@Bubce38 може да влезеш во Грција со негативен PCR ако имаш сертификат за прележан covid носи го и тој
Здраво мајки. Одамна ви немам пишано. Сте се собрале се мајки на бебуши, моето синче е 2 г и 8 м скоро. Голем маж. Така покажува мускули кога ке јаде. Нејадењето како проблем му остана од мал, ама сега дури и сам почна да бара. Во парк кога оди мора банана да јаде, ако пазариме по маркет се оди и се бара крофна. Му кажавме дека ние мора да работиме додека е во градинка за да имаме пари за во авион на одмор и да пазариме, па седи некако. Вчера дури цел ден без ич плачки. Од болница почна со грчеви па се до 3 месеци, од 5 и пол почна да вади заби и нејадење, па скокови изразени, тантруми, регресии во спиење, лудило. Сите мои блиски, поточно мајка ми баба ми тетка ми, велат кога второ и не ме разбираат дека сериозни сме дека второ најверојатно нема да има. Хотел уште не сум одбрала, преголем избор, и многу е лошо што за 100-200 евра од буџетот има многу подобри хотели, а буџетот веќе проширен, а сакам и за годишница од брак да одиме некаде, сакам во септември пак, ма се сакам. @Bubce38 секаде може со пср, јас и маж ми не сме вакцинирани и нема да се вакцинираме. И маж ми спомна не можело во Грција без вакцина ама јас не прочитав такво нешто на страната.
Немам сертификат. Не правев тогаш пцр и не влегов во систем. Може само со негативен пцр без серрификат за прележаност, знаеш за сигурно?
Да. Во јануари кога се враќавме од Мк за Грција ( таму живеам) за влез побараа само пцр од 72 часа сертификатот од вакцинација не го побараа воопшто. За на кафе ке седите надвор на масите и за во продавница ќе влезеш со пцр.
Добар ден мајки. Малово ми спие во раце, ми е страв да ја ставам во креветче, вчера само што отидов во спална се разбуди. Ќе си поседеме дома неколку дена, со коксаки вирус е, пола од групата во градинка имаат. Среќа што има само околу устата 3,4 брунчиња и на пеленска регија толку. Докторката рече дај Боже сите да минат така лесно како неа. Овој месец втор пат боледување за неа. Откако ја ставивме мрп многу ѝ опадна имунитетот. Пие витамини и се надевам дека ќе се опорави. Шефот неќни ми рече дека платата ќе ми се покачи, ама тропки што ќе земам цела плата со пола месец боледување. Ајде нека се збие на парите, здравјето е побитно. Кога сум кај работата ми се случи една неубава ситуација и од тогаш доверба во колеги јок. Во никој. Место да дојдат и да побараат од мене, они ме крадат. Се испонервирав и не можев да спијам со денови со мисла како ќе кажам на претпоставениот дека фалат работи. Си мислев јас сум крива, не сум запишувала на кој што давам, ама не е така. Се културно дадено и запишано, за на крај некој да си земе без дозвола. Ако уште еднаш се случи нешто такво ќе барам од шефот да донесе катанци и да ги заклучувам шкафовите. Друг начин нема. Со децата сум сама до вечерта. Кога беше поладно маж ми работеше кај еден пријател за дневница, а откако се стопли на куќата надвор работат. Многу е напорно, ама и тоа ќе се издржи. Да пробам да ја ставам малата во креветче, да се излакирам на раат. Поздрав
Здраво мајки Редовно ве читам, а денес особено сте распишани, па решив да ви се придружам. За почеток ќе бидам кратка со оглед на тоа што ќере ми спие во раце па јас со една рака куцам. Од нареден месец почнувам со работа, а таа во градинка. Имам некое bitter sweet чувство. Се радувам за неа, но секако постои чувство на страв и грижа како ќе ја прифати промената со оглед на тоа дека е мамина маза, сепак времето ќе си покаже. Умница е моја таа, ќе се навикне брзо, се надевам. Јас пак од друга страна, кога ќе го вратам филмот наназад, месеци претходно, кога се жалев и плачев зошто немам време за себе, зошто не спие сама, сега ми е многу криво затоа што не уживав во тие моменти и ми е жал што не можам да го вратам времето, да си ја гушкам и да ја држам силно до мене додека мирно си спие до мама. Тогаш имав грижа на совест и виновно се чувствував... Будалче. Се трошат деновите поминати заедно од утро до вечер, ми се плаче колку ќе ми недостига . Но тоа е новата реалност, на мама ѝ треба да се дотера, да се дружи со луѓе, да бидам и нешто друго освен мајка, а на неа секако потребни ѝ се врсници со кои ќе се дружи и ќе учи од нив. Расте со брзина на светлината, гледав слики од летово кога се роди, се утепав од плачење, а сопругот ми се изнасмеа, не сум била нормална . Премногу е интересна, многу е вокална, вика, го вежба гласот и цело време е насмеана. Ја обожава мачката, сака да ја згмечи од љубов, а најсмешно од сѐ е тоа дека таа не ја ни ферма . Има обиди за лазење, нон стоп се движи во игралната, ќе падне на стомак и вика помош, не ѝ текнува дека може да се сврти . Запче сеуште немаме, но мајка уште сега разгледува од каде да порача колачиња и која тема да бидат . На оваа тема, @Dancewere браво, секоја чест! Преубави се и сигурно превкусни На убавицата бели и здрави да се редат запчињата како бисери! Толку од мене, малку се занесов. Имајте убав ден иако е облачно денес, се надевам викендов ќе биде сончев и повесел.
Епа добро ни дојде Него влегов да пишам дека бебана спиеше денес 2 пати по 2 саата. Алооо сум се бањала сама А и седев на тросед не ми беше јасно што да праам со слободното време Није болест све што боли драги мои
Добра ви вечер мајки. Мене овие два дена ме утепа некоја летаргија, некоја мрза, абе само чекам да си го фатам креветот, а сон ич не ми доаѓа. Бебуш од ден на ден сѐ повеќе беснее, сѐ си "кажува", и мора да е се по негово. Кога и да го "скарам" одма се нажалува. Едно жално фациче што прави, како кутре некое е. Ем ми е смешен, ем жал ми паѓа, ама не смеам да попуштам, мора да сум малку строга, да го научам на ред оти ќе направи некоја глупост. Само бара или кабли да влече, или од на вујче ранецот прекорамките ги вади. Кај и да е ќе почнеме да живееме милималистички, све ќе исфрлам од куќава, само да не направи некоја глупост. Не дај боже да седнам на маса со него, ќе ми го изеде јадењето. Неќна јадев кифличка, ми ја украде од раце и бап во уста. Греота ми беше да му ја земам, ептен му се услади, си ја мљацкаше некое време па после ја пушти.
Ti se pogodilo detevo mirno moevo nekako se nauci vo race.t.e babite go naucija , sea da te.prasam za transfer vikas vo septemvri cinam I ti bese cardio si zborela so doktor kolko vreme treba da pomine od eden do drug mojo doktor mi kaza 18 meseci ama vika probuvajte si I vaka ne se znae I toa uste.od sega da probuvas a bebusov mi e 2 meseci I nekako sto znam sto e pametno da cekam Ili da necekam sekako za vaucer nemozam pred 18 meseci
Здравомајки. Дали може да ми пише некоја мајка што живее во близина на Wittenburg, ми треба нешто итно. Имајте убава вечер.
Може и со брз антиген тест и со пцр. Се укина од 15ти сега и плф, да знаеш. Дојди и до кај мене ако доаѓаш Солун
Здраво мајки Не сум пишала никогаш во темава па ајде да се сефтосам, има многу ствари што ми текнаа да ги пишам ама како тргнав да пишувам, блокада. Во глобала и таков е периодов, моменти среќа, моменти нервоза, моменти умор, променливост. Среќа се стоплува па можам да шетам со бебчо секој ден. А тој гајле нема, ужива во количка, по 4 саати може да спие така. А дома нишкај го пола саат за да спие 15 минути. Надвор булдожер не го буди ама затоа дома коленото ќе ми крцне и очите ококорени. Во 5ти скок е, често главата ми чури од нервоза и си викам каква немајка си бре, што знае тоа мало човече што секој месец открива нешто ново и којзнае како му е, па ќе се смирам. Во принцип за се го имам тој mom guilt. Ќе му пуштам baby shark 10 минути да јадам раат и одма проработува чувството на вина. А ова мое бебе константно бара внимание, не дај боже да го оставиш сам на минута. Поминав, барем мислам дека ја победив, постпородилна депресија, одам на подобро, редовно разговор со психолог и поддршка од мм. Ама уште не можам да мрднам од маало. Се тука шетам кругови како улава, не можам да се натерам да се дружам со луѓе, а ми фали старата јас. Борба за синко па и за себе, затоа и ќе успеам. Моментално на тераса си го нишкам бебе да заспие и ве читам, премногу ствари научив читајќи ве и некако ми помага и за психичкиот дел, дека сме сите заедно во ова. Имајте убава вечер мајки.
Здраво мајки Ох,конечно сонце,конечно топло,конечно конечно... Оваа зима мислам траеше цел век,дека дома цело време одвај ја издржав. Пред бременоста бев многу активна па сега ова седење дома мислам ме сруши. Уште сега правам планови каде се ќе прошетаме,каде ќе одиме на планина,каде на море ... Обожавам лето и сонце. Па нека е и 40 степени воопшто не ми пречи. Туку освен тие планови почнав да правам и други, како да го предупредиме дворот, па како тарасата,па да ја допуштиме куќата... Маж ми ако до сега не го полудев сега сигурно. А тој само вика добро,добро ... Ова со неодење/не сакање да седи бебе никаде освен кај мама и тато очекував да се случи ама не толку рано имаме 4месеци. Пред некој ден бевме кај моите па го зема мајка ми во раце,па она автоматски почна да ја врти главата и да разгледува секаде па кога свати дека не е дома не можевме да ја смириме. Ох колку грев ми падна, а мајка ми спремала,и купила полно работи,па почна да и вика па оти бабе,па не не знае бебево нас, па плаче од мене .. кого да тешам бебе или мајка ми. Туку друго да споделам со вас. Пред неколку дена бебе никако да заспие(заспивање редовно 19:30-20ч до сега немало промашај) па маж ми се утепа од држење и нишкање. Кога едно време ја остави во лулашката (која ја имаме од почеток ама ич не ја користевме) ја полула нецела минута и заспа. Ох какво откровение. Од тогаш прв другар ни е, и за денски дремки ја ставам ја лулам кратко и почнува да се прозева ја земам и право на спиење. Секој ден ја благословувам кумата за подарокот нејзин. Кога ќе ме прашаат како сте,растете ли? Ох не да растеме,секој ден со нешто ново ме изненадува а времето лета се плашам дека за многу работи нема да сме свесни или дека кратко ќе траат. Имајте убав викенд
Здраво мајки Не сум пишувала два месеци сигурно. Воопшто немам ни минута време, турбо сум овие месеци. Почнав нова работа, а и за во Мај организираме венчавка и крштевка за бебе. После запросувањето, се потпишавме во матично и ручек со најблиските. Имавме закажано свадба ама една недела пред свадбата почна короната и се откажа се. Сега имам огромна желба да облечам венчаница, незнам дали е глупаво. Јас битно бев и си пробав фустан Бебево мое е во 7ми скок. Имаше неколку дена плачки цело време ама сега се смири, а според апликацијата до громчето е Значи многу брзо растат, од ден на ден поголем е и само прави нешто ново. Од пред 2 дена почна да лази Прави здраво,чао со рачето, зема играчка ја фрла и си прави браво. Си игра сам на под, ќе погледне во нас и си продолжува. Не прави проблем и да е сам, си игра. Има една мана, ако е расположен вика тата, баба, дада, а ако е тажен или гладен вика мама. Ме нервира многу, сите ги вика со смеење само мама со цимолење/плачење Секој ден шетаме по 2пати, еднаш сами еднаш со мм. Има две дремки од по 2-2ипол сати. Сабајле си станува редовно од 6 сатот, ова од раѓање му остана така. Ама не се жалам, си спие цела ноќ, без будење, без цицање, одморена сум и јас. Сега спие, јас одам да направам ручек за нас и за него. Имајте убав сончев викенд
Јас му ги мешам со вода или сок, директно немам дадено. Леле, еден век немам пишано на темава, ама редовно си ја читам. Немав ни шо да кажам реално, дома-работа(градинка)-кратка прошетка-пак дома, цела зима во круг. Конечно од денес потопло време, па сега турбо работа да се средат зимските алишта, доста беше зима веќе ми се смачи, не сум јас зимски човек. Деца добри, ги однесе маж кај баба малку па сега на раат да пиеме кафе и да си ја дочитам книгава. Ве поздравувам