Добра ви вечер. За мене оваа недела тука завршува. Колку беше напорна, обврски еден куп, главата ми се спржи. Се надевам дека за викендот ќе можам малку душичката да си ја одморам и да го изнашеткам бебуш. Утре ќе се сликам за табло, и после може да здивнам. Пресреќна сум што се ближи крајот. Си избрав тема за дипломска, само уште да ја одобрат и ќе се фрлам на работа. Конечно со другарка ми закажавме ручек во ресторан. Секако дека и големиот господин ќе иде со нас. Се надевам дека ќе биде умен, оти како што е станат лепенка за мене нема да можам ни да се напијам нешто, не па да си каснам. Останете ми поздравени, јас да си легнам, оти ако поседам уште малку на сликата само подочњаците ќе ми се гледаат.
Утро. Синко на нозе од 6 00 скока ли скока во креветче, јас се правам не го гледам и пробувам да си поспијам, ама нееее Па добро бе мајка му стара толку ли си без осет, мама треба да спие за цел ден да има сила да трча по тебе Од кога на бебе му се доста 8ч спиење!? Денот може да почне. Полу отворени очи, кафе и атомска мравка на мени
Добро утро мајка И моето е исто Синојка заспа кај 21:00 се разбуди за цицање накај 01:30 и пак продолжи и сабајле во 6:30 будење на сите низ дома
Ден ден! Припреми за роденден у велико, метео вика ќе врне у сабота ама ваљда ќе биде попладне, а? Хаос сум, хаос! Декорации се при крај, денес мора да се финишираат, утре треба да се праи тесто и блачко за деците, сабота од 6 е планот направен, а јас шизам кога планот ми се расипува така да ќе биде држ не дај. Вчера ми беше многу мака па си легнав во 10, ми останаа работи недопраени, ама денес ќе ги завршам сигурно. Денес може и да се испазари тоа што треба за мезенце, пијачки и чаши, тањири, слични работи. Мислам дека ќе успеам со тоа што имам да направам нешто да не купувам поише, доста е, бааги паричиња се потрошија веќе. Ќе пробам тате да го врбувам он да го купи пиењето пошто од мама е декорот. 2 години не сме славеле роденден ко што треба, пресреќни сме фамилијарно сите. Дете аутфит има спремно Супер Марио, нормално, мама со едно тексас фустанче краткичко така, со патичињата нови, тате ќе се дотера сам, фризер у последен момент закажан да здивнам малце од декорирање и така, ќе биде забавно. Мама опасно се приближува кон раситнување на четвртата десетка во минус, вкупно 28 килца симнати, 90% од гардеробата ми е за менување веќе, менувам лека полека. И хороскопот ми вика да паузирам малку, многу трошам, така да летово ќе се потрудам да не трошам многу за да може едно Солунче за следна зимска сезона да падне. Убав ден мамаситас!
Мајките поздрав и убав ден Ние растеме и се побесни стануваме се срдиме не знам од каде му е тоа еве 20месеци ќе полниме уште скутери, апе не знам што да правам го удрам по рака или дупе малку ама ништо и во градинка ми велат мач е ќе се одвикне не знам таму ли учи од други стварно не ми јасно дома само е со нас не дека го учиме Инаку да Ве прашам нешто во врска со мене еве уште два месеци па година дена како не цица а мене уште ми тече таа течност од гради има ли некоја со вакво искуство што да правам да земам ? Поздрав мајки до Вас и маливе
Ах. Деновиве. Денов! Му избиваат 3 заба моментално! Се мачи сирото. А не знам дали од заби или дека е во скок моментално ама не се одлепува од мене. Значи буквално! Денес особено, ме фати таква нервоза, плаче он, плачам јас. Па ме гушнал, ми липа на рамо, па така заспа. Не ми даваше ни на телефон да разговарам. Маж ми се враќа на кратко од работа, не гледа на под, ја седам, малово на рамо ми заспало, подлипнува сеуште, јас со размачкана маскара од плачење. Зема да го премести во креветче, тоа се фатило за моја влуза, пишти, не пушта, пак ме гушка. Ама додека беше татко му тука ок, мирен беше. И ќе се заигра со играчки, си брка своја работа. Штом искочи он да се врати на работа, ете го, пак по мене, пак вриштење, пак иста прича. Едноставно сум преморена. Од јутра до сутра е до мене. И на работа е со мене. Единственомкога маж ми доаѓа од работа, па со него е, но јас тогаш средувам по дома, се до легнување. Се бањав прееска 1 саат и повеќе, да пробам да се олабавам. И еве сега, место да спијам, јас бројам овци. И си враќам филм. Се осеќам неспособна на моменти како мајка. Како да не му пружам доволно љубов и внимание. Ај, ќе помине.
Мајки, со што ги вадите флеките од каки и млеко? Пробав со омио бланко на 40° не ми искочија. Инаку перам со персил сенситив.
Мамаситас Прво среќни ви празници на сите, кај и да сте најубаво да ги пројдете. Мама денес се наспа до 10 спиеше. Не памтам кога последен пат ги одспав 10 саати и некако многу убвао се осеќам... Од друга страна за сметка на тоа жими де ви кажувам детево ми е љуто . Маж вика кога станавме само се вртеше и ко да бараше нешто. И сега нејќе ни да ми се насмее. Не знам што е работа ама јас 5ти скок не го осетив ич. Е сега црвената фаза ќе видиме. Освен што бебе застануе на сите 4 и рипа како зајак и веќе се бори сама и седнува од 60 агол. Тоа е тоа .. Само да ве поздравам. Гупнете,бацете деца
Мама ги заврши јајцата, оваа година со посебен мерак , здравје догодина со бебушка ќе шлакаме ) Честит Велигден од нас
Добра ви вечер. Среќен празник на сите, се надевам дека имате убав викенд и дека успеавте да здивнете малку. Јас сум океј. Ништо посебно, ама се трудам за бебуш да не ме примети. Вчера се шетавме, денес на гости, со деца, и така, мина викендот со еден куп активности. Пораснаа запчињата, сега забележувам промени и на горното непце, најверојатно се на пат уште запчиња. Не правев колачиња, знаете дека тоа ништо не ми менува, секако нон стоп ги проверувам колку се пораснати. Али затоа баба и дедо купија торта во чест на запчињата. Почна да "покажува заби". Не знам дали чувам дете или кутре, целата сум модрици од гризење. И така. Психички, а богами и физички сум утепана. Си велам, ајде, само уште месец, два и сѐ ќе е подруго. Се надевам дека ќе можам да најдам некоја работа и тој да си почне во градинка, па ќе се социјализираме и двајцата + ќе имаме некој денар ако можеме да се осамостоиме малку по малку.
Среќен празник на сите! Да сте живи и здрави, посебно малите за кои живееме Денес ручек истеран кај моите, утре кај свеки. Убаво било малце одмор да видам, освен еден чизкејк што однесов друга обврска немав денес. Ама ќе треба и за утре да правам маж ми го испофали, а и другите де, јас викам како за прв пат одличен 5. Синко се изнаигра со баба и прабаба, а мама и тато уживаа на сонце дури ни пелена не сменив Утре ќе биде друга приказна.. "мајка бебе се искака дојди пелена да смениш, мајка бебе поврати дојди да го соблечеш" ама ако, сакам и кај нив кога одиме. Да не ја терам темава накај снаи и свекрви Имајте убава вечер
Здраво мајки. Гледам си муабетите, па да се умешам и јас. Да видам дали има некоја мајка ко мене или само јас сум ваква Се чувстувате ли посесивно за бебето? Значи воопшто не ми е проблем се да правам околу него, ништо не ми е тешко, сакам цело време да сум со него итн итн да не набројувам. Кога свекрвата идеше на помош искрено многу нервоза чувствував, поготово што мака мачев со доењето и еднаш добив коментар, ќе цитирам: "Па и онака нејќе да цица", на моето инсистирање јас да си го хранам со шише за да се научи дека млеко добива од мене, а не од друг. Еднаш добивме и карање зошто пижамите биле многу горе кренати, го стегале на мешето. Не е злонамерно, ама моментите во кои тоа е кажано и со каков тон, мене ми останува, не заборавам лесно и тешко ми е. А добра личност е, немам замерки. За некои застарени адети исто се нервирав, но за тоа пресековме со мм и рековме тоа тоа тоа не сакаме. Прво дете, ама имам искуство со деца стварно. Кога ќе ми текне на одење по гости и сите да го држат коса ми се крева. Викам мене ми фали нешто, хормоните ли се, што е работа... Пробувам да се смирам секој пат, ама се исто ме мачи. А, се чувствувам горда што успеавме со доењето, што бев во право за се што викав и пробував и што не се откажав. Разбирам дека сите се радуваат, ама има ли некој повеќе од мајка што се радува. Имам и чувство дека ми фали бебето кога не сме сами. Му викав на мм дека ми фали, дека не е доволно со мене. Поготово почетокот кога требаше најмногу време да помине со мене, а други ја држеа. Со мајка ми зборував на таа тема и ми вика немој да се замериш со некој, само насмеј се, не биди нервозна. Таа потполно ме разбира бидејќи го имала истиот проблем со мене, вика не можев до тебе да стигнам, да те подржам и надојам. Си ја искажав муката, се надевам нема да добијам и тука карање. Да не ме разберете погрешно, немам против никого ништо, со сите сум океј, ама кога се работи за бебуш... Оф...
јас ја имав таа фаза ептен на почетокот, кога ќе дојдеше некој и ќе ја земеше одма ме фаќаше параноја, па уште ко што имаше 1000 заболени корона тогаш, леле се неевирав што дишат околу нејзе, ептен бев параноична особено свекрва ми ми сметаше нормално не дека нешто ми правеше жената ама ете се што ќе ми кажеше се нервирав, уште кога ќе ми збореа да ја учам со други дека утре ќе ми треба да ја чуваат полудував од помислата да ја оставам со друг освен на маж ми. сега сме 4 ипол месеци, веќе ми помина паранојата, ваљда и хормоните се средија баш би сакала да ја оставиме негде и да шетаме двајцата, затоа што сега искачаме на смени, еден чува бебе, еден е искочен
Христос Воскресе мајки Среќни и берикетни нека ни се празнициве. Само здравје да не служи Малото спие со татко му, мама пие кафица и на тераса. Овде ко лето да е, пече ли пече. По цели денови сме со фактор и двајцата и пак имаме боја фатено. Бубето поготово. Ко кебапче ми е Бидна и крштевката. Све беше феноменално. Бар така кажаа гостите де. Сите до еден дојдоа, тоа баш ме израдува, кога ќе поканиш 80 гости и ќе ти дојдат рамно 80. Пошто цела организација беше на мој грб, баш сум си задоволна од постигнатото а и од маШ добив едно гооолемоо браво! Малку потфрлив кај мене само, т.е не се пресоблеков од црквата за во ресторанот и не си ја наместив надоградбата. Ама мм многу ме бендиса во белиот фустан па таква си останав цел ден. А косата само пеглана ми беше, росеше дожд па ми беше страв да не ми попушти ако ја опнам надгадбата Бубич си изнасобра еден куп подароци. А мама тон бомбоњери и мноооогуу букети цвеќе Куќава мириса ко во цвеќара, во секое ќоше имам букет у тегла, пошто од каде толку вазни За празнициве останавме во градов. Маж имаше 5 слободни денови, но џабе. На повик е, а тоа значи дека за максимум од пола саат мора да се нацрта во болница ако има случај. Па така еден ден шетнавме до Дојран само, а денес се качивме на Кожув кај едни пријатели на викендицата. Долу ниското имаат вила, па одговараше и за бепка да може да ужива. Се изнаспа за сите пари љубовчето мало. Ама колку е мирен тоа е чудо Цуцката само да му е во усте и немаме гајле. Воопшто не сум посесивна мајка, а баш мислев дека ќе сум најпосесивната. На секој кој ќе посака да го подржи го 'давам' без проблем, да го извозат со количката, да го играат. А оно па на сите им се радува и мува не го лази оти мама Не му е во видик. Туку многу почна да ми лигави. Гледам и во каката има како лиги, зарем запчиња се на повидок Анџак 4м ќе полни за некој ден. Уште 2 недели ќе почнуваме со вкусови, одвај чекам. Во фолијата е изникато све што ќе ми треба за првите месеци. Дедо му со огромна љубов му посади се, само ги наводнува , ги плеви... Толку е радосен и ќефен, па и името дека му го носи абе шо да ви кажувам, ж'тко на га*от има Ќе пишував уште ама маж бара кафе и за него. Не се научи сам да си прави и Не се научи!! Така му одговара де, не оти не знае. Ама нека ми е жив и здрав само, немам проблем и него да го тинтрам како мало дете Гушкајте ги дечињата ОдоХ
Јас па едвај чекам некој да изрази желба да го земе јас здив да земам, да одморам раце и да правам нешто друго освен со бебе по цел ден. Јас па се мислам моево дали е океј што сакам време за себе и да одморам малку Ама се е фаза и сигурна сум дека ќе помине кога и хормоните ќе ни се стабилизираат, но...морам да ти кажам дека имам блиска особа многу посесивна кон двете дечиња и не изгледа воопшто убаво од страна, ама ич. И да може си малку за карање Мене па ме нервира на пример свекрва ми беше на гости пред некој ден и она па она да го земе ама бебуш плаче, кенка и викам дај ми го да го смирам да не се нервира ќе ти го дадам, она не па не ќе го смирела. Не дека она незнае, деца изгледала ама секое бебе си има свои тертипи како се смирува како заспива итд...е мене вакви работи ме нервираат на пример, кога го гледам бебуш се нервира и мачи а она упорна она па она. Иначе немам гајле кој сака колку сака и да го држи и да го игра и се. Па мора да се учи со луѓе
Муабетов за посесивност и свекрви ме рчна да пишам . Јас последна станав мајка во мое опкружување па се извидов што од деца што од родители и се договоривме со мм да не сме ко овие со децата во стаклено ѕвоно, ама кога се породив и кога ми дојде свекрвата сменив мислење. Уствари приметив дека мн сум посесивна ако треба да ја земе некој од страната на мм, ако се од кај мене немам гајле, али еве го читам и од што е глупо оставам да си ја држи секој . Во суштина колку и да не сакам, факт е дека за детето не е добро да сум посесивна. Како одминува време се опуштам, и сфаќам дека и мене ми е полесно ако некој друг ја поигра или прошета и знам дека за нејзе е тоа подобро. Не се тоа луѓе од улица, пријатели се и роднини што ја сакаат и и мислат најдобро, таа убава енергија му е потребна на детето и сакам кога ќе порасне да знае дека баба и ја нишкала или вујко и ја шетал во количка или стрина и и пеела итн, тоа се толку кратки моменти неколку пати неделно, па и поретко, ќе ги издржам. А коментари од свеки и јас добивав дел ми се врежани и ми ја кутнаа самодовербата на почетокот. Многу ми е криво што тогаш се посомневав во себе, и згрешив, требаше да си го послушам инстинктот. Но, заради тоа сега сум уште посигурна во себе и веќе не допуштам, враќам со доза иронија да не ме замараат, а не може да не се прокоментира нели... И еве сега сме сложни со мм дека сепак мајка му и покрај тоа што малтене ги исчува другите внуци, не би ја викнале да ја причува, некако не ни се свиѓаше. За разлика од свекрвата, да пиеше од шише мислам дека и сега ќе ја оставевме на некој саат кај дада и, а јас со мм да си отидеме на вечера, ама ќе почекаме да пројаде кашички.
Честит Велигден мајкички! Одамна не сум пишала...а што да пишам,кога сама на себе сум си веќе досадна со тоа "уморна сум" Двајцата сама ги чувам,7м и 5години.Мењај пелена на бебе,посвети внимание на друго,па надвор да ги излуфтирам..па време за ручек дошло ...И така некоја трка сама со себе.Но слатки маки.Многу потешко ми паѓа мислата дека ќе треба на работа да се враќам.... Во врска со посесивност,јас бев и останав посесивна,ако тоа може така да се каже.Додуша,јас не го признавам тој збор.Мајка сум си,така се осеќам и не е мое бебе кловн да се смее на секој.Sorry but not sorry,не давам секој да ми ја држи бепка у раце.Па вие сакате со секој на кафе да седите?! а камоли бебенце да биде подавано у раце...Зборам ова за по гости/другарки ,луѓе онака што поретко гледате.Е сеа у таа група кај мене и бабите спаѓаат,еднаш неделно ги гледаат.И супер ми е,глава мирна @SleepyBeauty сакам да кажам,дека се што ти смета а е во врска со ТВОЕ бебе,у право си.Макар никој да не се согласув(зборам од бабите,познаниците).А ќе видиш,како ќе ти расте малото,ќе си ги филтрираш тие луѓе.Па може со некои и ќе прекинеш контакт ако премногу нервоза ствараат.