1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    10.648
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, со нов пост после 2 месеци :D. Откако тргнав на работа, форум листам навечер пред спиење.
    Бебе расте, следна недела 10 месеци ќе прави. Ми летна времево, како вчера да беше кога се роди, а веќе ми е мало девојченце :). Класика клише мајчински муабет:mm:.
    Нема проблем беба моја, седи со кој ќе ја оставиш. Сабајле ни мафта, не испраќа за на работа, не плаче по мама и тато.
    Моментално е во 7ми скок, релативно ок проаѓаме ама увртено и е изгледа да проодува сака да ја држиме за рачиња да чекори, во количка стои цело време и така.
    Точно за еден месец одиме на одмор, едвај чекам да ја видам како ќе се шлапка во море. И земавме базенче, купачи за бебе спремни се :D.
    После одмор ќе тргнува во градинка. Малку паника ме фаќа, си викам никој нема да ми ја чува како ние што ја чуваме :|.
    На работа супер, се вратив унапредена :D. Дефинитивно ценеле што доаѓав на работа до една недела пред пораѓај:D.
    Маж ја успива сега, идам јас да ставам брускети и да пиеме по едно пивце откако ќе запие бебе.
    Поздрав мајки, ако сега е моментот кога ви е најтешко зашто сте неспиени, нејадени и нервозни, запамтете, се' ќе пројде, бебињата ќе пораснат, а ние некогаш можеби пак ќе спиеме. Гушки:hug:
     
    На marchi-cool, Oneo, Coco31 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Јас 3 години редот му го немам пореметено. Прв пат по пат накај Турција. Ама малку порано го заспав и супер среќен си беше. Мене ми е жал кога ке ги видам деца на споени столици по кафани како спијат. Родител со станал не си веќе девојка. За лудување ке си најдеш замена, маж баба итн.
    Како почна синко мислев машал детето ке си јаде. И на 12 и на 24 имаше 12 кг. :devil:
     
    На Mantub, mssuniquee, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав она не беше на лудување , туку на роденден кај блиски пријатели. Па и еднаш да се проба , како ќе знае како детето ќе реагира во такви ситуации , а и не сите имаат секогаш на располагање баба служба. А стварно има дечиња што спијат и мака си немаат , еве на одмор одите пример , или летово сега секоа ли ноќ и уште во 8 ли се затвараш дома. Ако детето се прилагодува со спањето одредени ситуации , ништо не е страшно. Уживајте малку.
     
    На Emy867, matilda258 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  4. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    За денски немаме проблем,.ќе.заспие било каде, ама навечер му е проблем, си сака дома во креветче. На крај краева секој за своето си знае, јас како почитувам сакам и спрема мене така да скроз те сфаќам :)
    Детето мое не се прилагодува за ноќно спиење, си бара тишина, затоа си отидовме. Не беше лудување ама беше детски роденден со гласна жива музика и многу луѓе. Регулар вечер се прибираме во 9ипол зошто 10 заспива и гледам да заспие дома зошто ако заспие надвор во количка при префрлање дома ќе се разбуди - на 4ти спрат без лифт сме, количката у влез останува, а него во раце по скали. Така да и ја би сакала да сум флексибилна, опуштена и лабава ама во најголем дел од времето се водам по него. Сепак е 8 месеци бебе :)
     
    На Kaja991, 24.07, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Значи ништо страшно еднаш си пробала и си видела како е , за друг пат ќе си знајш. Муабетот е дека не треба фиксно и строго дома да се затвараме дури не пораснат , бар до околу 9 еве ( летно време ) , ако на детето не му е проблем заспивањето.
     
    На matilda258 и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  6. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Да, да, се согласувам. Затоа му го поместив заспивањево да е во 10 а не во 8 како што беше. Сепак треба да излеземе да прошетаме а не да сме заковани дома, али ипак е индивидуално.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sailorgirl

    Sailorgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :l:
    Мојот прв пост тука, поттикнат од мојата сентиментална страна :rofl:
    Прво бебче, прва среќа мајкина.. Желба најголема..
    Уште од ко си го родив, он си е само мој, најмој :D некако уште ме држат тие пост породилни хормони, па кој и да ми го земе, чувствувам така некоја посесивност и не сакам да го делам многу, многу :rofl: Некогаш така на моменти, мило ми е ако некој малце ми го по чува, да завршам некоја обврска, али тоа кратко трае,па брзо брзо си го земам, гушкам и не пуштам :rofl:
    Можеби не е ок, оваа моја посесивност еве веќе 5ти месец, ама ајде се надевам ќе помине...:lol:

    Инаку, причината за која решив да пишам.. Денес синко стана дегустатор, почнавме со варено компирче, пасирано.. Изеде дури 3 лажички, се тегнеше по уште, али ајде да не претераме од старт, за почеток добро е.. Јас и среќна што добро помина, и тажна.
    Си фатив да плачам, ме гледа синко, ме гледа мм и се чуди што ми е.. Мене налив на милиони емоции.. Кога ли ми порасна толку брзо ова мало човече.. Си се осетив така тажно, со една глупа мисла низ глава "Еве сега синко може и да си се храни, јас нема да му требам толку многу" и си продолжив со плачки..
    Знам дека е чиста глупост, и дека мајката секогаш му е потребна на детето, без разлика на годините, ама ете, не знам, такви мисли низ глава ми се врткаат.. Хормони ќе да е..

    Некоја од вас, вакви чувствува да дели со мене? :rofl:

    Како за прв пат, доста беше од мене..
    Поздрав мајки:l:
     
    На marchi-cool, Oneo, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    На секакви прослави има гласна музика, тоа може генерално да им пречи на децата, посебно за спиење. Деца сум видела на свадба да спијат ама мене тоа ми е лудо. За грев на таа музика да спие.
    Плус моментот што и велеле дека така го научила...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.123
    Допаѓања:
    111.061
    Пол:
    Женски
    Син ми на 3м беше на крштевка на кумчето во кафана и Благица Павловска му пееше на увце он не мрдна, ја преспа цела крштевка. Има родители што прават свадби со бебиња, со крштевка, зар од сопствената свадба ќе си заминат. Ако дете спие зошто да си заминат. Ако не спие ќе се снајдеш, има жени викаат да им чуваат деца, баби некои од друга страна, роднини, во соба Ако има тука или близу во некој хотел... ако веќе ептен ти е битно се снаоѓаш. На годинаипол бевме кај чичко му на свадба, таман почнаа тапаните и најгласната музика заспа во количка, бевме малку понастрана седнати и си отспа цела свадба, кога си заминавме само го префрливме во креветче и си продолжи. Ако на детето не му смета нема зошто да правам паника од некои работи кои се едноставно неизбежни. Одлично е да имам на кого да го оставам, ама е немам, мајка на 200км, фамилијарно треба сите да се појавиме, нема ли да одам на девер на свадба?

    Смањите доживљај, нема овде подобра и помалку добра мајка, сто пати сум рекла, за моето дете подобра мајка од мене нема, за твоето подобра од тебе (ова мислам на сите буквално), животот не е план у програма, некогаш се случува без да сакаш да се случи нешто. Пример најтазе додека се спремав за да си одам дома вчера од кај мајка ми кажаа дека автобуската компанија решила да ја укине линијата во недела навечер и јас морам да си дојдам понеделник наутро, да го разбудам син ми во 6ч, да го возам со автобус и да му го пореметам скроз денот, но тоа е што е, не е до мене. Зар јас помалку си го сакам детето што го разбудив утрово пред 6 и му го пореметив скроз денот?

    Коа сум веќе на темата, мајка на прваче овде, на завршна плачев ко кишна година, додека и го давав подарокот на учителката не можев да гукнам од солзи во очите, туц муц, збор не излезе од мене. Следниот ден после приредбата се спремиме и кај мајка на продолжен викенд, лепота! Да сум знаела дека е волку добро сами со синко многу почесто ќе доаѓав, да не се замараш маж дали му е досадно, дали му се оди некаде, да не мислиш на никој. Бомбона! Здравје летово и следниот продолжен викенд вака ќе дојдеме со синко. Дур не се породам ќе си идеме сами, после здравје со бепче ќе одиме, само да се погоди мирно ко бато.

    Убав ден мамаситас!
     
    На marchi-cool, Oneo, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Смањете доживљај и ако некој е спремен да седи дома за детето не му спие на зурли и тапани. Секакви не има. ;)
    Мене не треба да ми се правда никој, ако мисли некој родител дека треба дете да спие на свадба, после која мене ми зујат ушите, нека биде така. Јас ке барам замени или крајно нема да отидам.
     
    На mal.ecka, mommy's love, Autumn Love и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    1.929
    Здраво мамички, прв пост тука и веднаш со жалби ќе почнам. Значи многу се нервирам што сите се дрзнуваат да ми кажуваат за моето дете како тие да го сакаат повеќе од мене и јас не му мислам добро. На бебушко му започнаа грчевите и си плачи. Па почнав да добивам коментари од свекрвами и свекор ми слабо ми било млекото бидејќи си бара почесто цицање. Золва ми денес ми рече разговарале со другата золва гладно било бебето затоа плачело и јас сама незнам како се воздржав да не и речам ништо ама ме изнервира премногу. Цело време го завиткаат со ќебе иако е доволно топло и облечено бебето. Му студело, бебе било тоа. Сто пати сум му рекла и не се разбираат. Додека се свртам и бебето е пак завиткано. Ако почни да ика веднаш етее му студи. И сите знаат повеќе од мене пукнав веќе од нерви.
     
    На marchi-cool, Kbr, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.751
    Допаѓања:
    38.593
    Пол:
    Женски
    И пак се враќаме на она старото, нашето македонското, дека ако имаш дете, не треба НИКАДЕ да одиш и само дома да седиш, оти нели само дома ред си имаат децата.
    И на кафе не треба да се оди, има гужва нели.
    Ако плус бебе цица, тоа само дома никако во јавност, редот му се ремети и него и на околината.
    Моето прво дете за скоро ќе полни 8 год.јас немам ама баш никој и досега буквално никој не ми излегол во пресрет да ми го причува.
    Во тие 8 год сум била и на свадба и на погреб, и во банка и во бутик(со мене во гардероба сум го носела) и ноќно време кога сум имала потреба да отидам до итна зошто и јас сум човек од крв и месо нели, и во такви случаеви срце ме болело што морам да го носам, ама немаш друг избор.
    Сите сакаме да имаат ред нашите деца и горе-доле успеваме, ама некогаш и нам кои еве немаме помош од други лица, ни требаат 5 мин за нас, кои и те како ни се драгоцени.
     
    На marchi-cool, Oneo, snegulkata и 18 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.123
    Допаѓања:
    111.061
    Пол:
    Женски
    Tрпи! Какво време за себе, нема тоа, мајка си... Страшно! Глеј си го раатот како ви одговара така прајте си, од никој не ви треба одоброволување, пак ќе речам, само јас сум најдобра мајка на свет за моето дете!
     
    На marchi-cool, snegulkata, TanyaClover и 11 други им се допаѓа ова.
  14. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај ви излегоа муабетиве, секој си праи како што му одговара. Во дадениот мој пример кај што бебето ми е пренервозно, престимулирано и плаче секако дека ќе си одам од гужвата. Нема ништо македонско у тоа, топ ќе беше да заспие таму и да си уживам ја со друштво до полноќ ама јбг, секое дете е различно. Не сум поборник за строг ред туку кога веќе не се смирува и плаче сигурно нема да форсирам нешто што во моментот не му одговара. И мене никој не ми излегол во пресрет да го причува, сегде го носам со мене, ама некад коа не бива не бива и тоа е тоа.
     
    На marchi-cool, TanyaClover, elenaklasik и 10 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.123
    Допаѓања:
    111.061
    Пол:
    Женски
    Мајка прај си како ти одговара, само тоа е правилно и ништо друго. Тебе и на дете, ако заспива во количка и навечер можеш да се опуштиш, топ, милина, ако не ќе си одиш дома и ќе си продолжиш дома журка и готово. Не се замарај со никој и не им се замарај на коментарите. Пак ќе повторам, за твоето детенце ти си најдобриот родител, најдобрата мајка, никој друг не е подобар од тебе, крај!
     
    На snegulkata, mjay.yyy, Noranora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Самохрана мајка ли си па до бутици работата стигната?
    Многу се преувеличува и сакате вашите постапки да си ги оправдате како правилни и најдобри. Никогаш нема да ми се разјасни зошто носите дете во кафич на гужви бактерии прашини наместо во парк на зеленило. Кафе и на клупа се пие.
    Јас и маж ми не сме си ускратиле кафе со друштво и го чуваме на смени. Баби помагаат само кога двајцата треба да одиме некаде. Никој не работи 24/7. Тие со партнер во странство се исклучок.
    Кога немаш избор, пример лошо ти е а маж ти втора/трета смена во ред е да го однесеш на итна, ама да мкнам дете по гардероби, не не, без гаќи не сум.

    Објаснете ми дали за вас родител што пуши во затворена просторија со бебе/дете е најдобриот родител за своето дете?
     
    На zverkica, Speechless и LazaLaza им се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    А зошто не би го носела во кафич лето е птворено е?
    Или акл ми треба нешто до бутик или било каде?
    Или со дете ни до продавница по леб не се иде?
    Не гледам зошто би се ограничувала за било што а воедно и се водам по неа, ако е во ред се ќе седам ако е нервозна и плчлива и да не и е време за спиење ќе си одам
     
    На marchi-cool, Oneo, TanyaClover и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    13.791
    Немаат сите баба-сервис. Јас еве не сакам мојата да ја оставам на свекрва за да одам на кафе.
     
    На marchi-cool, eli25, hotsauce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Затоа што е гласна музика, гужва, жешко. Нема ништо интересно за дете таму.
    Во бутик колку прашина има, на ниедно друго место нема. Крај на свет е ако останеш без фустан нов?
    Како што кажав погоре, го чуваат бабите ако треба и двајцата да излеземе. За кафе се менуваме јас и татко му за чување.


    Зошто сите спомнувате баби а не мажи кои се татковци на децата?
     
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    13.791
    А што, ако одиме јас и маж ми на кафе или по бутици, детето да го оставам на чување? :rofl:
     
    Последна измена: 13 јуни 2022