За сега една другарка што се занимава со тоа ќе ми ја средува декорацијата. Јас само слики и пратив, таа ќе среди се.
Јас и да претерувам, ништо на мајката нема да и смени. Да, и мене ми требаше некој да ме протресе вака кога бев сама со дете, буквално сама, до кај 2м маж дете гледаше само на Вибер, после малкце олабави али ништо значајно, работа секој ден по цел ден, 2г сама со дете, јадење, пиење, спиење, додека не заиде нормално во градинка таман тука беше на 2г. Е после и мене ми беше полесно а и на дете, нормално, а маж даде отказ па почна и да го гледа детево нормално. Дали сум била сама скроз, скроз сама, свекрва преку пат ама еднаш во неделата ако дојде ок, ако не нема, се дешавало и цел месец да не го види, мајка ми на 200км. Сум имала добар брак, шипки варени, триста пати имам гуглано адвокати за развод, имам низ глава пројдено свашта. И да, претерано е да бараш од бебе на 7м да игра само, сто пати речете ми дека сум претерала, ако е мајката млада баш сметам дека сум ја освестила со мојот груб пристап. Не е животот само бајка, срце мрце, душо моја, лепотице, ти си најјака, животот е падни стани, овие деца не дошле на свет зошто они сакале, дошле заради тоа што ние сме сакале така и така треба да се однесуваме. Не велам дека треба да сме од камен па да не пукнеме, сите пукаме некогаш, ама ништо нема да се смени ако се издереме на дете од 7м. Уствари ќе се деси, дете ќе добие такви трауми за цел живот. Зошто го кажувам ова? Зошто и јас имав таков период кога веќе пукав по шавови, се дерев урлав дома, дојдов до ред дете да не може да ме гледа со радост во очи туку чекаше дали ќе го искарам, ме седна свекрва ми и ме крена од мртви, вечно ќе и бидам благодарна. Јас не урлав по дете, општо урлав, бев уморна од животот на 30г, бев жив мртовец, ем на човек не личев, ем бев несреќна, ем бев сама, мислам дека тоа беше некој преокрет кога и уствари свекрва ми почесто почна да го гледа дете и да не биде 24/7 мама, и тоа рачунајте јас имав бајче дете, кукла, кај ќе го оставиш таму го наоѓаш, нит проблеми со нејадење, нит проблеми со неспиење, нит плачење, нит ништо. Вистинските проблеми со дете почнуваат после 2г, кога ќе се очовечи и кога ќе сфати дека со уцена ќе добие се што сака, до тогаш е се бајно. Нека сум јас вештерка и лоша, нека сум јас душман и немајка, мене ништо тоа не ми значи, ќе ми биде мило ако моите груби зборови и помогнат на мајката. Да бидам искрена не ја пратам мајката и не знам дали е самохрана или не, ниту со кој живее, прочитав дека има помош со детето само.
Мислам дека нема таква совршена мајка, а ниту совршено дете како што на форумот се прикажува. На сите во некој момент ни чурела главата и сме сакале да оставеме сѐ и да избегаме некаде. А особено па ако сами си ги гледаме децата. Само треба да се издрже, нема секогаш да бидат мали и да зависат од нас
Ние со мм често пати си спомнуваме колку ни беше средено и почисто пред децата. Ама па и си се тешеме дека ќе пораснат и ќе ни помагаат по дома и нема да одеме сѐ по нив. Исто мм знае да каже дека за неколку години нема да може да ги гушкаме и ќе бегаат од нас. Тогаш ќе ни биде криво, ама тоа е
Ама така де, знаеш колку ми е мака кога ќе исчистам и за 1 час дома е ко бомба да паднала... Во саботата брзав да исчистам и да однесам дете на роденден, си дојдоа од шетање гнасни, прашливи, и он и куче, малку е да кажам дека дома за 10мин беше лом, зошто беше страшно тоа, хаос. Вчера на пладне од чистеното ни ч немаше, ама па детето ми е среќно и исполнето што имал прекрасен викенд и кога ќе ми рече Ви благодарам за забавата овој викенд, иди налути му се.
Фала ви на сите за коментарите, и позитивни, и негативни. Немав таква намера, воопшто не очекував никој да ми искоментира за напишаното, ниту па барав совет, едноставно пишав за да ми олесни бидејќи ми беше премногу тешко во моментот. Мислам дека нема потреба да одговарам на сѐ што сте пишале, единствено нешто што ме погоди беше коментарот 2-3 пати ми се има случено да му речам со повишен тон "Што те мачи, што е проблемот? Не знам веќе што да направам за да се смириш.". Ништо повеќе. Знам дека и од тоа немало потреба, ама ете во тие моменти не сум можела да се исконтролирам, па сум го повишила гласот. Секогаш се трудам колку што е можно посмирено да изреагирам, да не паничам, да имам трпение и да бидам насмеана пред него. Знам што значат трауми и што сѐ може да влијае врз едно дете за да се истрауматизира толку многу што ќе го гледа родителот со страв, и сигурна сум дека нема никогаш да направам таков катастрофален чекор што би имал такво влијание кај моето дете. Како и да е, после такви моменти на кршење, сепак мајка сум, мора да се приберам и да се составам, најмногу поради син ми. Знам дека ќе дадам сѐ од себе за да го насочам кон правиот пат. И да, едно е да си сама со бебе од 2 мес кое само спие, јаде и полни пелени, а сосема друго е со 7 месечно бебе кое веќе станува дете, сака сѐ да дофати, сѐ да искуси и секој ден учи нешто ново. Едит: и да правиш споредба на дете кое што има уште еден родител кој кога и да е може сигурно да те замени барем додека ручаш, и за викенди да поминува колку толку време со своето дете, со дете на коешто ти мораш да му посветиш 100% од своето внимание и време во текот на целиот свој живот, малку е нелогично. Останете ми поздравени.
@nevermet18 Сигурно е претешко. Јас едвај чекав да дојде маж ми да ја подржи за да одам до вц. Цело време беше во раце, ама цело време. Би ти рекла само смали ги очекувањата. Најчестите грешки што ги правиме доаѓаат од тоа што очекуваме премногу, во било која фаза. Бебе од седум месеци нормално е ни 5 мин да не може да се заигра, ама баш нормално. Нормално е да сака близина, топлина и гушкање. Гледај и ти да си посмирена колку можеш, земи си кенгур ако немаш, колку можеш носи го, полесно ќе ти биде и бебе ќе е посмирено кога ќе те чувствува. Може и запчињата му прават мака, го вознемируваат. Кога веќе ти доаѓа премногу и не можеш, остави бебе на безбедно место и оди до вц, здивни малку, поплачи, што и да е што ќе ти олесни. Пишувај тука, олесни си, иако може не можеме сосема да сфатиме колку е всушност потешко кога си сам, можеме поддршка да ти дадеме и верувај сочувствуваме со тебе. Добар ден. Како летаат деновиве, страшна работа. До една година додека наполни мислам се влечкаа, па броиш денови, недели, месеци... Е после, отидоа месеците. Се спремаме за на школо, школо еј. Она превозбудена, што ќе било, како ќе било, леле, леле. Ех, таа искрена детска радост и возбуда... Инаку, се согласувам дека нема совршена мајка, ниту пак деца, луѓето не сме си совршени секако. Да си доволно добра е се што треба. Доволно добра за своето дете. Нормално дека имаме сите моменти, работата е како се справуваме потоа и што правиме со тие моменти. Јас секогаш и објаснувам зошто сум викнала, или кога сум нервозна зошто сум нервозна, или тажна, лута... Уште си се оправаме со зборување цело време. Ама, гледам дека тоа дава најмногу резултати кај неа, па така си тераме.
Дефинитивно, не постои совршена мајка, односно постои, јас сум совршена мајка за син ми, вие за вашите деца, не постои подобра мајка за едно дете од таа што бдее над него цела ноќ и што го држи за раче кога е вознемирено! Посебно место на пиедесталот имаат самохраните мајки, поради тоа што сами на грб носат товар за двајца, да се разбереме и на маж ми обврските му завршија па дете порасна и почна да го бара повеќе него од мене за игрите, па дојде ред и јас да сум послободна од него, а ваму таа е една мајка за се, и за фудбал и за кондоми муабет и за тешење и за бацување болни коленца. @RainBow не ми е јасно кога дојде време да бараме школски ранец кога како вчера да кукав од пелени полни и мочки насекаде, како вчера да се дружев со пумпа по цели денови, како вчера да сецкав мевца на коцки по 1цм и варев брокула, како вчера да плачев кога ми кажа неонатологот Не знаеме што е оштетено, бубрезите или мозокот, ќе чекаме да видим... Порасна во прекрасен дечко, паметен, најубав на мајка и еве го почна да ми создава слатки главоболки. Понекогаш ни јас не се чувстувам сигурна дали сум свесна колку време помина, ми треба да се загледам убаво во него и да се освестам дека се е реалност. Спремаме забава за големата 6ка, возбуда и радост во душата
Ќути, ќути, си читам некогаш стари мислења овде во темава и просто не ми се верува како помина времево. Нереално е. И секој ден ги гледаме и пак некој ден оп, повисоки се, или ликот им е малку поизменет... Нека си се добри само, па ќе се справуваме со што и да дојде попатно.
Уште во која тема нема да прочитам како го трубиш истото. Тие што те читаат, ќе почнат да сонуваат колку препаметно дете имаш. Ама штом ти си го изгледала сама, нема каков да е освен екстра паметњакович. А штом не знаеш членката каков живот има, не треба ни да се дрзнуваш на таква дрскост која вриштеше во твојот пост. Не е за тапшање по рамо, ама па твојот пристап беше одвратен. @nevermet18 Не можам ни да замислам колку ти е тешко. Многу си млада, студирање, бебе, самохран родител. Се надевам ќе успееш да си го најдеш мирот покрај своето детенце и животот ќе ти донесе понатаму повеќе радости. Ако имаш можност побарај стручна помош, и на тебе и на твоето малечко да ви биде поубаво.
Во странство ли беше 2 месеци? Ако не бил значи кога тогаш доаѓал дома на спиење. И за викенд многу веројатно бил слободен. Со мислењево сакаш да се извлечеш, те читав сте биле тим со маж ти, или па за некоја сум те заменила. Требаше првото мислење да ти е вака со смирена топка а не да пристапуваш агресивно кон особа која не ја знаеш. Не палат сите на агресија и строгост. Некои сакаат убав збор. Мене од агресија ме фаќа уште поголема мака и тага. Велиш детето то било мирно, нелогично ми е мнгоу.
Ако останувале трауми од тоа што некогаш ќе ни пукне филм и со повишен тон ќе прашаме зошто плачеш,што ти е, или слично сите деца ќе беа истрауматизирани. Немој никако да се осеќаш лошо,не мајка или нз што. Самото тоа што си се решила да го родиш и да се бориш сама за него во ова општество те прави посебна. Пола од тие што ќе те советуваат " како се одгледува дете " немало да се решат на таков чекор. Продолжи да си правиш планови за вас,бори се, бебето ќе порасне а ти ќе се осеќаш гордо.
Не можам ни да замислам колку ти е тешко. Јас ќе настинев и не одев да полагам испит, ти факултет, домаќинство, детето сама, храбра си скрос ♡ Тебе ти треба некој да ти го почува, ручек да ти направи одвреме навреме, ти да се издуваш малце, да се одмориш, нема ништо лошо во тоа, ако можеш да најдеш некого, да побараш помош, побарај. Кенгур и јас ќе ти препорачам да си земеш ако можеш, ги одмора рацете многу, а бебето помалку ќе плаче.
Јас искрено ти се восхитувам. Децава ни се скоро иста возраст и знам низ што проаѓаш во моментот. И точно знам во каков афект ти бил пишан постот, зашто јас што имам сопруг кој константно е тука за поддршка, освен 8 саати кога е на работа, сум имала моменти кога сум ја оставала на земја и сум одела во спална да вриснам од нервоза и со солзи, а не па да треба сама да ја чувам. Сите ние треба да ти симнуваме капа на тебе и на сите самохрани мајки. Ова го сфатив кога јас станав мајка. Гушки до тебе и дечкото
Па па па ... До трауми стигнавме од едно викање... Ти поише очигледно си се дерела чим јадно детр те гледало со страв ама битно членката од едно викање трауми ќе му направи. @nevermet18 ти посакувам се убаво во животот и тебе и на твоето детенце ко што посакувам за ќерка ми... Наклон до под имаш од мене. Јас имам маж и колку и да не е дома а некогаш не е ни до 19-20 часот а искочен од сабајле пола саат пола бар ќе ме смени. Ти си една храбра жена и многу јака и ти се дивам бре ! Само продолжи со тоа што го правиш бебе нема да се сеќава дека еднаш си повишила тон а ќе повишуваш уште многу пати и се е тоа составен дел од животот и процес низ кој проаѓаме. Синкир нас не ми се дереле. Главата горе жено. Ти си жена и се можеш
Ти ја осеќа нервозата. И јас сум 90% сама со син ми. Има периоди кога маж ми има толку многу работа што одвај се гледаме. Има денови кога сум полна со енергија, расположна и многу трпелива. Ама има денови кога одвај стојам, што од болки, што од нервоза. Тие денови и он е нервозен, многу захтевен. Иако имам златно дете имам моменти кога ми треба да се приберам за да не пукнам. Му купив 10000 играчки и си игра, на кратко ама повеќе ми виси околу нозе. Јас гледам да го шетам ако не секој ден најчесто што можам. Со него одам и на работа. Не е лесно, а може и се спрема за заби и го мачат. Убаво би било да разговараш со психолог, многу ќенти помогне.
Момент на слабост беше, се смирив. Инаку го шетам и јас, постојано сме излезени кога е убаво времето.