Добра ви вечер. Денеска ми е посебно убав ден. Почнав да пишувам, ама слабо ми иде, па ќе бидам кратка. Многу се израдував, додуша уште сум во шок. Детево денес само се пушти да оди. Ваква останав. Направи неколку чекори и одма рипнав да го земам да не ми се испружи на земја. Сега пак ќе ми речете дека замислувам, али како сакате. Баш пред некое време татко на другарка ми вика "абе ќе видиш за брзо ќе почне да се пушта, пргав е он, нема да чека до година", ама не ми беше за верување и си викам кога се чувствува самиот спремен, тогаш, нема да го брзам. Ама изгледа нему му се брза да порасне, да трча. Додуша, си даваше знаци он, веќе некое време си оди по мебел слободно, да искачува кај му текне, почна и по скали да се качува, се замислува многу голем. И така, само тоа сакав да споделам, т.е да се пофалам.
Како се справувавте со преголема лактација. Детето ќе ми се задушеше од тоа. Цицајќи му дојде поголема количина се засркна и не можеше да земе воздух.
Не знам колкаво е и дали ќе успееш во оваа позиција, но пробај. Легни на грб и бебето врз тебе, така нема да доаѓа голем млаз. Евентуално, да легнеш и да го ставиш до тебе да цица. @nevermet18 Сега спремај се за 24/7 на нога Лесни чекорчиња.
Фала ти. Сега ќе треба да ми пораснат очи и на газот. Инаку @princess02 пробај одмолзи се малку пред доење да не му прска толку.
Баш. Моево кога се движеше покрај мебел мислев дека тоа е страшно, го пазев да не падне и само си викав аман нека прооди веќе и раат да бидам. Мхм. Цела година не седнав и само си викам ајде уште малку, па и јас да седнам како другите мајки во паркчињата. Епа рачунај, досега ако одев, сега трчам. Крај нема
ќе ти се среди сама лактацијата треба време, пробај малце одмолзи пред да му дадеш на цица така нема да се засркнува @nevermet18 лесни чекорчиња и јас имам проодено на 9 месеци
Ај да шкртнам и ја малку. Здраво сонценца Времево добро па и ја се покренав малце, ич нејќам кога тмурно и ладно . Сакам бре сонце и температури топли. Овде има толку многу, бебе расте и усовршуе претерано многу дури сите и се чудат. На сите 4 и подлазуе по малку се пушта а кога неможе се влече, се фрла, се врти, битно да стигне кај што наумила. Научи да вика мам мам и престана да јаде, уста посебно денес не отвара за жива глава. Само врти со главата(како не) и бутка флашица,кашичката,водата. Едвај денес пола кашичка ни толку и два пати цицаше. Заби јбг. Нека проаѓаат више многу е нервозна како куче ги трља непцата. Проблемот со не идење кај други уште стои. Дојде една другарка да ја причува да одспијам (на сите ви сакам една таква другарка) она нејќе да чуе за кај неа, дури на крај се опушти малцееее 5 минутки да ја подржи. Само ќерка ми има мајка Тоа е тоа. Ве гушкам сите
Утро мајки Понеделнички да шкртнам дур го чекам мажО од дежурство. Нарачав бурек да ми донесе, мртва гладна сум Синко дуфта. Претходните 2 ноќи нешто ми се будеше на 3 часа и бараше млеко. Ме исплаши искрено, дека научени да спие цела ноќ по 9-10 часа, сега ова ми се виде загрижувачки Но добро е. Ноќва си ја преспа пак Можно е некој скок да е било, иако јас се уште не ги разбрав тие скокови какви се кога се 4 ипол месеци е веќе дечкото. Колку само брзо ми порасна бебето. Почнавме и со вкусови. Фрапирана сум како јаде. Ќе се степа побрзо да му дадам нова полна лажичка. Пробавме јаболче и тиква. Одушевен е од вкусот. Ќе видиме утре со морковот како ќе пројдеме. Инаку многу се смее на глас, жив циркуз е, цела маала не слуша. Влегуваат баби во двор, го закачаат и он почнува со смеење Многу сака да го закачаат баби, и тоа од тие баш старите баби. Просто ги обожава Обожава и да седи во кафич/кафанка. Тоа посебно не радува, особено татко му. Па така секој ден си го носиме, дури и по два пати. Уживанција. Знам дека кога ќе пркне и ќе проодува ќе биде тешко да седнуваме надвор на ручек, мезе.. па затоа сеа да доискористиме прилики. Туку, Се поправив 5-6 кг за нецел месец. А што фино си изгледав. Апетитот ми е лудило. Маж ми вели да го баталам лутото, демек така помалку ќе сум лапкала , ама нема шанса. Мене јадење без оган лута пиперка не ми е јадење Ќе си бидам дебела Се разбуди Бубич. Одам да го изнесам во двор да го пречекаме тато од работа. Гушкајте дечињата мајки
Си пијам кафе на тераса, сунчам нозе и ја слушам завршната приредба на забавачињата. И не знам дали и вие исто сте се осетиле или до моите хормони е ама солзи ми идат на очи, убаво на душата ми е. Можам да замислам само колку се среќни, а воедно и 'исплашени' нивните родители дека бебињата им пораснале преку ноќ, дека полека стануваат свесни и паметни дечиња кои од септември ќе седнат во клупа и ќе имаат задачи и обврски. Колку е убаво детството, нема ништо поубаво од тоа да си мало и невино човече. Среќно првачиња
Eве сум таа сум. Само уште да знам кога ќе биде завршната па ќе плачам овде и јас како ми порасна детулето.
Добро утро Бебе во џампер, мама пие кафе, кој не се наспа синоќа нека повели појако Јас ненаспана ако испијам појако кафе ми се тресе телото ама така поговорката е нели Ми текна како со првото дете не јадев и не пиев кафе се додека не заспие, се до првата дремка околу 12 часот, па јас таман сум ставила зејтин да испржам јајца се разбуди па ајде презаспивај, кафето таман пред да е готово ајде пак презаспивај. Со второто јадам и пијам кафе додека е будно. Не знам зошто така не сум правела со првото еве се чудам. Дали тогаш не знаев, немав сфатено дека ако јас не јадам нема да можам да се грижам за бебето. Или кога ќе ми текне дека не јадев ако не јадеше бебето. И зошто јајца сум морала да пржам, со ова со една рака правев мусли, со вода ги правам секогаш, овошје, некогаш и какао додавам, некогаш мед, се што е здраво и со една рака се прави Толку беше
Затоа што си созреала мајче, затоа. Се сеќавам те читав, преиспаничена беше со првото и се губеше во обврски, сега си да ти е мерак да те чита човек. А може па ова детуле така ти се погодило, мирно, ти остава простор за да правиш што сакаш, а првото било понервозно. Мада јас во погодени деца не верувам, иако тек ќе треба да видам дали сум во право или не. Мене одамна ме немало да се пожалам/пофалам, синче на мајка го запишавме во школо, прваче ќе биде, пресреќен е за бебе. Јас се мачам со утрински кои траат по цел ден, ама ако, се дур ги има значи дека нешто има, нели. Се тешам, знам, ама од дното на душата сакам се да е во ред и да се радувам пак. Убав ден мамаситас!
Мирно е второво, мирно се роди. Малку да заплаче јас одма паничам, а првото цело време плачеше па цело време и паничев. Прв пат кога требаше да го бањам и јас згрчена спремна само што ќе почнам да вришти како првото и го ставам во вода полека и не плаче ништо не реагира и пак испаничена го извадив одма го тресам викам зошто не плаче што му направив. И така неколку пати се навикнав дека нема да плаче ова додека го бањам дека ете така си ужива убаво му е и си молчи. Од прв ден цела ноќ спие, седи во количка. Воглавно, некогаш има исклучоци. Се најдобро во школо со песна да оди.
Мајки, жени незнаев каде да ви се обратам барем за некоја утеха да ми дадете тие што се сами овде во Мк а мажите во странство ако ве има.Мене тек ме чека тоа Не бев свесна а и не верував дека ке дојде денот, секако уште има време ама се ближе.Сопругот во Август ќе оди во Германија.Планот е таму да остане, и за 3,4,5 незнам колку месеци и ние со децата да идеме...Никогаш до сега не сме биле разделени, подршка за се ми бил, за децата најмногу, обврски делиме, кога се болни секогаш до мене е ми помага.Сега сме и во новиот дом сами, свекрвата ми е блиску, мајка ми подалеку.Многу ме плаши како сама ќе се снајдам тој период, големиот прваче ќе биде, малото тек годинка ке полни, ке прооди,тој период зимото ќе бидеме сами, период на настинки, вируси се и свашта а ние сами многу си ставам при срце како ке биде, а од друга страна пак сакам да оди, му нудат одлична понуда и прилика што не би сакала да ја пропушти барем за децата да имаат поубав живот.Се тешам мајка ми, сестра ми, свекрва ми, овде ке бидат ке доагаат, ама без него секако нема да ми е сеедно и исто.Ќе се надеваме дека разделбата ке трае пократко најмалку 3 месеци.Ама ништо не се знае.Како вие се снајдовте сами со мали деца, додека сопругот бил во странство, ве молам за совет, уште сега си мислам како ке биде, а тој пак и за таму мисли како ке биде, и мене ме мисле со децата овде како ке бидеме сами...
Еве јас да се пријавам. Јас сум сама со 5 месечно бебе. Сама и се породив, сопругот дојде 2 дена после пораѓај. Беше тука 20 дена, па дојде кога малово имаше 4м, па сега наредно на 8м. Тешко е не да не е тешко ама се снаоѓаме. Башка моево ни количка не сака, на под само ако го анимирам и тоа седи не повеќе од 15 мин, се е во раце и лепенка за мене. Ми помагаат најмногу моите, блиску ми се, ама сепак сум сама, нели не е исто. Ама се навикнува човек. На него му е најтешко верувај. Доволно е да имаш некој покрај тебе што ќе ти помогне околу дечињата барем основни работи да можеш да си завршиш. А и не се секирај, штом ќе одите и вие, тоа ќе те држи и дава сила. Имате цел заради која го правите тоа. Брзо лета времето, ќе помине се и ќе бидете повторно сите заедно.
Тешко е, претешко. Првите денови се убивам од плачење по него а после плачам од умор. До душа сега одамна не сме биле разделени повеќе од месец ама пак е тешко. Што да ти речам, мислам дека ќе се снајдеш зашто првото ти е веќе големо и може да ти помага да го причува малото да се избањаш, ќе шетате, ќе се дружите и ќе летне времето. Стварно е тешко првата недела, после се навикнуваш, а и обврските не дозволуваат многу размислување. Мисли си позитивно, дека ова е за доброто на вашите деца, жртва која после ќе ви донесе само добро. И не чекајте многу за и вие да идете. Плус авиони има секој втор ден, 2 часа лет
Нас се ни се погоди. Случајно едно по едно како купувавме, сфативме дека скоро се ни е Kikka Boo Количка, креветче, постелнини, пумпа, корито, хранилка, појас за проодување..
Хај мајки активна деновиве и по форумов, човек да помисли дека имам време, Боже сачувај Бебле е во градинка, на нашата историска адаптација, што трае без малку три месеци и стасани сме до 1 час останување, со плачење цело време Лепенка! А јас дремам и чекам во кола, учам самодисциплина, бидејќи ако почнам да го тепам времето по продавници, се враќам со скроз непотребни работи изнакупено Бебле не е веќе бебле всушност, веќе детенце со цели 13 ипол месеци, секој ден е се поголем и поумен Го гледам како се претвара во мало прекрасно човече и не можам да поверувам Заврши нашата доеничка приказна пред недела дена, човечето сам си ја преспа цела ноќ и знаев дека тоа е тоа. Имам сеуште измешани чувства, со оглед на тоа дека имавме многу тежок почеток, пресреќна сум што успеавме толку време, од друга страна веќе ми стануваше напорно тоа будење навечер, на цела ненанспаност, па и цицање на празно од навика, од трета страна сум тажна, сакам барем да знаев дека последниот ден е последен...Сега барем спие цела ноќ, евентуално со едно будење или без А и мене нема да ми штети една чашка винце Деновите турбо поминуваат, одам на работа попладне, кога ќе дојде маж дома, кратам смени, па одработувам плус, на крај и јас не знам што правам Среќа што го имам луксузот за такви мои измишљотини, бидејќи маф ми е работа, како што ни оди претешко адаптацијата, ќе требаше или да се префрлам на скратено работно време или отказ да си дадам Вака гурам на фул, ама јас си знам Од убави вести, имавме гости недела дена, се изнашетавме со нив, сами секогаш одложуваме, со оправдување дека сме преморени, што е и вистина, а вака немајќи избор, убаво ни дојде Лепенчето се опушти со нив дури денот пред да си одат Таков си е, мама и тато и точка! Од други убави вести - си букиравме одмор во Италија, во септември Едвај чекам! Море малку е да кажам дека едвај чекам, толку нестрпливо размислувам и ковам планови за тој одмор, а имам уште мноогу месеци до тогаш и знам обично дека на таква радост и планирање, нешто ќе тргне наопачки Ама ќе се најде решение, знам Вчера пофатив и купаки да си земам, па се предомислив, си викам, ќе бидат на попуст до септември, причекај Дома ми е уште поголем хаос, тоа не морам да кажувам Толку од моето време за безделничење денес, да одам да го земам лепенчето, да видам да не поминале малку подобро денес Чувајте се