Околу гледањето тв па луѓе јас се шокирав колку тоа е станато као ај нормално е бе сега децава да гледаат. Еве скоро 7 месеци никад ама никад не погледнала накај телевизор. Вчера до кај баба ми на гости и ми вика па детево твое не гледа телевизија, мори пуштија доле нека си гледа....овие (братучеди со деца) се така прават. И знаете јас излегов као да сум ме нормална што не давам. Знам дека е потешкиот пат поготово за мајка што е сама по цел ден ама реков барем до 1,5 нема анимирање со цртани или друго срања.
Леле да. Син ми вчера на гости случајно се пружа кон телефонот оти му се виде интересна маската и жената одма "да ти пуште баба цртани? На Х детенцето се тресе целото додека чека да му ги вклучам цртаните, многу им се радува, сам си го држи телефонот..." Ја само реков не, моето не гледа цртани и у себе си викам бог да чува... Истото тоа дете има година и пол, ни оди, ни зборува, само цртани гледа по цел ден и се плаше од сите, сакало само да си седе со телефонот. Греота за детето, го уназадуваат со тие цртани.
И сите ние сме свесни дека екраните се неизбежен дел од животот ама па дур може нема потреба да гледа. Нека го учи и осознава светот и работите со пипкање, допирање, мирисање... Стварно е жално бебе да седнеш пред тв или мобилен и цел ден тоа да прави. Ама одговорот на родителите кои погоре ги пишав е ...абе во градинка ќе го научат...(демек да седи, лази итд). Мене ми е жал кога го гледам затоа што нема сенс со реалниот свет, куче му се приближува и плаче, играчка му даваш и незнае што да и прави, ама затоа пушти цртаниот и живи радости. Ама ете си седат раат на маса додека јас со моето 100 пати станувам да анимирам, прошетам. Ама јас уживам во тоа, сакам да го правам да го учам, се да му покажам... И после во 21часот се комирам
Јас скоро добив коментар дека синко 3месеци, токму поради тоа што не сум го ,,учела,, да гледа во тв или телефон, плачел по мене. Мене тоа ми е работа, само детето, им одговорив и не се расправам. Сите добро знаеме колкаво влијание имаат врз развојот на детето, особено говорот. Дете бара внимание, бара блискост, и особено си бара некој цело време да му зборува. Не дека моето дете нема да гледа цртани ама тоа ќе го редуцирам на минимум се додека можам.
Добро утро! Допивам кафе и се фајќам за работа низ домот. Децата спијат, моите се од оние кои касно заспиваат и зиме и лете, тек па лето ич не се мислам да ги оставам сабајле после 9 да станат, а навечер до 22 во парк да се шетат. Оти ако по ,,правила '' го режирам денот нема парк да видиме ... Прилагодено по наши услови , работиме до 20 часот па шетањето ни е планирано за покасно. Инаку не сум против редот рано легнување,рано станување... напротив сметам дека е подобро така ама јас ги немам тие услови за така да функционираме. Затоа си тераме како нас ни одговара. Па и децата прошетани, за среќа и наспиене, и ние со нив среќни... сите задоволни. Ќе се пофалам дека имаме дупли баба сервис на располагање,кој секако го користиме кога е најопходно. Децата седат со бабите без проблем од мали,да не речам од бебиња,ама сега се веќе поголеми девојчиња од 8 и 4 години па не е проблем да си бидат со нас и во ресторан и во парк и на родендени... Се снаоѓаме и организираме спрема ситуација,секако на свадба не ги земаме со нас па бабите упаѓаат во игра. И сега за некој можеби сум немајка оти од старт вака ги растам,и не сум баш некој пример по кој би се водиле новопечените мајки ... ама јас си праам нас како ни одговара . И знам дека се не може да биде по правила и прописи. Среќна сум што стигнувам да најдам време да си поминам време со децата, и да им зготвам секојдневно оброк,да ги изнесам на прошетка, да заспиеме со прочитана книга,да им обезбедам чист дом во кој нормално ќе растат... Е сега у 23 заспивале... епа тоа е. За во 21 да се у кревет од многу работи ќе треба да се лишиме. Зиме помалку ни е интересно па не не наоѓа толку касно. Инаку летниот распуст со нетрпение го чекаше големата ќерка,ама за брзо се пожали дека и фалат другарчињата од училиште. Па организираме да се гледаат колку можеме, наоѓа време и за книга да чита,нешто да црта и на телефон да поигра некоја игра ( секако умерено ). Малата се занимава со кукли ,шминки, модни ревии... за мобилен никогаш немала интерес иако како немајка сум знаела да и дадам некогаш да се загледа во нешто за да завршам некоја работа низ дома. Ама јок, не и е интересно. Почна денот кај нас,станаа ќерките и се кикотат во детска, ја знам оваа игра се преправате дека спијат за да ги будам со гушкање и бакнежи. Љубов ми се! Следи смути со многу мраз ( леле грло ќе ги фати ) и боранија манџа за ручек ( големата ќерка многу ќе се израдува на ручекот , малата пак обожаваат боранија ) Чао мамици,убав ден на сите!
Дали некој има друг број од Јане Сандански освен 2464997? Цел ден вртам никој не крева. Бебчето ми е месец и 1 недела, а патронажна сестра нема дојдено.
Сакав да прашам во врска со вакцините, другарка моја рече патронажната и ги закажала. Матичен уште нема бебчето, бидејќи др Митка е на одмор, а сакав она да му биде, па не знам како иде процедурата со вакцини да не утнеме нешто.
Отиди со директ на вакцинален пункт. Не знам како е во ск, ама јас бев сама на вакцинација да го пријавам за вакцина, иначе ми рекоа дека тие сами нема да нѐ викнат. Тогаш ми кажаа кога првпат да отидеме на вакцина, што ќе прима и сл. Викаш матичен уште нема. Не ли го носиш секоја недела на преглед?
Го носев 3 пати во Ремедика, толку и следуваат нели. Се јавив минатата недела за кај др Митка ама на одмор била до 10 јули. Секако чекав за извод и книшка долго, а мора книшка за матичен нели. Ќе ја почекам докторката да се врати од одмор и ќе видам со неа за вакцини. Бебуш уште нема 40 дена, мислам има време, вакцините се примаа после втори месец ако не се лажам.
Најди си матичен и носи го со родилен картон. Книшка ќе однесеш кога ќе има,не верувам некој да ти направи проблем сепак треба да се следи бебето повеќе на почеток
Не ти треба книшка за кај матичен. Моето немаше до 3 месеци, го носев и на вакцина и на матичен и во лаб и на дерматолог, никој нема да ти направи проблем, нормално е. После коа ќе извадиш книшка само ќе ја упишат во системот.
Вакцините почнуваат со полни 2 месеци. Ќе ти се врати докторката таман ама не ти ни треба. Со родилен картон во вацинален пункт оди и ќе ти отворат картон и ќе ти кажат кога прва вакцина.
Мајки да ве прашам нешто Малку е глупо ама тоа си го мислам сега и не знам што да правам Што може да однесеме за частење за роденден во јасли во градинка Скоро сите дечиња се над годинка и пол,само две се помали од неа Планирав сокчоња секако ама што друго е соодветно за нив?
До 1 г се носат секој месец на мерење, така да барај ја замената на Митка, објасни и и носи си дете. Книшка не ти треба ќе однесеш кога ќе имаш. Исто и вакцини, сама си закажуваш. Од патронажна не барај ништо, мојата камо да не доаѓаше ич од старт.
Знам дека се носи секој месец, ама бевме 3 пати до сега (последно пред 4 дена), а нема уште ни 40 дена. Ќе отидам деновиве за вакцини да видам и да ја побарам замената на Митка. Фала на сите за одговорите
За здраво дете не би одела кај Мирјана. Штом сте биле во скоро на контрола и ако нема никаков проблем и добро напредува би си ја почекала матичната. Прво во ј.с. ќе треба да чекате со болни дечиња, а искрено колку и да ја почитувам Мими (му беше матична на малиот), за здраво дете баш и нема да ти се замара.
Точно. Супер е докторката, ама @cocopuff не го носи кај неа за рутинска контрола. Чекај ја Митка, а за вакцини секако во Јане ќе те усмерат што како. Глеј само да ги фатиш 12 недели за бебе ако сакаш да ја ставиш рота вакцината.