Како и секогаш, многу ја должите. И децата се личности кои треба да среќаваат разни ситуации, значи убаво е да видат и кафич, и ЗОО, и трговски, па нели се Табула Раза?! Нека гледаат па макар и од количка, не мора да ги лишувате од се. Потоа сами кажуваат, барем мојата, Денес сакам на шлагче, денес на трамболини. Како ќе имаат избор ако не знаат што им се нуди? Се е школо. Доста веќе се препирате. Ајде, да не сум од топик, да ве поздравам од сончева Битола каде сите годишни времиња се сменаа денес, ама нас не не спречија во прошетките. Мала ми е супер, малку зачестија настинки ама тоа е. Собирам храброст за во градинка, се тресам од пусти вируси. Август ќе славиме 3 роденден, ќе истераме и еден морски одмор конечно. Добра ноќ
За какви глупости сте се фатиле. Абе на кој како му одговара нека си прави. Моето е лепешка за мене, кај одам јас, таму и он. Во вц, во маркет, во бутик ( и кога купувам за него, и за мене, и за поклони), на кафе, секаде. Без него не мрднувам оти секако нема кој да го чува. И шо му фали? Секогаш му носам храна, занимации, резерва облека и памперси, итн. Сме седеле и на гости до 9-10 саатот навечер, т.е тој си спие, ние си седеме со другарки и нема гајле. Ај ако не да се затворам во 4 ѕида сама со дете затоа што сакам да се видам со некого а нема на кого да го оставам.
Gospode fala ti sto nemam.vakvi seljaci vo zivotot i okolu mene .. Ti si majka na svoeto dete i nikoj drug ,osven ti i mm ne treba nikoj da vi se mesa ddug i ne im traj kazi im da si znaat za drug pat da ne jadat slatki sto treba,kako treba,ako traes celo vreme ke te nervirat. Svekrva mi 62godini e pa vakvi raboti ne mi kazuva ,Gospode Boze kakvi neandratalci ima na ovoj svet, se cudam
Сериозно? Еве ти кажи ми како да купам кога маж ми ќе е дома? Си доаѓа доцна навечер, а недела не работат бутиците. И да, итно ми беше прслук. Бремена сум, па градите многу ми пораснаа
Како се фаќаш за секоја ситница по темиве, упорно враќаш, цитираш контра кога сите ти ја сфаќаат глупата поента и изиграваш најмајка пошо нели грев е дете да однесеш по мол или продавница Го жалам маж ти по форум каква си, којзнае дома што правиш за да си ја докажеш својата страна
Ја само не знам како ќе одат во школо децава здравје. Па тоа прљаво, прашини тоалетите нечистени, хо рор, хо рор . Шала на стана секој со свој стил и начин на живот. Ние пред да имаме дете искачавме секој викенд до 4 сабајле сега тоа секако не е така. Ама за кафанче, ресторанче си седиме и ние и беба си ужива. Ние мезиме, она барабар со нас.....и тоа со лажичка од кафаната....прљава..., а 10 месеци е Се е до психа и како си го сфаќаш животот. Некој се замара со се, таков бил и пред дете да има, некој сака да му е лабаво и да ужива во животот, и да го запознае сопственото дете со реалниот свет уште од сам старт. Добро утро мајки, убав ден и растете си ги дечињата секоја на свој начин
Точно, не се нарушува, ама не е секогаш само една свадба и една кафана. Моите секаде биле и одат, и кафани и свадби и се, ете последно ги носев на свадба, останаа до 10:30 будни, малото заспа, па си отидовме, без оглед на тоа што ми беше блиска свадба, никогаш не би оставила дете да спие по столови, ама тоа сум јас. Не се докажувам, само си кажувам мислење. Може ни јас не сум во право, ама мое мислење е дека децата не треба навечер да се малтретираат. Преку ден има време за сѐ, како што реков, ништо не им е ускратено, ни кафана, ни кафич, ни молови, ни друг вид забава.
Eпа тоа се вика баланс Анке, најважна работа во животот. Баланс меѓу животот и потребите. Никогаш Матео не спиел на столици споени, уствари лажам, во Албанија лани сам си спои 2 столици и си заспа ама опција да заминеме немаше, а ни он не сакаше, додуша столиците беа фотељи кои беа ко кревет меки ама пак е спиење во кафана нели. На свадбата на чичко му спиеше во количка, што ми е ок опција. Само баланс е потребен, ништо друго.
Вие ако сметате дека треба да ги носите секаде, слободно носете ги. Ваши деца се, вие одлучувате. Се правдате што сте правеле како сте правеле сте немале каде да ги оставите итн. А на кого се правдате? На форум. Орден да повторам дека не барам, упорно сте се фатиле дека треба орден да ми додели некој дека сум најмајка. Зошто?
Бидејќи во секоја тема се истакнуваш. Кој треба да ти се правда? Ќе се правдам на рандом лик од Фемина. Важи.Смешна си еј. Ти ако имаш баба сервис во секој момент, друг нема. Ако сакаш само дома држи го детето, твој проблем, но немој да кажуваш дали е итно да се купи облека или да се плати сметка во банка или во пошта. Јас со детето плаќам и сметки. Поздрав.
И да имаш баба сервис, пример во др.населба е. И на секое јас трк на носење? Мајка ми е во иста населба со мене , па не го носам. Освен во Џамбо кога идеме , па да не купува се и сешто Башка он сака секаде да оди со нас, по цел ден не не гледа на работа и каде и да одиме сака со нас. Не ќе го правам свилен.
Престанете со баба сервисот. Кажав јас како ја користам таа можност. Заборавате дека и мажи имате. Татковци на децата. Ама работат 24/7 по ваше. Немам што да кажам повеќе. Поздрав.
Што е ова правдање? Немале баба сервис? Имам, не сакам, сакам да го носам со мене. Го носам на свадби, крштевки, родендени, замислете го носам и по молови и по бутици кафани и кафичи Срам да ми е. Не, не е дека нема кој да го причува саат, два или пет, така сакам. Кој не сака, слободно нека не носи дете никаде. Кој сака, нека си го носи каде сака. Ќе ми кажува некој на форум дека дете не е за во кафич, ај важи
Ех сега Читајќи отпосле, мислам дека во првите беше кога даде решенија кои според тебе се прифатливи, за чување од страна на мажот и никако носење дете на недетски места. На што потоа членките ти одговорија со банални ситуации, а сега велиш се правдале. Некако ги делиш нештата, во повеќе теми, на црно и бело и потоа секако следуваат реакции. Не се правдаат, кажуваат од нивна гледна позиција. Ако за тебе е тоа правдање, така ти го разбираш. Јас разбирам поентата за живеење во зелена средина, детето да расте во природа и сите салтанати. Ама пак еден бутик нема да му го загрози здравјето, отколку издувните гасови. Градот пола ви е искорнат, не е Шведска. Значи ситуации се, моменти во кои некогаш ќе го земеш со себе и што е толку грешно не разбирам. Детето е дел од семејството. Кога планирам нешто, го планирам и него, зависно од ситуации и темпераментот негов. Ама бидејќи не разбираш, па мораме да се објаснуваме, па потоа излегува правдање. Се трудиме, барем ние младиве од овие денешни генерации, да не бидеме родители - труежи. Оние кои кога ќе застанеш на муабет, те дават со тоа како што правеле со нивното дете па како е најдобро совети и блабла. Не биди и ти таква. Секој пред носот нека си гледа најубаво. И ете што го почна муабетот @unearthlysarah за тоа велам, да се одучиме од тоа припаѓање в несвест како правело бебето и како било најубаво. Дека тој другиот го роди, па најдобро знае како се однесува бебето. Моето кога беше 4 5 месеци плачкаше од други, од надворешноста. Ние го носевме надвор ама ете кога ќе се разминевме со други, се случуваше да заплаче. Боже бебе е , 4 месеци има. Велеа дружете го повеќе со други да се научи. Ех ајде де, што да им правиш. Не го дружев многу со други, ниту па да го "навикнувам" на галама. Битно ми беше да сме наспани, одморени. И сега, истото бебе кое плачеше, се смешка со други, питом е. Ама ако не пројадат баклава како требало, живи не се!
Абе јас краставица и воведов во кафана, што се тегнеше таратур да мези, па во кафич немало да ја носам. Рамноправен член на фамилија е