Добро вечер мајки. Првиот пат кога бевме со малата кај едни пријатели, домаќинот (пријател на мм) без прашање зеде на малата да и дава јајце, а малата имаше 5-6 месеци и тогаш почнувавме со воведување на храна. Кога изреагирав да не и дава остана како зачуден. Друга работа, истиот човек на неколку пати со гордеење кажува како на малото од негов внук му давале да проба ракија. Му го ставале рачето во ракија и го оставале да си го лижи рачето, така објасни ко прашав како му даваат. А малово немало уште две години. Не ми е јасно како може така да се однесуваат со туѓи деца.
Луѓево што си даваат за право да прават што им текне со туѓи деца, ми иде дa ги масакрирам. Идеме кај една другарка и мајка ѝ, абе упорно ми го бакнува детето, па рачиња, по лице (пред тоа пушела цигари), упорно ѝ кажувам да не го бакнува, дека и самиот нд сака, и плус многу лесно се исфрла (обавезно следниот ден после идење на гости кај нив е целиот црвен). Денес пак истото. Ми се смачи веќе да повторувам како папагал, нареден пат ќе ѝ речам или не ми го допирај детето или веќе не доаѓаме. Истата ми прави муабети од типот: ставај го во дубало, да не е помочано што плаче (па во памперс моча ма жено, какво да е), и му има дадено одвратен прекар на детето. Кога ќе се спротивставам за нешто, одма ее вие младите мајки вакви онакви. Еее аман веќе.
Овие уште велат, аааа па ти се изнервира. Е па да, им велам, оти не е нормално на дете од 2 години да му се дава да проба ракија на било каков начин. Ами така растеле децата, требало се да пробаат.
Па он на негово дете ако сака и бисквити за кутре нека му даде. На мое дете такво нешто да направи ќе го отепам на лице место. Ја и маж, свекрва ми лом ја напраивме што на фб стави слика од ќерка ми без прашање а не па да му дава некој рандом нешто за јадење на мое дете.
Јас изреагирав веднаш кога сакаше да и даде да проба јајце и типов остана изненаден. И да беше доволно голема за да проба, откај знае тој што смее да јаде дете што го гледа прв пат? Може заради нешто не смее да јаде одредена храна. А ова пак со ракијата со внучето капак беше. Па уште некни со цела сериозност велат со жена му, ќе ви ја земаме за прошетки летово. Да бе, секако ќе ви ја дадам.
Тмурен ден надвор таков е и по дома. Јас со добиено бебе со плачки т.е вриштење до зајдување. Секое заспивање почна да е со плачење, незнам веќе што да му правам. Се е супер ќе стане, јаде, си играме гугаме, почнува да зева и го земам во раце да го нишкам зошто само така заспива и пушта сирена на најјако и ништо не го смирува. Имам трауми веќе кога ќе дојде време за спиење, а доаѓа цело време на неколку сати дремка и незнам што да правам. Давајте совети, искуства. И кај Вас ли така било? А да го оставам да не спие после се преморува и бетер е. Гледам таму 4 скок почнува за некој ден па си викам порано да не дошол кај насииии вака ли ќе биде засекогаш? А згора на тоа па и по дома немам баш некоја подршка, ќе ја викнам пример мајка ми кога се тие плачки да ми помогне да проба она да го смири, па место подршка наидувам на конентари кои уште толку ме депримираат и прават нервозна. Ви се испожалив тука, подобро да сопрам иначе 10страни не ќе ме зберат. Некако никој по дома не ми ја разбира поспородилнава што ме тресе јако и само жар на оган ми додаваат, па уште толку паѓам психички и си викам до мене ли е може па стварно јас сум проблемот или стварно немаат разбирање Ве гушкам мамички. Имајте си убаво попладне и вечер
Мам може да е скокот. Јас така приметив дека влезе, почна да кенка на заспивање. Кратко ама доволно да се напнам Околу коментарите... секогаш ќе ги има, ебано засекогаш. А на депре улицата во гз и нека си оди веќе Јас се нервирам кога ќе му се испожалам на мм и он ќе ми рече ајде ајде јака женска си ти, ама дали стварно сум?
Проаѓа вриштењето не се секирај. Мојава цел 4ти скок и беше успивање со вриштење и нишкање, се стабилизира кога заврши скокот. И мене тој период ми беше многу депре, кога бебе имаше 3, 4 мес па и декември беше, па и скок, хаос. Отидов на журка од работа. Кога се вратив нов човек бев. Пробај искоччи на 3 саати, многу подобро ќе се осеќаш.
Колку различни начини си пробала за заспивање?пошто "така само заспива" не е одговор или решение. Се уморубва од врискање и мислиш во раце заспива. Бидејќи си пишала го земам во раце и тогаш почнува вриштењето. Дали имаш пробано вака: Гледаш според возраст прозорец на будност пр ако е 3ч ти после 2ч и 40м почнуваш да подзатемнуваш, пушташ фен на јутуб или уште подобро фенот уклучи го( не мора на најјако) бебе во количка и возиш низ дома. Ако почне да вришти отвори малце прозори воздух да влезе излези низ влез, ходник. .. да не должам најдобро е да ги опишеш сите начини што си ги пробала да пробаме да ти дадеме совет.
Ова му е сега некоја нова фаза од пред ден/два со плачењето а тргне успивањето. Пред тоа немав проблем во тој дел. Инаку количка пробав, релаксатор, на креветче да го легнам и јас до него( за да не биде демек во раце), во кенгур и се е безуспешно. Исто така надвор сме на пример и дошло време за дремка и пак е исто Кога ќе дојде моментот за спиење почнува да плаче, а му се спие зева а и веќе му доаѓа време за дремка според прозорец на будност. Пробав и да го оставам буден да си игра е тогаш е уште бетер на следна дремка затоа што е преморен. Со фен не ми текнало, ќе пробам иако му пуштам аспираторот во кујна и тоа го смируваше ама сега ни тоа нема ефект
Здраво мајки Не паметам кога последно сум пишала, некако периодов се осеќам преморено. Два викенди со ред бевме кај свекрвата, па кај моите. Да, ми прија да одам највеќе кај моите, но дома си е дома. Тој мир, ред и комоција го немам нигде. А па вака на по една вечер, на туѓ терен не можам ни ред да фатам. Синко си расте, почна поинтензивно да зборува, се разбираме некако Најново е научен да кажува дека има девојка за едно девојче од градинка. Па какви експресии на лицето покажува кога и спомнува име, абе ќе го изедам. Не дека разбира што е девојка, повторува од нас како му зборуваме за девојчето со воодушевување и тој по нас. Станува се поинтересно. Бевме на гости кај роднини со мало бебе, го подржав малку и мојов се бунеше ако друг го земе им викаше да ми го вратат, си помисли дека е на Мама. Ми доѓа на моменти желба за второ дете, ама мислам дека во овој момент не сум спремна да го поделам вниманието на две. Здравје, има време. ...Синоќа го почнав постов, но бев преморена и сум заспала. Се враќаме во колосек оваа недела секој со своите обврски. Едвај чекав. Размислувам да ја ставиме МРП вакцината, ама па цело време поткашлува. Не знам кога ќе биде целосно здрав. Ќе се консултирам со педијатарот. Искрено од една страна сакам да ја стави, од друга чувствувам некој немир кога ќе го споменам тоа. Но во државна градинка ја бараат, така што ако сакаме да се префрли во државна, ќе мора. Сакаме месецов да прошетаме негде, па ќе видиме што ќе испадне. Тоа е засега, другото е се исто. Па се читаме во наредна прилика
Е сега па ич не те разбрав од пред ден два е плачењево за заспивање? А скокот знаеш дека поминал по апликација?
Да, пред некој ден почнаа плачките. Ден, два/три дена е веќе вака( немам веќе осет што ден сме). 4ти скок треба да почне за 1недела по апликацијата, па се помислив да не почнал порано затоа што претходно немаше проблем со заспивање а сега е страшно, буквално за секое заспивање плаче Денес успеав да го заспијам со шише во уста(поплаче ама не толку екстремно) па сега да искористам се да направам дур спие Се надевам дека му е фаза/скок и дека ќе помине. Дали сега му е се интересно па несака да заспие па со плачење се буни, незнам што друго би било. Најаден, чиста пелена, ништо му немам сменето од претходно, истите навики си ги тераме цело време.
Како пиша искрено мислев со месеци трае. Чувај си нерви. Пробувај начини ќе се решат плачките. Па и кога успеа и мајка ти да дпе и да ти коментира и да те изнервира не се замарај ако е здравствено ок