам како се вика ако има стручен назив ) и нараквицата за рерна. Разбира сѐ повеќе и повеќе, почнува да извршува команди, да повторува тоа што го учиме, ама не продолжува дури не му речиш 'браво Јован'. Па се смее и плеска со рачињата, дури после продолжува. Намигнува најсмешно на цел свет, ги влечка шишињата од една во друга соба и се плетка во сите кабли шо ќе му влезат во видно поле. Па со залет лази и легнува со главчето во прегратки, како некое маче. Научи кај му стои млекото, па штом е гладен иди кај мене и крева маица. Буцка со прстето на сите бемки, пеги, нос, очи, уши, уста, на секоја различна точка или дупче шо ги гледа и секако меѓу елементите в кујна. Моментално е во седми скок и ќе штедам на зборови да опишувам долго, доволно е да кажам хорор. Да требаше име да му дадам на скоков, дефинитивно Screaming ќе беше. Би пишувала уште, ама дремката ме надвладува. Во некоја следна прилика ќе се доискажам. Имајте мирна и спокојна ноќ. Гушкајте лепоти од деца најсилно на свет. ❤️
Добро утро мамис, Денес денот почна, ама ние пред него Млечката моја ич не разбира дека мама си е по спиењето…ми се спие ми се плаче. Инаку во црвена зона сме, ама тоа е така од раѓање кај нас, не седи сама никако, сега се научи подава раце и кисни. Многу нови работи научи, ми се чини бајчето мое преку ноќ порасна и почна да осознава, се буди заедно со пролетта- што ни доаѓа . Се врти- превртува како гасеница е, седи веќе стабилно, и цело време нешто на јапонски кажува, оди разбери ја, обиди за лазење има исто. Пресмешна е некогаш како да се кара па и тоналитет менува. За спиењето нема ништо да напишам , ама еве да споделам расте запче, не е излезено ама веќе се чувствува. Порачав форма сама ќе ги правам колачињата- ако не се пофалам и ако не видите слика да знаете дека не испаднале многу лични. Јадењето почна катастрофално, почнавме на една недела пред 6 месеци, уста не отвораше. Сега почна по 50-60 грама да јади што е огромен напредок и пред се највеќе ме радува што бара. Кога ќе ме види да јадам нешто ам ам вика, се смее и џвака на празно. Планирам од нареден месец со работа да почнам, еден ден во недела мм кога е дома, многу е лепенка за мене и треба да се учи малку и со тато, а и добро ќе ми дојде да излезам на момент од рутината. Друго не знам што да пишам а и мадам мала веќе не ми дозволува, ме тегли, кенка бара целосно внимание. Убав викенд
Еден update од мене мамички На толку тресење, Калина си ужива со баба и . Од прв ден се заспале, малце било тешкичко јер си го барала цицето ама битно заспала. Не ме бара дур ме нема, си играат се смее. Значи супер си е. Златна е И конечно и мене ми се опушти душата и можам да си одам раат на работа. Убаво ми доаѓа сега кога знам дека е она супер . Башка 4 саати за почеток таман ми се . Кога ќе се вратам дома живи радости е и не може да дочека да се соблечам. Чим го извадам прслукот и ги види одма е хехехехехе и трча да се закачи. Сега почна и стоејќи да цица блесавка моја. Тоа е мамички, да не не мислите супер сме ќе ви кажам од април во градинка како ќе биде
Здраво и од мене после мнооогу време. Малово си дремуцка, а јас си лешкам до неа. Значи колку повеќе спијам, толку повеќе ми се спие. Кога сум на работа спијам само 7 часа и сум поодморена и свежа. А сега дека седам дома па со малата си поспиваме по 10часа и цел ден сум како поспана. Малово е добро сега. Имаше покачена тт и пролив, примаше инфузија и малце се подобри. Сиротата целото раче ѝ е модро. Колку ми беше тешко да ја гледам со канилата, па како плачеше, па испомалаксана и измалтретирана. Вчера скоро цел ден плачеше. И дадов далерон пола доза и малце се потсмири. Заби се. Првото ѝ искочи на роденденот. Освен тоа што плачејќи се будеше од сон неколку дена, немаше други симптоми. А сега со тт, со пролив, со сѐ. Аман веќе. Од минатата среда глава не можам да кренам. Само нека се оправа. Почна да повторува некои зборови јас што ги кажам. Многу ми е интересна, сака да зборе. По нејзино нешто си кажува,ама и некои зборови убаво ги изговара. Дома се исправа на што најде и кога ја фатам за рачињата си оде. А надвор не сака, одма шире нозе да седне. Во количката веќе ми е страв да ја возам од што се исправа. Еднаш шетавме низ чаршија и пробуваше да се исправе, па татко ѝ ја намести количката во легната положба а она си легна на меше со испрчено газе нагоре. Колку ми беше смешна. Инаку почна и со дада ѝ да се закача, особено ако ја држам и дада ѝ дојде кај мене, малово одма со раката ја удара и бутка да се тргне од мене. Само некај мене пруже раце и по мене плаче. Ако ја оставам на земја плаче, во дубак нејке. Некогаш ја ставам на помошната маса во кујна, ептен е кефна. Дада ѝ нешто овој период е ептен мирна. А и си јаде повеќе и траже да јаде. Ѝ давам б-комплекс сируп, па малку ѝ се подобри апетитот. Имаше период кога после градинка до вечер скоро ништо не јадеше. Салата, пржено јајце и овошје си јаде, ама не може само на тоа да биде, сакам и зготвено да си јаде. Почна да си го пишува името. Сака да ги уче буквите и бројките па пишуваме дома. Умна е ама до кога. И јас едвај чекам да се стопле времето, да излеземе на тараса и по двор. Цело време дома не се седе. Поздрав мајки
Здраво мајки! Ние еве со "нетрпение" го чекаме четвртиот скок, дома со мм само во страв седиме А бебе деновиве само си се смешка, и си викаме затишје пред бура. Ептен е интересен сега држи играче во раце, се нервира дека не може во уста да го стави, и почнува малце на страна да се врти лево десно. Треба да одиме на вакцина следната недела, на мама повеќе и е страв Морам да се пофалам, конечно фативме ред со цицање И стигна бебуш да одбива шише (ок некогаш само - ама тоа е победа за мама )Се нааадевам дека четвртиот скок нема да не зезне Морам да кажам и уште нешто Само кај мене во раце заспива, пред некој ден кенкаше и плачеше пред спиење, го зема мм и 15 мин се бореа во раце тој плаче, мм се поти , и на крај ми го дава мене и во истата милисекунда се смири и заспа Уф каква љубов осетив, неопислива Имајте си убав ден и посакај те ми среќа за скокот. Ќе ви пишам како поминуваме
Што убаво штом ти заспива во раце и што се смири одма кај тебе Кај мене мува не го лази а баш ми е мерак скоро 7месеци сме Со лесно во 4ти скок и да нема никаква промена
Описов и статусов како јас да ги пишав. Се се исто значи, најсмешни со Бравооо ми се @kostovaivana супер, малку ете и требало да се навикне. Јас понеделник почнувам ми се плаче, ич не сакам, бебе со никој не сака освен со мене. Заспива само со цицање, шише/цуцла не фати вечерва излегов на саат/два до сити мол поклон да купам за 8 март, мајка ми дојде да ми помогне додека се уходам на 3-4 дена и со нејзе ја оставив. Се дупнала од плачење. Кога влегов дома двете беа како камион да ги прегазил не знам што ќе се прави од понеделник, тешко дека мојава ќе се навикне со друг, ништо не ја интересирало, јас кога се појавив инстантно престана плачката…
Good morning mamasitas Работно саботно утро за мене. Нема баниче од мене денес, чекам мајка да ми донесе да каснам за адет. Се прави кај вас денес за денот пред Прочка? Не јадам белo брашно ама за баник ќе напраам напори Си пијам смути и се расонувам полека. Едвај едвај, ми се спие ми се плаче и би спиела три дена и три ноќи без престан! Бебе ми прооде, повелете на постапалки попладне Не порачувам колачи, ќе си месам стандард старомодни постапалки со суво грозје кое ќе глуми нокте, кои патем изгледаат ко кокошкини нозе ама нема везе таков си е адетот. И бебе штотуку проодено, ровари насекаде по дома, активна е 15 саати во текот на денот, се прави важна дека знае да оди па се врти во круг дур не и се сврти памет, трча по мене во кујна немој да избегам случајно, и слични бебешки работи Дополнително и запче излегува, 7мо по ред, отечено мноооогу и сигурно има многу болки, спие едвај по еден саат навечер и спие само на нозе да ја нишкам или да цица, а неретко тоа е all night long Има денови кога некој да ме праша како се викам верувам нема да знам да му одговорам.. преморена сум страшно многу,премногу, и се тешам дека и ова ќе помине и ќе издржам.. Секојдневно со главоболки, ќе станам во 7 да испратам маж и дете во градинка, алишта да спружам,постелам, па бебе станало, појадуваме и надвор, во 12 одам на работа. Време немам за ништо, ни пред ни после работа, едино на прва смена ама тогаш на вратата ме чекаат да си дојдам за да седнам со нив да си играме, секунда нема да го одморам грбот.. ама вреди за нив се, па не се жалам и не ги праќам кај бабите за да прилегнам па си уживам со нив.. Криво ми е што немам 20мин за да извежбам а многу ми фали вежбањето, ама не знам дали верувате дека буквално немам време за мене воопшто. Летото барем преспиваа и имав време пола саат сега ништо Нека пробие запчето да почне да спие па да си вежбам и да се одморам веќе еднаш. Маж ретко се вртка дома,па не можам да сметам на него ни за еден туш од две минути да ги поигра, се дешава два три дена така да легнам среќа ретко, ама битно се дешава.. Не толку убавата страна на мајчинството. Него му признавам дека мене ми е 100 пати поубаво со децата кога не е дома, јас нив не ги гледам како обврска, ги чувствувам само и само како љубов! Мене ме исполнува тоа време поминато со нив, макар била нејадена и неизбањата Денес ќе се прави баклава и ќе се месат постапалки, треба да испијам 3-4 кафиња за да бидам во форма до после… Ќе ви пишував уште ама заборавив што мислев, постов го пишуваат два саата, па избегаа и мислите Имајте убав ден