твоето мислење ме потсети да се дополнам дека и јас немав проблем со луѓето од моја страна , само со тие од страната на мм, што се провлекува сеуште затоа што јас така се поставив на почетокот. јас немам мајка, па кога се породив тетка ми зема слободни денови да ми помага првата недела, а со свекрва ми сме во исти двор јас не сакав да доаѓа, буквално не била ниеднаш ни за бањање, ниту сум и дала да ја пресоблече, ниту пелена да и смени жената е океј и виде дека не сакам и не навалуваше, само што сега сфаќам дека и да сакам да и ја оставам она не знае да се снајде со неа затоа што ја така се поставив на почетокот малце ми е криво, сепак таа и една баба , а и кога излагам некогаш морам да ја викам тетка ми која не живее со нас нели, иако свекрва ми ми е во двор за да ја причува ако не може маж ми... како и да е сега бебето станува позахтевно и сфаќам дека е убаво да имаш помош, некогаш и се јавувам и јас да дојде да ја почува за да фатам нешто... мислам дека тоа на почетокот се должеше на хормоните што лудуваа уште... што знам
Јас па мислев само јас не сум посесивна мајка. Тие 2 недели кога имаше грчеви како навиена од 4 попладне до 8 вечер, само држење во раце бараше, едвај чекав некој друг да ја земе, да одморам.
Плус уште една непосесивна мајка овде Еве денеска беа внуките од брат му на маж ми, ја играа 3 саати. Јас нормално цело време надгледував, ама греота е кога гледаш колку и се радуваат, да не ги оставиш децата оти мене така ми текнало. А и малава им се изнасмеа, крици вадење, се изнакрева нозе, раце, милина да ги гледаш на спална. Они уште на глава да застанеа да ја радуваат Сакам среќно, насмеано и питомо дете, дете кое кога ќе види луѓе да знае да се 'стопи' со нив, а не да рика само по мене и да бега од народ. Свекрвата исто ми се најде многу, е сега си имаше некои коментари како дај му вода со лимон кога ика на пр или ако плаче одма нешто ја боли, ама сечам во моментот и после рецка не и удирам. Честит Велигден мајки, спокој и радост да царуваат во вашите домови
Да се надоврзам на темата посесивност... Посесивна не сум, односно сакам да сметам дека не сум. Ќерка ми не знам дали дека сме нон стоп јас и таа сами мм доаѓа навечер од работа на гости ако појдеме кај мајка ми еднаш на недела-две или до кај неговите и поретко пошто се од друг град па немала прилика да се навикне на многу луѓе плаче одма ако и се пуштиш да ја земеш (за што пример беше денес, влагаме кај мајка ми имаше уште некој луѓе блиски внатре, мајка ми од врата ми ја граба у раце детево буквално се здрви и почна да вришти од плачење) е сега дали е тоа што сме нон стоп сами или е срамежлива бидејќи и кај мене кога е ако и се обрати некој она се крие во мене ќе се стутка цела. Што се однесува до давање дете ако она сака немам проблем да ја оставам со тоа што морам да надгледувам пошто мајка ми ме убедуваше сок да дадам на 4 месечно бебе а свеки пред некој ден проба да и даде шербет пошто ја гледала беба у уста па морав и да подвикнам НЕ . На брат ми ја оставам кај други ја давам поблизок круг секако а можда и би била поопуштена кога би имало некоја баба или нешто по дома, вака не знам кој е поповрзан дали јас дали она ама секако чаре ако имате е добредојдено
Посесивност.. хммм Дали сме со моите, неговите, друштво јас го предавам на некој за да одморам нели, најчесто сме сами. Ама.. тоа ми трае неполни 5мин и после си го барам до пред недела дена ми беше ок, сакав да ме бара, се лутев зошто повеќе на тато му се радува, ама сега почна да се тегне по мене и да вришти. Кога не ме гледа ок е со било кој, ама ако ме види одма рацете накај мене. Знам дека сама си го направив тоа, знам дека ќе си имам голем проблем, ама мое си е и не ми се дава на никој Мајка ми кога го занимава го врти да не ме гледа и си нема проблем, јас сама одам до него да си го гушнам па пак и го оставам. Е свеки се прави обратно, кога и да го држи му вика кај е мама кога го ранам му дава глодалки да се занимавал... Ќе видиме за 10тина дена кога ќе почне во градинка, колкав проблем сум си направила со мојата посесивност
Баш мислам дека кај мене тоа беше и е уште проблем, што немам доволно свои луѓе во фамилија и некако ко потсвесно да љубоморам на мм па не оставам и неговите да ми го уживаат бебето, безвеза. Татко ми е починат, мајка ми со инвалидитет. За подалечни не ни зборам. До сега само еднаш ја имаме оставено без нас на пола саат мм да ме однесе да докупам тоа што немав, пошто бев царски па уште не возев првите недели. Ама бебка тогаш само спиеше и како ја оставив така ја најдов. Друг никој освен ние не ја пресоблекол, избањал, или успал. И некако како почнуваме да поминуваме време со луѓево околу нас согледуваме на кој би можело да ја оставиме да ја причува некогаш, а на кој не. Така испадна мајка му од игра за потенцијално чување. Жената е ок, ако ништо друго ручек имаме од време на време, али ептен ако е зорт би ја оставила. Еднаш и покажав како да ја анимира дур е на меше за да вежба, леле кога почна да и тропа со тоа тропалката агресивно ко мислиш на утакмица е па навива. Некако немаше трпение, гледаше да истропа со тропалчето и да заврши. Среќа дома работи мм и е релативно флексибилен па можеме сами.
мојот па работи две работи, баш често е отсутен и по цел ден... 4ти скок го преживеав баш трагично ... она плачеше по цел ден и ја со нејзе иначе на почетокот мислев дека ќе можеме секогаш ние да ја чуваме и дека не ни треба помош, сеа си мислам само на 5 свадби сме годинава кои почнуваат од сега и искрено уште од сега се мислам што ќе правам и на кого ќе ја оставам ... полека сфаќам дека допрва ќе ни треба помош , па најверојатно ќе почнувам полека повеќе да ја вклучувам свекрва ми.. иначе не сме од тие што го чуваат детето во стаклено звоно, кога ја се породив короната беше во полн еки стварно бев многу параноична и не примав никој освен тетка ми што доаѓаше да ми помага и најверојатно она ми донесе и корона бебето ми беше 20 дена тогаш ... откако прележавме малку се опуштив сега сме цело време со луѓе, мислам пријатели и нормално сите кога ќе дојдат се околу бебето, искрено сега друго ме мачи, сите ја бацуваат по раце, а она рацете ги става во уста сеа тоа ми е малце така ми ствара нервоза
Кога сме на муабетот за посесивност, еве и ја да се пријавам, не сум посесивна но баш како што ве прочитав, ако не е многу со мене после не го пуштам од раце.. Еве викендов за Велигден бевме цела фамилија собрани и со сите буквално си се смешкаше и си играше, а вечерта јас кога се успа го гледав и си плачев дека цел ден не го "видов" За чување, многу често и го оставаме на мајка ми гледам дека е разбрана ако кажеме вака и вака треба, ќе не послуша, а и ако и заплаче и ако е сама се снаоѓа од тоа што ние и кажуваме ( пр. кога беа грчевите и плачеше додека ние пазаревме на брзинка, стопли термофорче како што и кажавме и си го возикаше во количка) е сега од друга страна свекрвата не знам дали би се снашла вака... До сега и го немам оставено, но немам проблем, супер е жената, само што ни е далеку, ама мислам дека она повеќе би паничела од мајка ми. Нејќам на секој пост тука да се жалам верувајте, самата на себе сум си досадна, ама периодов ни е хорор.. кој четврт скок, тогаш некој саат ќе закенкаше низ дома и ќе поминеше, ама сега како истемпиран, саат време после спиење почнува со кенкање, со плачење, со вриштење.. Реков надвор е мирен, ама еве вчера се шетавме во парк и ако видовте испаничена мајка со бебе што и вришти во количка тоа бев јас Реално не убива мислата што не знаеме што му е, се мислиме дека де заби ама не сме сигурни, на раб сме да го однесеме на педијатар да го проверат барем дали е се во ред здравствено... претходно знаев четврт скок и како ајде ок супер ама сега го поминавме и реално е полош и од тогаш....пред некој ден ни зуеа ушите од плачење на мене и на мм, дома да не кажам колку ми е не средено Од друга страна, прв пат останувам со бебуш без мм на неколку дена, до сега сме супер после мајка ми ќе дојде бидејќи е многу захтевен, буквално сака само да лежиш до него ако е на под, или да го држиш во раце.. И за крај, само моето ли е мрзливо бебе, го ставам на под и само ме гледа и дреме Триста работи во еден пост, завршувам засега
не е само твоето бебе мрзливо, мојата исто кога ќе ја ставам на под само дреме и ме гледа, нема ни абер да почне да се врти на стомак не сака да седи... сака само да седиш до нејзе и да збориш и се смее ,или да ја шеташ во раце и почна по цел ден да седи будна, речиси ич не преспива искрено не знам ни како издржува, станува во 6 , предходно цела вечер се буди на секој сааат и цел ден е во раце... куќата лом, ми се јаде, а речиси не можам да си направам нешто за јадење, сакам да се избањам а не можам , едвај чекам 5 да дојде за да се врати маж ми од работа и на раат да направам нешто па уште кога ќе остане две смени само кичмата ми знае со бебе од 7 кила цел ден во раце иначе периодот со вриштењето ја го препишав на 4ти скок, некои 10 тина дена беше вака како ти што кажуваш, не помагаше ништо дури и во раце ми плачеше, здравствено мислам не и беше ништо, едно време мислев заби не знам се помислив.. баш тогаш маж ми одеше две смени ја цел ден сама со нејзе затоа реков и ја почнав на крај да си плачам со нејзе доста беше жалење за денес по постовите овде сфаќам дека сите мајки горе доле ги поминуваме истите фази со бебињата и не е баш лесно, кој има помош нека прифати.. мене убаво ми доаѓа и малце време во денот и без бебето( трчам редовно), гледам да отидам на ручек со другарки кога можам и на кратко, сега сакам да се запишам и на вежбање некаде, ама па кога ќе излезам само гледам во телефонот на саат и едвај чекам да се вратам пошо ми фали
Е сега истово си го помислив дали е у ред. Се нацица и ја вратив доле и ме гледа и ќути, шпартам низ куќа она ќути и си гледа у таван и вака многу често прави, ама еве ја сега се развика изгледа го собираше. Мене несоница ме мава навечер т.е. кога ќе стане за цицање јас тешко презаспивам и бегам во дневна, они спијат во спална, една врата не дели, а мене ми фали ли ми фали и едвај чекам да стане да се изгушкаме. Еднаш нешто се преплашив, маж ми не ме рецка нормално, си ја земав во 2 сабајле она спие и си ја гушкав, да ме утеши.
Прв пат од кога станав мајка се осетив ептен поласкано за својот изглед, освен од мм де од детенце на 5-6 години . Шетаме со количка низ едно паркче, од спротивна страна доаѓа татко со две дечиња, девојчето за рака, машкото-поголемко на точаче. Таткото тргна право, накај нас, синчето му вика "тато не натаму, врти лево, мама ми рече да те пазам од женски"
Кога го гледам бебуш како брзо расте ме фака baby fever. Не дека ќе раѓам пак, си завршив ја работа ама таа фаза на новороденче е толку магична и прекрасна и мноооогу кратка
Добро утро мајки! Се надевам убаво поминавте за празникот. Ние дома кај баби дедовци уште сме тука ќе останеме уште некој ден. Ве читам за посесивноста и се навраќам кога бев трудна зборував дека не сакам да сум мајка која е само со бебето и ќе зборува само за тоа и колку сум била оптимист хаха. Ете вчера на 5++ јас за прв пат излегов на кафе без синко . Сум го оставала претходно татко му да го чува Скопје сами сме ама излегувањето мое било во главно за негови потреби, сега бев само за мене со другарките на кафе. Срцебиење имав додека одев и само вртев кај мм да прашам како е што е. А се оставив и молзено млеко и чајче го најадов убаво пред да излезам и па така малку со грижа на совест.Си викам де бре олабави со татко му е, ама пусто некако не ми беше сеедно. И се приметив дека само за бебуш зборував и се опоменав сама себе хахах. А убаво е и за мене малку за себе време така и јас посреќна што си повлекува и посееќно бебе. Не се лутам ако некој го земе во раце и моите и од мм родителите се баба и дедо и му се радуваат. Повеќе ме нервира кога не ме слушаат и си тераат по нивно. Тоа повеќе од мм страна додуша и од моја, јас ќе кажам за спиење е бебе како тарабука да тропнала му тропаат со тропалки го шетаат наместо да заспие. А оддишка е богами некој малку да го земе и мене раце да ми одморат и на раат да направам што треба. Нејсе. Почнавме со вкусови. Вака како за почеток мислам не е лошо прво зеленчук после тоа овошје и на крај житарките. Со водата мака мачиме. Знае од шише да пие кога му нудам вода си игра со цуцлата од шишето. Па му давам со лажичка нешто ќе голтне ама повеќето ја плука. Ајде ваљда ќе се научи. Тоа е мајки уживајте во убавото време
Здраво мајки Постов го крчкам низ глава некое време и никако да го пишам. Породилното го поминав на форумов пошто бебе не спие без мене, дома ураган, јас Фемина си листам И после толку месеци имам чувство ко на сите бебињата да им ги знам Горе долу сите низ истите "маки" проаѓаме. Убаво е да знаеш дека не си ти немајка што детето не спие или не јаде или си плаче од ништо едноставно фаза е и ќе помине. Самодоверба набив во првите недели од доењето кога само читав дали е доволно бебе најадено. Прочитав што е разликата меѓу изотоничен и хипертоничен солен раствор па и гинекологот за породување од тукашни препораки го одбрав и не се покајав во ниту еден момент. Поентата на муабетот ми е колку можеме да сме си поддршка една на друга, не познавајќи се меѓу себе, а не "жена на жена е волк". И вака ќе го заокружам породилното, почеток на мај почнувам со работа. За грижите не ми се збори, ќе си поуживам во секоја минута со буби мој. Ќе почнеме уште малку за роденден да се спремаме, еееј 1 цела година нова димензија ми има животот благодарение на ова мало човече со "баба" што ми се обраќа Следен пост за него повеќе ќе пишам овој е за нас мајките, со коси у репче и маици раширени, цели планини што носиме ако треба и на штикла 12ка Ве поздравувам
Ова треба да го прочита секој родител што ги тепа децата како дел од воспитување. Многу скоро бев сведок на плескање по раце со прачка.