Дојдов само да шкртнам дека сум најсреќна. Бебето мое има 7 цели медеца и лази, се качува на маса да стои па ме гледа и у очите среќна уште да ми каже "види мамо успеав". Најубаво чудтво кога ми дојде у вџ местејки вода да ја бањам а она ме потчукна по нога као тука суммм. Среќа мала сама си пие од шише и секој ден се повеќе и повеќе сум среќна од работите што ги може сама а воедно и тажна затоа што се помалку и требам ... Бебето ми расте
Браво, најубаво чувство.. Едвај чекам и јас да почне да лази и да дојде по мене , сега лази наназад и сеуште чекам а не се исправува сеуште .. ние сме денес 10 месеци
Хај мајки Бебево мое денес 8 месеци направи, стварно не знам каде летна времето. А коа ќе ми текне дека викав 9 месеци породилно многу е За месец дена треба со работа да почнам, од дома ќе сум и мм е од дома па синко со нас ќе е, ќе видиме каков циркуз ќе е тоа. Ако не, одма у градинка. Закажавме крштевка денес, за 20 август. И венчавка ќе си направиме успат. Сакав и 1 роденден се заедно ама 8 октомври далеку е, па тоа башка ќе си прославиме. Бараме и ресторан или нешто слично ама цениве се уби боже, сегде прескапо... Викендов бевме на 1 роденден кај блиски пријатели и само се напнав од муабети. Сите се најпаметни за туѓо дете како треба. 2 бебиња од по годинка и годинка и нешто си заспаа во колички накај 9 саат, ова моево нема шанси бре. Му смета музика, галама, преголема стимулација, преуморен беше и пренервозен при крај, па нормално станавме да си одиме рано. И тука одма почнаа паметњаковичи, како лошо сме го научиле, требало лесно и било каде да заспива, вака сме приморани дома да си одиме, па како требало инает да му тераме да не се водиме по него. Прво ми падна криво малце ама после ми одеше да отерам све кај што не треба. Мое бебе како сака, така, заслужува раат сон и ако не сака така, не сака. Приоритет ми е он и тоа е тоа. Па уште имаше и коментар "леле што сте го напраиле детево буцко, ааа тоа од млекото е сигурно, на формула бебиња лесно се дебелеат". Не знам дали јас се одвикнав од луѓе или што е работата ама ме исцрпуваат, одвај чекав да си одам. Уствари до луѓето е, не ми е со секого така. Си се пожалив ја битно Синко спие, јас со серијата, а мм сликички фудбал лепи Не знам кој е поголемо дете
И јас тоа скоро го дознав, и си го глеам бебево 6 месеци - 6250гр, па ги прашав која е формулата за дебелеење пошо ова не е дебело Ама ми дообјаснија тоа за понатаму било, ко ќе пораснело дебело ќе било. Окс
Добра ви вечер. Ако сте забележале скоро секогаш пишувам ова време, т.е сакам да си го искористам времето откако ќе заспие синко, па знам да "заглавам" до кај 12. Од една страна сум многу напната, уште не ми се разрешени многу работи во животот, па на периоди се чувствувам како да тапкам во место. Дури и бев да прашувам за работа, ама се разочарав малку, па баталив сега за сега, ќе бараме чаре од септември, а летото ќе си го искористиме со синко максимално. Затоа од друга страна сум пресреќна. Детево од ден на ден сѐ повеќе занаети знае. Почна да се пушта, сѐ повеќе и повеќе чекорчиња прави, а мама на секое чекорче си потплачнува малку од среќа. Креветчето не знам како успеал, ама го демолирал, т.е извадил некои желевца од механизмот што е за отварање. Упс. Се надевам дека дедо ќе може да ги поправи. Исто и ролетните по малку ги демолираше. Почна да си отвара фиоки, кутии, сѐ живо растура. По цел ден играме вади - стави со алишта и мечиња. Не смее човек на секунда да го тргне погледот од него, одма му текнува да направи некоја нова беља. Се договоривме да идеме на гости на неколку дена, малку да се прошетаме, да се извидам со колешки, да го запознаат и него, па се надевам дека сѐ ќе помине во најдобар ред. Едвај чекам.
Абе живи глупости. Моево од старт е со формула па сеа почна да качува килажа. Коа глеаме слики од првите месеци мм на заебанција вика "како не ни го земале од социјално не знам" хахахаха Тој истиот лани за друго бебе истото го кажа и мајкава му вика ама само цица, не е на формула. Се засрами малце, ја се намерачив ама еве памет не му дошло.
Нека се одлучат дали повеќе дебелее АД или мајчино млеко. Мене прво ми вика дека бебето ми е "дебело" поради тоа што цица, послето им текна да додадат дека " не треба да му давам толку многу да цица, ќе станело како мече ако не го ставам на ДИЕТА".
На тие мајка памет не и доаѓа. Си збореле и пак ќе си зборат. На мајка ми една комшивка ме удави буквално зашо не цицало бебето. Ми збореше 10 минути за у нивното време како било, па 1 жена 5 бебиња доела, не постоело тогаш тоа "немам млеко", викам добро, сакаш да ја надоиш или да си терам кај шо сум тргнала
Коментариве од страна колку ми креваат коса тоа не е можно. Леле со тоа спиењето, колку пати слушнав дека летно време рано сме го заспивале во 7часот надвор уште дење било, многу ви спие итн А нашиот најкасно 7ипол е кома. Исто и зошто го форсирате за дневните дремки, детето ќе си спие кога сака... Дел од најјаките коментари: Многу сме форсирале на под да седи, детето сакало цртани да си погледа Чудно што некогаш коментариве идат од родители со мали бебиња. Здраво мајки, Бебуш само што се смири и ете почнаа забчињата. Си се жали еве веќе една недела, ама имаме прогрес, ни боцка. Па чекаме сега барем малце да ѕирне за мама колачиња да нарача. Исто и мама си ја сака многу периодов, а ме види мене дека станувам да одам негде и се одалечувам од него одма пискање врискање. Еве моментално седам од другата страна на подлогата а тој си игра на другиот крај и одвреме навреме ѕирка дали сум тука. Лепенка! Исто и се научил на мешко оди и пушта раце се фрла се врти накај мене демек доста ми е играње ајде сега во раце земи ме Ама па мама има тајно оружје и секогаш некоја нова сликовница наоѓам да го заиграм За една недела идеме на одмор, мама одвај чека, а и трема и чудна возбуда ме фаќа, еве викендов списоци ќе се прават
Мајки помош коса ми се чини нема да ми остани, четири месеци ја дојам и ништо до сега не ми паѓаше, нормално по некое влакно ама не загрижувачки и сега наеднаш на капење/чешлање туфки коса во раката кажете нешто да пијам или шампон нешто да спречам ако можам
Дури не испадне цела коса што не паѓала во бременоста, ќе си паѓа. Пиј ти витамини, тоа ќе си тера. Некаде до кај 8-9 месец после породување ќе паѓа. Мене спас ми беше шишањето кратко, не дека немаше влакна насекаде, ама подруго беше.
Нормално е, и ја сум иста, цела брменост косата не паѓа ради хормони, е после породување почнува се што не паднало 9 месеци да си паѓа. И јас останав со пола коса, ќе престане и ке се обнови без апчиња