Не, почна многу проблеми да ми прави за потврди за градинка. Последен пат ме тераше да правам контролна кс на оздравено дете после терапија и се изнервирав многу и сменивме.
Majki zdravo Kolku stepeni vi e doma? I kako se spravuvate so gorestinive? Nas klimata ni raboti, sedime vo spalna so bebe, temperaturata tamu ni e 24stepeni.
Ако тебе ти е жешко, жешко му е и на бебе. Прати ја, дали и се ладни топли рачињата, ноџињата, носето, ако и е ладно ќе гасиш. Подобро да е свежо и да е облечено отколку да се поти и да е нервозно. По боди и чорапчиња ако ти е свежичко и готово.
Здраво мајки, како сте? Конечно малку да го искористам времето да себе, да подишам, раат од обврски. Овие денови откако завршив со испитите, секоја секунда бев зафатена, шо пазарував по малку колку што можам сама со бебе, што готвев, чистев, перев на раци (ни цркна пералната) и така. Затоа денес одмарам, освен јадењето немам други обврски. Првата дремка си ја отспав со него, сега за време на втората направив ручекот, се избањав, се средив да заличам малку на човек, си направив протеински шејк и сега уживам. Ми фалеше ова. Сите да си дочекате вака 5 минути за себеси.
Хелоу мајкички Да шкртнам збор два дур синко си раскажува нешто со татко му . Тандем невиден се. Утрово за прв пат се хранеа сами. Јас му направив, тати го хранеше. Не знам кој беше појќе извалкан , бебе или тато. Умацани до уши Ама ништо , ќе испере машината . Важно среќни се и двајцата , поготово синко дека му дозволија да брка со рачињата во чинивчето Бевме 4 дена на пробен одмор до Грција . Мераци Се изнаодморивме за сите пари. Благодет било со мајка да идеш Мада синко ми е стварно многу мирен, воопшто не е захтевен ,ама сакав да поседувам до покасно на плажа а бебе и баба ги праќав у апартман после 11ч. Поручекта пак се симнувавме и тогаш и бебе се капеше . Што се тиче него он би цел ден у вода Ај ,крај на јули ќе идеме 10 дена во Велинград , па и таму ќе го шлапнеме, ама во топли води нели . И пак ќе одиме со баба, само овој пат и дедо ќе дојде Е крај на август ќе одиме пак до Грција ама тогаш сами ќе сме , т. е без моите. Додуша па ќе имаме друштво , пријатели без деца , па и тие ќе помагаат Не знам што друго да шкртнам. Овде е пекол жешко. Од сабајле некако се седи во двор, имаме една голема смоква и јавор па под нив се издржува . Али поручекта е страшно , ни под дрво ни во подрум се издржува .само клима му е мајката . А ич не сакам детево да ми седи во климатизиран простор , ама нема друго чаре . Почнавме со дохрана нели. Кај и да е и ручек ќе воведувам , каша попара ми е во глава . Да не ми е форумот , поготово Џој и Дафи кој знае што ќе правев . Мене многу сложено ми се гледа ова со цврстата храна кај бебињата Изнакупив еден тон житарици кои не само што не сум ги јадела никад, ами не сум ни чула што се вели . Маж се смее. Со просо и овес ти да се храниш ми вика Што се тиче него од грав поарно нема Ќе дојде време и за гравче де. Да одам да навадам бавчата, слушам дека рчат и двајцата. И да наберам нешто да направам некоја манџичка за нас . Заклавме едно младо теле па се гоштеваме и ние со тазе мевце. Да видам што има зрело у бавча па да стокмам една турли тава си викам . Одвај чекам бебе да почне со ручек. Има све тазе да му берам. Дедо ептен ја накрцал фолијата, нема што нема. Пишувам во темава и ми се навраќаат мисли колку само со душа чекав да стапнам овде . Да се пожалам како бебе ми плаче, да се радувам за прво запче, за прво чекорче , да почастам за прв роденден... И еве, лека полека идеме натаму Да споделам импресии дека никогаш не е доцна да се стане родител. Да бидам искрена гледам дека на мм малку "тешко" му паѓа татковството на овие години ама па пресреќен е . Го слушам како се договара викендов да идеме до Дојран со неговите другари. Ќе ги земеле они нивните внуци и ќе сме иделе на некоја викендица . Биче забавно Гушкајте дечињата мајки Постов каша попара Ама толку ме држи веќе и мене умов
Здраво мајки. Барав соодветна тема, но не најдов. Ме интересира дали некој од тука во скоро време има искуство до МРП вакцина и спазам? 3 ипол ми е малото и долго ја пролонгирав, па сега сите наеднаш не се сигурни нели дали би имало штета, ме праќаат на имунологија. Иако е минимален, не треба третирање, би сакала да прочитам искуства. Некако повеќе верувам на мајки кои поминале низ тој пат, отколку на педијатри и останати "стручни" лица. Да напоменам прематур, 34гн. До 18+ носен на редовни контроли, апсолутно никаков проблем немаше, додека не дојде време за породување. Секако прооде сам, но идеше и кратко на физикална, сега последно гледан во Мајчин, нема потреба од физикални наводно.
Повеќе веруваш на мајки од рандом форум од педијатри и "стручни лица"? И тоа за дете со проблем? Ок да побараш совет некој за нешто, ама за ова секоја чест за храброста да одлучуваш за дете врз база на форум. Не се секирај ќе добиеш одговор, тука знаат повеќе од докторите дали треба ММР да примите.
А од што е тој спазам? Оштетување на нерви прави спазам, генетска болест, повреда, итн. Каква врска има вакцината со спазамот? Можда и невролог треба да посетите, не само физикална, да се види од што е. На крај вие ќе си одлучите кој ви е пресметан ризик дали нус појави од морбили или вакцина. Ни еден доктор нема за ништо да ви гарантира.
Жената побара мислење од мајки со таков проблем секако се они веќе искусни. Не ја гледам поентата што ја нападна кога она не побара мислење од сите мајки туку веќе што имаат искуство со овој проблем.
Ако и јас си кажав мислење. Некако испадна ги потценува педијатри и "стручни лица" не знам кои се "стручните" дали невролози имунолози... И затоа ќе си одат педијатри и др од државава нема кој да ги цени.
А кој да каже... До 18+ не го спомнаа. На 3+ уште немаше точна дијагноза. @Mucika има и те како. Таму каде што го носам Посетен е од 6+ и тоа. Прематур ми е детето. Од што се стручни не може сам со себе да се договори та има или нема спазам. мислам за плачење е од што немаат благе везе, ама веќе се чудам на кој доверубам здраво дете. До 18+ нема, па после има. 10 доктори, 10 различни одговори. Матичната кога најмногу требаше, клуч на врата стави. Кај друг, со корона неќе никој да го чуе, преку Вибер лечи. За ризик и нус сите креваат раце. Не сакам од мравка проблем, да излезе слон. Затоа прашав дали има мајка што прошла и знае, а не доктор што не може да се договори сам со себе. Невролог ти вика иди на физијатар, физијатар на имунологија. Ако стварно немаш искуство, нема потреба да ми објаснуваш...
Имам, не исто вакво, се сомневам дека има на форумов. Затоа прво би тргнала од тоа да се постави точна дијагноза. Ако можете и надвор од МК ако овде не сте нашле одговор. Верувај искрено ти го разбирам стравот. И многу ми е жал што мора да ги талкате вратите на нашето "здравство".
За мене 18+ беше доцна прооден, за други беше ок. До тогаш немаше ништо. На развоен никој ништо не спомна, освен на 18+ кој не препрати на физијатар. Како одеше се постабилно, почна да оди на прсти на едната во дадени моменти, чудно некако нез како да опишам, не кривење. Се покопи со Кокосит после вироза и настана збрка. После се залеше пак на болка. На физикална додека го носев (2мес од прилик по проодување) ми беше кажано дека ако е на време откриен (на 6-8ммес од прилика) не би требало да има никакви последици. Но, бидејќи е задоцнето, во фаза на раст ќе е така. Во наш случај соодветна обувка и само физички активности се препорачуваат.
Зошто поточно ве пратија на физикална? Ортопед што вели? Аспазија го гледаше ли? Лесно ке беше да сите здрави деца примаат мрп, тогаш специфични случаи ке немаат потреба од вакцина и со тоа не би ризикувале да примат па да активитраат некој ген. Државата таква каква е, всадува многу стравови со вакцините, и јас, од неоправдан страв не одлучив да прими син мк мрп сеуште. И многу мои блиски. Останатите редовно си ги прими. Здрави прави деца, страв ни е со сите работи кои се случуваа, поминат рок, увоз од непроверени произведувачи итн. За деца со несекојдневни болести и дојагнози, на форум не можеш да најдеш одговор. Секој случај е специфичен за себе. Не е ова стомачен вирус или стрептокока, па се знае со што се лечи.
Здраво мами. Еве ме втор пат, во темата Кога пркна синко немав баш што да пишувам, некако поинтересни ми бевте вие со бебињата Сега ќе ве дружам со принцеза, а чат пат ќе ве смеам и со синко Си дојдовме од болница, син ми препека по мене. Ме расплакуваше секој ден ма вибер. Кога ме виде плачеше од среќа . Вика мамо многу ми падна жал кога те видов и ми се насолзија очите Љубов моја ! Си дојдовме, не се дели од сестра му. Следниот ден го фати мешето , повраќаше неколку пати. Утредента ништо, вчера пак. Се слушнав со матичната рече или стомачен вирус или од стрес , се му е ново, патело по тебе детето и се се собрало. И еве сме сега одделени пак а он доаѓа само до врата и се осеќа виновен зошто повраќал. Се изнаплакав од синоќа, место да уживаме во првите денови…. вака Ајде повелете на кафе. Не ме освестува ништо, ама не бива ни без него
Тука сме и ние. Денес примивме прва вакцина со боцка. Леле сум заборавила пред 8год дали синко плачеше, ама сега ова бебе се изнаплачи, до заоѓање Се плашам како ќе поминеме, мислам дека ова второ мое бебе е понежно од првото. Инаку, синко еве веќе трет ден е сам на одмор во Струга. Ми порасна детето Колку само беше еуфоричен пред да замине, а сега кога и да му се јавам кажува само дека е му е многу убаво и да не сум ѕвонела толку често. Мене душава ми игра се додека не го видам. Мм вика ај викендов да појдеме барем ќе си го видиме Викам ќе се засрами, нека се опушти и он, нека почувствува самостојност така и ќе почне да биде поодговорен. Абе викенд иде... Оф, заборавив, ние сме мајки, нам секако секој ден ни е ист Убав ден!
Може еве јас @Charlotte* Се важи епи напади после ммр? Не е исто со вашето но можеби можам да помогнам пиши ми лп
Здраво Бебе спие, јас дежурам. Со некоја ситна температура се бориме овие денови ама навечер ми е страв да не вивне да не го осетам. И не било бе многу тешко со пар саати да се функционира колку толку. Сеа сфаќам како ништо тешко не и е на мајка ми и уште повеќе ја сакам и почитувам. Инаку бебуш углавном добар. Од ден на ден сфаќам дека бебето ми порасна во мало детенце. Се уште се држи до тоа да не јаде, само да си цица и уште се чудам како магично ќе престане да заспива со цицање Се можно сите сме пробале шанса нема да заспие па колку сака нека му се спие Ко у магичен круг сме. Во градинка се крстам во ред да се стави, од нас толку се може За некој ден 8 скок го почнуваме, само спиењето да не му го чепка другото ок го пропаѓаме со скоковите до сега. Јули дојде, нека почнат прославите! Ве поздравувам