Аха значи ти дома на секој два дена завеси и све переш,прљшина бришеш секој ден и постелнини два пати у денот офкорс. За дете нема ништо интересно ама па и не ми е само детето у животот нели? Нешто као социјализација и психа? Или ај пошто имаме дете на се друго ќе заборавиме. Не е дека некој детето го носи секој ден по цел ден во кафич, а за музиката можда вие дома не пуштате јас пуштам и те како и заедно со неа во раце рипам скокам и погоди што? Не плаче се смее . Баби сервис немам а татко не спомувам пошто работи од сабајле до вечер. Ретки се деновите кога е дома. Ете твојот може има раб вреѓе од 08-16 мојот нема работи од 7:30 денес па до 20. Епа да ќе иде со мене она по бутици, придавници, кафичи,паркови,по деугарки и на сите места кај што сметам дека треба да отидам. У стаклено звоно неможам и не сакам да ја ставам.
Значи коса ми се крева коа ке слушнам како се нервирате за сопствено дете. Како бе дозволувате сите да ви се мешаат? Не се ни објаснувам ако сум побарала совет ок ако не зимам дете и си заминувам нити слушам ниту трпам. А и сами ли ги правите децата каде е таткото да каже нешто сепак него му мајка/сестра? Во врска со муабетот секаде ја носиме со нас, буквално. Немаме на лагер никој да ја причува така да...
Пред да имам дете бев против деца во кафеани а сега сум многу против. Овие 6 месеци еднаш отидов во кафана и еднаш на кафе со бебе. И ќе повторам не е ок средина за бебе. Ај хигиена да не спомнувам, ама буквално нема ништо интересно за дете, купче странци на кои се смее а ретко кој ќе и врати насмевка. А и нема смисла луѓе ручаат а ти мкнеш дете меѓу маси. Среќа не е плачка сум видела и огромни драми. Седев два и пол саати веќе ми беше греота и во раце и во количка да седи. Абе мојава сака да се распиштоли, да се врти, слобода а не да ја држам стуткана. Мене ми е жал. Последниов месец сме договорени бидејќи решив да не ја мкнам по такви места друштво се собираме по викендици за раат и бебе да се раскомоти а за кафенце во парк и чиста работа. И во сабота сме на свадба кај другар па се мислам да не одам воопшто или да отидам само на приемот со неа да се видам со луѓето и да си ја носам дома.
@MilaSs12 не не сум самохрана, имам сопруг кому условите на работа не му дозволуваат да секогаш ми биде на копче за чување дете. Ако прочита убаво, 8 години е моето дете! Според тебе, јас 8год да не излезам и купам ОСНОВНИ потреби, како на пр.гаќи! И сега еве мкнам и бебе од 2.5 месеци за на големото дете да му купам облека, прибор за школо, книги од библиотека, го носам/земам од школо, зашто сопругот е на работа, и пак сите сме сити и задоволни. Реков, сум за дете/бебе да си има ред, еве го второво е 2,5 месеци па освен на кратки прошетки не сум била никаде на друго место. Ама, потребите кои ги имам, некогаш ми налагаат да морам и да ,,кршам,, ред.
Јас десет години не бев навечер излезена сама со сопруг или со деца, оти според мене, деца најдоцна до 9 треба да бидат заспани. И уште се држам до тоа правило, деца до 9 во кревет, иако моите се поголеми, 11 и 5 години. Нема врска дали е зима или лето. Еве, сега и на одмор сме, десет часот е, моите деца спијат. Ама рано се станати, денот е искористен максимално и нема потреба од вечерно замарање со гласна музика и прошетки. Ако излегуваме некаде вечерно време, секогаш тоа е порано, до 8 најдоцна сме дома. Не гледам дека нешто им недостига, има време за децата да седат до доцна. Многу деца има со нарушен биоритам, легнуваат после полноќ и не можат да се освестат сабајле до 10-11, што според мене е пропаднат ден и човек не може правилно да функционира. Ама денешново општество е такво, сите легнуваат доцна, стануваат доцна и нема продуктивност ниту пак се искористува денот на правилен начин.
Јас да улетам неповикана. Ко што те имам читано поголемо ти е детенцето. Сакаш да кажеш дека освен во парк и кај баби нигде не било? Ни во кафич, ни ресторан, ни игротека, ни мол, ни бутик, ни продавница?!
Здраво мајки, Ќерчето мое 10 месеци наполни, каде ли летнаа?! Не е веќе бебе туку мало дебелко детуле. Веќе си се исправа и си се шета по гарнитура, секогаш кога ќе се исправи има happy dance, среќата моја од среќа што се исправила игра и многу е смешна како да тверка Знае да плеска со рачињата и да кажува чао. Ама тоа само таа кога ќе сака Мама викаше многу, сега нешто како да заборави и по цел ден си вика татататта Инаку ептен е буцкичка, јаде само таа кога сака и што сака. Ред не можам да и створам ама за тоа со млекце гајле си нема. На крајот на месецот одиме на одмор. Мнооогу, многу се радувам, се надевам малата ќе ужива и се молам за убаво време. После сите корони, чуда и бесови толку нереално ми е дека ќе одиме на одмор Почнавме и со подготовките за прв роденден, ресторанот е најден и е во природа на езеро. Сега гледам торти и декорација и многу се нервирам што немам индиферентен маж па да можам сама се да си бирам, и во декорација ми се меша и во торта ми се меша…не е фер!!! Уште многу имам што да пишам ама во моментот не ми текнува па да не должам Ви посакувам убава и мирна ноќ
Не бе па ти. Има прашина по бутици, продавници. Ако треба нешто да купи, го остава на чување. Btw @MilaSs12 те читам и се чудам еј. Мојот маж по цела недела е по патиштата. Ако треба да го чекам за да завршам некоја работа, ќе дочекам. Не се прави ти нај нај мајка, во секоја тема ти си најпаметна, најдобро мислиш за детето... Орден да не треба да ти дадеме, м?
Denes ja otvoriv grupava i sum epten neprijatno iznenadena od sekakvi komentari i mislenja sto e najdobro za bebe, dete i.t.n Smetam deka sekoja majka e najdobrata majka za svoeto dete i deka sama si odlucuva sto misli deka e najdobro za nego. Sekoj se snaogja i funkcionira onaka kako najdobro mu odgovara. Ne se potrebni dopolnitelni komentari jas kako pravam, kako treba i slicno. Koj veli kako treba decata da se cuvaat i koj podobro znae od sopstvenata majka.!!!!!!
Што ке види детето во кафич? И во бутик? Што ке ти фали кафето во парк да го испиеш? Колку често купивате гаќи? Еднаш месечно па ни толку не одам по бутици. Тоа едно одење ке го темпирам да го чува маж ми. Или побитно е фустанот да се купи макар детето во гардероба седело? Да. 3 години ке прави и по молови продавници бутици не оди. Во кафич на отворено оди и цели 15 минути седи. Затоа или не одиме со него или оди секој посебно на кафе. Во продавници оди во блиските продавнички да купи нешто ситница и тоа почна сега сам да бара, сакал банана да јаде и сл. Во игротеки не оди, се дружи со деца од друштво кога се здрави. Во градинка одеше некој месец и бактерија фати триста компликации. Така да оди каде што има да се трча и да прави што прават децата. Освен леб и основни работи, кои се пазарат за 15 мин, што друго е толку битно да мора да го носиш и детето секаде?
Не се нарушува биоритам од една свадба и една кафана, Матео легнува најдоцна до 10 со една дремка од добри 2 часа на пладне а ако не дремне во 9 најкасно е кома. Па има позади себе 3-4 свадби, кафани и дружби до покасно навечер. Нема потреба од докажувања, секој сам си одлучува.
Мене не ми се десило да мора прслук да купам во одреден момент. Сега веднаш. Да немам еден прслук да облечам, да мора по продавници со дете да одам. Облека е ке почека да го чува некој за да купам јас како човек. Не сте ми јасни. Прслук е не леб.
А и леб треба да купуваме кога ќе си дојдат сопрузите од работа, на пример мојот и 12 полноќ го фаќа ако е на пат?
Жено, ти нејќеш да сватиш или се праиш дека не сваќаш за да испаднеш паметна? Еве ти така глеј си го детето никој не те пеиморува на ништо, ние другите вака некој онака и тоа е тоа. За мене нема ништо лошо во тоа детето да ми седи во кафич на отворено од време на време. Како ни тоа да отиде до мол како што и беше денес и имаше еден куп деца се повртевмњ низ џамбо купивме ситници и си отидовме. И замисли не се разболе ....
Ама да се согласиме дека за секое дете мајката знае најдобро и е најдобрата мајка. Само да не нормализираме дека е супер одлука дете да спие на гласна музика од која на стар му зујат уши или да голта прашина во соблекувални. Драма драма. Леб се купува за 2 минути, на ниту едно дете нема да му здосади ако отиде по леб. Ама да чека по соблекувални за прслук или на кафе да го тегнат 2 часа и те како ке му дојде преку глава. Зурли и тапани се левел ап. Ситниците не можеа да почекаат да се ослободи маж ти. Добро. Утре пак прошетајте.
Не, мојата пдиха не можеше од пиштење вриштење вадење заби станување во 4 од заби + скок во развој. И?
Малата кога беше 4 месеци бевме на девер ми на свадба и во ресторанот скоро цело време спиеше, не ѝ сметаше музика. На 5м ја оставив на моите, бевме на свадба кај кумовите, се одрала плачејќи и ја земавме со нас, исто цела вечер спиеше во ресторанот. На сестра ми на свадбата заспа во ресторанот,не ѝ сметаше музиката. Ги носам и во кафиќ и во маркет и во бутик и во игротека. Не осеќам дека нешто грешам. Поарно со мене отколку да рикат кај што ќе ги оставам