Лично, живеам во Англија. дали можам да го чекам маж ми да е слободен за да отидам по продавници без дете? Да. Дали ќе го чекам ако ми се оди сега по продавница? Секако дека не! Мила по твоја хистерично смешна логика не треба детето ни во градинка да ми оди. Знаеш таму постојат бактерии и вируси повеќе од било кое место, а плус ако ти твоето го праќаш во македонска државна градинка, да те просветлам дека таму постои прашина повеќе од било кој мол или бутик, да не се лажеме ја знаеме хигиената башка што по светот моловите се опремени со мали игралишта внатре од причина што никој не користи баба сервис или маж за да оди до продавница! Тоа е the norm, сите си пазарат со деца, ама што имаш видено ти од тоа. Нормално ти е да оставаш дете за да идеш по прслук Нели мислам читав од дома работиш, каква мајка си ти, го праќаш детето во градинка, имајќи ти од дома или баба сервис, детето во градинка збира вируси.. ауууууу
немајка! Мислам ова со кафаниве има логика, нели децата од мали учат се, па ако од мала ја носиш во кафана може пијаница да стане па и женско..срамота Сама ќе се испратам
Мене само не ми е нормално во зачадено да седи. Коа ќе ги видам во оние пластикине со бебе. Ја не седам во пластики зима а пушач. Одвратно е. Од многу чување дома во короната и не седнување нигде во кафич или мол ко од ланец пуштен е син ми...
Па сега....боље јас од мала да ја научам, него да ја расипат другарките. Плус некој сигурно ќе треба да ги расипува децата како на Мила во школо, сигурно ќерка ми ке биде тоа
Го сопрела од градинка дека се разболува, пиша. Пошто во школо нема да се разболува, нема да ги пројде детските болештини, ќе го чува во стаклено ѕвоно. Колешката карши мене така правеше и цело прво одделение детето дома го преседе. Ние деца што пуштаме у градинка сме малоумни, очигледно, на толку вируси, бактерии, прашина, нечисто... Поентата е јасна, на дете место не му е секој ден по бутици, кафани и свадби, ама па секој ден ли одиме на такви места. Кафич на отворено кај што нема чад, ми скроз ок, зошто тоа е бебе сеедно му е дали ќе седи во парк, во двор или во кафич, не му прави разлика. Не поддржувам едино зачадени простории. Ако јас испијам кафе и после го однесам саат време во парк да гледа зеленило, да протрчка ако оди, не гледам драма ама ич.
Се додека на улица му ставаш гас маска пошто воздухот ни е загаден во ред си. Ај ќе си одам да спијам сама
Бетар од овие од Влада сме Државата тоне, тие за кесите се фатија да ги наплаќаат и укинуваат. Така и ние тука. Една пријателка што вика, подобро со мене да е, отколку дома со баба му сите турски серии да ги превртат
Треба децата да ги сметаме за рамноправни членови на фамилија! Она што всушност се! Во животот треба да постои еден баланс. И тоа дете треба да види се, од се по малку. И парк, и градинка, и кафана, и свадба, и се. И стојам за тоа дека РОДИТЕЛИТЕ треба да си го гледаат детето и детето треба највеќе време со родителите да поминува а не на секое искачање и обврска да се користи баба сервис. Нејсе, Мила е повеќе од очигледно дека сака само рчка да направи. На крајот од денот секој си одлучува што е најдобро за неговото дете и не е наше да судиме!!!! Кога сум веќе тука да ве поздравам Ни помина роденденот. Частам торта со мало каснење . Во игротека го правевме и иако не ми дојдоа планираниот број на дечиња, супер си поминавме. Калинка се изнаигра и се изнарадува, чиниш разбира дека и е роденден . Се беше совршено. Јас сум пресреќна и презадоволна. Ми се исполни и мене еден сон што си го сонувам цел живот - дека ќе бидам мајка на женско дете и дека првиот роденден ќе биде Мини Маус. И стварно беше така . И јас и ќере бевме Мини Мауски Не ми се верува дека цела година помина. Од една страна ми фали малото бебенце. Ама од друга страна сега се разбира, мало човече е и веќе почна да искажува љубов. Ја учам да се бациме и се научи па сега секое сабајле кога ќе се разбуди прво ми се насмевнува и после доаѓа и ме бацува. Епа поголемо топење од ова нема дефинитивно. Ептен ми е златна. Во градинка си оди и супер и е. Многу си ги сака и другарчињата и воспитувачката. И мама на работа си оди. И така турбулентно секојдневие па одвај чекаме да дојде викенд да си се гушкаме и мазиме по цел ден. Ве поздравувам. Гушкајте бебуши
Имаш тема за молзење, види ќе видиш искуства, ама сега имаш стварно избор не е само Медела која е преценета за парите.
Здраво мајки! Не сум пишала одамна се изначитав се изнасмеав, начудив... Да ви кажам откако ми се роди синко најубаво друшво за кафе ми е. Секој ден сабајлечки си седнувам со него на кафе. Раат, тишина, тој во количка малку спие малку гледа си гуга се радува. Не гледам зошто толку фама се крева околу тоа. Во зачадено не го носам ама па за надвор ич не му ја мислам. Сегс на одмор кога бевме седнавме во ресторан да јадеме синко кома. Нејде кој како смета така. Да се вратам на темава најубава. Ми порасна синко цели 7 месеци. Секој ден нешто ново има. Јас мајка западната од среќа. Бевме на одмор. Одлично поминавме. Синко се брцна в море. Се изнаспа на плажа. Го фати и боичка. И по пат поминавме супер пријатно сум изненадена од синко. Едвај чекам да одиме пак. Го запишавме градинка. Јас многу емотивна по тоа прашање ама нека е жив и здрав се надевам се ќе биде добро. До август ќе се спремам психички ваљда. @kostovaivana да е жива и здрава Калинка. Да е среќна и исполнета да ве радува дома. Така мајки уживајте во викендот.
Мамички незнам дали е за овде постов дали сметате дека вие најдобро знаете да си го одгледувате бебушот многу ме нервираат и исфрустриран сум од совети на баби, тетки, вујни... Вака требало така требало Форест му е да проба нема гајле иако сме само скоро 5м манџа да пробало, гледало греота било па толку мало дете масло сол шеќер не му се дава сега само што почнавме со вкусови ,,нас како не гледале,, да ама па се гледа колку сме здрави така знаеле така правеле ок не изгледале но нека не ни солат памет како ние да ги гледаме нашите деца иако сме неискусни ќе прашаме ако сакаме. Не требало в раце да го учам да сум го седницата во дубак ... и ред др работи, ќе вриштело за година две за мобилен ... Јас не давам мобилен на дете нека вришти има игри а не од мало со тел. В раце .... И ред др работи се извинувам за долгиот пост морав негде да пишам ... Убава ноќ мамички
Мајки имам замрзнато мајчино млеко сакам да и го дадам на бебата 4 месеци е оти не и стига сега доење па почнавме од еднаш во денот адаптирано сега два пати барем да и го дадам да не ми стои ќе правев кашички ама подобро да го испие. Како е најдобро да го одмрзнам и како да го затоплам некоја да давала замрзнато да знае. Пример сега давам адаптирано кај 18 часот и следно пред спиење околу 20часот за да ми биде спремно до тогаш кога треба да го извадам од фрижидер оти се изначитав и стварно не ми е јасно
Извади ја од вечер кесичката во фрижидер а другиот ден во шишенце да се смлачи под топла вода. Еднаш одмрзнато млеко се пие во следните 24ч и не се лади пак ако си го згреала или не се мрзне пак. Зошто АД ако имаш млеко смрзнато. Ако евентуално не сака да го пие смрзнато молзни малку свежо и измешај го, ќе го испие. Внимавај да го одмрзнеш најстарото за да не ти останува млеко за фрлање, зошто во фрижидер трае 6м. Не слушав муабети од страна, си правев јас како мислам и доктор како кажа. Не дадов да проба манџа на 5м, не дадов каши на 4м, не ставав во дубак, си го држев колку сакав и си го гледав како сакав, а на коментарите викав Мое дете, мои одлуки, кога ќе родиш свое тогаш ќе одлучуваш, крај! Има 6г и уште имам такви муабети од луѓе кои сопствените не си ги одгледале како што треба ама за моето имаат секогаш совет. Маж на една убаво и рече, нека е твоето се во ред, за нашето остај ние да се срамиме или да се сеќираме. И за телефони не е точно дека ќе вришти, прв пат на 6г му дадовме да гледа цртани на телефон за да може еден ручек да изедеме во кафана зошто му здосади, ама и тој му здосади за 15мин. Е напорно е да гледаш дете без телефон, мора да го анимираш, ама па сеа тоа е. Не давам телефон и крај. И сега појма нема како да го уклучи, како да го пушти, како да гледа, знае на тв да пушти YouTube и толку, ама на тв му давам за да може да се занимава пола саат јас да одморам или се избањам или да испијам кафе со комшика, ама пола саат саат и претежно гледа некои интересни работи не се занесува во тв.
Се сложувам и истиот став го имам и мислам дека ќе бидам истрајна во тоа. Не слушам муабети и совети од страна и не ни давам совети и мислења за туѓи деца колку и да сметам дека е погрешно тоа што го прават. Како на пример, гледање цртани буквално по цели денови уште од 3 месеци, сега веќе 1 година при што детето уште незнае ни да седи, нит лази, нит застанува на нозе, нит по некое зборче да каже, ама ништо како бебе од 4 месеци е уште, што е страшно жално. Ама тоа е нивно и не се мешам, ама таквите наоѓаат да коментираат и даваат мислења за мое дете како треба или не, на пример зошто седело или се исправало мало било и ред други коментари. Игнорирам се живо и диво и не обраќам пажња на било какви мислења од страна на луѓе кои не се компетентни или кои гледам дека потфрлиле во воспитување на своите деца. Тетки, баби, свекрви итд па ич не слушам особено кога ќе кажат...абе во наше време...или...ние како сме ве пораснале... Или свекрва ми...уште вода не му даваш( и превртува со очи) само една ваква смешка во фаца и мавам и си продолжувам да си правам што си правам Така да @Eli-77777 воопшто не обраќај внимание на кометари од страна и гледај си го детето како што ти мислиш дека е најдобро за него Бакнежи
Да ти кажам право на почетокот премногу се нервирав. Оваа ќе ти каже вака, онаа онака. Па облекувај го повеќе, па вака па онака. Сега имам две тактики. 1. Кога ќе ме прашаат "правиш вака, така, онака?" Одговарам со "Да, да" и одма почнувам друг муабет или го префрлам вниманието, се вртам накај него и му зборувам или слично. 2. Искрено си одговарам без ич да се замарам. Вчера баш заспа на гости и ми викаат да го покријам. Си одговорив дека не го покривам, ќе се испоти. Исто и за чорапите, кога некој ќе ми рече "леле па ова дете босо", одговарам со "даа, жешко му е". Одговорот зависи од тоа со кого разговарам. Има некои ќе ти се запијат ако си "немајка", т.е не го оставаш у дубало, не му облекуваш чорапи, го држиш во раце (ќе го разгалиш според нив), итн итн., па во тој случај одговорот мора да е позитивен во однос на нивните верувања за тоа како се расне дете.