Ее така, живнала темава - колку толку Со мерак ве читам Добро вечер од југот Дождливо и овде, од сношти нема престанато Не може човек да си излезе со детто да прошета Ние арни. Растеме со брзината на светлината. Пројдоа 2 месеци а мојто Бубе е веќе право човече. Напреднува ко по книга Две килца за два месеци. Пројдовме и ортопед, рече громче ни било детето. Му Вели на мм- се гледа колега дека го вежбаш детево а мојов ко теле у шарена врата го гледа. Аааа тоа мајка му вика, јас само од далеку го гледам и ако треба диши диши Кај ќе го земам у раце вика, види колку е мало Се чудеше ортопоедот. Па ајде зема му го тутна у раце, а мојов уште да заплаче- Бубе земај го земај го одма ми вика, почна да мрда. Да мрда бе И на вакцина бевме. Супер пројде, немаше многу плачки. Т.е татко му пушти некоја солза, па го зезаа таму колешките. Дежура мм и на детско одд кај нас, јас не знам како ли ги прегледува таму тие деца Има изговор- на 6м веќе ќе можел све да прави. Нема грешка, невешто ќе праве Ама не се жалам , не ми ни треба да ми се меша у "мојта работа" Нека си печале он парички, јас ќе си гледам детето и 'куќата' Внучка од брат неќни имаше роденеден ама не отидовме Штип. Се плашев да не ми настине нешто по пат баш пред вакцината. Па здравје ако е све во ред планираме овој викенд да отидеме кај моите на два дена. Ваљда не е проблем 100 км да го извозиме Тие баба и дедо со душа го чекаат. А богами и ние ќе можеме да шетнеме 2 ноќи. Ќе си рече некој на оваа само кафана и е во мозокот ама па кажав дека морам бар еднаш месечно да се издувам. Вчера за прв пат ми поспа бебето во раце пола саат. Брееејј што убаво чувство било Се стопив Пробав и денес да го успијам у раце, ама нема шанса. Се тегне, прета, кенка...го ставам у креветчето и кома е Ама па ногу сака да се гали и да го бакнуваме, особено се смее коа го бакнува татко му. Ножињата му се излижани веќе од бакнуавње Заверглав у празно, нели Уште Прочка да ја спомнам Наместо баклава направив араванија. У оваа куќа тоа сакаат па уште поарно за мене. Утре ќе запечам некое диво месо и ќе ги викнам цимерите од озгора да си поседиме. Цимери ми се свекорот и девер ми Ако не ги викнам никако не идат да го видат внукот. Сабајле истрчав и до гробишта, запалив свеќа на мајче ( свекрва ми) И оставив и баничка, многу јадеше баница со праз. Си поплакав малку, почина пред година ипол, на 90 год. За малку не дочека да земе внуче у раце , а толку сакаше Ајде, тоа е. Ќешки сите да дочекаме толкава старост. Дур не сте ме испердашиле, ќе се испратам. Проштевајте ако сум згрешила нешто Имајте убава недела утре И бакнете ги палавковците
Добро утро на сите мами! Денес прочка, за убаво нека е и честит празник. Па како што е редот простете ако нешто сум згрешила. Сега да шкртнам збор два на брзина. До душа од вчера се мислам дали да пишам или не, гледам убава позитива се шири во темава па не сакав да го расипувам тоа, за жал јас последниов период како се ми се собра немам ништо позитивно за споделување, ама барем да си кажам негде бидејќи веќе на жкрги дишам. Најпрво ќе почнам од мене, овој месец циклусот ми касни еве до денеска две недели, помислив на бременост иако знаев дека нема шанси за такво нешто затоа што пазиме ептен, ама ајде сепак викам да не не сме се допазиле ко што треба , нејсе, направив тест и обичен дома и преку крв нема бременост, бев на гинеколог докторката вика се е чисто нема ништо, ми олесна малку, ми направи пап па сега чекам резултати... Ептен сум напната, во неизвесност, и сите можни црни сценарија ми поминаа низ глава. Дај боже да е се во ред, ќе видиме. Ама се грижам премногу. Капак на сето ова ми беше и ова со детето што се разболе и качи температура, вади заби и ајде поради тоа викам ќе третирам дома не го носам на доктор, 3 дена беше со тт, воопшто залак во уста не ставаше, без нерви останав, само на сок и вода живееше 3 факинг денови, веќе последниот ден попуштив психички почнав пред него да плачам и да го молам да касне бар еден залак или јогурт, ништо не успеа и го однесов на доктор, си заврши со инекции, фала Богу денес е добар, и денес му е последната инекција, почна пак да си јаде, пу пу да не го подречам само. Вчера за глупости се спукавме со маж, јас после сето ова реагирав премногу бурно, и така ми беше се насобрано и он уште ми фалеше, па му се истурив ептен јако, сега ми е криво премногу и пак си се утепав од плачење поради ова, ми беше премногу жал си викам што он мене вака да ми се испонаша и дере на цел глас, ама веќе стварно осеќам и сама попуштив психички, стварно се осеќам исцрпено, битно тоа помина и сабајле се простивме. Ова денес и снег навеа, не ми се верува колку снег има кај нас, цело зимо ништо немаше, сега среде март фати, а што е што до неќна мајца на кратки ракави носев. Тоа е тоа, веќе не знам што да пишам. Имајте убав празничен ден. Ќе се оди по гости денес.
Добро утро добар неделен ден на сите мајки. Недела одсекогаш ми бил тапа ден. Ништо не се дешава повеќе заморно одколку одморено. Тоа што останало да се досреди досичисти да се зготви за два дена (за тие кои одат на работа и за понеделник) да се средат децата за поголемите и домашна работа припрема за на школо... Денот посветен за дома. Па згора на се денес се разбудивме буквално затрупани во снег, не знам како е во другите градови ама Кичево е хаос. Дома последниве месеци сме добри и здравствено и емоционално од мај лани одкако се преселивме до декември буквално секој месец месец сме биле болни. Од кој јас повеќето психички одколку здравствено. Фала му на Бога оваа година одиме на подобро. Малото почна и почисто да изговара зборови да кажува нови букви да се разбираме како со голем човек големиот влага во шема на учење потешки теми на школо некако чудно му е кога разбира кога не разбира.... Во глобала двајцата нешто ново учат. јас еве месец и некој ден како почнав на работа, се мислев како ќе се снајдам со 8+ сати отсутна од дома а малото 2ипол години само со мене дома, не дека не седи со други ама учен е дека мама е секогаш дома. Ама лесно се снајдовме. Тие што ми велеа дека ќе се преродам откако ќе почнам на работа мислев - лесно е така да се каже ама биле 1000% во право. Полесно се дише порелаксирано е нема нервози нема непотребен стрес.... Што да ви кажам. Па мамички ве оставам со добро расположение имајте убав почеток на работната недела (од утре) и уживајте во денешниот ден.
@Bubce38 Бубо ич не се мисли, јас со неполни 3 месеци ја носев со кола 450км во еден правец Слободно вози го бебето, помирни се на таа возраст само спијат во кола
Здраво мајки! За многу години нека е денешниов ден. Живи здрави да сме само. Синко заспа конечно. Сношти на секој сат се будеше и во 5 сабајле го слушам гуга се смее, абер нема од спиење, а јас, па и татко му кома. Ништо живо не заспиваше. Заспа накај 9 саат дремна 40тина минути се преспа веќе хахаха. Сега ќе видиме колку време ќе спие. Инаку добар е расте брзо уште малку 4 месеци го гледам и си викам кога порасна. Надвор гледам баба марта на најјако се уклучила со снег со студ со сите салтанати. Ќе си седиме домче денес. Ај може и некој филм ќе се изгледа вечер. Кај ќе се оди летово на одмор? Почнавте да разгледувате? Едвај чекам лето да дојде. Прво да си одиме Охрид таму ќе сме летово, а и конечно на море да се оди. Да смениме секојдневие малку. Имајте убав празничен ден мајки!
Здраво на сите Денес врне,а Мартина сака надвор да оди и плаче Си се спремаме за друго дете и сите сме нестрпливи да дознаеме каков е полот,се надевам дека ќе е женско Поздрав и имајте убаво попладне
Здраво мајки Јас последно време ич не сум активна ич немам време. Денес брзински само да ве прашам нешто а од утре се надевам ќе почнам да пишувам. Кажете нешто со што можи да исчистам готвач на пареа значи лом е . И со брела вода со сјај измешано не не и не. Совет ?
Здраво мамички, Среќен 8ми март на сите, бидете силни,убави и упорни во својте цели. Да шкртнам и јас збор-два. Преживеавме 4ти скок, хаотично е мал збор, дренки по 20 мин, плачки, вриштења и се попратно со 4ти скок. Почна едно време да ми заспива навечер во 21 часот, ја таман се израдував еве ја уште не е легната а последно спиење и беше до 16 часот. Тоа е ќе се издржи. Друго е тоа што не сака никаде на гости, бевме кај мајка ми на роденден, тоа вриштење нема да го заборавам додека сум жива и кај на маж ми исто прави па морав у друга соба само јас и она па да се смири. Друго што ме напна периодов е еден многу кретенски муабет што се карам и сама себе зошто сум дозволила да допре до мене а тој е едно ко ниедно дете. хормони ли беа во прашање, карактер ли, ама ќе да е карактер си го доби личноста. Што мислите вие на оваа тематика. Лично мислам дека си е тоа мој проблем, став,желба,можност. И секој ваков муабет е безобразен. Тоа е тоа мајкички. Идеме во рунда 2 за успивање а вие имајте убава вечер
Муабетот е скроз безвезе.. јас имам желба да имам само едно дете. 3 месеци сум породена а преку еден ден го слушам муабетот "кога второ", "сакаш ли второ", "а зошто не сакаш" ко мислиш на нив треба да им раѓам второ Ама тоа е, триста луѓе триста муабети
Безвезе да ама едно е да прашаш кога второ а сосема друго е едно ко ниедно. Детето со 0 ми го множиш или како? Има да си го добиеш да не ти текне телефон да ми кренеш а не да прашаш за деца
На луѓето никогаш нема да им угодиш, ако е едно зошто едно, ако се две можеше и три, ако се три па прават ли нешто луѓево освен деца. Само игнор на муабети што ти тестираат нерви или сечење на прва. Си немаат друга работа па неповикани за се ќе ти солат памет. Од тоа како детето е големо за да цица и онака млекото после првите месеци било вода, до тоа остај го дење да не спие ќе се умори па ноќе ќе преспива. И ако земеш да се објаснуваш, непотребно енергија ќе си потрошиш, а и онака на 4% батерија се држиме секој ден.
Среќен празник мајки, со чаша вино сите да си прославите (богами мене добро би ми дошло ). Да шкртнам и јас некој збор, со мерак ве читам пишувајте почесто. Бебе заспа, ма веќе и не е бебе на 13 месеци, моето девојче ми порасна.Ви се верува ли дека дури сега почнав да ги уживам сите моменти со неа, дали премореноста на почетокот,преголеми очекувања за новороденче, нејзиното неспиење, нашето неискуство и хормоните ме правеа да се чуствувам дека сакам да помине овој период побргу и да порасне. Но со тек на време да таа расте но секој период си е тежок сам по себе, може веќе не ми е по цел ден во раце дека оди и трча по сите соби но сега по цел ден пазам да не се удри и качи кај што не треба и да не стави нешто во устаспиењето си остана исто, по цела вечер на цице и мама мора да е до неано еве научив и со 4 часа спиење да функционирам, спремна сум и во 3 наутро кога станува да си игра да си играм со неа (не дека предходно не играв ама упорно се прашував кај грешам), едноставно сватив дека секој ден е нивно растење и секое дете е различно, се ќе помине, да уживаме во нив се додека ни дозволуваат. Инаку секој ден му благодарам на Бога за оваа чудо, колко и да ми збореа предходно дека љубовта за дете е нешто што не се опишува не го сваќав до толку буквално. Сега секоја нејзина насмевка, гушкање, нежност ми го топат срцето. Да баш така, љубовта спрема дете е бесконечна и неможе да се опише. Април месец одиме МК едвај чекам сите од фамилија да ги видам а и тие нас, да ме одменат во трчање по дете Пред неколку месеци многу сакав да започнам со работа после 10 последователни работни години неможев да издржам дома но во монентов неможам да се замислам да бидеме оделени со ќерка ми по 9 или 10 часа (иако мн често и се нема баш и избор). Искрено веќе сакам уште едно бебенце па да се надевам дека Бог ќе дава и кај нас а и кај сите други кои посакуваат. Читам искуства од мајки со деца на мала разлика изгледа напорно но барем заедно да растат. Се испомешав во постов од сабајлето ми е почнат дури сега успеав да довршам. Требаше да учам за испит вечерва, па маж чисто ме праша дали пак ќе сум учела за тој да си најде занимација додека бебе спие му реков да и замина во друга соба, па искрено се замислив и си реков нема да ни е лошо малку ние да си посветиме внимание со по една чаша црвено вино(додека не ме викне ќерка ми на должност) Имајте убава вечер Мајки!
Знам дека е така, затоа и се искарав што дозволив да допре до мене муабетот. Ама ајде барем за тема тука е ок. Една ми е, златна ми е и не ја давам за уште 100 деца. А Бога ми немам ни намера да раѓам уште едно. Што знам, може за некоја година ќе ми се смени мислењето ама не верувам. Нека ни се живи и здрави кој колку сака толку нека му дава дедо Боже
На темава "едно дете ко ниедно" верувам дека не е кажано во таа смисла демек ти го множат детето со 0, туку го кажуваат во смисла као да не ги оставиш само детето. Уште додека беше помал синко сите тоа ми викаа, ајде сега второ и заедно ќе растат, едно дете ко ниедно, па само ли ќе го оставиш. Сега од кога подпорасна (1г и 5м) уште по често го слушам ова, ајде второ итн. Ама бидејќи не придавам значење на вакви коментари воопшто не ме погодиле, не чувствувам дека треба да се објаснувам со некого, само им викам здравје има време и не продолжувам повеќе на темата. Е сега јас сеуште сум на ставот дека сакам да останам само на едно дете, тоа мм го знае и цело време ми вика ќе се предомислиш, ама не знам, мислам дека нема да се предомислам, барем не во скоро време. До душа цело време се замислувам со две деца, ама сепак сакам да останам на едно од мои лични причини. Добро забегав малце со муабетот, како и да е, не се потресувајте од вакви коментари и прашања, не си ставајте при срце ништо, луѓето ќе си прашуваат постојано нешто. Е сега кога веќе почнав да пишувам барем да продолжам и да кажам збор два, да продолжам од неќна од постот каде што бев загрижена и се жалев. Конечно после две недели добив циклус, ми олесна премногу, не знам зошто толку долго доцнеше обично имам редовен циклус и затоа премногу бев загрижена. Синко е подобар, ги прими сите инекции, почна пак да си јаде и се враќаме во колосек полека. Е ама многу сум го разгалила очигледно што беше болен, се му одев по газе и сега си го запамтил тоа и само збеснува, се сака да е по негово, ако не одма легнува на земја и вришти на цел глас, се прашувам како од мало човече толку силен глас бре, тапанчето ќе ми го пукне мислам кога ќе списка наеднаш. Доста изнапишав, веќе цел ферман. Имајте убав ден мами, се читаме во следна прилика.
Леле исто, уште нема 40дена, јас уште сум во шок и луѓево...ајде сега одма и второ едно по друго Немам коментар за таквите луѓе, чудесии од луѓе живеат во Македонија, од што ме нервираат сум станала саможивник, несакам да се дружам И главното прашање да не го заборавиме.. доиш ли, имаш ли млеко, чекај ќе ти кажам како да правиш, што да пиеш, што да јадеш, а немој тоа да јадеш несмееш, слабо ти е млекото и тоа го слушам па едно 10пати на ден од секој еден што ќе ми се јави и веќе не ни кревам слушалка А јас кутрата мака мачам да зголемам лактација со тоа пумпата сум по цели денови, пијам се што треба, читам совети по нет итд. Многу ме фрустрираат вакви прашања и солење памет. Па не памтам ништо од ова да сум прашувала и кажувала и досаѓала на жени што се тазе породени. И еве дур спие цел опрчен на мене да пишам збор два за прв пат и јас во оваа тема. Полека почнувам да се привикнувам на овој ритам на неспиење, немање време за ништо и неопислив умор. Ама затоа овие очиња кога ќе ме погледнат заборавам на се. Добар си беше до пред некој ден си спиеше нормално и сега почна да вришти пишти да несака да заспие и неуморно да плаче се додека не го земам кај мене на стомак да легне и тогаш се комира и може да спие со сати. Ама па јас неможам да мрднам и ми е страв да не се научи и после само така да сака да спие. Не сум паметна за ова. Совет плис? Дали му е фаза, скок, или бељата ќе си ја навлечам. Душа мала е, уште од сега осеќам дека ќе го размазиме по дома сите. Долго чекано бебе, па се роди пред време, па беше во инкубатор и кога конечно си дојдовме домче сите му се тресеме. А тој мал мал...тек сега почна да пополнува облека до сега се му висеше па дури и 50ки му беа големи До следно пишување Ве
Мамички здраво , дали има некоја која дои и е бремена ? Каков совет ви дале педијатрите/гинеколозите да продолжете со доење или да прекинете ? И какви витамини пиевте , дали се доволни само оние кои ги дават на бремени или треба дополнителни некои ? Мојот педијатар ме советуваше полека да го одбивам , инаку имам 10 месечно бебе , а јас сум на почеток од бременост , не од причина дека е штетно туку дека резервите на мајката многу повеќе се исцрпувале .Си цицкаме само на сабалје, навечер и ноќни подои . Инаку и самата помисла на одбивање ме растажува премногу кога ве читам ди плачам …