Здраво, мајки. Денес така ми тежи на душичката, па викам да ви пишам, да си ја споделам маката, можеби малку ќе ми олесни. Мајка ми го зема бебушот, го изнесе некаде. Јас малку главата да си ја одморам, ама мене упорно ми идат солзи, не можам веќе да се правам јака. Не знам како да се поставам веќе за да се справувам со ова дете. Некогаш знам да му подвикнам и после ми е криво, си мислам џабе е, секако не ме разбира, само јас се нервирам уште повеќе. Многу е своеглав. Многу е плачко, љутко, нервозен... Како сета лутина да е насобрана во него. Не знае да си седе сам, да си игра. Шо е тоа играње? Он очигледно не знае. Само да седе некој до него и да му прави циркуси, а некогаш ни тоа не му се допаѓа. Па никој нема толку слободно време, ниту па е расположен толку за да го занимава 24/7. Не знам дали постои толку захтевно дете. Некогааш знае и на сред јадење, цицање или пиење водичка да скокне и да почне да се дере и дури после некое време сам се смирува. Не знам зошто. Не знам како да му помогнам. Не знам како да го сменам.
Ние повеќе нема да откажуваме. Венчавка, крштевка и роденден ќе направиме. Ако не можи во кафана, дома или некаде на отворено ќе си прославиме.
Што се нервираш па ти, скоро сите деца се такви. Моето е година и не знае сама да си заигра, а ни па со мене. Баш преска седевме на под и ѝ покажував животни, ама воопшто не ја занима, после со други играчки пробав д ја занимавам, ма јок, отиде лазејќи до хранилката и се исправи на неа. Од дубакот пробува да излезе, од хранилката исто така станува и се исправа држејќи се за потпирачот позади. На креветот лазе горе на тоа за потпирање. Сама си се качува таму кога ја ставам да седе. Само од глупост на глупост оде. Никако да си заигра како дете. Спојлер: Бонус слика
Majki predlozete krema za lice za bebus od nadvor sto e pocna da I se vcrvuvaat obravcinata od soncevo i vetar
Здраво мамички на најубави дечиња Три дена одиме во градинка и супер ни е. Понеделникот беше 15-20 минути, вторникот саат, средата до 11 со прва дремка. Супер и е, дури кога ја зимаме кога ќе ја ставам во количка плаче, не сака да си оди. Таму многу убаво си играла, ептен им се радувала на дечињата и на воспитувачките. За дремката било малце проблем, само 10тина 15 минути во раце и спиела на воспитувачката, ама мислам дека пошто уште и е се ново и се плаши. Ама како и да е ова мое дете за се ме изненадува. Се што се плашев како ќе биде испадна супер. Во четвртокот примавме вакцини 2, пенто и превенар. Да ти се плукнам на вакцините. Кај се уби детево од вриштење, саат време не можев да ја смирам. Па ноќта температура ми качи, па цела ноќ со температура. Па и на рачињата кај што беше боцната и потекоа едни модрици упм. 2 дена нервоза не изеде и неа и мене. Па таман супер у саботата, ајде ќе одиме во зоолошка да ги види демек животните. И се супер се супер, ми го украдоа новчаникот . И тоа за секунда, у момент да се свртам да видам другарка ми каде е отиде. Од торбица од количка. Откопчал собрал и гит. Одма приметив. Рацете да му се исушат, за свеќи и лекови парите да ги даде . Мада што ич не ми за патите него за сите документи . Ама ајде нека оди лошото шо тоа. Друго пак забче ни искача, доле двојче. И аман веќе ова мое бебе сите заби со мака ги извади. На работа ми е супер, одма се вратив во шема. Ама многу ми фали бебушка. Додека се чуваа со мајка ми супер ми беше пошо во секој момент знаев што прави, нон стоп слики ми пушташе мајка ми. Ама сега во градинка не знам и цело време стегната ми е душава. Ми пуштаат и они ама не во моментот . Можда и ја многу барам Одам да кснам нешто да се бањам и да се спремам за утре, како за недела вечер . Имајте убава вечер
Прво од што си напната нервозна и тие претешко премногу очекуваш од 7 месечно бебе. Јас незнам како он да биде самостален а има само 7 месеци. Вакви маки тек те чекаат он е сега само бебе и му треба љубов и да си играш ти со него. Неможе толку мало бебе сам да седи и да си игра. Знам колку е тешко но ќе порасне
Мајка проблем е во тебе. Бебето си е на место. Бебето е само бебе и на тие месеци не разбира ништо. Плус ти ја чивствува нервозата. Посети психолог и разговарај. Храбра си што си одбрала сама да го израснеш. Ама тоа е товар огромен. Допрва ке ти чури главата, да видиш која главоболка е тодлер со тантруми ке ти е смешно за што се нервираш сега.
Па многу нормално, не да е самостален, туку да се заигра барем на 5 минути, додека да средам низ соба, да отидам до вц и сл. Јас си играм со него, и сите други си играат со него, и баба, и дедо, вујко му, комшики, тетки, итн итн. Ама постојано се лути и нема смирување. Тоа ме мачи. Не ми е проблем да седам со него и да го играм, да му пеам, да го вежбам, што и да е, ама мислам дека не е нормално за едно бебе толку да е нервозно. Барав по интернет техники за смирување, сите ги имам пробано, кај него ниту една не функционира. Може во моментот да ја фрли играчката и почнува да плаче. И тоа трае, трае, па ти сакаш светот го преврти наопаку, тој не се смирува. Тоа ме мачи. Не сум видела до сега вакво дете, а имам чувано еден куп деца, почнувајќи од брат ми, па комшиски, па на роднини.
Прво ти обиди се да смириш, небиди негативна. Цела негатива она ја осеќа и затоа е таков. Еден совет побарај работа он во градинка и подобро ќе ти биде. И шетајте веќе е топло.
Мајкии добар ден! Како сте? Читам сте се распишале па ме инспириравте да чкртнам и јас. Бевме кај бабите дедовците викендов. Се изнашетавме и времето ни се погоди. Ќе одиме следно за велигден. Мали срцка ужива кога шета ама ме изненади прв пат ни се случи да не сака во количка па во раце го носев малку. Тој радосен во раце гледа шара со очињата. Изгледа ни завршува стажот со спиење цело време во количка сака да истражува бебуш буден да седи. Сакаме да правиме крштевка летово некако се радувам ми се слави бре хаха со ова коронава ништо не можеше. Кога се роди нит мекици нит ништо како што беше тогаш бран. Сакам да порачам украси за на масата нешто интересно па со тоа се занимавам сега. Гледам на али експрес ако знаете некаде тука каде може да се порача нешто или имате идеа што би можело како декорација споделете плис. Денес денов некако ми стои дека ќе биде тежок. Времево некако млитаво, ај барем да не врне да може да свртиме еден круг со синко. Него каде на одмор летово? Едвај чекам на море да одиме, ај кај не сме биле две години ами сега во проширен состав. Многу се радувам и едвај чекам. Ве поздравувам најмајки. Имајте убава недела!
Mojata malecka si rasti denes pravi 9 meseci, si gledam sliki od denot koga se rodi I si placam od sreka kolku sum srekna so ja imam, pocna da imitira, mnogu saka koga me slusa kako se smeam a taa uste poglasno. Si bevme 2 nedeli kaj baba, dedo I teta na gosti. Vikendot go pominavme vo shetanje, vcera shetavme pretor do slivnica a taa kefoj gi gibashe site, mnogu saka deca da gleda, da gi gali. Denes mislev pak da shetame ama e ladnicko pa mozno e samo Edna kratka prosetka. Ubav den majki
Да не претеруваш малку повеќе? На 7м да не сакаш и ручек да ти направи и да ти зачисти? Дај олабави малце, давај го почесто на бабите да може да одмориш и престани да очекуваш дека бебе од 7м ќе игра само, ќе седи само, ќе те разбере ако го скараш, ало на 7м ако го караш не знам што ќе се деси кога ќе почне да расте... Малце смири страстите и почни да се понашаш кон бебето како кон бебе. На 7м се само бебиња и нит играчки ги занимаат нит тв, едноставно им треба мајка, љубов и многу внимание. Сама одгледав дете до 2г, маж повеќе на работа од дома, па фала богу еве го порасна и е ултра паметен и интелигентен, знае и сам да се заигра, знае и да гледа тв, знае и да досаѓа фала богу дете е, да не треба да пие кафе со мене. А нервозно е, нормално кога и ти си нервозна, децата многу повеќе примаат енергија од нас возрасните, ние фала богу знаеме да се исконтролираме, на нив се влијае, се може да им го изремети редот, а тоа за нив е голем стрес. Се надевам дека не се лутиш, извини вака, директна и остра сум, ама малку претеруваш со барањата и со очекувањата од бебе.
Претера малце извини. Нормално она вака да се чуствува и да очекува од бебето бидејки е многу напната и тешко и е. Сама си го чува без маж и друго е ич да го немаш. Млада е неискусна сама и нее лесно само мора да се смири и да поработи на себе и он ќе биде смирен.
Сама не си го одледала сигурно. Можеби повеќе време си поминувала со него ама кога ке си дојде маж ти од работа те менува. За викенди пак заедно. Сите обврски и нервози заедно. По лекари заедно. Барем така сум читала дека имаш добар брак, значи маж ти е тука за вас. Таа е сама. Како што разбрав не го гледа таткото а ни другата баба. Само таа и мајка и се. Верувам дека и е претешко. Исто како тебе што те нервира кога ке ти кажат опушти се и ке направиш дете, не можеш да и кажеш на неа што е самохрана мајка дека ти си го исчувала сама и дека се е супер.
Не да претеравте...одвратно дури. Жена на жена, најголем душман. Не знам во каква ситуација е мајка ама напишаното се гледа дека е во афект и напишано ама баш кога и било многу тешко. Јас сум сигурена дека барем два пати на ден секоја од нас се чувствува така. Дали зошто не сакало да спие, дали дека не цицло, дали дека не играло. Ама пошто сакаме овде да си претставиме животчиња како од каталогчиња па дури не смее некој да го изремети тоа наводно совршенство. Пак ќе кажам не треба да се внимава што се пишува и зборува за сопствените чувствува поготово во постпартум. И има право потполно така да се чувствува и треба поддршка а не прекор од супер мамички.
Ти да не претеруваш малку повеќе? Млада е,решила да го роди и да му биде и мајка и татко. Дојде да се олесни и да побара совет ама секогаш мора да се најде некој паметен па преку маките на друг да се возвиши себе си.
И кога се е идеално се чувствуваш лошо. Мене ми се плачеше кога не јадеше, сега и се плаче што не сака во градинка, до вчера не сакаше да збори и тоа ме мачеше, а замисли, се друго ми е средено. Прво имам поддршка од сите, и од маж ми и од нашите семејства имаме помош секаква, финансиски проблеми немаме, и на моменти ми е мнооогу лошо и тешко. Мајкава е сама и тоа треба да се почитува. Дупло повеќе одговорност има од сите кои се во здрав брак. Можеби и нема другарки да помине време со нив и да каже што ја мачи, работа, факултет итн. Мајката не ни праша за и интелигенција на туѓи деца, си кажа како и е.
@nevermet18 И јас се прашував дали постои позахтевно бебе од моето. Сите околу мене ми имаат искоментирано дека вакво дете немаат видено. Лошата вест е што станува се понапорно, добрата е што почнуваат да разбираат, па ќе најдете заеднички јазик, заеднички игри, ќе те гали, ќе те гушка и магично ќе ја заборавиш секоја мака. Деца се, им требаме секогаш. Знам дека е тешко, напорно, имаш и други обврски, немаш секогаш време. Знам дека најмногу те мачи мислата каде грешиш, дали си лоша мајка, зошто не можеш 'да го задоволиш', барем мене тие мисли ме мачат. Знај дека самото тоа што се преиспитуваш значи дека си одлична мајка, дека се грижиш за психофизичкото здравје на малото и дека се ќе биде подобро. Една тешкотија ќе помине, друга ќе дојде. Од мене совет за вакви деца: Што повеќе надвор. Батали дали е ладно, дали дувка ветерче. Само надвор. Дали во количка, дали во дворче ќе го пуштиш во трева да се тркала, малку воздух да го фати и ново бебе ќе биде. Секогаш кога ќе те фати нервоза дај го на некого и излези макар до тераса. Немој да му викаш зашто мало е, не разбира. Кога ќе порасне малку ќе применуваш и други методи ама сега викање нема да помогне никако. Не си сама, сите сме биле на твое место и уште сме
Од постовите дознав дека си самохран родител. Прво браво за тебе, ти си херој. Знаеме сите колку и што е потребно да се израсне едно дете. Ти поминуваш низ тоа сама, искрено капа ти симнувам. Како што ќе расте, ќе станува полесно, ќе видеш. Без разлика на темпераментот на детето, без разлика дали ќе остане такво(верувам дела ќе смени, моето првите 2 месеца плачеше од сабајле до вечер, врескање буквално, сега е сосем друга песна) ќе порасне, ќе го занимаат многу работи, играчки, парк, трчање и мнооогу други работи Издржи, сега периодот пред да проодат, а сепак им треба занимавање според мене е најмачен, особено со захтевно бебе. Не обрнувај внимание на лоши коментари, сите имаме доживеано вакви моменти, ти во тој момент си се обратила тука за помош, јас верувам дека не си таква и не се дереш нонстоп на бебето. Излегувајте надвор, шетајте, кога ќе ти дојде многу ако треба пушти и цртани за да имаш мала пауза. Најважно- среќна мајка- среќно дете. мислам дека бебето ти ја осеќа нервозата и затоа е уште понервозно. Полесно е да де каже отколку направи ама само смирено во тие моменти. Бебињата ќе си бидат бебиња, тие комуницираат плачејќи, не знаат друг начин. Потсетувај се на тоа Одвој малку време кога може да ти помогне мајка ти, време само за тебе, за работи кои уживаш да ги правиш за да ги наполниш батериите. Ако си во можност прати го во градинка понатаму. На детето ќе му биде интересно меѓу дечиња, а и ти ќе здивнеш малку.