Здраво мами! Прво, морам да ви кажам браво на сите сами што сте дома со бебушите, јас еве мм не го пуштам да иде на работа ( од дома работи ) за да го оставам бебуш саат време со него додека е на работа, претепана сум некогаш и ми треба саат време пауза, и тој во релаксатор го става и го анимира додека работи Еве и сега ги оставив јас малце мир и тишина да имам, овој четврт скок на глава ми се качи, бројам денови веќе да заврши... Си рековме таман е мирен викендов и го однесовме на гости кај баба и дедо во друг град, е сега еден ден беше супер, ама секој нареден се повеќе и повеќе се влошуваше ситуацијата.. Мислеа баба и дедо дека имаме мирно бебе а вчера сите на нозе не крена, само да не гледаше некој од страна бевме, бебе вришти пишти, јас плачам, мм го смирува избезумен, баба му и дедо му се врткаат само како да помогнат прашуваат.. Ух, ај барем сега сме дома и ако има пак такво пиштење сами сме.. Тоа е ново, јас само да се пожалам поминав. А да и од бебе спанко имам бебе што одеднаш одвај го заспиваме за дневни дремки, а сети дека го заспиваме плаче, па сега секој ден во потрага по нови методи.. Среќа во кола одма заспива и тоа ни е најпоследна опција - само до кога. Исто и бебе што се буди во 4-5 сабајле и никако да презаспие.. Полудечу Ај малце позитива, од друга страна можам да забележам дека ме гледа заљубено, без мама не заспива, само мама смее сабајле да го крене .. и тоа од кај мене.. пак ќе кажам среќа мм го имам иначе мислам во Бардовци ќе завршам
Драга 4ти скок за мене и син ми беше најтежок. Јас тогаш бев и болна. Мислев дека ќе се мрднам. Амаааааа ќе помине, да знаеш, нека помине скокот и ќе се врати во нормала. Само трпение
Пладне а јас со компјутерот и кафето пред себе. Не паметам кога последен вака. Деновите се турбо, обврските се трупаат, време веќе кнап за се. Времево не само што веќе ме гази туку и пари кошта. Деца добри. Шетаат, играат, се менуваат. Алекс не можам да ја препознаам, и најмалото ми порасна. Градинката како би ја сменила....да имав избор само. Пред некој ден имаа излет а потоа некоја фешта во градинката. Баш дента имав термини и баба им требаше да ги зеде од градинка. Кога ги донесе ништо не кажа. Вечерта гледам модрица кај Викториа, баш кај бубрезите, со големина колку мојава тупаница. Дете им паднало од постројка врз шини, еден метар висина, возот веќе паркиран(среќа не во движење) се одрало од плачење, џигер модро...нејзе и рекле само онака од далеку малку падна. Женава ниту сфатила дека е нешто сериозно ниту добила објаснување каде и како. После и пешадија до градинката морала. И Алекс мораше да ја зедам поради расцепена брада, крвотници, пред некој ден. Деца се, ок, се случува. Ама кога веќе се десила беља викни ме пак, јави се, да отценам дали на доктор ќе трчам или барем да ја зедам дома да одмори. Не ќути и криј. Како да не видам огромна модница, плус и дете е 5г. ќе каже. Икс вакви ситуации во последно одкако се смени тимот на воспитачки. Пред некој месец до адвокати за малку ја дотеравме работата од тоа нивно непазење, очигледно ништо не научиле. Се помалку време поминувам и на социјалниве мрежи и општо со телефонот во рака. Не дека секојдневието ни е поинакво, некако не се пронаоѓам веќе во тој `совршен свет од пастелни бои``. Не знам како е кај другите ама мотивацијава за било што ми е на минимум... Денов тмурен, врнежлив. Барем кафево слатко. Убав ден на сите.
Поддршка мама. Уште имам трауми од 4ти скок. Во паника еднаш дур вриштеше точно 2 саати, ја расоблеков цела и во темна соба ја држев на мене, да се смири. Ќе имаш ново бебе после скокот ама ќе се смири. Треба само да се издржи
Добро утро мајки ❤️ И јас да пишам збор два три Синко мој е ранобудник од 06:30 а некогаш и порано веќе е буден и наспан а на мајка и се спие бидејки гледала филм некој до доцна во ноќта Многу сме немирни дали има некој скок во 8ми месец не знам ама сме немирни и сме голем плачко. Имам 6 забчиња За јадење не сакаме ништо само цицка Кажувајте некој совет за јадењево мајка треба да почне на работа од 16 април а Синко само цицка бараа ИМАЈТЕ убав ден мајкии ❤️❤️
Ти си мајка херој,жртва за своето дете. Немој да се обвинуваш ма баш за ништо,те читам дека си студент и баш паметна девојка. На децата треба да им се одвлекува вниманието во такви моменти. И мојата е во последно време многу ќенкава се мислам заби ја мачат. Еве неколку иде кои јас ги практикувам доколку не сака на под и со играчки, а цело време бара држење во раци,ја носам на чешма ја мијам со топла вода ужива да се шлапка,се вртиме на спална,излегуваме на тераса или да прошетаме,ја соблекувам надолу гола да си полежи и многу е среќна,во децката соба и се допаѓа лустерот штом го виде веднаш се расположува,исто многу сака да си подаваме топка,и така цел ден врти сучи исти работи плус многу пееме песнички и она се обидува да пее испушта некои крици. Сите имаме добри и лошо,тешки и лесни денови еве јас сум со 3 деца дома,невработена и сама си ги чувам без помош од баби,маш ми оди во смени и плус со дополнителни обврски после работа,и ние со бебе само ги испраќаме и пречекуваме од школо и работа. Ти ја посакувам целата среќа и знам дека еден ден ке си ја најдеш твојата сродна душа. Само со позитивна мисла
Реков да се пожалам да ми олесни ама веќе се сте пишале на последниве неколку страни Баш сега му реков на 8+ бебе што ти е што да направам Се жалев цело време во раце, а денес и во раце не му чини Го држам и пишувам и се турка ќе ми падне кај и да е Со првото пушував реферати, со второво немам време, или не ми е во приритетна листа
Само моево бебе ли запнало да стои на глава? 7++ е, веќе цела недела прави како на сликата по цел ден. Гуглав за да најдам слика, па прочитав и дека некаде се верува ако бебето прави така си бара братче или сестриче хахаха Прават ли така вашите бебиња? Или само на моево му е досадно
Ти се погодило првото мирно па ќе пишуваш реферати Јас и после 4 год реферати само кога спијаат ма да и тогаш по сто пати се буди малава и ме прекинува Поздрав мајки
Здраво мајки! У фаза на расонување сум уште, со кафе во рака. Касно станав едвај, оти синоќа касно и се легна... Децата будни! Малата буричка во ташната и си ги бара шминките оти ритуал и е од сабајле да се ,, среди " и цел ден да се досредува со кармини, парфеми, шноли и фустани... Големата пак во нејни свет си црта нешто и тој цртеж ќе го ставам на фрижидерот па ќе му се радувам на секое минување покрај него. Големата ми е емотивче дете, чувства искажува со цртеж , понекогаш со кратка песничка... а беше ѕверка невидена со која едвај на крај излегував. Малото пак... оно... нек е живо и здраво . Помалата е овде за да го расипе цртежот на сестра и , за да и досадува додека пишува домашно, за да ме замара мене да и го зготвам омиленото јадење, за да непотребно му звони на татко и додека он е на работа... тоа се тие важно активности кои во дневен ред ги има малата ќерка. Она у главном замара и смета... ама па ми е срцка мекана најсакана на свет Растат дечките... формораат и каратер, па од муабети дали спие или не, преодело или презборело се префрлуваш на други грижи... Грижа дали е преемотивно, дали има другарчиња, дали добро напредува во училиште... Воглавмнов животот на една мајка си врви со еден куп грижи... И обврски... патем ај да ставам доручек, бараат пржено лебче. Убав ден, гушкајте малите!
Добро утро, добар ден женички мајки домаќинки. Малку подолго ме немаше, едно време само читав потоа се посветив малку повеќе на блогот на инста, имав добиено порадици па да средам а вклучувајќи ги и домашните обврски и одењето на работа скрос се исклучив. Оваа недела сме на одмор, кризата (економска, воена се во едно) се одрази и кај нас на работа бидејќи работам во фабрика на производство па сите вработени во рок од 2 месеци ќе си поседиме по некој ден дома а ќе ни земат од одмор, некои се пуштени на 70% плата дома и така. Дома фала му на Бога сме сите здрави прави, најмногу сум засегната за тоа, преку глава ми беше од болести се исцрпив скрос. Малото веќе почна како голем да збори се разбираме како со голем човек големиот имаше роденден пред 3 недели и после 2 години кои што не славевме оваа година се прерадува. Платив малку повеќе за во игротеката која тој ја сакаше а ретко кој од неговите другарчиња таму прави ама не жалам воопшто, прво беше пресреќен прерадосен задоволен собрани сите другарчиња не седнаа ни минута. Плус и 9 години направи а како иде веќе ќе е голем за родендени во игротеки така да воопшто не жалам. На муабетов за родендени да ве прашам до колку години славите? Јас по себе се сеќавам дека до 12-13 год дома сум ги чекала другарчињата (во тогашно време така беше) потоа дури откако "пораснав" и почнав да излагам по кафичи некаде околу 16-17 год сум ги збирала ептен тие 5-6 другарки со кои сум се движела и сум частела вкафич. Дома мајка ми гозби (во буквална смисла) за фамилијата до кај 10-11 год правела а после кој како ќе дојде ако сака со скромна маса бидејќи веќе сме "биле големи". Што мислите вие за таа тема?
Добааар ден. Седам на клупа, тресам клинци пошто искочив у такво брзање и пиштење од беба да тоа е ненормално. Само си повторував го издржи 4ти скок. Искрено се надевам дека вака нема да е и кај вас 5ти или дека не бил. Беба ја изнесов божем млеко да и тутнам (ад) она заспа, секако облечена покриена, мама ќе седи у летни алишта на клупа и ќе тресе клинци. Битно заспа. Седам и се мислам колку бргу пројде неделата. Колку бргу пројдоа 5 месеци. А како вчера да ја родив па искочивме од болница си дојдовме домче па само спиеше и јадеше а јас едвај чекав да поседи малце будна. Бргу проаѓа времето а од друга страна не се случува ништо и малку ме фаќа таа носталгија за тие "слободни" денови. Дома работа преку глава ја од бебе неможам да мрднам па седам на клупава со грижа на совест и се прашувам кој и кога ќе ја заврши... Него .. ништо паметно немам да кажам само да ве поздравам сите
Со тебе сум, само на друга клупа, а веројатно и во друга населба За да се спасам од повеќечасовно успивање го изнесов надвор, заспа за 15мин. Па си седнав на клупа и ми текна дека првава дремка е 2ч, така да толку ќе си седиме надвор дома самовилите ќе средат А колку брзо проаѓа времето... да си седнам и романи да пишувам До вчера беше легнат и си лежеше со саати, каде ќе го оставиш таму ќе го најдеш. Сега мал му е станот, го шета цел за 2мин, бута се што ќе му се најде на пат, јаде земја од саксии, си ја мава главата во секое парче мебел... Ми порасна бебето уште само месец до враќање на работа, најголемиот страв Што ако му ги пропуштам првите чекори, првиот збор?
Добро е кога знаеш дека не си сам. Тоа е таа вечна борба, ем да се одлепи од тебе ем да не случајно пеопуштиш нешто. Само мене ме бара и кај мене де смирува и тоа го доживувам како некој трофеј дека правам нешто добро. А уствари скокот и е таков ама шта чу. Не сакам ни да мислам на моментот кога ќе треба да оди во градинка. Не знам на кого ќе му е потешко дали мене дали неа ама и тоа е составен дел од животот и за сечиво добро мора. Него... Кога ќе завршат самовилите кај тебе прати ги малце и кај мене. Нема да ги преуморувам ветувам. По кујна само ја другото
И кај мене денес се платени само за во кујна, така да лесно ќе им биде. Ако стигнат да ја средат, ти ги праќам
Ќе пораснат сите наши бебчиња,мирни како кукла или пак палавковци сеедно,после на нив ќе им оди раатот со нивни немирковци а ние ќе си уживаме на клупи по паркови,дотерани,испеглани,со карминче на устата и некое бисерче менѓушче... Поздравв до сите
Еве сме . Од денес вака и мојава . Фатив и јас да гуглам истото ми искочи. Ама ќе си попричека за братче и сестриче едно 5 години сигурно
Пред 4ти скок викав дека одма ќе си родам уште едно, да си продолжам породилно едно по друго guess what, уште не сум трудна ќе си почекаме
И сега што? Да чекам 4ти скок па дефинитивно да решам дал во септември да идам на нов трансфер? Третиот го минавме, лесно лесно. Два дена ми кенкаше некако, се прерадував дека конечно ќе сака бар да ми заспива во раце. Ама јок бре. Кенка дур не го ставам во креветче. Само сакаше бар пола саат да му пееме една измислена наша песничка- има едно пиленце Славејче што се вика. И да не ви "пеам" до крај. Сега ќе го чекаме 4 тиот. Маж се чуди и никако да разбере што се тоа скокови. Они такви термини Не учеле Па и не се потресува многу , иако јас само трубам- чекај ќе видиш сега за 5 недели што ќе те снајде Горе долу спремни сме за крштевката, еве го 17ти, следна недела е тоа Сите сме дотерани, уште јакниче ми фали за Бубето и некоја ташна за мене. Земав два аутфита за мене, еден за у црква, еден за у ресторантот. Не дека е зорт да бидам у различно, ама знаејќи се колку сум несмасна гарант ќе се испрљам дур стигнам до ресторантот. А фустанот бел ми е. Па земав еден шарен комплет за у црква. Сукња ( шарена , очобол да те фати) и блузиче. Пролетнава мода , живо шаренило. Златна црна боја бе, ама ај, маШ се лути оти стално носам црно на поголеми свечености, па викам чекај да го израдувам еднаш и него Утре сме на вакцина Прво за кс ќе го боцне тати, па после ќе го носиме горе. Ќе има плачки. Ич не можам да гледам коа го боцкаат, ама што да се прави. И тоа е за деца. Се распишав, а не кажав ни добро вечер Деновиве сум опседната со правење планови за одмор. Јуни и крај на август ќе е Грција, а во мај сакаме до Србија, Пролом бања да идеме на 3-4 дена. Да стоплат коски малку мама и тато Има одено некој натаму? Ама да убрзам за пасош. Од толку планови да не ми остане бебево без пасош, па после да си чукам главата ако фатат гужви Бубич увелико спие. ТатЕ е дежурен, а јас ќе фаќам пеглата. Најубавата моја обврска. Да испеглам све, од чорап до куњска крпичка. И сабајле да го пречекам маж во сменета и испеглана постелнина И обавезно првиот ден кога ја клавам му велам- Пази како спиеш, не се мрдај многу да не ми ја изгужваш И следи- Ај нека ти стои ваква иштиркана, јас ќе идам у кујна да прилегнам и дремнам Заверглав , знам ОдоХ Цункајте ги дечките